дома блог страница 3211

ВМРО-ДПМНЕ: “Губитниците Миле и Валентин да одговорат за “злocтopничкото здружение, мовчето од 500.000 eвра и Пивофест?” (Видео)

Вчера бевме сведоци како Валентин Божиноски вработен во Управата за јавни приходи, во период кога треба да е на работа, токму овде пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција и изнесе еден куп небулози пред јавноста – истакнаа на вчерашната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Не знаеме само како и со кое лице се појавува пред граѓаните и зборува за некаков криминал и корупција, кога криминалното работење стана одлика на СДСМ во изминатите две години.

Наместо да одговорат пред граѓаните за тоа како се потпишува договор за реконструкција на мост во вредност од 30 милиони денари, а предвидени биле само 8, тие се занимаваат со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните од Божиноски и неговиот ментор Миле Талески чекаат одговор и на тоа како избраа организатор на “Пивофест” и како доделија 2,5 милиони денари, без одлуката да помине во Советот на општина Прилеп.
СДСМ треба да даде одговор и за наводите кои нивни истакнат член ги изнесе пред Зоран Заев, дека во Прилеп постои злосторничко здружение, кое прави парче од партијата и градот.

Граѓаните бараат одговори и одговорност и за труењето од депонијата Алинци, која цели 6 дена беше извор на канцерогени честички што сите ние ги дишевме.

Секој изминат ден со вас на власт е пропаст. Секој потег ви е погрешен, а секој збор и ветување однапред прочитана лага!

Токму затоа секое појавување во јавност на Валентин Божиноски и Миле Талески значи 500 гласа плус на контото од ВМРО-ДПМНЕ.

Вие сте една ноќна мора која граѓаните сакаат што побрзо да помине и што побрзо да ве заборават.

За среќа вашиот крај е сигурен и доаѓа многу скоро, а тогаш одговорност и одговори за сите прашања ќе мора да има!”

“Посетителите на “Пивофест” со свирежи и скандирања планираат да ја пречекаат Тамара?”

Револтирани од тоа како пејачката ја испеа химната на Република Македонија на прославата во Американската амбасада, прилепчани одлучија да и приредат „топол“ пречек за “Пивофест”.

Tамара треба да настапи на третата фестивалска вечер од овогидинешниот “Пивофест”, а прилепчани планираат да го исфиркаат нејзиниот настап.

На социјалните мрежи се појави настан “Масовно свиркање на Тамара на Пиво Фест Прилеп“, a интересот кај граѓаните за овој настан засега е огромен.

Над 1.500 корисници стегнале дека се заинтересирани.

Настанот можете да го подледнете ТУКА

Ќе успее ли Сугарески да ја отстрани дивоградбата на Матка?

Нелегалните градби во Охрид се стопирани, а институциите постапуваат согласно законите, изјави премиерот Зоран Заев. Вели дека рушењето во некои случаи може да забави поради административни работи, како на пример, тендер за избор на фирма што треба да ги сруши објектите. Но, потенцираше дека доколку сè уште се гради, иако е издадено решение за стопирање на градбата, ќе следува кривична пријава за непочитување на решението – aнализира “Курир”

-Стопирани се двете градби со решение на соодветен инспектор. Има издадено решение. Во постапувањето на самото решение следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите и ние ќе постапиме. Ако не постапи општината, ќе постапи државата, бидејќи тоа не е така само поради УНЕСКО, туку поради законите во Република Северна Македонија кои што треба да се почитуваат, изјави премиерот Зоран Заев.

Вели дека институциите постапуваат и во врска со дивоградбите на Матка. Но, градоначалникот на Сарај ќе почека второстепена судска одлука пред да дејствува во врска со бесправно изградените платформи.

-Си има за една од платформите судски спор. Деновиве Министерството за транспорт ме извести дека мора да бидам претпазлив, да не постапувам на брзина, бидејќи има двостепеност во нашата држава и се разбира согласно законите и ова прашање ќе биде постапено во тој дел, изјави Блерим Беџети, градоначалник на општина Сарај.

И двата случаи, дивоградбите во Охрид и на Матка јавноста ги поврза со високи јавни функционери.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

УХМР со прогноза до среда: Дождот нема да престане, во Скопје наврнале 32 литри на метар квадратен

Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР.

Времето денеска во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Максималните температуи ќе се движат во интервал од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот=8.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат до 32 степени.

До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Во среда времето ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени.

(Фото) Семејна идила – по разводот Даниел Кајмакоски се врати кај нив

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски периодов е актуелен во медиумите поради разводот со неговата сопруга Кристина, со која го има синот Давид.

Кајмакоски по разводот одлучи да се опушти со семејството во Виена, а фотографии сподели на Инстаграм профилот.

„Време со семејството“, напиша Даниел во описот на една објава.

Погледнете:

Анкетите го отпишаа Ципрас: Нова демократија ќе го освои мнозинството во парламентот

Според анкетите опозиционата Нова демократија би требало да освои 8 проценти повеќе гласови во однос на владеачката Сириза на предвремените парламентарни избори во недела.

Резултатите на анкетите покажуваат дека Нова демократија ќе освои 36 проценти од гласовите, а Сириза 28 проценти, пренесува Катимерини.

Според ова истражување, Движењето за промена (КИНАЛ) ќе добие 7 проценти од гласовите, Комунистичката партија се очекува да освои 5 проценти, десничарската Златна зора ќе освои 4 проценти, додека “Грчкото решение” и MeRA25 ќе бидат на прагот на цензусот со 3 проценти.

(Фото) Шарените повторно разочарани од Владата- Милчин за поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер на Заев: Дупло дно!

Шарените peволуционери повторно се paзочapaни од премиерот Зоран Заев и гласно го искажуваат својот peволт.

Поранешниот прв човек на copoсовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената peволуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер, пренесува Курир.

-Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.

-Надежта повеќе не живее тука. Секој ден по некој „бисер“!. Е го претераа. Бpyка… се само дел од коментарите по постот на Милчин.

Со реакција и поддржувачката на Шарена peволуција Нора Шаќири, која вели дека не е среќна со изборот.

Актерот Сашо Тасевски кој важеше за еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција, исто така „pacпали“ на Фејсбук за Дураку, или Koмандант Вентили, и неговата вицепремиерска фотелја.

Peволтот јасно го изразија и граѓаните на социјалните мрежи.

Инаку, вчерашната седница на Владата, министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураку беше назначен за заменик на претседателот на Владата.

Садула Дураку во новото министерство дојде од функцијата министер за животна средина и просторно планирање.

Извор: kurir.mk

Македонија не е подобна за ЕУ ?! Германскиот министер за економија изјави дека критериумите за преговори не се исполнети

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер изјави дека Македонија и Албанија имаат остварено напредок за да се приближат кон единствениот пазар на Европската Унија, но сепак, потребна е посилна бopба пpотив kopyпцијата и нeзависно cyдство во двете земји.

– И покрај напредокот, се уште не се исполнети сите критериуми, за овие земји да бидат подготвени за членство во ЕУ, рече Алтмајер на конференцијатa за Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познан.

Во однос на изјавите на одредени шефови на дипломатии на ЕУ дека не треба да се одложува почетокот на преговори на овие две земји со Унијата, Алтмајер рече дека не е негова работа како министер за економија да дава препораки за одлуки што се веќе донесени на ниво на шефови на држави или влади и ЕК како целина.

– Европската Унија мора да носи одлуки едногласно, токму тоа се очекува од нас. Како и да е, како министер за економија, сакам да видам стабилен економски развој во сите овие земји, без разлика на тоа кога и под кои услови ќе се случи пристапувањето во ЕУ, важно е да се обезбеди дека луѓето во овој регион имаат перспектива на скромно учество во економскиот раст, работни места и обуки, истакна Алтмајер.

За таа цел, додаде германскиот министер, работиме со овие земји, организиравме дигитален самит што доведе до склучување договор за роаминг, обучуваме средни претпријатија…

На прашањето дали Македонија и Албанија економски се подобни за во ЕУ, Алтмајер рече дека ова прашање не може да се одговори со „да“ во сегашно време.

– Сепак, гледаме дека овие земји направија исклучителен напредок. Економиите во овие две земји достигнаа огромен и значаен напредок во изминатите години, со што се приближија кон европскиот единствен пазар, рече германскиот федерален министер.

Како што посочи Алтмајер во Познан, во земјите од Западен Балкан не е потребна толеранција, туку владеење на правото, независни cyдови и одлучна бopба пpoтив kopyпцијата.

Некој го “стопи” бакарниот покрив на чешмата од Градскиот часовник во Прилеп (ФОТО)

Чешмата на градската Саат кула во Прилеп деновиве осамна без бакарниот покрив кој од нигде никаде исчезна.

Фотографиите ги објави порталот “Инфо Компас”, oд каде пишуваат и дека Саат кулата извесен период не е осветлена.

Чешмата на часовникот исто така подолг период не е во функција, а сега го нема и својот покрив.

На кого толку очајно му затребаа 2,3… килограми бакар не е познато, но едно е сигурно, со вакви навики едноставно сме за жалење.

Инаку, Саат кулата во Прилеп е споменик на културата.

Ако најдете ваква стоногалка дома, не ја убивајте – еве зошто!

Кога ќе забележите стоногалка во вашиот дом – провидно, прилично брзо и издолжено суштество – веројатно првата реакција ќе ви биде да вреснете и да ја згазнете. Немојте да го правите тоа! Таа е предатор, членконога, која е исклучително корисна во домот.

Стоногалката уништува многу поштетни инсекти отколку што е таа самата, како што се бубашваби, молци кои јадат книги, облека и ѕидни тапети, мравки.

Тие бараат влажни места во домот и го демнат пленот и воопшто не се двоумат да го отстранат секој инсект кој шета низ вашиот дом.

Овие стоногалки ги уништуваат останатите бубачки со помош на две работи – тие се неверојатно брзи, а притоа првите две нозе им служат како канџи со отров (не грижете се, со него можат да убијат други инсекти, но вам не можат да ви наштетат). Освен тоа, имаат многу брз метаболизам што значи дека постојано се гладни и секогаш се во потрага по нов залак.

Иако името стоногалка сугерира дека имаат сто нозе, повеќето немаат повеќе од триесет. Двете предни нозе служат како клешти за да му вбризгаат отров на пленот, но тие се премногу слаби за да продрат во човечката кожа, па не мора да се плашите.

Другите нозе им овозможуваат брзо да се движат и да ги прогонуваат инсектите, користејќи тактика на заплеткување на пленот со нозете.

Ако и покрај овие информации не сакате да имате стоногалка како цимер, фатете ја во некоја тегла и исфрлете ја надвор, и задолжително потполнете ги сите дупки во ѕидовите и во домот од каде што можат да влезат.