дома блог страница 3240

Сите погодоци на прилепската машина: Уживајте во фудбалските мајстории на Несторовски (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец и капитен на италијански Палермо и оваа година во дресот на сицилијанците имаше одлична сезона.

Несторовски на 26 настапи за Палермо постигна 14 голови, а во дресот на македонската репрезентација стигна до десеттиот погодок.

Тој на својот Фејсбук профил објави видео на кое можат да се видат неговите најдобри погодоци за Палермо и Македонија.

Уживајте:

Во Битола се фалат за нови шахти, во Прилеп за мовче, во Србија се уште појаки, па уште снимаат и ТВ прилог (ВИДЕО)

Додека ние сме радосни од направените сливници во Битола и новото железно мовче на езерцето во паркот во Прилеп, еве една слична вест од регионот.

Власта на една општина во Србија, по примерот на своите колеги од Македонија, направиле автобуска постојка, па уште снимиле и телевизиски прилог.

Многу важно во целата оваа ситуација било тоа што постојката била изградена стабилно за да не може да ја турне ветерот, како и тоа дека испочитуван бил рокот за изградба.

Погледнете:

Внимавајте кога паркирате во Грција: Еве колкава кaзна можете да добиете поради непрописно паркирање

Во Грција во последниве години полицијата ги симнува регистерските таблички од  автомобилите што се погрешно паркирани. Тоа важи и за Грците и за странските државјани и туристи.

Ова вообичаено се случува во Солун, на Тасос, Халкидики, но и на островите. Казната за непрописно паркирање во Грција изнесува од 40 до 80 евра, но повеќе не постои можност да се плати половина од казната ако тоа се направи веднаш на лице место.

За странските државјани казната е симнување на регистерските таблички кои потоа се враќаат штом се плати казната. Грците, пак, може да останат без таблички и до три месеци, плус да ја платат казната.

Доколку вакво нешто му се случи на странец во текот на викендот, ќе мора да се чека до понеделник кога работат полициските станици за да му бидат вратени табличките и да ја плати казната.

Според новиот ригорозен закон што во Грција важи од лани, табличките се враќаат по плаќање на казната за непрописно планирање, а возачот добива и забрана за управување на возилото одредено време. На странските државјани забраната за управување завршува оној ден кога ќе ја напуштат територијата на Грција. Тогаш им се враќаат табличките.

Гpaната од Втората светска вojна пронајдена попладнево во Прилеп (ФОТО)

Граната со потекло од Втората светска војна попладнево е пронајдена во нива покрај патот кај прилепско Лагово.

Сопствениците на земјиштето пријавиле во полиција и моментално се очекуваат екипи на СВР Битола да го утврдат точното потекло на гранатата и да ја отстранат од лице место.

Заев му порача на Борисов: “Ајде да зрееме заедно”

„Со Бугарија потпишавме договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања. Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат“, му порача премиерот на Фејсбук, премиерот Зоран Заев денеска на бугарскиот колега Бојко Борисов откако тој вчера оцени дека Македонија требало „уште да зрее“ за да стане членка на ЕУ.

Во пораката до Бугарскиот премиер Заев додава:

„Искуствата од историските комисии ширум светот и Европа покажуваат дека соработката бара време, труд, трпение, почит кон другиот и голема взаемна посветеност. Но, пред сѐ, потребна е заедничка идеја да одиме напред. Ние знаеме дека таа идеја е жива и сме покажале дека за најделикатните прашања може да се најде заеднички јазик, ако се сака.

За да успееме треба заедно да зрееме.

Пријателството мора да биде двострано и взаемно“, му напиша на Борисов премиерорт Заев.

Замислете, Пендаровски вели дека Гoце Делчев се декларирал за Бугарин и се борел за македонска држава (Видео)

Претседалот Стево Пендаровски на интервју за „360 Степени“ што ќе се емитува вечерва на ТВ Алсат вели дека неспорна историска вистина е дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и се борел за самостојна независна Македонија.

Утеха за прилепчани: На 40 километри ќе можат да гледаат ракомет во Лига на шампиони

Битолскиот клуб “Еурофарм Работник” ќе настапува во ракометната Лига на шампиони во наредната сезона.

Битолчани аплицираа за европска вајлд-карта откако завршија на второто место во Суперлигата кај нас, а од ЕХФ добија зелено светло, па наредната сезона ќе настапуваат во најелитното ракометно друштво во Европа.

Новата сезона во Лигата на шампиони започнува кон средината на септември, а “фармацевтите” од Битола ќе бидат шестиот клуб од Македонија кој ќе заигра во Лигата на шампиони.

Битолчани ќе играат во една од групите Ц или Д.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 27 јуни во Виена, а тогаш ќе бидат познати и ривалите на македонските тимови.

За утеха на прилепчани е тоа што на само 40 километри оддалеченот ќе имаат можност да гледаат врвен ракомет, откако прилепскиот клуб сезонава отпадна од Супер лигата, па наредната сезона ќе се натпреватува во понизок ранг.

Божје чудо: Леkoвита вода која лeчи kaмен во бyбpeг, чиp на жeлyдниk и гacтpитис!

Свињиште, планинско село на 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар. Природата му дарила две добра – букува шума и минерална вода, која лekува kaмен во бубpeгот, kaмен во жолчkaта, чиp на жeлyдниk и гacтритис.

Ја има во изобилство, а на двете чешми на кpaјот од селото луѓе од Кичево од Струга, Охрид и Гостивар секојдневно полнат шишиња и плacтични тyби за дома. Во викенди, доаѓаат стотици, кој со автомобил, кој со тpaктори, и поради тоа многу долго се чека. Од Кичево, на изворот најчесто доаѓа во работен ден, кога човек може по споkoјно да се снабди со вода, објави Канал 5.

Досега за оваа леkoвита чиста и бактepиолошки испpaвна минерална вода ниkoј не пpoјавил ниту интерес да инвестиpa ниту индycтpиски да ја флашира и да ја дистрибуиpa. Ако се искористеше ова природно богатство, велат мештаните во селото, ниту неkoј ќе се иceлеше од Свињиште ниту на град ќе помиcлeше.

Грчки остров нуди бесплатна куќа, храна, земја и 500 евра месечно, а за тоа има само еден услов

Грчкиот остров на југот од Пелопонез – Антикитера, има само 20 жители. Поради се помалиот број на луѓе и фактот дека без нив ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за секој што би се доселил.

Морето, скриените пештери кои треба да се откријат, малото село во кое времето е речиси застанато и бујната вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда ќе ви поскаат добредојде.

Во близина е островот Крит до каде се патува со траект за два часа.

Доколку сакате да се исклучите од реалноста, да се почувствувате како надвор од светот, во мир, ова е вистинското место за вас.

На островото постојат само три села во кои доминираат само бели куќи и тесни улички, но тука има и неколку таверни и продавници.

Ништо на Антикитера не е слично со Миконос, Санторини и другите егзотични места, но ова е автентичноста на Грција.

Сепак, и покрај се’, туристите го избегнуваат, а се чини дека и локалното население му го врти грбот на овој остров.

Тука има од 20 до 40 луѓе, ниту едно дете и се’ што се случува се случува во селото Патомос.

Така се родила генијална идеја и започнала кампања за повторно населување на островот. Се бараат луѓе кои сакаат да се преселат на Антикитера и тука да формираат семејство. За тоа Грците нудат обработлива земја и 500 евра месечно за период од три години. Во понудата е дури и бесплатна храна, но неопходно е да се преселите трајно.

Досега 15-тина млади парови се распрашувале за условите.

Сепак има надеж за светот: Се здружија полицијата, пожарникарите и ветеринарите за да ја спасат беспомошната убавица

Пожарникарите, полицајците и ветеринарите се здружија како би спасиле црвена верверица која се заглавила во шахта во Дортмунд, на западот од Германија.

Од пожарната станица на Дортмунд соопштија дека одговориле на повикот на кој биле известени дека верверицата била во опасност, пренесува АП.

Првите обиди да се спаси верверицата биле неуспешни, па заедно со металниот поклопувач верверицата е однесена во ветеринарната клиника, а полицијата била повикана да ја чува отворената шахта.

Ветеринарите употребиле анестезија како би ја смириле верверицата, а потоа ја ослободиле.