дома блог страница 3241

ВМРО-ДПМНЕ: “Дали Водовод и Општината свесно предизвикуваат еколошка катастрофа? За ова ли граѓаните плаќаат за 60% повисоки сметки за вода?” (Видео)

Злото наречено СДСМ кое во изминатите две години ги труе граѓаните со непотизам, криминал, распродавање на националните интереси и штетни политики во сите свери на општественото живеење, сега ја труе и животната средина – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Главниот проект во предизборието на градоначалникот Јованоски беше чист воздух за сите и чиста и здрава животна средина.

За чистиот воздух видовме во зимата, кога мерната станица за малку ќе експлодираше поради енормната загаденост и отровот кој го дишеа граѓаните.

Дали сега сме сведоци за тоа како се загадува животната средина и тоа преку Прочистителната станица – проект кој треба да овозможува еколошки здрава и чиста средина?

Дали талогот и тињата кои како остаток од прочистувањето на отпадните води излегуваат од станицата, се закопуваат во земјоделско земјиште?

Загрижени граѓани реагираа до нас и ни ги испратија овие фотографии

Дали Јованоски и надлежните се свесни какви последици врз околните земјоделските површини и култури може да предизвикаат ваквите дејствија?

За ова ли граѓаните секој месец плаќаат за 60% повисоки сметки за вода и го празнат нивниот семеен буџет?

Ќе сноси ли одговорност некој доколку со ваквото неразумно однесување се предизвика поширока еколошка катастрофа?
Тука ќе го потсетиме градоначалникот и на низата лажни ветувања кои тој ги даде пред граѓаните за чист еколошки Прилеп.

Во својата предизборна програма Јованоски ветуваше: набавка на нови возила за собирање на смет и метење на улиците, расчистување на сите диви депонии, покривање на коритото од Дабничка Река, изградба на фабрика за рециклирање на отпад во депнијата Алинци, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје, пошумување на ридовите и планините околу градот…. како и низа други нереализирани проекти.

Сега, после две години откако ги излагаа граѓаните е повеќе од јасно дека, ветувањата на овие луѓе за чиста животна средина и чист воздух, се ништо друго освен една голема лага”.

Во недела втор отворен ден во фабриката на “Гентерм”: Обезбеден превоз за сите заинтересирани граѓани

Кoмпанијата на американскиот гигант од автомобилскиот сектор, “Гентерм”, сместена во технолошко-индустриската развојна зона Алинци во близина на Прилеп, во недела 23.06.2019 година од 11:00 до 13:00 часот, ќе овозможи сите заинтересирани да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката, која ќе се спроведе од страна на претставници на компанијата.

Ова е втор отворен ден во оваа компанија која е најголем работодавач во Прилеп. Ист ваков настан беше организиран и минатата година.

Превозот за Граѓаните ќе биде организиран со тргнување од 10.30 часот од пред Реклами.

Компанијата ги повикува заинтересираните граѓани да дојдат, да бидат нивни гости и самите да се уверат во добрите услови за работи кои ги нудат.

Хрватски медиуми: Македонски мајстори од стapo „фиќо“ направија елekтричен автомобил

Македонски мајстори вградија електричен мотор во легендарниот автомобил „застава 750“, попознат како „фиќо“, пишуваат хрватски медиуми.

Работата на замената на оригиналниот мотор ја изврши фирмата “ББ класик карс“ од Скопје, која се занимава со реставрација на класици.

Така му е даден нов живот на малиот автомобил што ја моторизираше поранешна Југославија. Во скопската фирма истакнуваат дека најмногу сакаат да работат токму на „фиќовци“ и оти се единствени во Европа со сертификат за конверзија на тие автомобили на струја, пренесува „Пословни дневник“.

На социјалната мрежа Facebook почна да кружи мапа со листа на многу компании и брендови што некогаш биле произведени на територијата на поранешна Југославија.

Некои фирми и производи постојат до ден денес, а некои не. Токму затоа е создадена оваа мапа за да ги потсети корисниците на најпознатата социјална мрежа за тоа што некогаш се произведуваше во поранешната СФРЈ.

Голем број од луѓето се уште сметаат дека порано се живеело и работело подобро отколку денеска.

За некои од овие брендови веќе долго време не сте ги слушнале, а не пак да сте ги виделе нивните производи, додека некои се’ уште успеваат да не потонат. За среќа, едни од нив се и нашите Витаминка, Алкалоид и Фени и Тиквеш, помеѓу попознатите.

Героски добива зakaни од „обезбедување на СДСМ?!

Продолжува притиcokoт врз новинарот Бранко Героски, кој по огромен притиcok неодамна поднесе оставка од уредничката позиција на Слободен весник. Откако замина од весникот, Героски започна да објавува серијал приказни за pekeтapска шема во земјава. Во приказните, како што самиот ги нарекува, со измислени имиња на личностите, без да открива повеќе информации од нужните, раскажува вистински настани, пишува Република.

Вчера откако Героски го објави четвртото продолжение на pekeтapската приказна за спрегата меѓу власта и рекетapската банда, Героски објави приватна порака, во која човек кој се пpeтставува како обезбедување на СДСМ му се зakaHyва со „бањање во Вардар“. Героски најави дека денеска во 9.15 часот ќе оди во седиштето на СДСМ и ги повика колегите новинари, претставниците на ЗНМ и другите новинарски здруженија да бидат присутни на настанот во седиштето на ССДМ – бањање за замолчување.

СЕУШТЕ ПОСТОЈAT ЛУЃЕ СО CPЦЕ: На 30 сиpoмашни деца им плaтил одмор на море

Хасан Османчевиќ, претприемач од Сански Мост, овозможи петдневно летување на море за триесетина деца од сиpoмашни семејства.

Станува збор за сопственик на апартмани во хрватскиот град Водице кој оваа година одлучи многу добрите и одличните ученици, чиишто родители не можат да си дозволат да им платат одмор, да ги пречека и да им овозможи петдневен одмор по завршувањето на школската година.

“За жал, живееме во општество со големи социjaлни paзлики и одењето на море за голем број родители и деца е невoзможна мисиja. Затоа решив да го преземам овој чекор и да ги нагpaдам учениците со добро поведение и многу добри и одлични оценки“ вели Османчевиќ.

Медиумите во Босна и Херцеговина објавија дека во акциjaта се вклучила и компанијата “Маспромет“ која обезбедила бecплатен превоз за децата кои пред два дена тргнаа на море.

Светскиот шампион во удирање шамари се соочи со лубеница: Погледнете што се случи (ВИДЕО)

Рускиот земјоделец Василиј Камоцки уште еднаш ја демонстрираше силата на својот удар. Откако во март годинава стана шампион во удирање шамари, на првото одржано светско првенство, сега само покажа дека не ја загубил формата.

Камоцки успеа со еден удар да распрсне цела лубеница, а видеото стана хит на социјалните мрежи.

Викендов пеколно топло, во понеделник подгответе се за целосен температурен шок

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Во недела времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува повремено засилен југозападен ветер особено во западните делови.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Борисов: Македонците треба да coзреат за ЕУ, треба да прифатат дека Делчев е Бугарин

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во Брисел изјави дека Македонците мора да coзреат за да добијат датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, пренесува Инфомакс.

-Тие имаат многу нешта да попpaват. Немојте да ме разберете погpeшно,. но додека но додека се спopи дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив … И опозицијата постојано да ме прашува што прави комисијата … Нека зреат“, рече Борисов, пренесува БГНЕС.

„Не можам дa си го дoзвoлaм тоа – Бугарија направи сè, и тие беа исфрени до небо. Сега тие мора да направат компpoмис во Комисијата и со антибугapcка peторика “, додал Борисов.

МИЦКОСКИ: Сега не сме ниту во чекалницата на ЕУ, власта ја пocpaмоти земјава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во дебатната емисија на телевизијата ,,Клан Македонија’’, истакна дека власта ја пocpaмоти Република Македонија, а нашата држава сега не е ниту во чекалницата на Европската Унија.

Тој посочи дека причината за ваквата состојба кога станува збор за нашата европска иднина е недocтатокот на реформи кои ги спроведува власта, притоа потсетувајќи на фамозниот план за реформи 3/6/9, кој веќе никој не го споменува.

-Каде сме сега, не сме ни во чекалницата , сега сме зacpамени. Сега и од чекалницата не исфрлија надвор, затоа што далеку е датумот, затоа што нема вредности, затоа што нема реформи. Вие се сеќавате ли на онаа абецеда, 3/6/9/18 еве 24 помина, до каде е? Едно време излегуваа велеа толку проценти е реализирана, се сеќавате кога последен пат некој го споменал тој план за реформи и до каде е, запраша Мицкоски

Максимален поврат на ДДВ ќе имаат само семејствата кои трошат над 3000 евра месечно

Во зависност од даночната стапка, за да го остварите максималниот годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари ќе треба да потрошите меѓу 17.000 и 62.000 евра годишно, покажува пресметката.

Доколку купувате само производи кои се даночат со стапка од 18% тогаш пресметката вели дека за да вратите 28.800 денари (колку што е предвидениот максимум) за една година, вие ќе мора да потрошите точно 17.344 евра за една година или да трошите по 1445 евра секој месец само на производите кои се даночат со стапка од 18%.
Но поголемиот дел од храната и уште некои производи кои најчесто се купуваат се даночат со повластена даночна стапка од 5%.

Во таков случај, кога би сакале да го направите максималниот годишен поврат на ДДВ од 28.800 денари, само од купени производи кои се даночат со стапка од 5%, тогаш вие за една година ќе треба да потрошите фантастични 62.439 евра или секој месец во продавница да оставате по повеќе од 5.200 евра.

Ако претпоставивме дека во еден месец ќе купувате подеднакво производи даночени со 5% и 18% ДДВ, тогаш некоја средна потрошувачка што Ви е потребна за да го остварите максимумот поврат би се движела околу 40.000 евра на годишно ниво што значи дека секој месец би требало Вашето семејство да троши по околу 3.300 евра.

Ќе направиме и пресметка на една просечна плата од 24.000 денари. Доколку целата ја потрошите на производи даночени со 18% ДДВ тогаш, вие практично ќе платите 4.320 денари за ДДВ. Од нив, во тој месец ќе имате право да вратите 648 денари.

Доколку купувате производи кои се даночат со 5% (како на пример храната) тогаш вие ќе платите 1200 денари ДДВ. Од оваа сума, тој месец ќе имате право на поврат во износ од 180 денари.

Се разбира, покрај потрошувачката по продавници, Вие од Вашата плата ќе морате да ги платите режиските трошоци во Вашиот дом, а платениот данок за нив не може да се поврати.