“Сопственикот на затворениот локал од Прилеп објави сомнежи за kpиминал oд локалната власт?!”

Сопственикот на познатиот локал во центарот на Прилеп, “Тhe Gallery House Pub”, кој неодамна беше затворен, откако комуналната инспекција од општина Прилеп го одзеде целиот инвентар во локалот.

“Комуналните инспектори од Општина Прилеп утрово го зеле целиот инвентар од угостителскиот објект „The Gallery House Pub“, без никакво предупредување или налог. Со вакви обвинувања тогаш излезе сопственикот Бисерко Тркља, кој призна дека имал долг кон општината од 89.000 денари, но по претходен договор со инспекторите утрoто уплатил 40.000 денари”.

Тркља моментално се наоѓа во САД од каде на својот Фејсбук профил јавно објави сомнежи за сторен kpиминал од општинските власти?

“Секој ден милиончиња и тоа без тендер, сето е во Прилеп. Еве како сегашнава власт се грижи за граѓаните и зш се иселуваат и нема пари за никој!!! и зш умираат по болници секој ден оти немаме ништо!!! Поправка на крој БЕЗ ТЕНДЕР 70.000 без тендер суви си ги лапнале 😉 евра иначе да направиш нов е поевтин”, пишува Бисерко.

“Сервис на кола 8000 евра, нова да купиш е поевтина. Има тука уште и други работи како реновирање на мост 500.000 евра (реновирање замисли) и ред други работи….ова е мал дел од се што се случува…. овие милиониве во кеш се ок….супер си се само напред!! А замислете што не се излезени фактурите по сите фирми што се случува?!?!”, додава Тркља во својот статус на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.