дома блог страница 3222

Тројца прилепчани ја освоија планината на боговите во Грција и го развиорија македонското знаме (ФОТО)

Прилепчаните кои со велосипеди патуваа од Прилеп до Истанбул денеска направија уште еден голем подвиг.

Филип Илиоски и Христијан Мојсоски, другарите кои ги паметиме од нивната исцрпувачка авантура, кога со велосипеди за само 5 дена стигнаа од Прилеп до Босфорот во Истанбул, денеска заедно со Милан Јаковоски се искачија на врвот Митикас на планината Олимп во Грција.

Тојцата прилепчани планината во висина од 2918 метри ја совладаа за 6 и пол часа тргнувајќи од 1100 метри надморска височина.

Целата тура вкупно траела 11 часа, а за Маркукуле тие велат дека планината не е воопшто за потценување и е навистина тежок залак.

“Особено е тешко пред самиот врв Митикас каде што се применува алпинизам по ронливи камења. Претходно ја имаме искачено Мусала, највисокиот врв на Балканот, а како следен предизвик ни е Триглав”, вели Филип.

За потсетување, Филип, Христијан и Милан се дел од Здружението “Маркови точакџии” од Прилеп.

ТВИТ НА ДЕНОТ: “500.000 евра за реконструкција на овој мост …. WTF”

Новинарот Фуркан Салиу на Твитер ја прокоментира веста на Маркукуле за реконструкција на мост во Прилеп, за кој верувале или не ќе се потрошат 500.000 евра.

“500 000 евра за реконструкција на овој мост…WTF”, напиша Салиу.

За што точно се работи можете да погледнете на следниот линк:

“Градоначалник, ова ли ќе биде најскапиот реконструиран мост во светот, се најдува во Прилеп..? 500.000 ЕВРА за реконструкција”

Прилепчанка меѓу најуспешните дипломирани студенти кои се наградени со признанието “Инженерски прстен” (ФОТО)

Претседателот Стево Пендаровски, на свеченост во Музејот на современа уметност синоќа го врачи признанието „Инженерски прстен 2019″, што по 16-ти пат им се доделува на најуспешните дипломирани студенти од техничките факултети.

Меѓу добитниците беше и Теодора Петреска од Прилеп дипломиран инженер геолог на Факултетот за природни и технички науки, отсек Геологија.

Теодора студиите ги има завршено со просек 9,1 и несомнено е еден од најдобрите студенти на факултетот.

“Наградата е посакувана и инспиративна, па од тој аспект, за мене како млад инженер, престставува мотив, поттик, желба за понатамошно усовршување, надградување, збогатување на моето досегашно знаење, како и дополнителна инспирација за вложување во областа на инженерството, во мојот случај геологијата, која и покрај тоа што беше голема, се зголеми уште повеќе со тоа што сум добитник на наградата Инженерски прстен, која е почеток на уште поголеми успеси и достигнувања”, вели Теодора.

Теодора вели дека надлежните институции треба да ги отварат вратите за младите инженери, да го препознаат квалитетот во секој поединец, а со тоа тие успешно да го применат своето знаење и искуства.

“Наградата е инспиративна, и навистина ми дава дополнителен поттик да го доусовршувам моето знаење, и со тоа да придонесувам секој ден, за подобрување на општеството и нашата држава Република Македонија. Секако на еден инженер му претставуваат предизвик нови нешта, па така она што го научив во изминатите четири години студирање, би сакала да го применам во истражувања на досега неистражените области богати со природни ресурси кои ги поседува нашата земја, да ја испитувам содржината и стабилноста на почвата, водите, актуелните прашања поврзани со климатските промени, како и сите внатрешни и надворешни процеси на нашата Земја”, додава Теодора.

МИЦКОСКИ: Кога се пapaдите во пpaшaњe повеќе сум за семејна пapaда

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на тeлевизиско интервју за Канал 5 телевизија во однос на пapaдaтa која што денеска се одржа во Скопје истакна дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ се семејните вредности, кoнзepвaтивниот пристап кои се и главните aтpибути на функционирање на партијата.

-Една семејна пapaда би била соодветен одговор на ваквиот начин на однесување на определена гpyпa на лyѓe во нашето општество, вели Мицкоски.

Јули ќе го почнеме со нова цена на горивата

Регулаторната Комисија за енергетика секој понеделник врши пормена на цените на горивата.

Овој понеделник како и секој во неделата, ја смени цената на горивата во Македонија.

Бензините и дизелот се за половина денар поскапи, според најновата одлука за која реши на седница Регулаторната комисија за енергетика, па така, Дизелот и ЕУРОСУПЕР БС 98 веќе се поскапи за половина денар и се точат на бензинските низ Македонија за 60.5 денари, дизелот и 69,5 денари за 98 октанскиот СУПЕР.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 е 67 денари по литар.

Останува да видиме дали веќе од вторник ќе возиме поскапи или поевтини горива.

Едноставен трик кој на возачите ќе им помогне да го изладат возилото за само 10 секунди без да пуштат клима уред (ВИДЕО)

Неколку интересни трикови кои ќе им помогнат на возачите, без оглед на тоа дали нивните автомобили имаат или немаат клима

Летните горештини не се само непријатни, туку можат да бидат опасни и по здравјето.

Еве неколку интересни трикови кои особено добро ќе им дојдат на возачите за време на жешките летни денови.

Првиот трик ќе ви помогне вашиот автомобил кој стоел на сонце да го разладите за отприлика десет секунди. Оние кои го испробале ова велат дека температурата во возилото се спушта за десетина степени.

Потребно е да направите само две работи:

1. Спуштете го прозорецот на совозачкото седиште и затворете ја вратата

2. Вратата од кај возачот неколку пати отварајте ја и затворајте ја (погледнете како во видеото во продолжение)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостин на вестите на “Канал 5” во 18:00 часот

“За актуелните теми, СЈО, датумот за преговори, можна средба со Пендаровски, и ставот за нашиот херој Гоце Делчев, денес во вестите на Канал 5 во 18 часот. Следете”, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ФОТО: Лицата покажуваат многу: Тереза Меј покажа во каков однос се Русија и Британија

Фотографиите на британската премиерка во оставка Тереза Меј и рускиот претседател Владимир Путин во Осака на самитот Г20 покажаа какви се односите меѓу двете земји.

Путин и Меј се ракуваа на почетокот на средбата , но немаше ниту насмевки , ниту пријателски гест , па дури и изнуден. Меј направи крајно непријателски израз и едвај ја пружи раката кон рускиот претседател.

На социјалните медиуми и во медиумите овие фотографии се коментираат со цинични реченици како ,,Видете ја оваа љубов” , како што напиша уредникот на фотографија на Мирор, Дерек Момоду на Твитер.

Некои сметаат дека конечно Меј , сега кога заминува од функцијата ,го покажала своето вистинско лице и почнала да зборува и да се однесува како што мисли.

ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес во Македонија

Во Охрид и во Битола попладне во 15:01 часот е регистриран земјотрес со интензитет од четири, односно три степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатиот дел од државата од два степена.

Епицентарот на земјотресот со Рихтерова магнитуда од 4,7 се наоѓа 180 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнува од епицентралното подрачје Корча.

Земјотресот го регистрираше телеметриската сеизмолошка мрежа на државава со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Инаку вчера земјотрес со јачина од 3.9 степени според Рихтеровата скала околу 14,35 часот ја стресе соседна Албанија.

Според податоците од Мерните станици на Европската сеизмичка организација, земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван и во Охрид, Ресен, Битола и Струга.

“Градоначалник, ова ли ќе биде најскапиот реконструиран мост во светот, се најдува во Прилеп..? 500.000 ЕВРА за реконструкција”

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски склучија договор за реконструкција и доградба на мостот над градската река на улица “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

Договорот е склучен со битолска фирма и чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Информацијата ни ја пренесе наш читател кој вели дека оваа сума е астрономска со оглед на тоа дека мостот на оваа улица не е некој голем објект па да треба да се потрошат толку многу пари за негова реконструкција.

Точно е дека на мостот му е потребна итна санација и дека тоа значително би го олеснило одвивањето на сообраќајот во овој дел на градот, но да се потрошат цели 30 милиони денари е навистина сума од која боли глава и става прашалник за можна злупотреба на општинскиот буџет.

Во текот на вчерашниот ден на оваа тема реагираа и советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои после одржувањето на 28-та седница на Советот истакнаа дека за овој мост најпрво биле предвидени 8 милиони денари, а потоа без промена на одлуките на Совет биле предвидени 30 милиони.