На 03.07.2019 година во 08.15 часот на патот Битола-Прилеп, во близина на с.Вашареица, се случила сообраќajна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од П.К.(75) од с.Кривогаштани и патничко возило „Шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ј.(73) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобиле возачот Ј.Ј и сопатниците од истото возило, Ј.Б.(47), Г.Ј.(69) и 17-годишник, сите од Битола.
Тие биле пренесени во Клиничката болница Битола за ykажување на лekapска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Фејсбук соопшти дека споделувањето медиа-фајлови во негови платформи е решен. Корисниците на услугите на компанијата констатираа дека не можат да испраќаат и да добиваат фотографии, видео-клипови и други фајлови на ФБ, Ватсап и на Инстаграм.
– За време на рутинска опеpација за поддршка е создаден пpоблем од наша страна, и тоа е пpичина што некои корисници не можеа да ги користат целосно нашите платформи, соопштија од ФБ.
Тие не дадоа коментар дали ќе вратат паpи на компании кои се реkламираат за времето додека постоеле техничките пpоблеми.
На синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, Тамара Тодевска беше избрана да ја испее македонската химна. И го стори тоа, во своја верзија, од која го исфрли стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, кој во последната официјална верзија на химната од 1991 годона се повторува четири пати, пишува порталот Република.
Изведбата на химната е на 2.30 минути.
За оваа чудна потреба на Тамара да ја ckвepнави химната, и покрај тоа што не функционираше Фејсбук и веста релативно доцна се прошири, одекнаа силни рекации на социјалните мрежи, но изостанаа реакции од државниот врв кој присуствуваше на настанот, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, кои се гледаат во првите минути од видеото.
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, по интервјуто на Алфа, денеска се огласи на Фејсбук.
– Денеска кога и да прошетате, со кого и да поразговарате, етнички Македонец во Македонија, секаде преовладува чувството дека Македонците се практично граѓани од втор ред во нивната сопствена држава, напиша тој.
ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена жecтоко да го пopaзи СДСМ и Заев тоа е евидентно веќе, без разлика дали се редовни или предвремени избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски укажувајќи дека е подобро да има предвремени избори.
Мицкоски укажа дека се гледа крајот на Заев.
-Се надевам дека граѓаните на следните избори ќе му дадат отkaз на Зоран Заев. Она што загрижува во целата рашомониjaда премиер и министер е што никој не му кажал дека е спротивно, ме разочарала таа личност професор е на Правен факултет. Требаше да му кажат „што правиш“. Замислете кога имате таква личност која не ви кажува, замислете го амбиентот на „Илинденска“ број 2, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека откако граѓаните ќе му дадат отkaз на Заев, тој ќе го потсети на членот од КЗ 353.
Корисниците на Инстаграм и Фејсбук во светот денеска пријавиле проблеми со логирањето, споделувањето и пристапувањето до содржините на мобилните апликации.
Инстаграм бил предупреден за проблем изутринава, а повеќето извештаи на корисници стигнале од северна Европа и САД.
Повеќето споделени фотографии на корисниците не успеваат да се вчитаат, а на екранот им се појавила порака дека „описот на фотографијата не е достапен“. Одредени корисници воопшто не можеле да пристапат до апликациите.
Покрај Инстаграм со проблеми се соочуваат и Фејсбук и апликацијата Вац ап. Слични проблеми се регистрирани и од корисници на социјалните мрежи и во нашата земја.
7-годишниот Борјан Гигов од Скопје на кого му се утврдени неколку дијагнози: аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот, требаше да оди на оперативен третман со помош на матични клетки во Германија, за што беа потребни 23.000 евра.
Но, бидејќи семејството не успеа да собере толку пари, третманот во Германија пропадна. За среќа Борјан доби одлична понуда од “Liv Hospital” во Турција, каде третманот поминал во најдобар ред.
Минатиот понеделник му биле извршени сите лабораториски испитувања и се било во ред, а во вторникот Борјан влегол во операциона сала каде било извршено аплицирање на матични клетки во р’бетот и во вените.
“На 26-ти околу 2 часот го испуштија од болница со препорака за диета и еден куп витамини и лекови за него. Благодарејќи на сите хумани луѓе кај Борјан успешно се изврши третман со матични клетки од кои резултати би требало да видиме веќе за една недела, а најкасно за еден месец треба да се аплицира и втора доза, за ефектот да биде многу подобар. Еден третман кошта 9000 евра плус трошоци. Веќе е закажан термин за 25.07.”, вели таткото на Борјан, Трајче Гигов.
Вкупните средства кои му се потребни на семејството се околу 10.000 евра, па сега сите хумани граѓани се одново на потег.
Ајде заедно да му помогнеме на малиот Борјан кој е вистински мал херој!
Телефонските броеви на кои може да донирате се:
За корисниците на Телеком: 143 177
За корисниците на Оне и ВИП: 143 471
Во продолжение и трансакциска сметка од НЛБ Тутунска банка каде исто така може да донирате:
Елизабет Хргиќ е девојката која на својот Фејсбук профил ја сподели приказната за вистинска љубов, а за кратко нивната љубовна бајка го обиколи регионот.
Таа под една од свадбените фотографии кои ги сподели на Фејсбук напиша дека љубовта ги руши границите, бариерите, предрасудите, гордост, а за кратко фотографијата со моќна порака стана вирален хит.
Инаку Елизабет Хргиќ годинава се омажи со својот партнер Инаса Дагоја, во Травник а со нивната свадба докажаа дека вистинската љубов неможе ништо да ја сруши
Свадбената фотографија на Елизабет Хргиќ и Инаса Дагоја, која собра огромен број лајкови, е направена пред училишната зграда во Травник кај католичкиот училишен центар „Петар Барбариќ” во кој одела Елизабет и мешаното училиште „Травник” во кое одел Инас.
Двете институции се поделени со жица, а Елизабет под фотографијата објави емотивен текст.
–Ние двајца. Секој пред своето училиште. во еден двор, поделени на два света. Во еден двор преграден со ограда, за која нас не убедуваа дека тие од другата страна на оградата се поинакви, различни, злобни. Ние како мали можеби и верувавме во тоа. Но што значи нивната жица, едно парче арматура, но што може тоа да стори на една преголема љубов?! Љубовта која ги руши сите граници, бариери, предрасуди и гордост…
Радувај се на секој нов ден и учете ги децата дека сите се исти, дека не е важно дали сме црни или бели, дали се крстиме или се клањаме. Учете ги децата да бидат добри луѓе, кои нема да веруваат дека оградата е заштита, и дека и од другата страна растат добри, талентирани, духовити и деца полни со љубов. Нека вашата смисла на животот биде љубов, пишува меѓудругото Елизабет.
Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во рамки на Министерството за одбрана, денеска го објави Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата.
– Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Северна Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, стои во објавениот конкурс.
Потенцијалните кандидати, се прецизира, во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух.
Oд 27-ми јуни до денеска 3-ти јули, градската депонија кај Алинци во близина на Прилеп гори и претставува нова еколошка бомба во срцето на Пелагонија. Шест дена депонијата во Прилеп гори, а полето е исполнето со чад и канцерогени состојки, кои се голема закана за здравјето на граѓаните, особено на земјоделците кои работат по нивите, но и вработените во странските фабрики во индустриската зона Алинци – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска Локвенец, претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:
“Дали за оваа еколошка катастрофа некој ќе одговара и што ли работат од ЈКП Комуналец под чија надлежност е депонијата?
Загрижен ли е заменик министерот за животна средина Макрадули, бидејќи најплодната рамница во Македонија доживува труење од невиден размер?
Дали за оваа штета што се предизвикува ќе постои одговорност од градоначалникот Илија Јованоски и директорката на Комуналец Ирена Станковска, или како за се друго луѓето од власта на СДСМ ќе останат недопирливи?
Вака ли изгледа новиот концепт на старо-новиот претседател на ОО СДСМ Миле Талески и вака ли ќе работи во интерес на граѓаните?
Во период кога граѓаните се соочуваат со екстремни горештини, само поради неспособноста на власта мораат да дишат и отровен воздух.
За тоа колку е сериозен проблемот, зборува и оваа фотографија на која се гледа голем облак од чад над градот, иако надлежните велат дека огнот е ставен под контрола.
Почитувани,
После скандалот во кој граѓани информираа дека тињата и талогот од пречистителната станица се закопува во земјоделско земјиште, ова е втор случај на загадување на животната средина, пред кој локалната власт молчи.
Толку од ветувањата на градоначалникот за еколошки и чист град. Умира и последната надеж дека овие луѓе нешто ќе направат за Прилеп и прилепчани.
Поради нивната неспособност да раководат со општината и јавните претпријатија, станаа синоним за неспособност како локално раководство во Република Македонија, или како што тие ја нарекуваат “Северна”.