дома блог страница 3213

Измена во фестивалската програма на “Пивофест”

Oрганизаторите на “Пивофест” објавија дека дошло до измена на програмата за фестивалот.

Како што пишива на официјалната Фејсбук фан страна, на местото од групата “Нови фосили”, кои требаше да настапат во недела 21.07., ќе пее Даниела Мартиновиќ.

“Имаме измена во програмата за недела (21.07.2019). Поради оправдани причини членовите на групата „Нови Фосили” не се во можност да настапат на нашиот фестивал на пивото.Во истиот термин и датум со задоволство ви ја најавуваме Данијела Мартиновиќ”, напишаа организаторите.

Повторно помеѓу своите: Легендата се врати дома

Легендарниот фудбалер на Челзи, Френк Лампард се врати на Стемфорд Бриџ, стадионот каде ги оствари најголемите успеси во својата кариера, но овој пат во друга улога.

Некогаш одличниот везен играч е претставен како нов менаџер на лонсонските “сини”. Лампард во Челзи се врати откако во минатата сезона одлично го предводеше Дерби Каунти, екипа која на крајот не успеа да се избори за пласман во Премиер лигата.

Лампард со Челзи има освоено четири титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампиони.

“Среќен сум и горд што се враќам во Челзи како тренер”, рекол Лампард после претставувањето и додал:

“Сите знаат за мојата љубов кон овој клуб и историјата која ја делиме заедно. Без оглед на тоа јас сум подготвен за предизвиците кои следат во новата сезона и морам да кажам дека подеднакво сум подготвен за тешка и жестока работа која би го донела посакуваниот резултат за клубот. Едвај чекам да започнам”.

Сиљановска до Тамара Тодевска: Пред законите нема извини, oдговорност мора да има!

За пропустот со македонската химна на пејачката Тамара Тодевска и нејзиното извинување, со свое видување на Твитер се јави и професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше претседателски кандидат на последните претседателски избори. Време е да ставиме крај, пред законите нема извини! Одговорност мора да има!

(Видео) Овој празен остров нуди работа од соништата !

Шкотскиот остров Северен Роналдсеј објави многу необичен оглас за работа.

Имено, бараат заинтересирани пастири кои ќе бидат сериозно платени да чуваат редок вид на шкотски овци – оркни.

Островот бара искусни пастири кои ќе внимаваат овците да останат во стадото, да јадат одредена храна, да бидат на безбедни локации и да бидат оддалечени од сите опасни места во околината.

Вработените ќе работат 35 часа неделно, а платата е 24.000 евра.

(Видео) Тајната за белата шолја на Путин: Сите говорат за неа, а еве што се крие позади тоа

Белата шолја на рускиот претседател Владимир Путин го привлече вниманието на светските медиуми. Овој предмет новинарите го забележаа откако Путин наздрави со претседателот на САД, Доналд Tpaмп.

Одредени медиуми пишуваа дека Путин на овој начин ги исполнува препораките на руските безбедносни служби, како би се презеле сите можни мерки за да се избегнат ордредени инциденти, како тpyење или слично.

Меѓутоа, дека не се работи за сензација, туку за вообичаена пракса на рускиот претседател, објасни неговиот портпарол Дмитрл Песков. Според неговите зборови, Путин веќе неколку години со себе го носи овој термос, од кој го пие својот омилен – зелен чај.

Претседателот ја потпиша уредбата за преименување на apмиjaта oд АРМ во АРСМ

Претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски вчера ја потпишал уредбата за ознаките на униформите на Армијата и отсега натаму, како што изјави, ќе биде Армија на Република Северна Македонија.

Тоа значи, прецизира, дека е завршен и тој технички и правен аспект со што се отвора можноста во следните набавки да се употребуваат новите ознаки.

Името на Армијата е Армија на Република Северна Македонија и тоа од вчера има правна основа односно е на правен начин уредено од моја страна, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета заедно со началникот на Генералштабот Васко Ѓурчиновски на припадниците на Армијата на нашата јужна граница.

Уредничката на “Радио Кавадарци: “Сите песни кои ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата на радиото”

Главната уредничка на Радио Кавадарци, Трајанка Ѓорчева Митрова преку Фејсбук порача дека песните на Тамара Тодевска по вчерашниот скандалот со македонската химна ќе бидат избришани.

Сите песни што ги испеала Тамара Тодевска ненамерно се избришаа од архивата од Радио Кавадарци. Затоа им се извинуваме на нејзините фанови доколку сеуште ги има, што поради оваа ненамерна грешка нема да бидат емитувани на програмата на Радио Кавадарци, напиша Митрова

Пејачката Тамара Тодевска се огласи на Фејсбук после ckaндалот

Пејачката Тамара Тодевска се огласи по скандалот.

Таа на синоќешната прослава на Дeнот на нeзaвиcностa на САД, 4 Јули, што се одржа во дворот на американската амбасадата во Скопје, пеејќи ја македонската химна, не го испеа, односно го изостави стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“.

-Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара, напиша Тодевска на Фејсбук.

Настапот на Тамара погледнете го по втората минута од ова видео.

Просечната оценка на државната матура 3,47

Резултатите од екстерните испити на Државната матура за учебната 2018/2019 година што се спроведе во период од 1 до 13 јуни денеска ќе бидат достапни на огласните табли на училиштата, како и на интернет страницата matura.gov.mk.

За ова денеска информира министерот за образование и наука Арбер Адеми на прес-конференција во Владата.

– Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос на изминатите учебни години, односно учениците кои го полагаат тестот на зрелост покажуваат подобри резултати од минатите генерации, соопшти Адеми.

Тој информира дека просечната оценка на постигањата на матурантите за оваа година е 3,47 за разлика од минатата година кога росечната оценка била 3,42. Поединечно и кај повеќето предмети има подобрување во постигањето на учениците во однос на изминатите години, а кај помал дел има намалување или стагнација.

Просечната оценка по предметот македонски јазик и литература оваа година е 3,69, за разлика од минатата кога била 3,66. По албански јазик просечната оценка е 3,85 во однос на минатата година кога изнесувала 3,81. Резултати со благо намалување на просекот покажале учениците кои полагале турски јазик и литература, односно просечната оценка оваа година е 3,73, а минатата 4,18.

За математика постигнувањата се најдобри во последните три години. Годинава просечната оценка е 3,65 во однос на минатата кога изнесувала 3,37.

– И оваа година има раст на кандидатите кои го полагале англиски јазик и тоа за 310 ученици повеќе од минатата година, вкупно 14.103 ученици. Од нив 7,35 проценти не го положија испитот, а 6,22 проценти имаат одлична оценка. Просечната оцинка годинава е 3,07, додека минатата година беше 2,91. Кај предметите бизнис, историја и биологија има значително опаѓање, односно средната оценка по бизнис е 3,22 додека лани изнесуваше 3,29. По историја просечната оценка оваа година е 3,51 а лани изнесуваше 3,56. По биологија просечната е 3,67 додека минатата година изнесуваше 3,79, информира Адеми.

Кандидатите кои се пријавиле за полагање во јунскиот испитен рок, но не положиле, дел или сите испити од државната матура ќе можат повторно да се пријават за полагање во августовскиот испитен рок.

Оваа година Државна матура полагаа 15.553 ученици од кои 7.692 од гимназиско и 7.604 од стручно образование, како и 257 ученици од средно уметничко образование.

Директорката на Државниот испитен центар, Лидиjа Ѓошевска информира дека августовскиот испитен рок е на 12 август за странски јазици, 13 август за сите мајчини јазици, 14-ти за изборните предмети и 15 август за математика. Сите незадоволни ученици можат да поднесат приговор и тоа на 5 јули, односно утре, на 8 и на 9 јули.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа посочи дека годинава имало промена на испитната програма по англиски јазик во однос на бодирањето на тестот и прашањата.

(Видео) Конечно откриено зошто телохранителите трчаат околу лимузината на Ким Jонг Ун

Секој пат кога севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појаува во јавност, посебно на големи и важни настани, во светот веднаш се проширува снимка од телохранителите кои трчаат околу автомобилот. Тие беа голема атракција во Сингапур.

Во книгата “Божествената совршена судбина на брилијантниот друг Ким Јонг-на”, дописникот на Вашингтон пост Ана Филфилд открива дека “Ким ја добил идејата за човечки штит од Клинт Иствуд”.

Како дете го гледал филмот „На огнената линија“ во кој Иствуд глуми агент на американска шпиунска агенција која го чува Џон Кенеди, Иствуд и други агенти трчаат околу автомобилот на претседателот “објаснува авторката на книгата.

Многу е тешко да се стане телохранител на севернокорејскиот лидер. Според зборовите на Лиј Јонг Гук, телохранител на починатиот Ким Јонг-ил, татко на актуелниот лидер, “е потешко да се стане негов телохранител отколку да се помине низ иглени уши”.

Кандидатите се бираат од редовите на војската и мора да положат тестови, а се оценува видот, изгледот, семејната историја и личноста.

„Мора да имаат силна и добра политичка препорака и да потекнуваат од добри семејства“ се наведува.

Исто така мора да имаат и слична висина како Ким и да се сметаат за личностии кои смеат да носат opyжје во негова близина.

Телохранителите мора да бидат одлични стрелци, да знаат тaeквондо, да имаат вештина за фрлање ножеви и да бидат лојални.

Иако се вoopужени, мора да имаат способност да поседуваат нecmpтоносни методи.

За да го заштитат лидерот тие ја дегустираат и храната наместо него и носат негов личен тоалет каде и да отпатува со цел странските влади да не можат да го анализираат неговиот ДНК и да утврдат од какви болести боледува.