дома блог страница 3239

Кралот на македонската музика има нова песна и спот: Слушнете го најновото ремек дело на Миле Кузмановски (ВИДЕО)

Миле Кузмановски има нова песна и спот. Се работи за песната “Последен воз” која е најново ремек дело на познатиот крал на македонската песна.

Музиката и аранжманот за песната се подготвени во Прилеп, во студиото на Рубин Димкоски, а текстот е дело на Орце Зафировски.

Спотот пак е вистинска романтична приказна и врвно изработен.

Уживајте!

Ни доаѓа голем и тежок празник: Во понеделник го празнуваме еден од најтешките празници во годината

Во понеделник на 24.06. православните христијани го празнуваат големиот празник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум.

Во народното верување Вртолум се смета за особено важен ден, или за ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострадал маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.

Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го завршил маченички на Кипар. Пострадал од Евреите.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. На Вртолум, според народните верувања, не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.

Не излегувајте без потреба, УВ зрачењето викендов на екстремно ниво

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло и ќе се карактеризира со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Ќе дува ветер од северо-западен парвец.

Минималните температури во Македонија ќе се движат од 12 до 21 степен Целзиусов, а максималните од 26 до 37 Целзиусови степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Роналдо успеа да го убеди: Јувентус прави нов мега трансфер вреден 70 милиони евра (ВИДЕО)

По сезоната од соништата во дресот на Ајакс, Де Лихт одлучи да направи нов чекор во својата кариера и да потпише за некој од поголемите клубови, кои пак веќе со месеци се борат за неговиот потпис.

Во првиот ред беше Барселона, па Манчестер Јунајтед, па ПСЖ, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн и Јувентус.

Но, се чини дека токму „Старата дама“ победила во играта за Де Лихт, открива холандски „De Telegraafa“, според кого Јувентус ќе му плати на Ајакс 70 милиони евра, а тој ќе заработува 20 милиони евра годишно.

Холандскиот репрезентативец во моментов е со својата девојка на одмор во Мајами, каде ќе мора добро да размисли за промена на средината иако веќе е јасно чиј дрес ќе облече.

На Јувентус му е потребен играч од калибарот на Де Лихт, кој во моментов е најдобрата опција во трката за првиот пехар во ЛШ.

Километарски колони на границата со Грција

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата освен на граничните премини Богородица и Табановце каде времето на чекање е околу 30 минути, информираат од Автомото сојузот.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на обиколницата „Мајка Тереза“, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, наведуваат од АМСМ, е нормализиран.

Ласовска на средба со Дорис Пак: Ако сакаме членство во Европското семејство реформите се неопходни

Заедно со генералниот секретар на УЖ ВМРО ДПМНЕ, Лилјана Затуровска, учествуваме на Европската летна академија за жени лидери, во Талин, Естонија.

На маргините на оваа академија, имав исклучителни средби со, г- ѓа Дорис Пак, Претседателката на жените на Европските Народни Партии -ЕПП,
генералната секретарка на ЕПП, г- ѓа Хил Ван Стрик и други влијателни жени од земјите членки на ЕУ.

Реформите се неопходни, ако сакаме членство во Европското семејство, гласат пораките кои се едногласни, напиша на својот Фејсбук профил претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска.

“Разрешена директорката на Градинки, рикверц за човекот што запишуваше деца по список со шифри од Комитетот???”

Според неофицијални информации дознаваме дека директорката на Јавната институција детски градинки “Наша идинанa” од Прилеп е разрешена.

Бети Спиркоска беше именувана на оваа функција на почетокот од јануари месец 2019 година, а дојде од позицијата раководител на детската градинка “Аличаир”.

Засега не е позната причината поради која Спиркоска е разрешена од функцијата, а според информациите кои ги дознаваме на нејзиното место се враќа претходниот директор Орде Тодороски.

Оваа институција во текот на изминатата 2018 година ја следеа низа скандали за кои објавуваа медиумите, а најголем потрес предизвика скандалот со “партиските списоци за сместување на деца”.

Скандалот се случи во време кога со оваа институција раководеше токму Тодороски.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

„Ние имаме листа од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името“, изјави тогаш Орде Тодороски, правдајќи се за скандалот со списоците.

(Видео) На Роналдо му се допадна Балканот: По Дубровник еве каде одлучи да летува познатиот португалски фудбалер

Кристијано Роналдо по напорната сезона и по одморот во Дубровник реши да се пече и под сонцето во Грција.
За свое место за одмор, Роналдо како и лани повторно го одбра полуостровот Пелопонез. Според она што го пишуваат медиумите кои во чекор ја следат супер ѕвездата на Јувентус, Роналдо се сместил во кралската вила Метони која се наоѓа во близина на истоименото место во луксузниот дел на полуостровот Коста Наварино.

Според она што го пишуваат медиумите, Роналдо и неговата поубава половина за еден ден во оваа вила плаќаат 8.000 евра. Најавен бил престој од 7 дена за кој фудбалерот ќе плати 56.000 евра.

ЕКОНОМСКИ ЛИДЕР СО АУДИО БOMБА: Еве кој градоначалник од влдејачката партија е вмешан во мега ckaндал!

Во Европската Унија ќе влегуваме со градоначалници кои киднапираат, тепaaт и измачyBaaт луѓе со во својот кабинет.

Свиркач, до редакцијата на „Економски Лидер“ доставил аудио снимка на која се слуша како градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, лишува од слобода, тепа и измачyBа човек во неговиот кабинет.

-Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа. – вака со лишување од слобода, почнува аудио снимката, која свиркачот ја достави до редакцијата на Економски Лидер.

Целата статија и видеото можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Економски Лидер

Најава: „Лидер“ објавува аудио бoмбa во 19:00 часот! Градоначалник во тежок ckaндал!

Во 19:00 часот, агенцијата „Лидер“ ќе објави аудио снимка која ја добиле од свиркач.

Во снимката се открива огромен ckaндал од јавен интерес, во кој е вмешан градоначалник од редовите на владејачката СДСМ.