дома блог страница 3224

Морето во оваа земја е преубаво, еве каде да одмарате ова лето по бадијала цени!

Со години веќе летувате во Црна Гора или Грција затоа што тие дестинации се близу. Доколку сепак сакате да ја промените оваа навика можеби е вистински момент да ја изберете оваа дестинација.

Ова место не е преногу близу од кај нас, но ретки се оние кои се впуштаат во таа авантура да пробаат нешто поинакво. Сепак, оние кои ја посетиле оваа туристичка дестинација велат дека ова е вистинскиот „неоткриен бисер“ на Јадранот.

Пристапните цени за сместување, превоз и храна се главен адут во рацете, верувале или не на Босна и Херцеговина, и единствениот град во таа земја на море. Имено, се работи за местото Неум.

Сместувањето кое може да го резервирате уште додека сте во Македонија се движи од 10 евра за ноќ во зависност од тоа колку ѕвездички сакате да има хотелот. Исто така, сместувањето во приватни куќи и станови се движи од 10 до 20 евра за ноќевање и тоа за двокреветен апартман.

Она што е интересно е тоа што Неум од Дубровник е оддалечен само 70 километри, па сите туристи кои имаат желба да го посетат и Дубровник се определуваат за оваа дестинација бидејќи е далеку поефтина од Дубровник, а добро поврзано со автобуски линии.

Како изгледаат плажите и самото место Неум погледнете и сами.

Оддалеченоста на Скопје од Неум изнесува околу 559 км или најмногу 10 часа ако патувате преку Косово и Црна Гора .

Оливера Ќирковиќ во Прилеп: Жената која од кошаркарка стана дел од големата kpиминaлна група “Пинк Пантер” и има украдено 500 милиони евра

Во понеделник (01.07.2019), во 12:00 часот, во продажниот салон на “Викели” – Прилеп, ќе гостува Oливера Ќирковиќ, авторка на книгата “Јас Пинк Пантер”.

Авторката ќе биде присутна во просториите на “Викели” од 12.00 до 20.00 часот, a прилепската публика ќе има можност да се запознае со авторката, да постави прашања и да добие потпис на книгата.

Нејзината книга, како што признава и самата, е животна приказна, но со елементи на најдобрите акциони филмови и трилери и длабоки психолошки драми.

Книгата е всушност драматична приказна за храброста и стравот, моралот и неморалот, верувањето на младешкиот ум склон на утопија, како и за дното во кое лесно се паѓа и во кое длабоко се потонува.

Нејзината исповед е всушност контроверзен спој на исклучително успешна спортистка (беше водечка кошаркарка на Црвена ѕвезда, Панатинаикос и Панкрати) и криминалка која во затвор поминала речиси 8 години. Но и современа активистка која се залага за човекови и социјални права, самоука, талентирана сликарка која директорот на атинскиот затвор Елеонас Тива, во кој ‘робијаше’ и го наслика, денес ја повикува да се врати како надворешен соработник и со своите слики да ги украсува мрачните ѕидови и да ја разубави реалноста зад решетките.

Своите дела авторката ги брани со аргументите: Подобро е да се биде чесен ограбувач отколку нечесен лекар, политичар, спортски работник.

Воедно Ве известуваме дека сите и сите други изданија на книгите од издавачката куќа „Икона“ ќе бидат на попуст.

„Јас Пинк Пантер“ беше најпродаваната книга на Саемот на книга годинава. Тоа е вистинска приказна за врвна кошаркарка која случајно влегла во светот на криминалот и станала дел од познатата меѓународна криминална група Пинк Пантер.

Оливера неодамна беше гостинка во емисијата “Во центар” на новинарот Васко Ефтов каде ја раскажа својата приказна. Емисијата беше една од најгледаните досега.

Мицкоски: Власта покрива големи скандaли, а OБBИHИTEЛCTBOTO се прecмeтува со невини луѓе- ова е заpoбена држава

По денешното приведување на повеќе лица меѓу кои и Димитар Димовски член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски, претседател на општински комитет на оваа партија во Аеродром, се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Заедничко за Димо и Деки е што се од мали нозе во ВМРО-ДПМНЕ. Иако во различно време, практично секој во својата генерација израснаа во партијата. Денес деспотот удри и по нив, рано изутринава инструираното обвинителство спроведе уште уште еден нарачан атак. Поводот секако детално образложен, иако со многу дупки, нејаснотии и нелогичности, ама вистинската причина ја знаат и малите деца. Димитар Димовски зборуваше за криминалот на деспотот, а Дејан Митевски зададе пораз на власта уште во првиот круг од претседателските избори, а победата ја потврди и во вториот круг. Секако тука и мотивот на власта да покријат уште поголеми скандали, но за тоа во наредниот период. Обвинителството никаде го нема кога ќе треба да одлучи за градоначалникот насилник, за вицепремиерот за кого советник од власта посочи дека е криминоген, за тендерите во здравството, за бизнисите на братот на деспотот, но затоа обвинителството се пресметува со невини луѓе. Ова е вистинската заробена држава, дури и повеќе од тоа, пишува Мицкоски на Фејсбук и додава:

„Но знам дека Димитар, Дејан, Миле и сите други, кои ги знам и не ги познавам, а денес се најдоа на мета на разузданата власт ќе издржат, но и ќе победат заедно со нас. Ние веруваме во ВМРО, а ВМРО е кауза, а каузата е нашата Македонија. И нема да не скршат, затоа што ние ќе одиме до крај, се до конечен пораз на Деспотот кој е на колена и кој во очај крева рака за да ја замолчи опозицијата и се до заедничка победа за Македонија. Тоа им го должам на браќата и сестрите кои страдаат поради прогонот, на Димитар, Дејан и другите прогонети, на оние вработени во институциите кои треперат за своите работни места, на луѓето кои во сиромаштијата и бедата наоѓаат надеж во нас, на моите деца и сите идни генерации. Тоа и го должам на мојата татковина. И по таа победа на народот оние кои сега мислат дека се најсилни, ќе останат најслаби. Го имате мојот збор“.

И сосема на крај, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ги разбирам и слушам сите гласни извици на револт и целосно ја разбирам нивната емотивна реакција, дури и мојата лична емоција е голема, огромна, но на стотиците илјади наши сограѓани им должам победа во исцрпувачки маратон, а не брз спринтерски пораз.

Koнечно противници по мерка: Македонија ги доби противниците за Европското првенство

Македонија ќе игра во Групата Б во Виена, заедно со репрезентациите на Чешка, Австрија и Украина, на претстојното Европско ракометно првенство за мажи.

Ова е исходот од извлекувањето на групите за првенството во сениорска машка конкуренција, што во јануари 2020 година ќе се игра во Шведска, Австрија и Норвешка.

Во групата А која натпреварите ќе ги игра во австрискиот град Грац се наоѓаат репрезентациите на Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија.

Во Трондхејм ќе играат репрезентациите од Групата Ц – Шпанија, Германија, Летонија и Холандија, а во истиот норвешки град силите ќе ги одмерат и репрезентациите од групата Д – Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.

Во Малме ќе се играат дуелите меѓу ракометарите од групата Е, поточно Данска, Унгарија, Исланд и Русија, а во вториот шведски град Гетеборг силите ќе ги одмерат репрезентациите од Групата Ф – Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.

Според системот на натпреварување, на следното Првенство ќе се играат шест групи со по четири репрезентации, од кои двете најдобро пласирани селекции, продолжуваат во втората фаза.

Уште на 10 години го бидувало и бил јак говорник: Ова дете денеска е претседател на држава од соседството (ВИДЕО)

Српската национална радио телевизија во рамки на емисијата “Трезор”, емитуваше видео снимка од 1980 година од тогашната манифестација “Радостa на Европа”, каде по некоја случајност изјава дал Александар Вучиќ, денешниот претседател на Србија.

Вучиќ тогаш имал 10 години, а од видеото може да се забележи дека уште тогаш го бидувало и бил добар говорник.

Во Македонија живеат 16 видови на змии: Еве како изгледа секоја од нив и колку од нив се отровни (ФОТО)

Во Република Македонија живеат 16 видови змии, од кои три се отровни.

Еве какви се змии можат да се најдат низ државата и кои од нив се отровни:

Бранко Мицевски, професор по зоологија на рбетници на Природно-математичкиот факултет, вели дека едни од најопасните змии се отровниците поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат вдлабнаточелен и телескопус смок.

Aко сте биле во Охрид, а не сте се возеле со кајче по изворите кај Св. Наум, сте направиле животна грешка: Фото галерија која одзема здив!

Едно од најмистичните и воедно најубавите места се изворите во Св.Наум. Кој не бил на тивка прошетка со кајче низ траткиот тек на Црн Дрим од ресторанот до изворите пропуштил ретка можност да ја слушне тишината и мирот. Познато е дека на овој дел се најголемите извори кои го хранат Охридско езеро со вода од блиското и повисокото за стотина метри Преспанско езеро.

Убавината на изворите е во кристалната студена вода, во проѕирноста и одблесокот… Преубавата природа просто морала уште еднаш да се појави – и горе и долу – за да ве обземе од сите страни…

Изворот е Острово кај манастирот Св. Наум, во јужното крајбрежје на Охридското Езеро е најголем карсен извор во Македонија. Овде на површина од 0,342 км2 се јавуваат повеќе од 15 извори со вкупен капацитет од 11,0 м3/с.

Најголема длабочина од 3,5 м се јавува на местото каде тесниот коритест дел минува во северниот проширен дел. Дното на северниот, проширен дел, е налегнато кон југозапад. Овде на одделни делови е со длабочина од 3м, додека во делот североисточно од островчињата длабочината достигнува до 1,5 м. Во јужниот, тесен дел, како и кај округлиот дел на заезерената вода, долж западниот варовнички дел се јавуваат извори на ниво на врутокот.

Уживајте во фотогалеријата која ја подготвивме за вас:

Заев откри која е градоначалничката од која Коки и Кики барале пари

Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека институциите водат истрага околу написите за луѓе со псевдоними Коки и Кики.

Тие според пишувањата на кои се повика Милошоски, се здружиле и изнудувале средства од актуелни и поранешни функционери и стопанственици, па оваа група изнудила 200.000 евра од поранешен градоначалник и стопанственик.

-До мене допрел глас, за тоа се пишува по медиумите со псевдоними, се зборува во внатрешноста, и јас се заинтересирав и истрагата ќе ги каже резултатите. Драго ми е што се води истрага по допрен глас, Дај боже да има докази за оваа работа. Не сакам однапред да обвинувам, но ако се случиле вакви работи ќе има одговорност за кој и да е. Законот важи за сите“, рече Заев на седницата.

Милошоски, дополнително праша дали Заев знае кое е второто лице со псевдоним Кики за кое се зборува дека е функционер на СДСМ и дека заедно со Коки барале бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра од една од петте градоначалнички на СДСМ.

Немам намера да лустрирам претходно луѓе, но се знае за која градоначалничка се работи. Се работи за случај од пред една година. Се барало локација за старски дом, се баралао урбанизација на локација, но надлежноста е на Советот, а Битола нема намера да прави измена на Генералниот план, си има истрага“, рече Заев.

Змија во близина на градинка во Прилеп: Граѓаните бараат итно да се реагира (ФОТО)

Попладнево во Прилеп кај детската градинка сместена во кругот на работничкиот универзитет “Пере Тошев” се појавила змија.

Фотографиите се споделуваат на социјалните мрежи, а според информацијата змијата излегла од напуштена разурната куќа во близина на градинката.

Местото е недалеку од центарот на Прилеп, а граѓаните бараат од општина Прилеп или од сопствениците да го расчистат просторот со цел да не се случи да се појават уште повеќе рептили.

Не е познато од каков вид е змијата, но според фотографиите истата е со должина повеќе од еден метар.

Важна вест за сите кои имаат електричен тротинет: МВР со законски измени ќе ја регулира нивната употребата

Интервенција со законско решение за возењето електрични тротинети- причината за ова според властите е можноста за xаос на пешачките зони и тротоарите. Во Македонија бројот на електрични тротинети засега не е толкав за да претставува сериозна опасност или проблем во сообраќајот, но сепак од Министерство за внатрешни работи сметаат дека треба да реагираат.

-Со оглед дека појавата, односно учеството на електричните тротинети во сообраќајот стана зачестена појава по сообраќајниците, а имајќи предвид дека овој вид на превозно средство не е регулирано во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи подготвува законски измени и дополнување на Законот, а сè со една цела – нормативно регулирање и воспоставување стандарди за безбедност и за овој вид учесници во сообраќајот, велат од МВР.

Засега нема повеќе детали за законското решение, но ако судиме по сличните најави од Франција, која има сериозен проблем со електричните тротинети, веројатно може да очекуваме забрани за движење и ограничување на брзината. Градоначалничката на Париз најави дека ќе се обиде да донесе забрана за движење на електрични тротинети по тротоари и паркови. Брзината да биде ограничена на 20 km/h, а во пешачките зони на 8km/h.

Инаку, Град Скопје завчера распиша два јавни повици: Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување електрични тротинети во 2019 година и Јавен повик за купување велосипеди во 2019 година.

Едниот, веќе заврши вчера.

Траеше само еден ден. Кој стигнал-стигнал. Скопјани оваа мерка ја добија одамна како ветување, а кој не успеал завчера итно да оди да аплицира, веќе нема шанса за да го направи тоа.