дома блог страница 322

Православните христијани денеска го празнуваат Вознесението Христово – Спасовден

Православните христијани денес го слават Вознесението Господово или Спасовден. Овој празник се паѓа 40 дена по воскресението Христово. Спасовден секогаш се паѓа во четврток во шестата недела по Велигден и е еден од десетте празници посветени на Христа.

Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот.

Според христијанското верување, со воскресението Господ покажал дека е посилен од смртта и 40 дена од воскресението неговите ученици се нашле зад трпезата. Тој ден Христос повторно им се јавил и им рекол:

„Одете по светот и проповедајте го Евангелието на секое суштество. Кој ќе поверува и ќе се крсти, ќе биде спасен, а кој нема да поверува ќе биде осуден“, се наведува во Новиот завет.

На Спасовден не се работи никаква тешка работа, зашто е голем празник кој, според верувањата, може да го спаси домот од неволја, а децата од болест.

Според народното предание, тој ден Бог се спасил од лошите луѓе и заминал – се вознесе – на небото, а останала приказната дека Бог избегал во рајот од злите и непослушни луѓе на Земјата. Ова е многу среќен ден, кога сè треба да се започне зашто ќе роди со успешен плод.

Уште од античко време, Спасовдан, како длабоко вкоренет празник во народот, е пролетен празник на сточарите и земјоделците.

На Спасовден наутро не се јаде ништо додека не се вкусат јагоди.

Според народните верувања, на Спасовдан мажите не треба да се бричат, жените не треба да се мијат, а децата да не се капат.

На Спасовден, сметале нашите прабаби, не треба да спиете преку ден за да не дремете цела година.

Тој ден, по одењето во црква, побогатите канеле гости на ручек, додека посиромашните останувале да се дружат пред црквата каде што народот се собирал и се радувал.

Вообичаено било и на Спасовден да се капе во река, пред да зајде сонцето.

Анкетите ќе одлучат за Прилеп! Ова се кандидатите за градоначалници во другите општини на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа седница, на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите:

Посочи дека овие кандидати уживаат најголема доверба меѓу граѓаните. Според рејтингот, сите кандидати водат со 4 пати разлика, а во некои општини и 5 на 1.

-ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите кои се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат. Сите кандидати кои се избрани, го имаат поминато тестот на граѓаните, велат од партијата.

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

За Град Скопје целиме да го избереме најдобриот кандидат, рече тој, не посочувајќи име засега.

Огнот проголта се’ што имале! Семејството Џемаилоски од Прилеп остана без дом, секоја помош е добредојдена

Да помогнеме на семејството кое остана без дом
Драги хумани луѓе,
Во страшен пожар кој се случи на 26 .мај 2025г, целосно изгоре куќата на нашата ученичка Садрије Џемаллоска, ќерка на Билен и Ѓулистана Џемаилоски од Прилеп, оставајќи ги без покрив над глава и без основни средства за живот – стои во апелот објавен од страна на ООУ “Добре Јованоски”.
Семејството во моментот се наоѓа во тешка состојба и има итна потреба од:
Облека и обувки (за возрасни и деца женско 9год и машко 4год)
Храна и средства за хигиена
Постелнина, ќебиња и основен мебел
-Финансиска помош за обнова на домот
Секој ваш придонес, колку и да е мал, значи надеж и поддршка за ова семејство кое изгуби сè во еден момент.
Донации можете да уплатите на:
Жиро сметка: 210501734948354
Назив на примач: Филип Стојаноски – (наведената особа излегува во пресрет, бидејќи сите документи на семејството се опожарени)
Цел на дознака: Помош за семејството чиј дом изгоре
За донации во вид на облека, храна или други потребни работи, јавете се на:
078/230-041, Панде Николоска – Директор на ООУ,, Добре Јованоски “
Да покажеме дека човечноста и солидарноста се живи. Да помогнеме онаму каде што е најпотребно.
 

Започнува продажбата на билети за натпреварот Македонија-Белгија

Денеска од 18:30 часот започна продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Белгија (6. јуни, 20:45) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за СП 2026.

Цената на влезница за натпреварот изнесува од 300, 400 и 500 денари.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим можат да купуваат билети директно преку нашата веб – платформа, (https://eticket.ffm.mk/).

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот:

1. Посетете ја платформата https://eticket.ffm.mk/

2. Изберете го натпреварот;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на македонските репрезентативци да дојдат до позитивен резултат против една од најдобрите светски селекции“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ЗЛЗМ И ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СО ЕДУКАТИВНА ТРИБИНА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Во рамки на проектот  Играј одговорно“,  на 23.05.2025 во домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Скопје, се одржа едукативна трибина со цел превенција и зголемена свесност кај младите луѓе за опасноста и ризиците од прекумерното играње на игрите на среќа.

 

Со поддршка на Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, Здружението на лекувани зависници заедно со Црвен крст на град Скопје на 23.05.22025 одржаа едукативна трибина во  домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз во Скопје. Целта на трибината беше едукација во насока на поголема свесност за опасноста и ризиците кои ги предизвикуваат прекумерните активности.

 

Говорници на трибината беа: прим. д-р Павлина Васкова, спец. невропсихијатарка, Оливера Суботин Поповска, психијатарка, д-р Бехие Хухии и Мирослав Јакимовски, експерт од областа на интернет игрите на среќа и нивната проблематика. Тие како стручни лица во областа, го споделија своето искуство и факти за проблематиката и предизвиците на зависностите, нагласувајќи ја важноста на превенцијата, заштитата и одговорноста, како и едукацијата на јавноста за ова исклучително важна општествена тема. Учесниците на трибината можеа со прашања да се вклучат и да дебатираат заедно со стручниот тим соговорници.

 

Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија како како општествено одговорна компанија, посветува сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорното приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории.

 

ДВЛМ, како одговорна, а воедно и прва компанија од дејноста игри на среќа која сериозно е посветена на одговорното играње и почитување на регулативите, преку  едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа, се залага за спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, истакнувајќи ја важноста  од одговорно играње и одговорно приредување игри на среќа. 

Наградени најуспешните жени менаџерки за 2025, меѓу нив и Јанинка Чупаркоска, генерален менаџер на „КОЖУВЧАНКА“

Агенцијата „Марили“ на 29-тото издание на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ 2025 година меѓу останатите додели признанија за најуспешни жени и на неколку менаџерки-членки на Стопанската комора на Северна Македонија

 Агенцијата „Марили“ , на 17.05.2025 година во Скопје, традиционално, по 29-ти пат ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот. На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за лауреатки беа прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, сите препорачани од нивни колеги и соработници, а кои доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности. Годинава 13 менаџерки беа наградени односно добија  статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се менаџерки од Р.С. Македонија, една од Р.Србија и една од  Р.Хрватска. Меѓу наградените се и Јанинка Чупаркоска, генерален менаџер на „КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци и досегашен член на УО на Стопанската комора како и покровител на Комората и д-р Оливера Клинчарова, претседател на Одборот на директори на „Делта ИНС Брокер АД Скопје и претседател на Групацијата на осигурително брокерски друштва при Стопанската комора.

Лидија Трипуноска, генерален менаџер на агенција „Марили“ и организатор на настанот, пред присутни истакна дека целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е,  поттик за идните млади генерации, особено девојки да веруваат во себе и личниот успех.

„Да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век  и да бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив“, истакна Трипуноска.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија беше прогласена за најуспежна жена менаџер, лауреатка за 2024 година.
“Наградата ми претставува и мотив да бидам уште поуспешна во периодот кој доаѓа но истата нека биде и поттик за сите жени и девојки кои упорно работат, не се откажуваат и учат. Клучното оружје на секој човек е знаењето, па затоа никогаш не престанувајте да се едуцирате, бидете самоуверени и самопочитувајте се но почитувајте ги и сите останати околу вас. Неопходен е баланс и огромна поддршка од семејството за постигнување одлични резултати. Често ја користам изреката на Роберт Куок, еден од најбогатите луѓе во Малезија кој кажува никогаш да не бидеме алчни, да не ги користеме другите а да ги искористиме сите можности кои ни се нудат. Јас на ова додавам и да бидеме принципиелни, секој нареден ден да бидеме подобри од претходниот, да имаме емпатија кон останатите и сѐ што правиме одејќи кон крајната цел и замисла да го правиме не заради личен интерес туку заради поширока добробит”, рече на доделувањето на наградите за 2024 година Георгиева Јовевска.
Стопанската комора на Северна Македонија и Агенција “Марили” соработуваат на полето на вмрежување, поттикнување, едукација и сл. Во 2024-та година за прв пат а на иницијатива на двете институции, наградените жени менаџерки имаат чест и задоволство да бидат примени од претседател на државава, односно свечениот прием беше кај претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова.
Манифестацијата години наназад претставува јакнење на женското претприемништво и лидерство, особено во застапеноста на жените на лидерски и одлучувачки позиции, нешто на што треба континуирано да се работи. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата. Годинава, на работниот дел на „Марили Бизнис Форумот“ кој беше посветен на туризмот се обратија високи претставници од домашни институции а на свечениот дел од манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ за овогодинешни лауреатки беа прогласени: Анита Атанасовска, генерален менаџер на „Супериор Лукс“, Скопје, Стевка Василева, генерален менаџер на ПЗУ „Д-р Александар и д-р Методи Белушкови“ Радовиш, м-р Дафинка Ивановска, извршен менаџер и Рубинов директор во „тианДе“„Ревитал Козметикс“ Скопје, д-р Оливера Клинчарова, претседател на Одбор на директори на „Делта ИНС Брокер АД Скопје“ и претседател на групацијата на осигурително брокерски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Даниела Михајловска, генерален менаџер на „Дајмонд Дентал и Естетик Центар“ Скопје и Гостивар, Елена Лотеска Наумовска, генерален менаџе на „Брод Армада“ Охрид, д-р Маја Петаноска, бренд менаџер и косопственик на ДПТУ „ДЕРМАЕСТЕТИКА“ ДОО Скопје, м-р Ирена Миновска – Пехливанова, стратегиски менаџер во „Авто-Мото Сојуз на Македонија“ – АМСМ, Арзијана Фејзи, менаџер за правни работи во „Рамацоти Фуд“ Гостивар, Јанинка Чупаркоска, генерален менаџер на „КОЖУВЧАНКА“ ДОО Кавадарци, проф. д-р Јана Манева – Чупоска, визуелен уметник, претседател на ДЛУМ, м-р Барбара Оленик Станичиќ, директор на сектор за човечки ресурси во Јадран д.д, Цриквеница, Р. Хрватска, Слободанка Цока Стевиќ, генерален менаџер и сопственик на ТА „Кондор ТИС“ Лозница, Р. Србија.

За сигурност на секој километар и долговечност на возилата, во пресрет на летните одмори изберете ги најдобрите, изберете го “Авто Контрол”

БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО е нивното мото во изминатата повеќе од eдна деценија постоење – години во кои АВТО КОНТРОЛ прерасна во бренд на Прилеп и е во самиот врв во Македонија, кога станува збор за современа станица за технички преглед.

Во пресрет на летните одмори кога најголем дел од нас ќе патуваат до некоја подалечна дестинација, од АВТО КОНТРОЛ апелираат до возачите да не ризикуваат и да извршат замена на моторното масло и филтри, што е клучно за долговечноста и сигурноста на возилата.

Во АВТО КОНТРОЛ нудат:

-Квалитетни масла и филтри од врвни брендови
-Брза и професионална услуга
-Совети од стручни механичари
-Контрола на други витални точки на возилото

Затоа не размислувајте и доверете го вашиот автомобил на вистинското место! За сигурност на секој изминат километар, изберете ги најдобрите!

Тимот на АВТО КОНТРОЛ ве очекува!

Ексклузивно! Ракометни аналитичари за Маркукуле откриваат! Ова ќе биде епилогот од дуелот Алкалоид – АЕК!?

Од познати ракометни имиња, Маркукуле дознава кој ќе биде епилогот на ЕХФ за финалниот дуел од Европскиот Куп помеѓу Алкалоид и грчки АЕК.

Според овие неофицијални информации, ЕКФ ќе одреди нов термин за натпреварот, истиот ќе се игра во Скопје, но без пубилика.

Потенцираме, информацијата доаѓа од врвни ракометни имиња и аналитичари познати на нашата редакција, кои тврдат дека во текот на денот оваа информација ќе биде и официјална.

Инаку, Европската ракометна федерација вчера ги собра сите изјави и информации и ги достави до своите правни тела, при што беше отворен случај против тимовите од Автокоманда и Атина.

ОФИЦИЈАЛНО! ГОЛЕМО КОЊАРИ Е ВТОРОЛИГАШ!

После денешната ждрепка во ФФМ, Големо Коњари и официјално е нов второлигаш – потврдија предмалку од клубот.

Покрај клубот од прилепско, ждрепката беше наклонета и кон Осогово, а среќа немаше екипата на Преспа.

Ждрепката следуваше откако вчера екс прволигашот БЕСА од гостиварско Добри Дол, сепак одлучи да се натпреварува во Втората лига, иако претходно се изјаснија дека немаат намера да настапуваат во второто по ранг фудбалско натпреварување.

Тоа првично значеше дека сите три поразени екипи од бараж дуелите во Третата лига ќе станат второлигаши, но на крајот тоа беше одлучено преку ждреб.

-Заслужен влез во Втора лига. Заокруживме уште една успешна фудбалска сезона во која завршивме на првото место и обезбедивме влез во Втора лига. Честитки до сите играчи, благодарност до сите правни и физички лица кои помогнаа за уште една успешна сезона. Управата на ФК Големо Коњари им честита и ги поздравува сите симпатизери и поддржувачи кои искрено го сакаат клубот. ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ во иднина ќе биде стабилен второлигаш и достоинствено, гордо и спортски ке се натпреварува во Втората фудбалска лига – напишаа предмалку од прилепскиот клуб.

Второлигаши во новата 2025/26 сезона ќе бидат: Победа (Прилеп), Големо Коњари (Големо Коњари), Беса (Добри Дол), Брегалница (Штип), Детонит (Радовиш), Саса (Каменица), Охрид (Охрид), Беласица (Струмица), Кожуф (Гевгелија), Скопје (Скопје), Новаци (Новаци), Вардар (Неготино), Осогово (Кочани), Тетекс (Тетово), Шкендија (Арачиново) и Слога (Виница).

Од мотор и го скинале ланчето од вратот: Приведени 18-годишен прилепчанец и еден малолетник

-На 27.05.2025 полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп ги лишија од слобода М.К.(18) од Прилеп и еден малолетник, постапувајќи по пријава од 76-годишна жена од Прилеп дека истиот ден околу 14.50 часот на ул.„Кеј 9 Септември“, во близина на паркот во Прилеп, две лица кои биле со мотоцикл и одзеле златно ланче. Украденото е вратено на пријавителката, а по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.