дома блог страница 3212

По примерот на “Радио Кавадарци” и на прилепското радио ненамерно му се избришаа песните од Тамара Тодевска

Paдио “Пела” кое е единствената рурална радио станица и се наоѓа во Кривогаштани, по примерот на Радио “Кавадарци” напишаа дека ненамерно ги избришале сите песни на пејачката Тамара Тодевска.

“Радио Пела, единствениот електронски рурален медиум во Македонија, се приклучува кон акцијата на Радио Кавадарци и се извинува што ненамерно ги избриша сите песни изведени од Тамара Тодевска.
Се случи, од вчера, не сакајќи сите до една песни каде што Тамара настапува да не ни се воопшто достапни во датотеката на Радио Пела, сега и засекогаш!!! Извини Тамара!”
, напишаа од радио “Пела” на нивната Фејсбук фан страна.

Садула Дураку назначен за вицепремиер

На денешната седница на Владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку е назначен за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија.

За ова денеска соопшти владината служба за информирање.

Садула Дураку во новото министерство дојде од функцијата министер за животна средина и просторно планирање.

Прилепскиот аналитичар Чкатроски во одбрана на Тамара?

По анализите на законите со кои се регулира менување на текстот на државната химна и навpeдата на државните симболи во контекст на заборавената строфа на Тамара за Гоце Делчев, реакција на аналитичатор Даме Чкатроски.

Тој тврди дека Тамара Тодевска пеела на територија на странска држава и врз неа не може да се аплицираат македонските закони.

Според начелото на екстериторијалност дворот на амбасадата на САД каде што вчера пееше Тамара се смета за странска територија каде што домашните власти немаат jyрисдикција.

Формално пpoтив Тамара не можат да се покренат никакви правни постапки од ниту една држава освен од САД.

Извор: infomax.mk

(Фото) Во Кина произведена крпа за на плажа со картата на Хрватска: Некои градови не можат да ги препознаат ниту Хрватите

На Фејсбук групата “Дневна доза просечног Далматинца” се појави фотографија со картата на Хрватска, која воопшто не е чудна се додека подобро не ги разгледате имињата на градовите.

Лесно може да се заклучи дека таа не е произведена во Хрватска, бидејќи називите на местата добиле нова верзија.

(Фото) Колинда се појави во прекраток фустан: Хрватската претседателка беше хит на забавата во американската амбасада

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ е позната по специфичниот стил на облекување, а секоја нејзина модна комбинација е внимателно одбрана, истворемено прилагодена и на актуелните модни трендови, но и на функцијата.

Претседателката синоќа беше дел од гостите во Амбасадата на САД во Загреб, каде се одбележуваше Денот на независноста.

Станува збор за тематска забава, во чиј фокус беа педесеттите години од минатиот век, па Колинда реши да одговори на задачата и како што пренесуваат медиумите од регионот, се чини тоа и’ појде од рака.

Имено, таа се појави во ретро фустан, кожна јакна, црвени чевли и жолта чанта. Оваа комбинација таа ја надополни со очила за сонце и големи обетки. Фотографиите на кои се гледа овој аутфит осамнаа на твитер профилот на Амбасадата на Америка во Хрватска, а предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи и порталите.

ВИДЕО: Скопје „не се гледа” – Силно невреме со град

Силно невреме со пороен дожд и град го зафати поладнево Скопје. Во главниот град се слушаа и грмотевици, а дуваше и силен ветер – пренесува порталот “Пресс24”.

УХМР веќе најави дека ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Почнува јубилејното 45-то издание на фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”

На 5 и на 6 јули во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе се одржи јубилејното, 45-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. фестивалот почнува со работилницата на 1-ви јули за изучување на изворните песни и инструменти во Спомен-куќата на Пеце Атанасовски во Долнени.

Годинава, на јубилејното издание на Фестивалот ќе учествуваат околу 350 изведувачи на изворните инструменти, гајдата, кавалот, тапанот и на изворните песни од цела Македонија и учесници од Бугарија. Фестивалот на програмата го враќа традиционалното Дефиле на учесниците, низ улиците на Прилеп.

Според програмата, на семинарот за изучивање на изворните инструменти и песни кој од 1 до 5 јули ќе се одржи во Спомен-куѓата на Пеце Атанасовски во Долнени ќе учествуваат 13-ина млади, вњубеници во изворниот мелоис, а семинаропт ќе го води м-р, етнологот, Горан Василески. За разлика од досега, Семинарот ќе се одржува теренски. Ќе се посети работилница за изработка на изворните инструменти како и средините во Долнени и во Прилеп каде со векови се негувал изворниот мелос. Младите учесници и лани беа дел од Семинарот, на возраст од 12 до 15 години, а годинава ќе ги усовршуват знаењата и познавањата за богатиот изворен македонски фолклор.

Официјалното отворање на фестивалот е в петок, на 5. јули. Од 19 часот во центарот на Прилеп е традиционалното Дефиле на учесниците кои пред граѓаните ќе ги навестат Фестивалот и својата умешност во изучувањето и зачувувањето на изворниот мелос. Фестивалот свечено ќе биде отворен од 20 часот, што е и првата фестивалска вечер на летната сцена на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп, каде пред вљубениците на изворниот мелос ќе се претстават дел од учесниците.

Вo сабота, на 7. јули, од 11 часот во ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков’ во Прилеп ќе се одржи симпозиум со еминентни научни работници на тема „Фолклорот во минатото и денес“. Воедно, ќе биде промовиран и Зборникот на трудови на етнолози и научни работници за изворниот мелос.

Вo сабота, од 19 часот на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер каде ќе настапат учесниците на ова, јубилејно издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. На крјаот, ќе бидат прогласени најдобрите и ќе биде врачена наградата за најдобар гајдаџија, гајдата на Пеце Атанасовски што ја доделува општина Долнени.

За сите заинтересирани за следењето на Фестивалот на Рудина кај Долнени е организиран бесплатен превоз. Тргнувањето е в сабота на 7 јули од 18 часот пред Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.

– И на ова јубилејно издание на единствениот од ваков вид Фестивал во земјава ќе се потврди фактот дека улогата на Фестивалот е да го зачува, да го негува и да ја поттикне љубовта кај новите генерации за богатиот изворен македонски мелос, дел од богатото фолклорно културно наследство на Македонија, нагласува професор д-р Родна Величковска, уметнички директор на Фестивалот.

ДОЈДЕТЕ И УЖИВАЈТЕ ВО ИЗВОРНАТА МУЗИКА И ПЕСНА КОИ ЌЕ ЈА РАЗГАЛАТ ДУШАТА.

Германија има потреба од 1,200.000 работници од кои 50.000 можат да земаат плата од 44.000 до 60.000 евра годишно

Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им олесни добивање работа, особено за ИТ стручњаците.

Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија и неостасуваат над 1.200 000 средно и високо квалификувани експерти, од кои дури 55.000 во ИТ секторот.

Поради тоа Бундестагот усвои закон, кој стапува во сила од 1 јануари 2020 година и овозможува полесно доселување на стручна работна сила од земјите надвор од Унијата. Тоа значи дека процедурата за добивање работна дозвола за оние кои бараат работа од Балканот ќе биде значително поедноставна и полесна. Сите кои сакаат својата ИТ кариера да ја изградат надвор од границите на својата земја ги охрабрува и фактот дека применливите ИТ знаења и вештини, како и познавањето на странски јазик, може да се совлада за 12 месеци квалитетно школување.

Во Германија се надеваат дека, покрај новиот закон и високите плати, исто така и квалитетните услови кои се нудат во овој сектор ќе ги привлече ИТ експертите од Балканот. Имено, како помлад програмер во Германија може да се заработат 44.000 евра годишно, додека програмери со неколку години искуство заработуваат и 60.000 евра годишно.

Извор: “Република.мк”

Прилепчани на социјалните мрежи масовно бараат организаторите да го откажат настапот на Тамара на “Пивофест”

Прилепчани денеска масовно на социјалните мрежи бараат организаторите да го откажат концертот на Тамара Тодевска кој е закажан за овогодинешниот 17-ти по ред фестивал на скарата и пивото, “Пивофест 2019”.

Taмара според програмата треба да настапи на третата фестивалска вечер (20.07.2019).

Причината за оваа реакција на граѓаните следува откако пејачката на вчерашниот настап во Американската амбасада, пеејќи ја државната химна на Македонија ја изостави строфата каде се спомнуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…

Тамара подоцна се извини преку нејзиниот Фејсбук профил, барајќи граѓаните да и простат за овој нејзин пропуст.

“Сугарески во сабота ќе отвара автопат, проект на Јанакиески?”

Свечено отворање на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип, сепак, ќе има.

Владата денес поканувајќи ги медиумите за овој настан, соопшти дека свеченоста ќе се одржи в сабота во 11 часот во Свети Николе.

На настанот, свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен, а предвиден е и коктел.

Новиот автопат Миладиновци-Штип беше пуштен во употреба пред еден месец. Почна да се гради во 2014 година кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, и тој ќе го скрати патувањето од Скопје до Штип за околу половина час. Во првиот автопат во источниот дел на државата, чија должина изнесува 47 километри, беа вложени 177 милиони евра. По него ќе се вози и со 130 км/ч.

Претходно од Министерство за транспорт и врски уверуваа дека нема да има свеченост за пуштање на автопатот во употреба..