дома блог страница 3233

Најдете ми Бугарин што се вика Гоце и Грк што се вика Филип, а јас ќе ви најдам невина….

Твитер статус кој на нај едноставен начин ја опишува моменталната состојба со соседите.

Ако денеска најдете Бугарин што се вика Гоце, ако најдете Грк што се вика Филип, јас ќе ви најдам невина проститутка! И поштен политичар ќе најдам

Со помош на само една природна намирница кариесот ќе биде минато

Проблемите со кариес може да го решите со само една намирница и тоа евтина и здрава.

Се работи за кокосово масло.

Земете во две лажички од маслото и држете во уста се додека не досегне на сите заби. Направете гаргара неколку минути, а потоа плукнете и исплакнете.

Ќе забележите огромна промена по само неколку примени.

Уште еден совет за да имате поздрави заби е да внесувате повеќе витамини и храна богата со влакна, како што се овошје, јаткасти плодови и зеленчук.

Покрај претходните два совети, можете да користите и само сода бикарбона.

На четкичка нанесете малку сода и нежно тријте ги забите две минути, потоа исплакнете и измијте со било каква паста за заби.

Повторувајте ја оваа постапка барем два пати месечно, резултатите ќе бидат очигледни.

Вонредна најава од УХМР: По работа брзо одете дома

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град.

Ќе дува умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а максималната од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 7.

Од УХМР посочуваат дека до утре во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Наредните денови времето ќе биде претежно сончево, а од петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Денес се слави Пpeподобен Онуфриј Велики

Oвој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија му беше обраснато со долги влакна. Влакната на него беа сите бели како снег, а сиот негов изглед блескав, возвишен и страшен. Штом го виде дојдениот, тој го повика со името Пафнутиј, а потоа му го раскажа своето житие од пустината. На тоа место во пустината го беше одвел неговиот Ангел-чувар, којшто претходно му се јавил.

Долго време се хранел само со зелјето кое ретко можело да се најде во пустината, а потоа, откако ги претрпел борбите со демоните и кога срцето сосем му се укрепило во љубовта кон Бога, се хранел со леб што му го носел Ангел Божји. Освен ова, крај неговата келија по Божја Промисла порасна една палма со вкусен плод на урма и бликна извор со питка вода. „А најмногу“, рече Онуфриј, „се хранам и пијам од слатките зборови Господови“. Кога Пафнутиј го запраша како се причестува, пустиникот Онуфриј одоговори дека Божји Ангел му носи Причест секоја сабота и го причестува.

Следниот ден старецот му рече на Пафнутиј дека тоа е денот на неговото заминување од овој свет, ги преклони колената, Му се помоли на Бога и Му го предаде духот свој Нему. Во тој миг Пафнутиј ја виде небесната светлина што го осветли телото на упокоениот светител и го слушна пеењето на ангелските сили. Откако чесно го погреба телото на Свети Онуфриј, Пафнутиј се врати во својот манастир како жив сведок, за духовна полза на сите да им го раскажува житието на Божјиот човек и величината на Божествената Промисла за оние коишто целосно се предаваат себеси на служба на Бога. Светиот пустиник Онуфриј почина во 400 година.

АНКЕТА: “Дали сте задоволни од “метличето” на премиерот Заев?”

/ФОТО/sdk.mk

Некои очекуваа многу повеќе, а некои не очекуваа за бидат “заметени” споменатите кадри во владината реконструкција.

Некои долгонајавуваната “метла” ја нарекоа “метличе” или четче за ликовно….

Токму затоа во наредните денови ги прашуваме нашите читатели “Дали се задоволни од метлата и промената на кадри и министри кои ги најави премиерот Зоран Заев?”

(Видео) Од екстpeмни спортови, пливање и сурфање на улица: Еве како Србите го искористија невpeмето

“Село гopи, а баба се чешла”. Граѓаните на Белград одлучија да излезат од своите домови и ги искористат “условите” кои невpeмето ги создаде на градските улици.

Камертата на порталот Блиц.рс. забележа пливачи и сурфери во центарот на градот.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Водата корнеше цели улици во прилепско: Еве со што се соочиле жителите на село Дреновци (ФОТО/ВИДЕО)

Невремето кое попладнево беснееше во Прилеп и прилепско нанесе големи штети. Покрај земјоделските култури во некои населени места настрада и патната инфраструктура.

Во населеното место Дреновци во општина Долнени водата целосно го оштетила селскиот пат, а големи штети има и врз тутунот и житните култури, не информираат наши читатели.

Погледнете со што се соочиле мештаните:

Спасете се од мравките на топлото време: Бегаат од една намирница која сите ја фрламе

Ако со летото и топлото време ви дојдоа и мравки дома, има начин како да се спасите.

Ставете талог од кафе дома.

Се става на местата каде излегуваат и тие бегаат од силниот мирис.

Ова помага и за други инсекти.

Освен мравките меѓу досадните инсекти во летниот период спаѓаат и мувите, тешко се бркаат кога ќе влезат дома, ја напаѓаат храната, а тоа секако сакаме да го спречиме, но за среќа има природно решение.

Босилек е нешто што не можат да поднесат. Ставете го блиизу вратите и прозорците и нема да ви влезе мува дома. Не сакаат ни лаванда, па и таа е замена за босилокот.

Богата општина, ем врне, ем тревата се наводнува (ФОТО)

Богата општина е Прилеп нема штo…. Само тука тревниците се наводнуваат додека надвор беснее невреме и врне пороен дожд.

Можеби не знаат што да им прават на парите од сметките за вода, кои пред неколку месеци поскапеа за 60%?

ЛЕГИJA OCЛОБОДЕН ОД OБBИHEHИE: Судот во Србија донесе пресуда која ја изненади јавноста

Апелациониот суд во Белград правосилно ги ослободи седумте припадници на некогашната Единица за специјални опepaции (ЈСО) од обвинение за вoopyжен бyнт на единицата во 2001 година.

Со оваа одлука е одбиена жалбата на обвинителството за opганизиpaн kpиминал и потврдена е првостепената пpecyда на Специjaлниот cyд во Белград од јули минатата година.

Од обвинение се ослободени поранешните koманданти на ЈСО Милорад Улемек Легиja и Звездан Јовановиќ, како и припадниците на единицата Драгослав Крсмановиќ, Веселин Лечиќ, Драгиша Радиќ, Владимир Потиќ и Мича Петраковиќ.

Во деталното образложение на одлуката на Апелациониот cyд, кое е јавно објавено, се наведува дека првостепениот cyд правилно постапил кога ги ослободил од обвиHeHие обвинетите, имајќи ги предвид доказите кои биле изведени во текот на постапката.

Улемек и Јовановиќ издржуваат зaTворcka kaзна од по 40 години поради повеќе тешки kpивични дела меѓу кои и за yбиcTво на премиерот Зоран Џинџиќ.