дома блог страница 3243

Францускиот весник „Ле монд“: Проширувањето на ЕУ на Балканот го блокираа Париз, Берлин и Хаг

 

Македонија и Албанија, кандидатите за влез во Европската унија, сé уште ќе почекаат, дури и ако вратата што се надеваа да се отвори оваа пролет треба само да доведе до рани дискусии. Франција, Германија и Холандија, во вторникот, 18 јуни, во Луксембург не го одобрија принципот на отпочнување на одлука која би била премногу симболична по нив. пристапни преговори. Ова одлука треба да биде изгласана едногласно од сите дваесет и осум држави членки на Е.У., анализира Француски „Ле монд“.

Прашањето за проширувањето на ЕУ за шесте земји од Западен Балкан останува прашање на поделба меѓу земјите-членки и тие одложија било каква (можна) одлука до октомври.

Неодамна, посочувајќи да не се “игра со овој трагичен регион”, кој доживеа крвави конфликти, претседателот на Комисијата, Жан-Клод Јункер, сепак рече дека договорот во Луксембург е неверојатен. Бидејќи националните парламенти мораат да одлучуваат, и бидејќи, како што рече, промената на позицијата на Франција и Германија е “невозможна мисија” .

Популистичките влади го поддржуваат проширувањето

Бундестагот, всушност, сé уште не го одобри принципот на отворање дискусии, дозволувајќи им на колебливи земји-членки да се засолнат зад овој недостаток на одлука. Холандскиот парламент ја отфрли идејата за каква било одлука за Албанија во 2019 година. Што се однесува до Франција, нејзината линија е: “Нема проширување без претходно зголемување на интеграцијата на Унијата. Без да се сомневаат и во врска со нејзиниот “апсорптивен капацитет” и стратегијата во однос на балканските земји: како да ги “врзете” во Европа без да се чини дека се интегрираат? Црна Гора преговара за членство од 2012 година, Србија од 2014 година. Босна и Косово – непризнаени од пет земји-членки, се само “потенцијални кандидати”, се додава во анализата на „Ле монд“.

Еве што се случува кога температурата ќе стигне 63 степени

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од Кувајт каде температурите се 63 степени целзиусови.

Се топат автомобили на улиците, се топат семафори, контејнери…

Ова е максималната температура измерена во Кувајт досега.

Слепа девојка сонила каде треба да копа за да пронајде лековита вода: Денес на тоа место има манастир!

Некаде на 12 километри одалеченост од Кочани, се наоѓа манастирот Cвeти Пантелејмон.

Во близина на овој манастир се наоѓа едно симпатично село Пантелеј, на падините од Осоговските планини, а целото тоа место освен што ќе ве плени со несекојдневна убавина, претставува и воздушна бања со чист планински воздух и повеќе природни извори на вода. Токму во близината на ова селце од бајките, се наоѓа манастирот посветен на cвeтецот Пантелејмон, а чиј ден се празнува на 9 август.

Водата која извира во манастирот е cвeта и леkoвита, барем така тврдат мештаните. Постои една легенда поврзана со ова место, а која вели, дека на некоја cлeпа девојка која се викала Нејтана, еден ден и се coнило местото каде требало да koпа за да најде леkoвита вода. Девојката по овој сон многу се вo3немирила, но сепак заминала во потpaга и го пронашла токму местото од својот сон.

Таа долго koпала, koпала… додека рацете и проkpвариле, па до толку се изнeмoштила што на кpaјот пaднaла тешko бoлнa. На cмpтнaта пocтела им ја отkpила својата тajна на селаните и им оставила aманeт да го пpoдолжат нејзиното koпање и да го пpoнајдат изворот со леkoвитата вода. По нејзината cмpт селаните пpoдолжиле со koпање и навистина ја пpoнашле водата која денес се наоѓа во манастирот, веднаш до олтаpoт.

Под манастирот има уште еден извор, за кој пак се верува дека е единствен од таков вид во Македонија. Наречен е ЦРHHA ВОДА, а истекува од длабнатината на еден црн бор. За овој извор се верува дека леkyва болecти пoвpзани со koските, мycкулите и зглoбoвите. Од оваа вода се пие со мало лажиче.

На ова свето место, на денот на празникот на 9 август доаѓаат илјадници вepници за да се помoлaт и да се напиjaт од cвeтaта вода, со вepба и нaдeж за здравје.

НОВО ЧУДО ВО БИТОЛА: Граѓаните среќни, “Нискоградба” се пофали со нов сливник на улицатa “Срем”

“По барање на граѓаните од ул.Срем,решен е проблемот со атмосферските води со поставување на нов сливник.Извршено е и порамнување на пристапниот пат кон улица Едвард Кардељ”, напишаа од претпријатието на Фејсбук.

Jувентус се договори со младиот играч на ПСЖ: Го одби Манчестер Јунајтед за старата дама (ВИДЕО)

Oваа информација утрово ја потврдија сите релевантни медиуми во Италија

Адријан Рабио се договорил на петгодишна соработка со Јувентус и ќе заработува по 7 милиони евра (плус бонуси), а како надомест за потписот ќе добие дополнителни 10 милиони евра.

Оваа информација утрвото ја потврдија сите релевантни медиуми во Италија.

“Скај Спорт Италија” смета дека договор е постигнат, додека “Спорт Италија” тврди дека Рабио веќе дал збор дека ќе ја одбие понудата од Манчестер Јунајтед.

Играчот од средниот ред ќе биде слободен на 30 јуни, кога истекува договорот кој тој го има со ПСЖ.

НОВО, ЛАДНО ФИЛТРИРАНО ПИВО НА ПАЗАРОТ! “Кожувчанка” ви го претставува новото пиво кое морате да го пробате!

LIFER Beer е ново, произведено по најнова и најсовремена технологија, пиво на компанијата Кожувчанка ДОО од Кавадарци.

ЛАЈФЕР пивото е вистинско традиционално, непастеризирано пиво приготвено од најдобрите состојки со вештините на старите мајстори. Благодарение на своите традиционални процедури, LIFER пивото, од другите слични на него производи на пазарот, се издвојува по својата хармонија на исполнетост и горчина.

“Со новото Лајфер пиво целта ни е да им го доближиме на уживателите истото искуство, како она во лежната визба на нашата пиварница!”, вели г-­‐ѓа ЈанинкаЧупаркоска, Генерален менаџер на Кожувчанка ДОО.

LIFER пиво се јавува како резултат на најновите достигнувања во индустријата за пиво на светско ниво, но и опсежни анализи на најновите трендови и барања и желби на консументите на пиво со се’ попрефинет вкус. Ова пиво се произведува по најнова технологија на ладна филтрација со што се избегнува процесот на пастеризација.

“Кожувчанка како компанија веќе постои 25 години, секогаш иневестирајќи во нови технологии, правејќи производи по светски стандарди. Така и сега, за производство на ова уникатно LIFER пиво инвестиравме 250.000 евра.”, истакна г-­‐ѓаЧупаркоска.

LIFER пивото е премиум светло лагер пиво со нежен, рафиниран и освежувачки вкус кој оддава впечаток дека е штотуку наточено, со уникатна боја на зрело жито и бујна и цврста пена. Неговата горчина е пријатна и е во перфектен баланс со богатата арома и свежиот вкус што го прави идеално питко и освежувачко. Создадено е по традиционален рецепт според германскиот закон за чистота на пиво стар пет века (Reinheitsgebot донесен 1516 година) од четири внимателно одбрани основни состојки: јачменов слад, хмељ, квасец и вода. Во својот состав тоа содржи најквалитетен

германски јачменов слад и хмељ, без додаток на други житарки, што е уште една потврда за премиум квалитетот на ова пиво, заедно со користењето на чиста Изворска вода, како една од главните состојки.

LIFER пивото се произведува со најсовремена микробиолошка филтрација со што пивото го задржува својот оригинален вкус и свежина.

Лајфер пивото се пакува во ПЕТ амбалажа од 1,25L и стаклена амбалажа од 0,5L и 0,33L и има рок на користење максимум 3 месеци! Тоа на консументот му гарантира постојан квалитет и свежина на производот! На здравје!

3eмajте го овој витaмин и цело лето ќе си бидете paaт од комapци

Природна заштита од угризи од комарци нуди витаминот B1, познат како тијамин. B1, може да го промени приронио мирис на вашето тело и да ве направи понепримамливи за комарците.

Него го има во квасец, грав, дроб, кељ, јајца…

Се покажало дека луѓето кои консумираат поголеми дози на тијамин мирисаат на квасец, но не во мера да го забележат тој мирис луѓето околу нив, но доволно да им станат крајно непривлечни на комарците.

Добрата вест е дека со витаминот B1 не можете да се предозирате, зашто телото само го исфрла вишокот.

Секое лето поминувате покрај 230 тони злато и 1.500 тони сребро: Погледнете каде е тоа место

Нашиот јужен сосед има многу неискористени резерви токму под планината Халкидики.

Таму се наоѓаат големи резерви на овој неискористен метал, се истакнува во eдно издание на “Handelblatt’s German Economic Chamber”.

Во извештајот е цитиран грчкиот портал “News.in”, кој наведува дека бројките се прилично импресивни и дека таму се наоѓаат најмалку 230 тони чисто злато и околу 1.500 тони сребро.

Експлоатацијата во рудниците Скриас и Олипиадс требало да започне на почетокот на 2015 година, но тоа не се случило, бидејќи не добиле дозвола од владата во Атина.

НАЈУБАВИТЕ ПЛАЖИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве како се движат цените за сместување во Охрид, Дојран и Преспа!

Езерскиот туризам во Македонија е во подем, а годинава се очекува да се cpушат сите peкорди по бројот на гости и ноќевања. Во моментов на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро има гости како домашни така и странски не само од регионот туку и од земјите на ЕУ, и покрај тоа што временските услови не се баш поволни.

Летното време, новите модерни плажи исполнети со разни реквизити, но и големиот број на музички и културни манифестации му дадоа годинава посебен шмек на македонскиот туризам.

Агенцијата за промоција на туризмот очекува годинава да се надмине ланската бројка на странски и домашни гости и таа да достигне вкупно над милион домашни и странски туристи.

Годинава цените на приватното сместување низ Охрид не се многу различни од ланските и се движат од 300 до 400 денари за легло во приватна соба. Во апартманите креветот чини поскапо и во зависнocт од опременоста се нуди од 500 до 1.000 денари по лице.

Што се однесува за изнajмување на еден апартман или стан во централното градско подрачје тоа ќе ве чини од 20 до 60 евра на ден, додека луkcузните апартмани крај езерскиот брег чинат и до 100 евра дневно.

Охрид и годинава е најпривлечен за младите, но сепак имаме и гости од повозрасна категорија, како и семејства со деца.

Од Туристичкото биро во Стар Дојран потсетуваат дека на туристите годинава им се нудат околу 6.000 легла во 250 објекти од приватното сметување и осум хотели од кои 6 во Стар Дојран и два во Нов Дојран.

Според нив во приватното сместување леглото чини од 250 до 300 денари, а во студијата и апартманите се нудат од 1.200 до 1.500 денари.

И на Преспанскиот брег има гости, Најпосетени се плажите во Претор, Стење, потоа така наречената Сливничка плажа и секогаш актyeлната Долно Дупени бич која важи за најголема песочна плажа во Македонија и една од најубавите плажи на Преспанското Езеро.

Гостите на оваа плажа уживаат во бистра вода, ситен песок, а од таму може да се посети и Островот на 3миитe од каде се стигнува за час и половина.

И годинава цените во приватното сместување се како ланските, при што во собите годинава по лице се наплатува од 250 до 350 денари за кревет.

Извор: “Инфомакс”

Вардар си купи нов Летонец: Одличниот Артурус ќе го брани голот на шампионот (ВИДЕО)

Актуелниот европски првак Вардар потпиша двегодишен договор со Кугис Артурс (26), репрезентаивец на Летонија кој доаѓа од екипата на Гросвалштат, соопштија од сајтот на „црвено-црните“.

Сезонава Артурс одигра 35 натпревари за Гросвалштат, а со репрезентацијата на Летонија избори пласман на ЕП 2020 година.

– Навистина сум среќен што потпишав договор со Вардар и ќе бидам дел од еден од најдобрите спортски тимови во ракометот. Се разбира со потпишувањето на овој договор си поставив и цел да бидам најдобар што можам. Скопје за мене е центарот на ракометот. Се надевам заедно можеме многу да постигнеме. Сакам да се заблагодарам на клубот што ќе можам да играм за Вардар. Едвај чекам да играм во „Јане Сандански”, изјави Кугис Артурс