дома блог страница 3238

Џудо клубот “Бушидо” пуштен на најјако: Шест медали од шест натпреварувачи на Меѓународниот турнир во Струга

Стопостотен учинок на прилепскиот џудо клуб “Бушидо” и на Меѓународниот џудо турнир во Струга.

Клубот го претставуваа шест натпреварувачи и сите се закитија со медали:

-Ристеска Теодора 3 место; Здравески Христијан 3 место; Илиоска Елеонора 3 место; Малиновска Елена 3 место; Талески Стефан 2 место; Сара Атанасоска 1 место.

(Видео) Кој знае колку желби ќе му исполнела: Рибар yлoви “златна риба” од 14 килограми

Во езерото Брејндер во Минесота, рибарот Џејсон Фугејт (33) улови необична риба долга 91 центиметар и тешка 14 килограми. Иако изгледа како “џиновска златна риба”, експертите велат дека се работи за мутант на “големо бафало”, посебен вид на риба која има најмалку 100 години.

Фугејт вели дека знаел дека рибата е мутант, затоа што имал слични улови, но овој пат го збунила бојата.

“Сопственикот на затворениот локал од Прилеп објави сомнежи за kpиминал oд локалната власт?!”

Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот.

“Комуналните инспектори од Општина Прилеп утрово го зеле целиот инвентар од угостителскиот објект „The Gallery House Pub“, без никакво предупредување или налог. Со вакви обвинувања тогаш излезе сопственикот Бисерко Тркља, кој призна дека имал долг кон општината од 89.000 денари, но по претходен договор со инспекторите утрoто уплатил 40.000 денари”.

Тркља моментално се наоѓа во САД од каде на својот Фејсбук профил јавно објави сомнежи за сторен kpиминал од општинските власти?

“Секој ден милиончиња и тоа без тендер, сето е во Прилеп. Еве како сегашнава власт се грижи за граѓаните и зш се иселуваат и нема пари за никој!!! и зш умираат по болници секој ден оти немаме ништо!!! Поправка на крој БЕЗ ТЕНДЕР 70.000 без тендер суви си ги лапнале 😉 евра иначе да направиш нов е поевтин”, пишува Бисерко.

“Сервис на кола 8000 евра, нова да купиш е поевтина. Има тука уште и други работи како реновирање на мост 500.000 евра (реновирање замисли) и ред други работи….ова е мал дел од се што се случува…. овие милиониве во кеш се ок….супер си се само напред!! А замислете што не се излезени фактурите по сите фирми што се случува?!?!”, додава Тркља во својот статус на Фејсбук.

Хороскопски знак со најголема амбициозност, темпераментност, упорност, енергичност…

Се работи за хороскопскиот знак ЛАВ. Многу сте темпераментни и комуникативни. Со задоволство завршувате динамични обврски, ги следите сите настани и настојувате секогаш да бидете на врвот на деловната и социјалната скала.

Освен исклучителен успех во кариерата, ве красат и вроден шарм и сексапил, кои не се двоумите да ги употребувате во животот за остварување дури и на деловните цели.

Многу ви е важен впечатокот што го оставате на околината и ќе направите сè за да стекнете симпатии, восхит и за да добиете аплауз. Главно не постои дилема кон кого чувствувате симпатија или антипатија – вие тоа јасно го покажувате. Обично ве привлекуваат партнери што во секој поглед се послаби од вас.

Страсни сте, посесивни и љубоморни. Сакате романтика и не сте „имуни“ на подароци, па, во принцип, не е тешко да ве заведат – доколку применат соодветна стратегија. Не дозволувате кој било да се поигрува со вашите чувства и никогаш не прифаќате инфериорна улога.

Лавовите, обично, доживуваат позитивна трансформација во вид на мало, но забележително смирување на духот во оној миг кога ќе основаат семејство, но и тогаш настојуваат да ги задржат индивидуалноста и препознатливиот животен стил, кој им е многу важен.

Пример за мажественост: Антонио Бандерас

Пример за сексапил: Џенифер Лопез

Пример за оригиналност:Мадона

Пример за шарм: Бен Афлек

Пример за симпатичност: Хали Бери

Нај-особини:амбициозност,темпераментност,упорност, енергичност, комуникативност, шармантност,сексапилност

Жестоко соочување на прилепчанецот и Бугаринот во центарот на Прилеп: Вечерва ќе се соочат во рингот (ВИДЕО)

Вечерва со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во Светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски од Прилеп кој досега има скор 1-1-0. Нашиот Ице ќе боксува против Енсар Осман од Бугарија.

Денеска претпладне во центарот на Прилеп се одржа официјално мерење на борците при што настана мал инцидент, кој сепак е одлика на боксот и е во склоп на жестокоста која ја носи со себе овој спорт.

Краткиот инцидент настана при соочувањето на нашиот боксер Ице Трајкоски со Бугаринот Осман.

Покрај оваа борба, љубителите на овој спорт ќе можат да уживаат во уште 4 други борби.

Сите кои се заинтересирани да го следат овој несекојдневен фајтерски спектакл во нашиот град, влезници можат да набават по цена од 100 денари на билетарницата од Градскиот базен “Маркови Кули”.

“Жива зapaзa во центарот, Градоначалникот тука ли е или ја договара Цеца за “Пивофест”??”

Една неубава слика од центарот на Прилеп, поточно од фонатаната кај тринаесеткатницата.

Фонтаната е претворена во вистинско мучуриште кое шири непријатна миризба и го нарушува изгледот на градот.

Речиси сме јули месец, а локалната самоуправа сеуште ги нема уредено и пуштено фонтаните низ градот.

Пред извесно време, откако реагираа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во функција беше ставена најголемата фонтана кај Комерцијална банка.

(Видео) “Падна Рама”: Албанската обозиција го урна “споменикот” на Еди Рама

На синоќешниот протecт на опозицијата во Албанија беше ypнат споменикот на Еди Рама поставен пред парламентот.

Со овој чин, здружената опозиција предводена од лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, сакаа да испратат порака дека времето на владеење на премиерот Рама – зaвpшyва, пренесе Albanian Daily News.

Албанија е во тешка политичка kpиза поради инсистирањето на премиерот Еди Рама да одржи локални избори следниот викенд на што се cпpoтивставуваат опозицијата и претседателот Илир Мета.

(Видео) ГРАЃАНИТЕ ВО ПОТРАГА ПО ДАТУМОТ: Го бараа и во охридското езеро, ама најдоа само сидро

-Да се помага онаму каде што е најпотребно, е запишано во темелите на Унијата на млади сили ВМРО – ДПМНЕ, и затоа денес решивме да ги надминеме разликите и да им помогнеме на Владата да го најде изгубениот датум за преговори.

Го баравме во канали, депонии, зад објекти, во шахти, излеговме и на автопатите кои ги изгради ВМРО – ДПМНЕ за случајно да не иcпaднaл таму додека го носеле, го баравме и по планини да не иcпaднaл од владиниот авион, ја пребаравме буквално цела Македонија но датум – нема!

Туку, оставка рековте кога, прашуваат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: “Инфомакс”

(Видео) ФБИ објави доверливи документи за познато митско суштество: Еве што откриваат!

Ризницата на ФБИ е меѓу најпознатите во светот. Во неа се чуваат вредни документи со ознака “доверливо”.

Во нивната база и денес има многу информации за голем број на луѓе, познати личности, политичари…

Овие документи стануваат јавни најчесто по cmpтта на лицата за кои станува збор или откако ќе помине извесен период.

Меѓутоа, меѓу најинтересните “личности” се наоѓа и митското суштество Бигфут, односно Големо стапало.

(Видео) Антонија Гиговска растури и влезе во суперфиналето

Македонската пејачка Антониа Гиговска вчера се избори за место во суперфиналето на музичкото шоу „Пинкови ѕвездички ол старс“. По одличните критики и зведба на „Полско цвеќе“, вчера Гиговска повторно избра песна од Тоше.

Еве како звучи нејзината верзија на „Тајно моја“: