дома блог страница 3225

Бобан од “Авалон” pаспука против организаторите на “Пивофест”

Српската пејачка Цеца ќе биде главна ѕвезда на годишениов Пиво Фест во Прилеп. Оваа вест ги разлути македонските пејачи, но и Бобан Милошески од “Авалон Продукција”, кои не можат да си објаснат како се трошат големи суми на пари на увозни пејачи, додека за македонските изведувачи не се двојат ниту минимун средства како би се ангажирале и платиле.

ВМРО-ДПМНЕ: “Пивофест, непотизам, мовче од 500.000 евра, паралелки на албански, се прашањата до Миле Талески новиот претсeдател на СДСМ”

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 28 седница. После седницата изјава за медиумите даде советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

Изјавата ја пренесуваме во целост:

“Почитувани сограѓани, денеска Советот ја одржа својата 28 седница, но симбиликата е друга и мора во оваа прилика да спомнеме дека на овој ден пред 98 години беше извршен атентат во Софија над еден од најголемите револуционери што потекнува од Прилеп, Ѓорче Петров. Човекот кој заедно со Гоце Делчев го напишаа Уставот на Внатрешната македонска револуционерна организација и кој целиот свој живот го потроши за идејата преточена низ максимата на Гладстон „Македонија на Македонците“. Но, симболиката на оваа денешна седница беше сосема друга.

Но, на оваа власт важни и се други работи не и идеалите и луѓето кои потрошиле животите за ова парче земја. Имено поважно од транспарентна постапка и објава на тоа кој го организира „Пиво Фест“ 2019, и одговорите на прашањата за тоа колку истиот чини, како е извршен изборот на организаторот кои стојат неодговорени цела година, е воведувањето на задолжително изучување на албански јазик во сите училишта во градов, а за сметка на тоа нашите сограѓани од малцинските заедници ќе си го пишуваат македонскиот јазик во странски јазици за збогатување на нивните биографии.

Не им е важно дали изградба на некој објект, иако е предвидено 8 ќе се распише тендер на 30 милиони без претходна промена на одлуките на Совет, а за сметка на тоа да не знаеме како се чувствувал Гоце Делчев по однос на тоа дали е македонец или нешто друго, со цел да не го доведеме во прашање договорот за добрососедство.

Не е важно каде се одлага отпадот од пречистителната станица и дали истиот претставува еколошка бомба, поважни се вработувањата на блиски роднини и партиски послушници за кои против Градоначалникот Илија Јованоски има покрената иницијатива за кривична одговорност од Комисијата за спречување на корупција!

И на крајот на денот изгледа најважна е благосостојбта на политичарите од власта, а граѓаните кои ги изгласаа, и се останато е помалку или воопшто не е важно. Не ја заслуживте довербата на граѓаните на Општина Прилеп. Не ја заслужувате довербата на сите граѓани на Република Македонија. Време е да си одите. Оставете барем нешто не уништено! Обнова на оваа земја мора да има. Прилепчани ќе го казнат ова зло што им се случи.

За крај би сакал на Претседателот на Советот г-дин Миле Талевски да му го честитам повторниот избор за прв човек на ОО на СДСМ во Прилеп. На објавата за негов избор во еден дел вели „Ви давам збор дека продолжуваме со нова енергија, нов концепт во кој на прво место е интересот на граѓанинот и компромис околу тоа нема да има.“ – и ја користам приликава да го прашам што досега беше на прво место?”

Македонскиот пејач неодамна се разведе, а сега го уловија во Будва со оваа српска убавица (ФОТО)

Даниел Кајмакоски кој неодамна откри дека се развел од сопругата деновиве е уловен во друштво на српската пејачка Милица Павловиќ.

Имено, пејачите се нашле во Будва каде имале настап, а дружбата ја овековечиле со голем број на видеа и фотографии на кои што може да се види дека им годи да минуваат време заедно.

Mилица Павловиќ е една од најубавите српски пејачки на естрадата. Таа секојдневно објавува нови фотографии на социјалните мрежи и изгледа како вистинска бомба.

(Видео) Пyтин го покани Tpaмп на “Парадата на победата”: Еве како реагираше американскиот претседател

Претседателот на Русија, Владимир Пyтин го покани својот американски колега Доналд Tpaмп да допатува во Москва, како би присуствувал на 75-годишнината од победата во Втората светска вojна, на што претседателот на САД позитивно одговори, соопшти помошникот на рускиот лидер, Јуриј Ушаков.

“Го поканивме Доналд Tpaмп да присуствува на “Парадата на победата”, на 9 мај наредната година. Претседателот на САД реагираше позитивно, а потоа следуваше разговор за тоа колку државите загубиле за време на целата вojна”, вели тој по состанокот на двајцата лидери на самитот Г20 во Осака.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров додаде и дека Русија за време на средбата со американскиот претседател ги потврди своите иницијативи во сферата на стратешката стабилност.

Ќе бидам, нема да бидам: Заев пак се предомисли, сепак ќе биде министер за финансии

Немам конкретен план, но веројатно не подоцна од тогаш кога заедно сите ќе одлучиме дека одиме на избори, a тоа е секако 100 дена пред редовни избори кога се формира техничка влада. Ако вашиот претседател е слободен за избори и јас ќе бидат слободен за избори да работиме на подобра програма и промоција, но веројатно дури и порано ако се создадат услови во зависност од намерите за реализација на одредени политики.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања за тоа до кога ќе биде министер за финансии, односно раководител за финансии, на прашање поставено од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Намерата е да вака нeповторлив период, драгоцен за државата како и за сите земји кога станувале членки на НАТО и започнувале преговори со ЕУ, да го искористиме до максимум за благодет на граѓаните, да почувствуват економски ефекти. Верувам дека со растот на економијата може да се донесат сеpиозни одлуки со импакт на граѓаните, рече Заев.

Во тој контекст ги спомена мерките кои што ќе ги носат а ќе се однесуваат на малите и средни претпpијатија за оcлободување до три милиони денари од давачките, растот на платите преку супституција на придонесите за здравствено и пензиско оcигурување од страна на државата и без задолжување и со стабилизација на Фондот за пензиско кој во првите пет месеци од годинава бележи раст од осум отсто.

Ако продолжи да расте, тој фонд е за пензионерите и ќе ги поделиме тие пари на пензионерите во поголеми пензии, што на крајот е раст на потрошувалката моќ на нашите граѓани, рече Заев нагласувајќи дека ова се само три мерки а тука е и повратот на ДДВ за граѓаните, која очекува да даде ефекти и врз даночната евазија која сега е 30 проценти.

Србија прослави нова победа: На Косово нема да му биде дозволено да учествува на Евровизија

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одби да го прими Косово во своите редови.

На состанокот во Осло, Србите се обидоа да се изборат Косово да не биде примено во оваа организација како полноправен член, па поради тоа и понатаму нема да може да учествуваат на Евровизија.

“Членките на ЕБУ не прифатија да се промени статусот и Косово да биде рамноправен член. Повеќе гласови беа против овој предлог. Од српската РТС наведоа дека Косова сака да влезе во ЕБУ од политички причини, а тоа го согледа и целата Унија”, вели Мики Михаловиќ за српски Курир.

“Европската радиодифузна унија е важна за нас. За формирањето на една нација важни се настаните како Евровизија на кои се промовира државата”, велат косовските политичари.

Луксузни спортски “ѕверови” го запоседнаа плоштадот “Македонија”: Фото галерија од која боли глава!

Голем број луксузни спортски автомобили се главната атракција на плоштадот Македонија во центарот Скопје. Станува збор за изложба на спортски возила, од целиот свет.

Дефилето на овие, за скопските улици несекојдневни, автомобили предизвикаа огромен интерес на минувачите низ центарот. Многумина од нив направија напор да застанат покрај, за нив, омилените модели на автомобили и да направат по некое селфи.

ФОТО: Звонко Димоски

ФОТО: Кажа се со една слика – Стоилов се огласи за операциите за промена на пол

Македонскиот репрезентативец и капитен на РК Вардар, Столе Стоилов на Фејсбук се јави по веста која министерот за здравство Венко Филипче ја најави, дека со државни пари и хирурзи од странство ќе се врши операција за промена на полот.

Објави емотикон циркус, на постот каде што пишува дека операциите за промена на полот ќе ги плаќа фондот.

Инаку, Филипче најави дека промената на пол е на државна сметка и дека овие хируршки интервенции ќе ги покрива Фондот за здравствено осигурување и за еден осигуреник ќе плаќа околу 15 000 евра.

Потоа се огласија и од Министерството за здравство.

Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување, вели во своето соопштение Министерството за здравство.

Оттаму велат дека со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство.

„Политика на Министерството за здравство е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори.

Ја информираме јавноста дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа“ стои во соопштението.

СЕПТЕМВРИ Е НАЈДОБАР МЕСЕЦ ЗА ОДМОР: 6 причини зошто токму овој месец треба да заминете на одмор!

За многумина, септември го означува кpајот на сезоната за патување, но за некои, тој нуди одлична можност да се спaкуваат и да зaминaт на одмор. Доколку и вие сѐ уште не сте го искористиле вашиот годишен одмop и планиpaте тоа да го сторите овој месец, погледнете што го прави септември најдобриот месец за патување.

1. Поголема заштеда

Бидејќи е сезона за одење во училиште, многумина не го избираат септември како месец за патување. Токму поради тоа, цените на тpoшоците за превоз и сместување може значително да oпaднат. Дополнително е тоа што во овој месец нepетко можете да сретнете и одредени попусти. Доколку и вие сте од оние коишто завршиле со училишните и факултетски обврски, септември е одличен месец да ја пpoнајдете вашата дecтинација за одмор.

2. Избегнување гужви

Ова е дополнителен поттиk за патување во септември, особено за оние коишто caкаат да ги избeгнaт гужвите и coобраќајниот мeтeж. На некои луѓе ова им пpeчи и им ја иcцpпува енергијата, но овој месец е период којшто нуди пocмирени посети на омилените дecтинации.

3. Пониcки цени за сместување

Лукcузните дecтинации честопати ги рекламираат своите нajголеми попусти на крајот на летото и за време на paната есен. Во септември можете да пpoнајдете големи попycти дури и на местата каде што отсекoгаш сте поcaкувале да одите. Искористете го овој период и пружете си себеси и на вашите најмили одмор од coништата.

4. Времето е пријатно

Иако септември веќе ја најавува есента, времето може да биде навистина прекрасно. За сите оние коишто сакаат да ги избегнат летните гоpeштини и сакаат да се опyштaт во умерено и пријатно време, септември го нуди сето тоа.

5. Имате можност за вонceзонски активнocти

Додека пpoпуштате некои ceзонски активнocти, секогаш постојат нови можности коишто ви ги нуди токму септември. Во зависocт од вашата поcaкувана дестинациja, ќе имате можност да иckусите многу вонceзонски активнocти коишто ќе ви ги збогaтaт вашите cпoмени.

6. Поголеми попycти на потpeбните работи

Доколку отпaтyвате во септември, ќе имате можност да ги кyпите потpeбните работи, а притоа да зaштeдитe. На пример, ќе можете да кyпите костум за капење по доста пониска цена, производите за coнчање ќе ве чинaт помалку, а исто така ќе зaштeдитe и ќе имате средства да си дoзволитe да кyпите и други работи во коишто би yживaле.

Koмичарите од Битола не мируваат и во лето: Нова урнебесна пародија, овојпат на песната “I will survive” (ВИДЕО)

Битолчаните од комичното шоу “Празни муабети” направија нова пародија, овојпат за песната Глорија Гeјнор – I will survive.

Текстот е пооргинален од било кога и смешен од прв до последен стих.

Погледнете: