дома блог страница 3226

“Дали притисокот од предизборните ветувања ќе се префрли кон двоецот Талески-Јованоски??”

Двоецот Јованоски-Талески останува на чело на Прилеп и ќе продолжи да раководи со една од најголемите општини во државата.

Иако СДСМ загуби на претседателските избори со 1.500 гласа разлика, вчера партијата одново го реизбра Миле Талески за претседател на Општинската организација во градот.

Талески истовремено е и претседател на Советот на општина Прилеп и според анкетите беше посочен како еден од главните виновници за високиот пораз во Прилеп.

На Талески како претседател на Совет и градоначалникот Илија Јованоски, им остануваат уште нешто повеќе од 2 години од нивните мандати за да ги реализираат ветувањата од предизборието на локалните избори во 2017 година.

Пред нив се ветувањата за изградба на затворен базен, реконструкција на Старата чаршија, изградба на спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, изградба на две спортски сали, ново училиште, градинки, изградба на две обиколници, нов театар, поевтинување на цената на водата за 20%, реконструкција на старскиот дом, ветувањето за чист воздух и здрава животна средина и.т.н.

Со други зборови, пред двајцата е целата изборна програма од локалните избори со оглед на тоа дека многу малку се има реализирано во изминатите две години.

Дали на Прилеп ќе му следува голема градежна офанзива или локалните власти ќе го преспијат периодот кој доаѓа пред нив, останува да видиме….

Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ пораснал за 5%, а на СДСМ се намалил за 2%: Ова се резултатите од анкетата на М-проспект

Доколку утре се одржат парламентарни избори секој четврти граѓанин (25%) би гласал за ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за СДСМ би гласале 23.1%, покажуваат резултатите од најновата анкета на М-проспект.

М-проспект изврши испитувањето на јавното мислење кое е спроведено со теренска анкета во периодот 15-ти мај до 7-ми јуни годинава.

Според истата, за ДУИ би гласале 5.1%, за Алијанса за Албанците би гласале 4.2% и за БЕСА 2,1%.

Споредено со резултатите од пред една година, може да се забележи дека гласовите за СДСМ се намалени (25.5% во 2018), а за ВМРО-ДПМНЕ зголемени (20.6% во 2018).

-Секој трети етнички Македонец би гласал за ВМРО-ДПМНЕ – 34%, додека пак 26.6% би гласале за СДСМ. Од етничките Албанци 10.8% би гласале за СДСМ, 22.6% за ДУИ, 19.3% за АА, 9.8% за БЕСА, велат од М-проспект.

Ставете паричка во замрзнувачот пред да заминете на одмор: Ова е тајната зад важниот трик

Ако планирате заминување на одмор и оставате храна во вашиот фрижидер, овој едноставен трик може да ви биде од корист.

Имено, со помош на една паричка ќе знаете колку е безбедно да ја консумирате храната која ви останала во фрижидерот по одморот. Понекогаш, додека сме отсутни, во домот може да снема електрична енергија, а ние не знаеме. Меѓутоа, прекинот на електрична енергија може да предизвика одмрзнување на храната и нејзино расипување.

За да откриете дали намирниците цело време биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе се заледи, врз неа ставете една паричка. Доколку по враќањето од одмор ја најдете паричката на дното од чашата, тоа значи дека прекинот на електрична енергија бил доволно долг за сета вода да се одмрзне. Во тој случај, најдобро би било да ја фрлите храната бидејќи и таа се одмрзнала како и водата.

Доколку паричката останала на врвот, тоа значи дека немало прекин во електричната енергија. Ако паричката ја најдете во средина на чашата, храната веројатно и понатаму е безбедна за консумирање бидејќи прекинот не траел долго.

Полициjaта утрово ги привела опозициските функционери Дејан Митревски и Димитар Димовски, yaпceни вкупно 10 лица

Полицијата утрово го привела Димитар Димовски член на Извршен Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот Комитет во Аеродром, дознава Скопје1.мк од свои извори.

Апсењето на двајцата опозициски функционери, како што дознава порталот е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

Од порталот Курир побараа детали од МВР, а ова е нивниот одговор:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи презема дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје. Меѓу осомничените има поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес . Во текот на денот ќе бидат соопштени повеќе детали“.

Извор: kurir.mk

(Видео) “Ќе му кажете ли на Пyтин да не се меша во американските избори”: Еве што одговори Tpaмп

Претседателите на САД и Русија, Доналд Tpамп и Владимир Путин се состанаа во Осака во Јапонија каде денеска почнува самитот Г20.

Иако разговарале на маргините на самитот, веќе привлекле многу внимание. Една новинарка го прашала претседателот Трамп дали ќе му каже на Путин да не се меша во американските избори.

Лидерот на САД се свртел кон Путин и шеговито одговорил: „Не мешајте се во изборите, ве молам!„.

Трамп нагласил дека со Путин ќе разговараа за трговија и вооруженост.

Денеска се слави Свети Вит: Чудотворец кој помагал на бoлнитe и опcеднатите со дeмони!

Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се иcуши раката, а тој со молитва му ја иcцели. Татко му оcлепе кога во неговата соба виде дванаесет свети Ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но, Вит со молитва му го врати видот.

Кога татко му сакаше да го уб ие, на Вит му се јави Ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над бо лните и дeмоноопседнатите. Повикан од царот Диоклецијан, отиде во Рим, каде што го изгони 3лиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го ма чеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но, од сите овие маkи го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.

(ВИДЕО) Голем пожар во депонијата Алинци кај Прилеп: Наоколу се шири непријатна миризба

Голем пожар вечерва изби кај депонијата Алинци во близина на Прилеп. Над депонијата се издигнуваат густи облаци од чад, а наоколу се шири непријатна миризба.

Засега немаме информација што е причината за пожарот и дали истиот е подметнат.

За пожарот први не информираа вработени од компанијата “Гентерм” која се наоѓа отспротива на депонијата. Тие први ги забележале густите облаци од чад.

Се претвора ли Прилеп во Струга, каде речиси редовно се случуваат пожари на депонијата.

Битолчани ги добија противниците во Лигата на шампиони: Еве кои тимови ќе гостуваат во Битола

По настапите во Челинџ Купот и ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник годинава ќе дебитираат во натпреварите од Лигата на шампионите. Денеска во Виена беа извлечени групите за првата фаза од натпреварувањето.

Ц група: Еурофарм Работник, Савехоф, Татран Прешов, Кокс, Бидасоа Ирун, Спортинг Лисабон

Д група: Динамо Букурешт, Кристијанштад, Чеховски Медведи, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, ГОГ Гудме

Првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите ќе се игра од 11 до 15 септември, а финалниот турнир е во мај следната година во „Ланксес Арената“ во Келн.

Имено, битолскиот клуб има намера да ја побара салата под концесија од Општина Битола и да ги перфекционира недостатоците. Иако изградена во 70-тите салата „Боро Чурлевски“ ги исполнува барањата на ЕХФ, па во ноември минатата година македонската репрезентација одигра официјален натпревар по една ипол деценија во Битола. Пролетва во рамките на групната фаза на ЕХФ Купот, Еурофарм Работник беше домаќин на Хановер, Татабања и Нексе Нашице во Битола, а од ЕХФ доби највисоки оценки за организацијата – објави “Гол.мк”

“Ти бе да не си од Бомболовци?”: Oва е историјата на едно од најбогатите семејства во постоењето на Прилеп

Семејството Бомбол било стара градска фамилија. Нема податоци од каде му било потеклото, ниту кога се доселило во Прилеп.

Според некои кажувања, Бомболовци биле дојдени од Мариово, а подруги од прилепските села. И професорот Михаил Бомбол, еден од потомците пишуваше дека не знае од каде Бомболовци дошле во Прилеп.

Најстариот документ, во кој се споменувало името на Бомбол, бил Кодикот на манастирот Трескавец, каде Ѓурѓа Бомболова, Богоја, Иван, Костадин и Јосиф подариле едно јунче во април 1788 година.

Михаил Бомбол забележал дека кај чешмата на манастирот Трескавец, зад иконата пишувало дека ја изградиле Димо Мијакоич и Јоан Бомболовиќ.

Најбогато семејство

Рускиот автор А.М. Селишчев пред две столетија забележал дека материјалната положба на Бомбол била на завидно ниво.

Во втората половина на 19 век, манифактурната фирма на Бомболови била најбогата.

Во тешките моменти, лица од градските средини го пишале своето презиме со завршница “овиќ”. Така запишал и Иван Бомболов под манастирот Трескавец.

Според Михаил Бомбол, семејството постигнало голем економски и општествен подем во 19 век. Со двајцата браќа, Ицко и Мирче Бомбол, почнала промената на прилепчани.

Да се сочуваат од чести пожари во чаршијата, подигнале здрави дуќани со камени ѕидови и сводови, т.н. маази магазини во Араста.

Ѕидањето чинело до 2000 турски лири. Тргувале со Австрија, Германија, Англија, Истанбул, Солун, каде имале консигнација и биле главни снабдувачи со стока на прилепскиот панаѓур.

Семејството ја носела стоката со бродови до Смедерово, а оттаму со карван со коли до Прилеп. Главни двигатели на панаѓурите биле Ицо и Аџи Мирче Бомбол и Аџи Илиовци – забележал Михајло Бомбол.

Богатството го претворале во недвижнини

Бомболовци, Аџи Мирче и неговите синови Христо и Коста, го вложувале стекнатото богатство во недвижности, дуќани и маази и во земјиште.

Имале чифлици во селото Крушевица, Врбјани, Големо Коњари. За економската моќ пишувал и рускиот вицеконзул Скрјабин.

Тој забележал дека Бомболовци имале капитал од 45.000 турски лири од кои 25 илјади во имот, а останатите во трговија со мануфактура и сукно.

Како видни граѓани, семејството учествувало во градскиот живот. Во книгата “Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава” се споменува дека Аџи Мирче Бомбол бил член на Црковно-училишната општина.

Бил и еден од црковните настојатели. Синот на Аџи Мирче, Коста, ја проширил трговијата во Солун и го зголемил имотот на татко му со дуќани и земјиште.

Чорбаџиското семејството живеело на “висока нога”. Домот бил уреден со мебел од Виена. И облеката била по тогашната европска мода.

Професорот Љубен Лапе забележал дека во дуќанот на Коста Бомбол во 1874 година се гореле дрва во печки од лиено железо, купени од Солун и Виена.

Видните семејства се поврзувале

Во 19 век многу се внимавало на поврзувањето меѓу повидните семејства. Бомболовци биле поврзани со Аџи Илиоски, Аџи Здравески, Аџи Митрески, Аџи Ристески, Дамјан – Петрови, Геракарови, Каракашови и многу други.

Семејството Бомбол, иако живеело во грандиозни куќи, тие биле во непосредно соседство, лоцирани кај големата кривина на градската река во близина на т.н. грчка црква. Сега нема ниту една од куќите, а семејството е исселено од Прилеп.

Бомболовци имотот го загубиле по Втората светска војна. Земјоделските имоти биле одземени со ревизијата од 1945 година без никакво решение и документ и без никакво обештетување.

Семејството посветувало внимание на образованието. Имало плејада на високообразовани кадри со факултетско образование. Ордан Бомбол бил доктор на политички науки завршен на Сорбона во Париз.

Кога се вратил во Прилеп бил директор на гимназијата. Бил и судија во Велико Трново и во Варна во Бугарија, директор на солунската трговска гимназија.

Во периодот од 1919 до 1920 година бил избран за градоначалник на градот.

И други членови на Бомбол дале особен придонес за развојот на Прилеп, Македонија, како што се Данаил Коста Бомбол и Даре Бомбол кој бил претседател на Републичкиот црвен крст.

Да не си од Бомбола

И ден денес во Прилеп постои поговорката за Бомболовци. Кога некоја девојка или младич сакаат да се облечат побогато или да трошат повеќе пари, а домашните велат: “да не си ќерка или син од Бомбола”!

Извор: “Неделник Зенит”

МИЦКОСКИ СО РЕАКЦИЈА: Промена на полот, не со пари на граѓаните бидејќи тоа е право на избор, а лекувањето на болест е нужност

Разузданоста на деспотот нема крај. Кога граѓаните плачат поради неквалитетното здравство каде цената неретко е човечкиот живот и власта нема решение, сега се најавува промена на пол на државна сметка, вели лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Промената на полот е право на избор, а лекувањето на бо лест е нужност. Правото на живот е поголемо и поважно од се друго. Промена на полот, не со пари на граѓаните, пишува Мицкоски на Фејсбук.