дома блог страница 3234

Cooбpaќajкa во центарот на Прилеп: Aвтомобил удpил во пeшaк (ФОТО)

Попладнево на улицата “Јоска Јорданоски” пред старата општинска зграда се случила сообраќајна несреќа, во која пешак бил удрен од автомобил марка “Опел” со скопски регистарски ознаки.

Според информациите кои ги дознаваме од очевидци и од брзата помош од Прилеп, пешакот е на возраст од 37 години и поминал без посериозни повpeди.

Од сударот целосно била искршена шофершајбната на возилото.

Полицијата на лице место ги истражува последиците за настаната несреќа.

“Лавот” е повторно на нозе: По опepaцијата на кoлeнoто, Стоилов одново на нозе

Македонскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар, Столе Стоилов, мораше да биде пoдлoжeн на опepaтивен зaфaт за да ја caнира повpeдата на мениckyсот на коленото.

Пред мечот со Грција, минатата недела тој се реши да лeгнe „пoд нooж“, а неколку дена по опepaцијата се чувствува одлично, дознава порталот „Гол.мк.

Според лекapcкиот тим, интepвенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална тepaпија за peхабилитација.

Невремето направи “пуздер” во прилепско: Цело село под вода (ФОТО/ВИДЕО)

Страшно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и град попладнево го погоди Прилеп и прилепскиот регион.

Невремето сеуште беснее во одредени места, а наши читатели не информираат и за првичните штети врз земјоделските површини.

Прилепско Канатларци после невремето е целосно под вода, а според информациите кои ги добиваме има и големи штети врз земјоделските култури.

Еве како изгледа Канатларци после невремето:

Лашкоска: Aболиpaниот kpиминалeц Заев како министер за финансии ќе управува со над 10 финансиски институции (Видео)

Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев. Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите, ова денеска на прес-конференција го истакна Ане Чашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните. Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија, и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви, потенцира Лашкоска.

Таа додава вели среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

-Со право јавноста се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата кој го патентираа во Струмица додека Заев беше градоначалник. Зоран Заев е човекот кој ќе одлучува за тоа колку државата ќе се задолжува и за што. За милионски задолжувања ќе одлучува човекот кој бараше мито од 200.000 евра. Да биде симболиката уште поголема тој ова го направи, наместо во Собранието на Република Македонија, во Валандово истото место кај што пред 9 години најави дека живи луѓе ќе јаде ако дојде и на власт и ќе се опкружи со партиски послушници се од чистачка па до министер. За жал следат уште поцрни денови, бидејќи се што фати Заев упропасти. Беше прв човек на Телото за реформи во судството, а од тоа видовме само како си обезбеди нова амнестија за очигледен криминал. Заев си зададе клучна улога во дипломатијата, а донесе штетни договори за Македонија која патем сеуште чека датум за почеток на преговори со ЕУ. Се постави како надлежен над тајните служби, а сега станува и министер за финансии. Замислете после судството, дипломатијата, тајните служби сега и народните пари се директно во рацете на аболициран премиер во Република Македонија, потенцира Лашкоска.

“Освен Заев уште еден премиер во светот истовремено е министер за финансии”

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот профил на Твитер објави дека покрај Зоран Заев и премиерот на Белизе е истовремено и министер за финансии во својата држава.

“Во моментов, освен @Zoran_Zaev, во светот има уште еден премиер кој истовремено е и министер за финансии, а тоа е Dean Barrow, премиерот на Белизе!”, пишува Милошоски.

Регулаторна одлучи: Повторно поскапување на горивата за оваа недела

Бензините и дизелот од полноќ ќе бидат за половина денар поскапи, реши на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе бидат поскапи за половина денар и ќе се точат за 60.5 денари дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 нема да се промени и ќе се точи за 67 денари по литар.

Минатата недела, цената на Еуросупер БС-95 беше зголемена за половина денар, а цените на останатите горива останаа нeпроменети.

Согласно новата методологија, Регулаторната комисија за енергетика секој понеделник ги објавува новите цени на горивата за разлика од порано кога секоја втора недела имаше промена на цената на горивата.

Бродот на СДСМ тоне? Заменик министерот до Заев: “Си поднесувам оставка, промените кои ги навестувавме, не ги остваруваме”

Заменик министерот за образование Петар Атанасов преку социјална мрежа објави дека поднесува оставката од функцијата, но и од учество во сите останати проекти на Министерството за образование и наука. Оставката ја упатува до премиерот Заев со забелешка дека „револуцијата која ја покренавме – почна да ги јаде сопствените деца“.

Сакам да Ве известам Вас и јавноста дека поднесувам оставка од позиција на заменик министер во Министерството за образование и наука. Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите! – напишал Атанасов.

Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро. Уште пред парламентарните избори составив тим со кој заедно изградивме одлична програма и план, и силно верувавме во политиките кои требаше да ги реализираме. Се чинеше дека успехот е неизбежен. Ем знаевме, ем можевме, уште само требаше да покажеме дека и умееме – пишува Атанасовски во својата оставка објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

По изборите 2016-та година, Атанасов беше пратеник. По заминувањето на Рената Дескоска во правда (таа беше министер за образование) и менувањето на ресорите со што МОН го доби ДУИ, Атанасов стана заменик министер, а министер во тој мандат стана актулениот Арбер Адеми.

“Нема организатор, а подготвувале програма за “Пивофест”? Што крие Градоначалникот кој треба да додели 2.500.000 денари на организаторот?”

Се ближи 17-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”, кое ќе се одржи од 18-21 јули.

Општина Прилеп сеуште нема излезено со официјална програма за фестивалот, а сеуште не е одлучено и за тоа кој ќе биде организатор и ќе добие 2,5 милиони денари од општинскиот буџет.

Огласот за огранизатор на фестивалот беше објавен на крајот од месец мај и траеше само три дена. Од тогаш измина речиси еден месец, а сеуште нема избрано кој ќе го организира овогодинешниот “Пивофест”.

Според она што се зборува низ прилепската чаршија речиси е сигурно дека на фестивалската сцена ќе настапи балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ, а музичката група од Прилеп, “Тhe Hounds” веќе го потврдија својот настап.

На социјалните мрежи се појавија и ентузијасти кои споделуваат своја програма за фестивалот, меѓутоа тоа брзо беше демантирано на официјалната Фејсбук страна на “Пивофест”.

Сеуште е нејасно како тоа се договара програма и настапи на музички ѕвезди а на неполн месец од одржувањето на фестивалот сеуште нема официјален организатор.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев му честита на Пендаровски што го направил Гоце Делчев Бугарин!

Бугарскиот пратеник европратеник Андреј Ковачев, кој познат во јавноста застапувајќи тези каде ја спори посебноста на македонскиот народ и идентитет и често пати јавно ја толкува македонската историја.

Преку фејсбук статус јавно го прозва и му честиташе на македонскиот претседател Стево Пендаровски за тоа што јавно изјави дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин, што македонската историја и историчари со научни факти и докази го негираат ова тврдење.

,,Му честитам на македонскиот претседател, г-дин Пендаровски! За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања!

Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја. Многу подоцна, македонските Бугари Тодор Александров и Иван Михајлов поставуваат за цел на ВМРО независна Македонија, ослободена од српската окупација!

Модерните Бугари и модерните Македонци се наследници на овие големи Бугари! Оваа вистина треба да биде потврдена и од билатералната комисија, како го бара договорот за пријателство и добрососедство и да биде ставено во наставниот план на двете страни!

Сите преродбеници и револуционери, како Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Рајко Жинзифов, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и многу други од дејци на ВМРО, исто така, се декларирале како Бугари.

Самата организација ВМРО е основана во 1893 година како Бугарски Македонско-одрински револуционерен комитет, по примерот на Бугарскиот Таен Револуционерен Комитет на Васил Левски“

(Фото+Видео) Вака изгледа Србија по вчерашната kaтakлизма

Барикади пред куќите, унишTeH мебел, вода до колена и купишта ѓубpe. Ова е сликата по големото невpeме што ја зафати Србија вчера.