дома блог страница 3235

Новата “Маракана” ќе шармира со својата убавина: Еве како ќе изгледа новиот стадион на Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Стадионот во Белград кој буди сеќавања и на голем број Македонци ќе добие нов лик. Овој објект правен во седумдесеттите години полека го гази времето и потребна му е сериозна реконструкција.

„Маракана“, или по ново „Рајко Митиќ“ ќе добие нов покрив, подтрибинско шминкање, вип галерии, ново осветлување… за да може Црвена звезда да игра во Лигата на шампионите на свој терен без никави ограничувања.

Погледнете ја новата „Маракана“.

Прилепчанец ќе игра за шампионската екипа на Вардар (ВИДЕО)

Репрезентативното лево крило Димитар Димитриоски е нов играч на ,,црвено – црните” откако пред неколку дена ги финализираше и деталите.

Димитриоски во Вардар доаѓа од редовите на Металург и ќе му биде поддршка на Дибиров на левата крилна позиција, кој остана ,,сам” по заминувањето од клубот на Недановски.

Димитриоски потекнува од Прилеп, а ракометната и спортската јавност го запозна низ настапите за Металург Јуниор и Металург. Веќе три сезони е член на првиот состав од Автокоманда, зад себе има запишано бројни натпревари од СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

21-годишниот прилепчанец повеќе од пет години ги бранеше боите на клубот од Автокоманда. Прво настапуваше за Металург Јуниор, а три сезони беше дел од првиот тим на Металург, настапувајќи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Maкедониja му oдpжa лeкциja по пeeњe на Бaлкaнoт: Ленче Кукиќ и Бejxaн Paмoв пoбeдници на шoутo “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)

Македонската пејачка, 42-годишната струмичанка Ленче Кукиќ е победник на балканското ТВ шоу „Никогаш не е доцна“. Во финалето таа настапи со песната „Не иди од мене, злато моје“ од Мирјана Беширевиќ. Сепак, Ленче не е апсолутен победник, бидејќи ги освои срцата и на жирито и на Фејсбук публиката, но не успеа да се избори со тромавоста на смс-публиката.

Од стручното жири македонската пејачка освои 172 гласови, а од Фејсбук публиката 5164 гласови. Беше втора според СМС гласовите со 3694 СМС пораки.

Првата награда од СМС гласањето ја освои Бејхан Рамов, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук.

Целовечерен концерт на хорот “Св. Кирил и Методиј” во Прилеп

Во вторник 25.06.2019 во 19.30 часот во кино “Мис Стон” целовечерен концерт ќе одржи младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Диригент Веселинка Маџарова. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето.

ПОРТФОЛИО за Хорот

Детско младинскиот хор „Св. Кирил и Методиј” е формиранво 2012 год.во рамките на Здружението за дејности од уметноста и културата ,,Артокарина‘‘ – Велес. Со развојот на хорот и напорната работа, тој доби на квалитет во изведба на хорски компизиции од различен музички карактер.

Иако хорот има седум години од неговото формирање, за квалитетот и прогресот на хорот зборуваат и меѓународните награди кои се добиени во последните четири години. Хорот настапува на манифестации организирани од општина Велес и други општини, манифестации организирани од невладини и хуманитарни организации исто така хорот повремено учествува во Светата Божествена Литургија.

Хорот е најмлад хор во Македонија кој учествува на Светата Божествена Литургија кој има обемен репертоар на композиции од различен карактер и обемна концертна активност.

Денеска е еден од најголемите и најтешките празници во годината, ден кога се врти сонцето

Денеска православните христијани го празнуваат големиот празник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум.

Во народното верување Вртолум се смета за особено важен ден, или за ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето. Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедал заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострадал маченички.

Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Варнава, пак, се родил на островот Кипар.

Бил Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викал Јосиф, но апостолите му го дале името Варна¬ва, што значи Син на утехата. Заедно со свети Павле и Марко проповедал во Антиохија и на други места во Азија, потоа на Кипар.

Веројатно е прв проповедник и во Рим и Милано. Животот го завршил маченички на Кипар. Пострадал од Евреите.

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работи, бидејќи постојат можности за поплава, град и олуја. На Вртолум, според народните верувања, не смеете да се качувате на дрва, и не смеете да се капете во река.

Тројца ракометари го кажаа судбоносното „ДА“ во исти ден- ракометарите на маки каде да присуствуваат на свадба (ФОТО)

Тројца македонски репрезентативци вчера го кажаа судбоносното „ДА“. Откако минатата година Филип Талески и неговата поубава половина Ена направија веридба, а потоа станаа родители на Софиа, денеска направија свадбена веселба на која присуствуваа дел од ракометарите.

Непланирано во ист ден на „лудиот камен“ стапнаа и Веле Марковски и Дарко Димитриоски.

Се чини на најголема мака се нивните сегашни и поранешни соиграчи, навистина е тешко да одберат на која свадбена церемонија да присуствуваат.

Сугарески на “маки”: Советникот Усеини гради бетонска база без дозволи, никој не го чепка

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, гради и бетонска база на охридското крајбрежје. За оваа градба, Усеини ги нема потребните дозволи кои треба да бидат издадени од Општината, но и останатите надлежни институции, јавува А1он.

Досега, нема одлука за издавање на еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина.

Базата за производство на бетон се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. Иако Општината и градоначалникот Константин Георгиевски знаат за овој објект подолго време, тој и натаму се гради без проблем.

Извор: kurir.mk

Јовановиќ: “Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери, a не Тевдоски”

(Фејсбук статус на поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ)

“Кога ме праша дали сакам да му бидам советник, му кажав дека не сме, ни тој, ни јас, за овдешната политика. Неговиот одговор беше дека можеби сум во право, ама дека сепак имаме должност да пробаме да ги смениме работите.

Постојано кажуваше дека сака да биде како министерот за финансии во Данска – да не се наметнува многу во јавноста, ама системот да функционира. Мислам дека успеа во тоа. За жал, далеку сме ние од Данска. Кај нас, ако ти не се наметнуваш, некој корумпиран хоштаплер ќе се наметне, и ќе работи против тебе.

Не знаев за сменава кога јас се повлеков, и воопшто не ја очекував. Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес наместо за јавниот, оние кои местеа милионски тендери, оние кои трошеа државни пари а ништо не работеа…

Можеби има нешта кои не ги знам во целава работа, ама едно знам. Ако државава ги менува оние кои работат чесно и вредно, кои прават реформи, кои се жртвуваат за општото добро, никогаш нема да ја биде”.

(Фото) Апokaлипса во Србија: Зградите станаа водопади, а улиците исчезнуваат

Страшно нeвpeме ја погоди Србија, а во најлоша состојба е Нов Белград.

Зградите се претворени во водопади, а улиците воопшто не се гледаат од големата количина на вода. Се очекува реакција на надлежните служби, но нема информации за повpeдени.

Од утре нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, утре треба да ја соопшти новата одлука за цените на горивата. Минатата недела цените останаа скоро исти, без некоја драстична промена.

Мала промена имаше само „Супер 95“ кој сега се продава по цена од 67 денари, додека „Супер 98“ остана 69 денари за наточен литар гориво.

Останатите нафтени деривати се точат по цени исти како претгодната недела.

Новите цени на нафтените деривати РКЕ ги пресметува по д новата методологија за формирање на малопродажните цени на дериватите.