дома блог страница 3227

Шилегов во улога на сообраќаец: Пред “Сити Мол” воведуваше ред во сообраќајот (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави урнебесно видео на кое се гледа ,,посветениот” Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, како ги бpkа автомобилите кои непpoписно се паркираат пред Скопје Сити Мол.

Ваквиот трик за публицитет на Шилегов наиде на негoдyвaњe кај голем број на граѓаните, поради тоа што повеќе од очигледно е дека тој ова го прави за внимание, со оглед на тоа што беше следен од непознато лице кое го снимаше додека тој изигpyваше peдар.

Големи димни облаци се издигаат над Прилеп: Што гори наспроти фабриката “Гентерм”? (ФОТО)

Oгромни облаци од чад се издигаат над Прилеп. Вработени во компаниајта “Гентерм” во близина на прилепско Алинци, ни испратија фотографии на кои се гледа како облаци од чад се издигнуват од спротива на фабриката.

Од другата страна на регионалниот пат Прилеп-Битола се наоѓа депонијата Алинци, па е нејасно дали токму таму има пожар.

Градоначалникот на СДСМ од Куманово контра Владата: “Менувајте пол ама не на наша сметка!”

Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, на неговата Фејсбук страница жестоко реагираше да одлуката на владата операциите за промена на пол да се прават на државна сметка. Димитриевски вели дека ваквата одлука ги надминала сите граници.

“Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка! Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!”, напиша Димитриевски на Фејсбук.

Вардар ги доби противниците за новата сезона во Лигата на шампиони: Еве со кого ќе се соочи шампионот

Македонскиот и европски шампион Вардар одбраната на трофејот во Лигата на шампионите ќе го почне од Група Б следната сезона, онака како што ја заврши претходната сезона, против унгарски Веспрем со кого се соочи во финалето во Келн.

„Црвено-црните“, кои сосема очекувано беа носители пред ждрепката, се најдоа во Групата Б, покрај со Веспрем, и уште со уште еден учесник на годинашниот Ф4 турнир во Келн, полски Кјелце. Во групата се и белоруски Брест Мешков, украински Мотор Запорожје, португалски Порто, француски Монпелје и германски Кил.

Натпреварите од новата сезона во групната фаза од Лигата на шампионите почнуваат во септември.

Во групата А пак за пласман понатаму ќе се борат: ПСЖ, Барселона, Фленсбург, Алборг, Пик Сегед, Загреб, Елверум и Пивоварна Целје.

(Фото) Заминал на лекар поради болka во увото: “Господине во вашата глава живее гуштер”

Лекарката Варанја Нгантаве (25) откри дека во болницата во Бангкок извадиле гуштер од увото на пациент.

Младата лекарка се изненадила кога погледнала во увото на пациентот. “Тоа беше последниот пациент во денот, целосно бев изненадена. Не знам како гуштерот успеал да влезе во увото”, вели таа.

Целиот концерт на Цеца во Прилеп пред 9 години: Сега повторно доаѓа на фестивалската сцена (ВИДЕО)

Денеска излезе официјалната програма за овогодишното 17-то по ред издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пивофест 2019”.

Како главна ѕвезда во програмата е српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ која ќе настапи на втората фестивалска вечер (19.07 – петок).

Цеца на фестивалската сцена во Прилеп настапи пред точно 9 години во 2010 година, а сега по втор пат ќе треба да ги руши рекордите на фестивалот во испиено пиво и изедена скара.

Во продолжение можете да го проследите целиот концерт на Цеца од 2010 година:

Одсега операции за промена на полот ќе се финансираат од Фондот за здравство

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград.

-Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега.

На Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

Кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Некој го краде бехатонот од старата прилепска чаршија, надлежните не превземаат ништо

Веќе неколку месеци коцка по коцка непознат сторител има украдено 10-тина м2 од бехатон плочките, со кои е поплочена пешачката зона, која е дел од старата чаршија во Прилеп веднаш позади СИЗ-от. Околните дуќанџии велат дека надлежните немаат превземено буквално ништо, иако некој постојано со месеци навечер си краде од коцките. Сега на местото има направено цел кратер. Дуќанџиите апелираат институциите итно да ги превземат потребните мерки против ваквите дејствија и да престане кражбата и уништувањето на државниот имот, платен со парите од граѓаните. Исто така бараат санирање на пешачката зона.

Извор: “Инфо Компас”

Бил Гејтс говори отворено: Тоа беше најголемата грешка на сите времиња

Милијардерот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, говори за најголемата грешка поради која сеуште се кае.

Гејтс на една конференција откри која е најголемата грешка која некогаш ја направил. Тој тврди дека е тоа кога на “Google” му дозволил да ја започнат “Android”, стандардна платформа која не припаѓа на “Apple”.

-Во светот на софтверот, особено кога се работи за платформите, тоа е пазар во кој победникот зема се, вели Гејтс.

– Знаете, најголемата грешка која сме ја направиле е лошото раководење кое доведе до тоа Мајкрософт да не биде она што е “Android”. Беше природно Мајкрософт да победи во тоа, смета тој.

– Постои простор само за еден оперативен систем кој не е на “Apple” и колку вреди тоа? 400 милијарди кои би завршииле кај компанијата М, наместо кај компанијата Г.

“Google” ја откупи “Android Inc.” за околу 50 милиони долари и направи нов мобилен систем кој овозможи пристап на интернет на голем број луѓе.

Гејтс вели дозволувањето на “Google” да ја искористи таа можност со “Android” е една од најголемите грешки на сите времиња.

“Тимот што губи не се менува, порача ли СДСМ денес? Поразениот двоец останува да управува со Прилеп”

Двоецот Талески-Јованоски, кој беше поразен на претседателските избор во Прилеп, останува да управува во Прилеп. Предмалку на својот Фејсбук профил актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп, Миле Талески, информираше дека е реизбран за претседaтел на ОО СДСМ Прилеп.

Талески како и сите други претседатели на општински организации беа разрешени од Зоран Заев после неуспехот на претседателските избори.

Заев и портпларолот на партијата Костадиновски тогаш ги охрабрија претседателите на општински организации кои победиле на изборите одново да се кандидираат.

Сепак, во Прилеп Талески иако поразен со 1.500 гласови, доби по втор пат доверба од партијата.