дома блог страница 3242

Грандиозен проект на ЈКП “Комуналец” Прилеп: Градежната офанзива во Македонија во полн ек! (ФОТО)

Градежната офанзива во Македонија е во полн ек!

Откако утрвото од Јавното претпријатие “Нискоградба” од БИтола се пофалија дека поставиле нов сливник на улица, попладнево се пофалија и од ЈКП “Комуналец” Прилеп, од каде информираат дека го промениле мовчето во паркот кај основниот суд.

НОВО ЧУДО ВО БИТОЛА: Граѓаните среќни, “Нискоградба” се пофали со нов сливник на улицатa “Срем”

Нова дипломатска победа на Србија: Уште една држава се одлучи да не го признае Косово

Амбасадорот на Алжир во Србија разговараше со секретарот на Министерството за внатрешни работи Билјана Поповиќ Ивковиќ.

На состанокот станало збор за унапредувањето на односите меѓу двете држави во областа на внатрешната безбедност, особено за бopбата против тepopизмот, како и за кандидатурата на Косово за членство во Интерпол, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

-Алжир ги почитува принципите на меѓународното право, се залага за негова примена и со согласност со тоа ние нема да го признаеме Косово, изјави амбасадорот Абделхамид Шебшуб.

Еве како битолчани се радуваат кога им “асфалтираат улици” (ВИДЕО)

Урнебесно видео доаѓа од битолскиот Широк сокак каде музиката од едно од кафулињата го понела овој човек.

Описот на видеото пак вели нешто сосема друго….

“Ко ќе ти кажат дека улицата “Климент Охридски” се асвалтира ??” – пишува Марко Јосифовски.

КАКВА ПРОМЕНА! Целиот свет зборува за новиот изглед на Адел

Веста за краxoт на тригодишниот брак на Адел и бизнисменот Сајмон Конеки, на кој му претходеше врска од шест години, беше како гром од ведро небо.

Дали е тоа причината за драстичната промена не знаеме, но новиот изглед на Адел го воодушеви целиот свет.

Руските служби “потфрлија”: Еве што му се случи на рускиот претседател во Кремљ

Сајбер-напa д беше забележан во кол-центарот на “Директната линија” со рускиот претседател Владимир Путин.

H aпaдот е одбиен, соопшти водителката која ја водеше емисијата во живо.

Путин околу 11 часот започна да одговара на прашањата на граѓаните, а емисијата траеше 4 часа. Традиционалната “Директна линија” се одржува по 17-ти пат, а на адресата на Кремљ пристигнаа илјадници прашања поврзани со здравството, образованието, надворешната политика…

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Еве зошто доцни изградбата на автопатот Кичево-Охрид

На Фејсбук излезе интересно видео во кое на комичен начин ја опишува изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Погледнете зошто доцни изградбата на овој автопат:

“Златески и младите од УМС Прилеп похумани од двајцата директори што биле на одмор??”

Откако новинарот Дарко Штаргоски ја пренесе тажната приказна за прилепчанецот Борис Мирчески, кој два и пол месеци живее со отворена рана на ногата, во крајно нехумани и нехигиенски услови, Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп го посети неговиот дом и на нивна иницијатива Мирчески со возило на брзата помош беше пренесен градската болница “Борка Талески” каде сега е хоспитализиран.

“Се надеваме дека со оваа наша хумана акција ќе помогнеме за спасување на животот на нашиот сограѓанин Борис Мирчески и подобрување на неговото здравје. Го направивме тоа што секој човек треба да го направи кога негов сосед, роднина, пријател се наоѓа во крајно безизлезна ситуација и му е потребна помош. Прилеп е хуман град, прилепчани се хумани луѓе и веруваме дека после обелоденувањето на оваа сторија ќе му се помогне на семејството Мирчески”, вели Никола Златески, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Веруваме дека институциите соодветно ќе реагираат и ќе обезбедат соодветен третман за Борис, затоа што времето не е негов сојузник и треба итно да му се пружи правилна здравствена заштита”, додава Златески.

Инаку сторијата за Борис Мирчески беше објавена вчера во порталот “Инфокомпас”, каде во прилогот беше истакнато дека директорите на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и општата градска болница “Борка Талески” се на одмор, па поради тоа нема кој да даде согласност за хоспитализација на овој наш сограѓанин.

Целата строија проследете ја ТУКА

Peшeтaшe за Металург, сега ќе игра за Вардар: Русинот се враќа во Македонија (ВИДЕО)

 

Дилемите се расчистени, местото на Карачиќ ќе му припадне на Павел Атман. Тој ја продолжува кариерата во дресот на Вардар, откако  вчера го раскина договорот со Хановер, доаѓа   како слободен играч. Пристигнувањето во црвено-црниот тим го потврди за сајтот на руската ракометна федерација- https://rushandball.ru/.

Драго  ми е што по тешкиот период во кариерата добивам шанса да заиграм за Вардар. Позитивно размислувам, веќе разговарав со тренерот и со управата. Најважно од се е здравјето да ме служи, да немам проблеми со повредите и да ги оставам зад себе сите случувања од изминатиот период. Ако тоа се случи, ќе се вратам во старата форма- вели Атман.

“Општината сеуште молчи кој ќе “лапне” 2.500.000 денари за организација на “Пивофест 2019″?”

Овогодинешното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото “Пивофест 2019” ќе се одржи до 18 – 21 јули.

Сеуште не е позната официјалната програма за фестивалот и кои музички ѕвезди ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп.

Според неофицијални информации главна ѕвезда на овој “Пивофест” ќе биде балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ која по 9 години повторно доаѓа во Прилеп.

За локација на фестивалот повторно е избрано централното градско подрачје, иако во минатите години од актуелните власти, доста се критикуваше овој простор како несоодветен за фестивалот.

Општината оваа година предвиде 2,5 милиони денари за организација на фестивалот, средства за кои беше распишан оглас за избор на организатор.

Огласот беше објавен на 29.05.2019 и траеше само три дена до 01.07.2019. Но, и покрај тоа што од тогаш има поминати цели 3 недели, општина Прилеп сеуште не го обелоденува името на фирмата која ќе го организира седумнаесеттиот по ред “Пивофест”.

На оваа тема се развија низа дискусии во јавноста, како и сомнежи дека позади оваа работа нешто се крие.

Започна летниот камп “Кирил Лазаров 7”: 200 деца од неколку земји ќе тренираат со врвни тренери и ќе учат ракометни вештини (ФОТО)

Петтиот ракометен камп “Кирил Лазаров 7” започна покрај Охридското Езеро во склоп на комплексот од хотелот “Аквалина”.

Од вчера пристигна првата смена која брои околу 200 деца од неколку земји, а тие ќе тренираат на четири терени и базен.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Кирил Лазаров, во соработка со својот тим, КМГ агенцијата и голем број домашни тренери, од првиот момент присутен на кампот, со цел на младите надежи да им пренесе дел од своето непроценливо ракометно искуство и да овозможи овие денови да бидат незаборавни.

Кампот се организира во две смени и ќе трае до први јули.