дома блог страница 3236

Ќе ја поддржи ЛГБТ заедницата: Тамара ќе пее на Парадата на гордоста

Тамара Тодевска ќе настапи на првата Парада на гордоста, која треба да се случи идниот викенд во Скопје.

Таа преку „Твитер“ соопшти дека е горда што ќе пее на 29 јуни.

Настанот ќе почне во „Жена бopeц”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници. За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.

Твитер: “Значи ШАПУРИЌ од ЛДП бил крив за се’ во Македонија??”

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на Твитер ги искоментира промените на министерските места во Владата.

“По лошиот резултат на Пендаровски во првиот круг, Заев рече примена е пораката од граѓаните и најави “метла” секаде каде нема резултати. Сега испаѓа дека на граѓаните најмногу биле незадоволни од Шапуриќ, Сухејл Фазлиу и Тевдовски. Ова е потценување, но И одговора на опозицијата!”, напиша Милошоски.

“Погледнете на што личат фонтаните во нашиот град” (ФОТО)

Откако вчера добивме фотографии од фонтаната кај тринаесеткатницата во центарот на Прилеп, денеска наши читатели ни испратија фотографии од фонтаната во паркот во населбата “Toчила”.

За разлика од првава, оваа барем не е претворена во мочуриште, но за жал и таа не е во функција.

Речиси сме јули месец, а локалните власти не најдоа време да ги уредат фонтаните низ градот и да ги пуштат сите во функција.

(Видео) ВАКА СЕ НЕГУВА ТРАДИЦИЈА: Полуматуранти од Делчево го заиграа „За појас“

Полуматурантите од ООУ „Ванчо Прке“ Делчево на својата прослава играле ора, а на видеото кое го објави порталот “Делчево365.мк” може да се види како го совладале познатото, но и тешко „За појас“.

„Браво деца за тоа што не го заборавате македонскиот фолклор, македонските песни и сѐ она што ни оставиле во аманет нашите предци. Така се гаи културата, така се оддржува една нација. Па ние нели сме Македонци – тоа е нашата одлика“, пишува во еден од коментарите на воодушевените гледачи на видеото.

ВИДЕО:“Делчево365.мк”

ГУЖВА ВО “ГЕНТЕРМ”: Компанијата го организираше вториот отворен ден и покажа како одговорно се гради доверба и соработка (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Компанијата “Гентерм” денеска го организираше вториот отворен ден во нивната фабрика, сместена во технолошко-индустриската развојна зона кај Алинци во близина на Прилеп.

Голем број граѓани денеска ги посетија производствените капацитети на фабриката и се запознаа со можностите и условите за работа.

“Гентерм” е најголем работодавач во Прилеп со над 2000 вработени лица и постојано е во потрага по нови мотивирани работници и стручни кадри, а ова е најдобар начин за компанијата да се стекне со нови вработени, а од друга страна граѓаните предвреме да го спознаат својот нов работодавач и подготвени да пристапат на работните задачи.

Отворениот ден е светски пристап на работа и еден вид на општествена одговорност, затоа што на ваков начин предвреме се гради меѓусебна доверба и соработка помеѓу компаниите и потенцијалните вработени лица.

Ваквиот начин на соработка треба да биде пример за сите останати компании кои планираат да ги прошират своите капацитети на производство, но и за сите идни инвеститори во индустриските зони во државата.

Покрај запознавање со условите за работа, од компанијата “Гентерм” обезбедија и забава за најмалите кои заедно со своите родители беа на настанот.

(ВИДЕО) Mицкоски и младите во манастирот Св. Јован во еден глас ја пееа државната химна

Денеска на пладне Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Општинскиот комитет Бутел, го организираше традиционалниот македонски ручек во манастирот Св. Јован во Љубанци.

Овој 10-ти јубилеен собир на Унијата на млади сили е посебно значаен за да се испрати една силна порака дека македонската младина е силно врзана за својата традиција и вредности.

На заедничкиот ручек со младите беше присутен и Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски кој имаше и свое обраќање пред присутните.

“Денес бев во патриотско Љубанци, во манастирот Св Јован.

Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии.

Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето.

Бидејќи несреќата на народот лежи токму во Зоран Заев кој насекаде околу себе поставува клонови кој и самите си велат дека потполно се исти како нивниот лидер. Ова го збореше и Пендаровски кому гледаме дека не му е јасно чив бил Гоце, а Гоце Делчев е нашиот непокор, сила и херој кој го има во нашата химна.

Клучот на неуспсите не им се ниту ЕУ, ниту нашите соседи, туку Зоран Заев.
Власта која тоне во сопствената жива кал не е способна да изменаџира ниту еден процес до крај, постојано наоѓа изговори, оправдувања за своите неуспеси, а единствениот одговор на сето ова е народот кој ќе ги порази”, напиша Мицкоски на Фејсбук за настанот.

Погодок за Гинисова книга на рекорди: Погоди од неверојатни 60 метри далечина (ВИДЕО)

На средбата помеѓу Паханг и Перак од Купот на Малезија победничкиот гол беше постигнат во 93 минута и тоа од слободен удар од неверојатна оддалеченост од околу 60 метри, со што овој погодок дефинитивно влегува меѓу тие кои можат да влезат во конкуренција за најдобар на сите времиња.

Стрелец беше Херолд Марк Гулон, кој се гледа дека намерно шутира кон противничкиот гол иако се наоѓа на својата половина, сакајќи да го искористи фактот што противничкиот голман е далеку од сопствениот гол.

Чувај не Боже! Заев ќе раководи со министерството за финансии

Предлогот за именување на новите министри ќе биде доставен до Собранието, најави денес Зоран Заев од Валандово.

Според наведеното, Заев ќе ги предложи Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Драган Тевдовски исто така ќе го напушти министерството за финансии, а функцијата ќе ја преземе лично лично Зоран Заев, паралелно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки. – рече Заев

Заев исто така им се заблагодари на досегашните министри кои заминуваат од функциите со оваа мини реконструкција.

Јане Ченто: Синчето полни 4 години, а две години не сум го видел

Не дигајте фама дали ќе не носеле Идризово и дека не знам што ќе се случи во Идризово, пишува во пораката преку Фејсбук патриотот Јане Ченто, кој е пpитвоpен и пpвостепено ocуден за настаните од 27 април.

– Јас сум оcyден со пpвостепена пpeсуда и јас барав да одам во зaтвoр пред пpавосилност на прecуда бидејќи жaлбaтa ја подготвувам. Скоро 20 месеци сум јас и другите во 4 ѕида по 23 часа во ќелии од 7м2….за хигиената не ми се ни зборува сите имате гледано слики како е Шутка. Како сите ocyдени што бараат да одат пред пpавосилсност во зaтвop и ја така побарав и не гледам причини да се дига галама околу тоа дали ќе сме оделе Идризово и кој бил таму од страна на ocyдени или oбвинeти лица, бидејќи и таму се ocyдени лица кои издржуваат kaзни пред пpавосилност или по правосилност така да не барам посебен третман, како за сите зaтвopeници така и за мене. Еднаквост, порачува Ченто.

Тој потсетува за времето минато и условите во пpитвopoт:

– Во Шутка изминативе скоро 20 месеци и по ќелии и на шетња сум бил со многу луѓе, македонци, албанци, роми, срби, бошњаци итн, и верувајте никој не сака пpоблеми од зaтвopeниците, секој си има свој пpoблем и си гледа како да се спаси од оваа нeпpавда што се прави… Така што, ве замолувам сите, особено медиумите, не подгревајте тeнзии без причина, нема потреба од cтрa
в дали некој нас или ние на некој нешто ќе направиме, ако се случи, не дај боже нешто се случи, ни први ни последни ќе бидеме. Се разбира дека нема да провоцираме ние и се надевам нема никој нас да не провоцира бидејќи гледаме да излеземе што побрзо од затвор и што побрзо да ја победиме оваа неправда која ни ја сервираа елитите, како нас така и за многу други случаи за кои сеуште не е излезена вистината на виделина, вели Ченто.

И ги појаснува:

– Ако некој не знае да му кажам, во пpитвop мaлoлeтнo дете нe cмее да дојде на посета, така што мојот син кој на 15 јули ќе полни 4 години (48 месеци) го немам видено 20 месеци, некој од нас и повеќе време ги немаат видено своите деца, и да ќе одам во Идризово без разлика дали има бeзбeдносeн pизиk за кој се надевам надлежните ќе преземат се за да се смали тој pизиk, одам за да си го видам синот, да си ја гушнам фамилијата после 20 месеци… Дали вреди да бидам под pизиk за тоа, да. Бopбaта за Македонија продолжува било во зaтвop или на cлoбода. Бог да ве благослови сите и Бог да ја благослови Македонија. Да живее Република Македонија! Правда за сите, порачува Ченто.

Метлата стана четче по ликовно: Eве ги новите министри?

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

– Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и верувам дека следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.