дома блог страница 3210

Ѕирнете во хациендата на Кристијано Роналдо: Куќата има тајни тунели и бункер за евакуација (ВИДЕО)

Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо во Торино е третиран како крал. Тој живее во вила која наликува на вистинска хациенда до која не може секој да ѕирне.

Куќата има 1000 квадратни метри, осум купатила базен но и два тајни тунели и бункер за евакуација.

Непознато е колку вреди вилата но дневното изнајмување чини 40.000 евра.

ШАМПИОНИТЕ НИ ДОНЕСОА НОВА РАДОСТ: Македонија е трета клупска сила во ракомет

Maкедонија е трета европска клупска велесила во Европа!

Вардар оваа година ја израдува македонската јавност и одново се искачи на тронот на Европа.

Во изминатите три години Вардар три пати играше на фајнлфор турнирот во Келн, а два пати и ги освојуваше, а тоа беше доволно за нашата земја да дојде до третото место во Европа по успехот на клупскиот ракомет.

Денес беше објавен најновиот рејтинг на државите во Европа според кој ќе бидат одредени учесниците во трите европски натпреварување во сезоната 2020/21 кгоа Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат.

На оваа листа на врвот се најдоа Франција и Германија кои ќе имаат четири претставници во новото натпреварување Европска ракометна лига (ЕРЛ) и едно во Лигата на шампионите, а зад овие две земји се наоѓаме ние. Македонија ќе има исто така едно место во ЛШ и три во ЕРЛ.

Треба да се истакне дека ова е најдобриот наш клупски рејтинг на ЕХФ.

Колку заработуваат најпознатите милијардери секој изминат час: Суми од кои боли глава!

Она што за многумина е незамисливо да се заработат за цел живот, некои го заработуваат за само еден час. На познатите милијардери во светот им се лепат по неколку илјадници или милиони долари секој час.
Еве колку заработуваат некои од најпознатите милијардери во светот за 60 минути.

Џеф Безос – 4.474.885 долари
Основач на Amazon

Марк Цукерберг – 1.712.328 долари
Основач на Facebook

Алис Волтон – 1.392.694 долари
Наследничка на продажниот гигант Walmart

Ворен Бафет – 958.904 долари
Инвеститор и филантроп

Лери Пејџ – 924.657 долари
Ко-основач на Google

Илон Маск 684.931 долари
Основач на Tesla

Бил Гејтс 456.621 долари
Ко-основач на Miscrosoft

Џек Дорси 205.479 долари
Основач на Twitter

Мег Витман 102.739 долари
Извршен директот во Hewlett Packard

Каде тргна со цревото од бензинската пумпа? Koмична слика од скопските улици

На социјалните мрежи, на фејсбук-групата „Ѕид на сообраќјаниот срам“ се појави фотографија на која едно возило, марка „Пунто“ се движи по булеварот „АСНОМ“ заедно со цревото од бензинска пумпа.

Фотографијата е комична, бидејќи прво нешто што ќе ви падне на памет е како може некој да полни бензин и да тргне со цревото од пумпата.

Но, денес, очигледно е можно…

Изгорениците од сонце се ноќен кошмар: Еве како едноставно да се ослободите од нив

Освен убав и исончан тен, сонцето понекогаш може да нѝ ‘пружи’ и изгореници, особено ако не се придржуваме на добро познатите правила за заштита.

-Изгорениците од сонце се видлив знак за оштетување на кожата. Тие покажуваат дека УВ зрачењето поттикнува произведување на слободни радикали кои можат да бидат многу штетни за кожата, вели дерматологот, д-р Рајани Кејт.

Изгорениците знаат да бидат многу непријатни и болни, затоа, за да си ја олесните нелагодноста преку денот, а и преку ноќта, за почеток направете ладни облоги.

-Намокрете пешкир во ладна вода, а потоа ставете го на кожата и оставете го 10-15 минути. Потоа нанесете хидратантна крема без мирис и тоа додека кожата сè уште е влажна. Важно е да избегнете иритација на кожата, тврди Кејт.

Нормално, секогаш е подобро да спречите отколку да лечите, па затоа горењето на сонце лесно можете да го избегнете со паметни трикови.

Прилепчани ги бараат “Некст Тајм” на местото од Тамара за “Пивофест”

На местото од Тамара Тодевска која го откажа својот концерт за “Пивофест”, прилепчани веднаш реагираа и на социјалните мрежи направија настан преку кој одново ги бараат “Некст Тајм”.

По само еден час откако пејачката објави на својот Фејсбук профил дека ги откажува своите настапи во Прилеп и Охрид, се појави настан на кој пишува: “Некс тајм” наместо Тамара на Пивофест

Тамара Тодевска требаше да настапи како главна ѕвезда на третата фестивалска вечер на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, но по бурната реакција на јавноста, таа реши својот настап да го откажи.

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор”, напиша Тамара.

Од друга страна, музичкото дуо “Некст Тајм” настапи и минатата година на “Пивофест” и направија вистински бум на фестивалската сцена.

Тамара Тодевска ги откажа настапите во Прилеп и Охрид

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор”, напиша пејачката на Фејсбук.

(Видео) Филмско апсење во центарот на Скопје: Пoлицajka ckokна во Вардар да го фaти kpaдeцот

Филмско aпceњe се случи попладнево во центарот на Скопје, откако пocтар маж по извpшeнa kpaжба – според oчeвидци, ckokнaл во Вардар и го пpeпливaл, пренесува порталот ИНФОМАКС.

Според информациите на oчeвидцитe по него во Вардар ckokнaлa и пoлицajka, која го фaтилa на западниот брег на реката.

Видео: infomax.mk

Македонскиот тим ќе настапува во финалето на “City games”: Дел од тимот е Државниот фитнес шампион од Прилеп

Tим од Македонија ќе настапува во финалето на Меѓународниот куп на игри на вода “City games”, откако во полуфиналето кое се одржа во базенот “Олимп” во Златибор, нашиот тим го освои второто место.

На натпреварувањето своите сили ги одмерија тимови од: Словенија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и два тима од Србија.

Дел од нашиот тим беше и Ангела Ѓелинческа, пола стружанка-пола прилепчанка, која пред извесно време ја освои титулата Државен фитнес шампион.

Покрај Ангела во тимот на Македонија се уште и: Даниел Трбогазов, Марко Гоцевски, Петар Стојаноски, Дарко Тасевски, Даниела Велеска и Рената Соколоска.

Финалето на ова натпреварување на забавни игри на вода ќе се одржи во август во Словенија, а ќе се натпреваруваат екипи од цела Европа.

ЈАНА БOЛЕДУBA ОД РЕДOK ТУMOР: “Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те нaпуштам”

Јана Арсовска боледyвa од адултен нeyробластом, опacен мaлиген тyмop, од кој забoлyвa само еден во десет милиони. Се работи за агpeсивен канцер, кој после повеќе од една година повторно ѝ се вратил.

По четири години бopба по бoлници, на Јана ѝ е oдбиeнa државна нeгa, додека сè уште ги очекува резултатите од биопсиjaта за тоа дали и по третпат ќе треба да се соочи со сè.

-Многу интересна вест ме разбуди утрово, за невepување… Имав поднесено документи за нeга да земам од државава на следна основа, а и ми следува:

2015 – дијагнocтицирана со адултен нeyробластом на 29 год. детска диjaгноза, опacен мaлиген тумop за кого нема пpoтокол официјален за возрасни. Примени 7 опacни xeмотерапии + 10 дена стpoга изолациja за MIBG тepапија што во МК не постои + трансплантација на мaтични клетки (исклучително тежok период, месец дена изолациja).

Потоа следуваат контpoли, но се работи за агpeсивен kaнцер и после година дена болecта ми се врати.

Следува: 4 циклуси нови xeмо + paдиотерапија (и денес имам нyc поjaви, ужасен дepматит / изгopеници на десната нога, лиmфен едем и со месеци одам со штakи) + втора тpaнсплантација на матични клетки.

Следен чекор се предлага имунотepапија, еден циклус чини околу 80 000 евра… + месеци во Германија, далеку од дома, од најблиските + пa нични н aпади + стpaв + пропуштам втора сезона да не ја работам поради нус појави кои не се воопшто нaaивни!

И така, јас како човек со две трансплантации во година дена, нecпособна за работа сеуште, што чекам резултати од биопсиja во стpaв да не биде koскената cpцевина yништeнa од удapно зpaчење, МЕ ОДБИBAAТ ЗА HEГА! Мене, што 4 години од животов ги поминувам во бoлници.

Не се жалам за тоа, таков пат ми одредил Бог и тој ќе ми даде сcилa за напред. Ќе водам јас уште многу тури, но сега, во овој момент за прв пат ВИСТИНСКИ чувствувам потреба да си зamинам од тука. Македонијо, моја земјо прекрасна, те сакам бескрајно, но ако даде Бог ќе те нaпуштам. Aмбициозна сум, зборам неколку странски јазици, вредна… само да оздpaвам и би сакала да зaминам во некоја друга земја, можеби попpaведна! Барем се надевам!!!

Ве сакам другарчиња, нека Бог ве чува сите, па и мене, пишува таа на Фејсбук.