дома блог страница 3204

Владиката Пимен распали во Владата

Еден од најгласните епископи на МПЦ-ОА кој беше критички настроен кон последните години на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски веќе нема трпение за скандалите, грешките и аферите на Заев и неговата влада.

Владиката Европски Пимен меѓу другото во својот пост го критикува одложувањето на планот за смени во администрацијата и фактот што Заев и неговите луѓе немаат совест.

Епископот прашува дали од државниот буџет треба да се платат советници и на сегашните над 60 советници на Заев.

“Ем не ги фаќа метла, ем не ги фаќа грижа на совест. Или пак да им платиме и на советнициве советници”, пишува владиката Пимен откако беше објавено дека руски “Пранкери” дури три пати за една година го натерале да разговара со нив, да мисли дека зборува со Столтенберг и Порошенко и да издава важни свои и туѓи државни позиции.

Сцена како од фим во Загреб: Сакале да огpaбат банка, но не забележале полицaeцoт во цивил (Видео)

Во обид за kpажба во банка во Загреб пoвpeдeни се три лица – paзбojник, полицaeц и вpaботен во обезбедувањето.

Двајцата мackиpaни paзбojници упаднале во банката со намера да ја огpaбат. Таму ги затекнал полицaeц во цивил кој ја спречил kpaжбата после што kpaдците избегале. Тој испукал kуpшум во воздух, па успеал да стигне и совлада еден од paзбojниците.

Другиот paзбojник и понатаму е во бeгcтвo и е вoopужен. По него тpaгaaт сите pacположиви полициckи сили. Наводно избегал кон шума.

Неколку граѓани му помогнале на полицaeцoт да го задржи paзбojникот на земја.

Повpeден е и еден работник од обезбедувањето, а него еден од paзбojниците со дршка од пиштол го удpил по глава.

Миле Паника: “Ни ја земаа работата, ќе си поднесам оставка”

Хумористот Бранко Огњановски, или познат како Миле Паника, како и творец на хумористичното шоу “Фчерашни Новости”, веројатно предизвикан од најновите настани со телефонскиот разговор на двајцата руски комичари со премиерот Зоран Заев, на својот Фејсбук профил напиша:

“Ни ја земаа работата. Ќе си поднесам оставка”.

Мажите со оваа крвна група ce докажано најдобри љубовни партнери

Тие уживаат во сѐ што прават додека се во кревет и можат да водат љубов со часови. Станува збор за крвната група 0 кои ги бие глас како великодушни сексуални партнери на кои многу им е важно и другата страна да ужива.

Понекогаш себе си ќе си го скратат своето задоволство само за другата страна да ужива уште повеќе.

Инаку, групата 0 не е само најчеста крвна група помеѓу човековата популација, туку докажано е и најстарата-експерите и историчарите истакнуваат дека луѓето со таа крвна група всушност биле првите луѓе на светот.

Поради тоа често тежнеат за моќ, па остварувањето на зададената задача нема да ги задоволи на долг период, секогаш ќе бидат во трка со времето и си задаваат себе си сѐ повеќе амбициозни цели, бидејќи во спротивно би им било досадно. А, оној цел кој ќе си го постават често и ќе го остварат.

Луѓето со крвна група 0 по природа се оптимисти, одговорни и совесни. Сепак, тие имаат свои слаби точки, а тоа се стрес и досада. Тоа ги убива и во поим и понекогаш поттикнува деструктивно однесување.

Мажите со крвни група А,Б и АБ имаат четири пати поголеми шанси да страдаат од еректилна дисфункција во некој период од својот живот.

Велат дека мажите со група 0 се вистински среќници, бидејќи кај нив шансите се најмали да ги остават жените разочарани после секс.

Носталгија за едно време: Не постоело маало во Прилеп каде не се играл фудбал на мали голчиња, денеска терените се празни

Фудбалот за почетници и рекреативци спласнува

– Некогаш имало кавги за кој да игра, сега терените се празни

Во еден телевизиски настап кралот на фудбалот, Пеле, има препорачано: За децата до околу 12-13-годишна возсраст фудбалот треба да биде чисто детски, забавен, како и сите други детски игри, а дури потоа да има вклучување во клуб. Кај нас тој чисто детски, забавен фудбал одамна е познат како фудбал на мали голчиња.

Речиси немаше машко дете кое немаше одиграно барем еднаш на мали голчиња. Се играше насекаде и на безбедни и на небезбедни места, насред улица. Затоа во официјална употреба е терминот уличен фудбал.

За значењето побаравме мислење од Златко Петрески, професор по физичко и тренер во Победа.

-Уличен фудбал – така модерно го нарекуваат и преку УЕФА, на семинарите што ги посетуваме. ФФМ преку УЕФА ја протежира играта на мали голчиња, што е како основа за оформување на еден фудбалер, оти излегуваат таленти. Таму може да се видат и техника, и тактика и надареност, фудбалска интелигенција… Се гледа индивидуалната техника на децата, а околу тактичките работи. Деца си прават тактика: Ти оди поназад, јас понапред, тој лево – јас десно и слично. Несвесно тоа го работат децата внатре, каде обично се игра со минимум играчи 4 на 4 или 3 на 3. Има многу контакти со топка. Секој мора да ја развива фудбалската интелигенција, да знае што сака со топката, потоа да ја развива колективната игра и тн. Сето тоа несвесно, ама продуктивно да израснува во некој добар играч. Тоа е база. Не мора да гарантира успех ако го однесеш детето од 6 или 8 години во тренажен процес. Затоа што на времето имало играчи од светски калибар, како Дејан Савичевиќ, дури на 15 години почнал да тренира фудбал, па израснал во светска величина – вели Петрески.

Наизглед забава, игра, но уличниот фудбал се смета за најзначаен во запознавањето на децата со фудбалската игра. Се смета дека доколку некаде се негува уличен фудбал, има повеќе веројатност да излезат добри играчи. Така било низ градов пред децении. Се играло на сите ширинки меѓу зградите, на покуси и непрометни улици, на ливади. Се играло и во лето, во најжешкото и во зима, во најстуденото.

Желбата била огромна и ништо не можело да ја попречи. Ако наврнел снег, бргу се чистел, а ако имало премногу, се играло и на снегот. Ако имало вирови од дожд, со метли се туркала водата и играта почнувала. Така било кај Зоолошката, зад зградата од Шумското стопанство, крај Градскиот базен, кај Старите гробишта, низ училиштата…

Головите почесто биле со камчиња, поретко со прачки и летви. Имало толкава масовност што не само деца, ами и младинци и повозрасни не можеле да ја исполнат желбата да играат оти тешко можело да се начека слободно игралиште. А сега? Ретко да се видат мали голчиња. Во исчезнување е уличниот фудбал.

-Глобализацијата на општетството, навлегувањето на компјутерски и информатички технологии ги оддалечија децата од фудбалот, од спортот… Сé помалку дечиња играат каква било игра, не мора да е тоа фудбал. Веќе се подзаборавени: народна, џамија, мижитатара. Процесот е незапирлив. Некои родители ги запишуваат децата во спортски клуб да ги оттргнат од компјутер, за правилен психофизички развој. Добро е тоа, ако не е насила. Моите ќерки сами пројавија интерес за одбојка. Мило ми е. Но, за жал, модерново време го носи своето. Ретко се случува, одејќи по улица да начекаме дечиња што играат фудбал. Децата се во затворен простор. Ги нема надвор. Родителите знаат по децата. Им велиме: Не оди таму, ќе настиниш, ќе се наводениш. Како што се разликувавме ние од дедовците, бабите и од родителите, така и нашите деца се различни од нас. Сите влегуваме во таа ,,машинерија,, – смета Петрески.

Фудбалот на мали голчиња не беше забава само за децата, ами го играа и младинци, возрасни, категории кои сакаа да го практикуваат овој спорт за рекреација. Поединци не се откажат од играње дури до пензионерските денови.

Овој фудбал е маслки. Се игра со помалку напор и трчање. Не е нужна којзнае каква опрема, освен патики. Се собирале друштва на исто место по два-три пати во неделата. Така со децении.

Прочуени во минатото беа варошаните, кои први организираа турнир на мали голчиња, наречен турнир во мини-фудбал ,,29 Ноември,,, по повод некогашниот југословенски празник.

Почнал во 1981 година. Траел додека се празнувало, пред распадот на Југославија. Зачуван е записник од 1989 година, кога учествувале 12 екипи, од кои спомнати се: Баксузи, Ило Попадинец, Вишне, Ѕвекачи, Партали, Стари другари. Победникот Вишне (Р. Петрески, Зл. Игески, Зо. Игески, Т. Стојаноски со тренер Д. Игески) добил награда од 900 илјади динари. За овие настани сведок е Пеце Николоски – Пепио, познат во јавноста како поет.

– Турнирите се правеа со екипи по тројца, а четвртиот резерва. Се пријавуваа од цел град. Организатори беа од Месната заедница Варош. Игралиштето беше на местото Панаѓуриште.

Беа поставени мали голчиња со мрежи. За најдобрите се даваа парични награди. Сега на местото има детски игри, нишалки. Се одржуваат и театарски претстави на отворено.

Нема веќе фудбал на мали голчиња. Децата ретко се дружат, а камоли да играат. Пред компјутер се цело време. Помладиве не играат на мали голчиња.

Еднаш видов дечиња како ја удираа топката во близина на Домот. Ама не страсно, како што игравме. Тоа беше забава. Друго немавме. Убаво беше дружењето. Сега нема ништо. Уште ги чувам стативите на таван. Мака ми е што ги гледам. Потсетуваат на убавото време.

Си викав дека некој од децава ќе посакаат да играат, ама нема. Жално е, мачно, што ги натераш ни скокалиња на играат, ни другите игри како челик, долга магарица… Не знаат ништо.

Пишувам песни, но не сум пишувал за малите голчиња. Немам инспирација. Потребно е навраќање. И ако се случи, којзнае како ќе биде сфатено. Не сум сигурен дали ќе биде прифатено. Нови генерации, ново време – потенцира Николоски.

Едно од ретките игралишта, наменето за фудбал на мали голчиња е тоа кај населбата ,,Типски куќи,,. Долго 30 м., широко 15 м., заградено со метална мрежа, обележано, ги има истите голчиња поставени пред 23 години.

Широки се 150, високи 75 см. Одржани се два турнира, организирани од екипата Вишне, од Љ. Јорданоски – Црнио, Т. Кондоски и Б. Василески. На првиот турнир во конкуренција на 28 тима, на финалето на 8 септември 1995 победи екипата Ветерани (Т. Ѓорѓиоски, Љ. Андреевски, О. Богески, Г. Спиркоски, О. Цаневски) со 2-0 против Фаворити.

Следеа 500 гледачи. На вториот турнир меѓу 39 екипи, на финалето на 29 јуни 1996 г., екипата Сокара Бони (З. Илиоски, С. Глигороски, Г. Талески, П. Илиоски, Д. Донески, Р. Белчески) на пенали 3-2 (0-0) го совлада Вишне.

-Такви времиња нема да се повторат. Начекавме таква привилегија. Имавме среќа да се дружиме низ такви игри. Сега, скоро кога откажавме. Никој повеќе не организира. Новиве генерации едноставно не можат да се соберат. По два-тројца се. Ние се собиравме по 30 души. Беа убави времиња. Среќни денови. Со душа чекав да дојди среда или сабота, да играме. Од работа брзав на игралиштето. Се спремав со патики, тренерки… Со службената кола често одев до Скопје и гледав што побргу да се вратам да стигнам. На планина одев со група планинари и не го пропуштав фудбалот на мали голчиња. И со велосипед возев до Слива и пак навреме се враќав и без одмор играв. Во крвта ми беше, од фудбалот не можев да откажам. А и луѓето го сакаа многу фудбалот, се дружеа. Многу мерак имавме, нон-стоп игравме и не можеше никој да нé победи. Од цел град идеа кај Типските. Стекнав многу пријатели со кои до ден-денес сме неразделни. Сега нема никој на игралиштето. Празно е – рече Љупче Јорданоски – Црнио.

Турнир и во ДТВ

Имаше мали голчиња и во неколку училишни сали, како и во ДТВ Партизан. Таму есента 1995 година е одржан турнир во мини-фудбал, прв во затворен простор. Се одигра и ревијален меч на кој, покрај другите настапи младиот репрезентативец Сашо Крстев.

Сепак, традицијата не продолжи. Салата е првенствено за гимнастика и тука има разни справи, така што постои ризик од оштетување. Од овие причини наредните години немаше турнир во мини-фудбал.

Има само уличен баскет

Поранешниот уличен фудбал го снемува. Но уште постои уличен баскет. Баскетот на еден кош добива поголеми размери. Се игра на високо ниво. Спортските ТВ вршат преноси од разни турнири и првенства.

Дури има и Светско првенство во оваа дисциплина. На годинашното првак стана Србија, пред Холандија и Словенија.

Извор: “Неделник Зенит”

Здравески: “Дали opганизиpaн kpиминал се кpие зад “Пивофест”, за кој би одговapaлe Јованоски и Талески?” (ВИДЕО)

Во општината предводена од Илија Јованоски и Миле Талески не се знае кој јаде и кој пие. Организацијата на овогодишното издание на “Пивофест” е уште еден во низата скандали за кои токму Јованоски и Талески се први повикани да дадат одговори пред граѓаните – истакна на денешната прес конференција Виктор Здравески, Советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Ако досега за избор на организатор на фестивалот се носеше одлука на совет, сега градоначалникот си направи комисија по свој терк и без никаква транспарентност си избра агенција, која ќе добие средства во вистина од 2,5 милиони денари граѓански пари.

Ги прашуваме властите:

Како и на кој начин е направен изборот на членови во оваа комисија?

Кои беа критериумите за избор на актуелниот организатор и дали зад сцена се крие организиран криминал за кој би одговарале Јованоски и Талески?

Дали е вистина дека градоначалникот уште од февруари месец преговарал за организирање на фестивалот со менаџер од Србија и дека предвреме било познато која агенција ќе го организира “Пивофест”?

Значи ли нешто за градоначалникот името Добривоје Марински?

Ќе одговори ли Јованоски на прашањето дека за истите пари можел да доведи светска агенција, со врвни изведувачи и фестивалска сцена рамна на светски спектакл?

Вистина ли е дека поради нивната несериозност и гледањето на личните интереси ја пропуштиле можноста фестивалот да ја врати старата слава и сјај?

Почитувани,

Луѓето како Јованоски и Талески кои со години го критикуваа фестивалот во Прилеп, со ваквите постапки и токму сега од него прават вистински паѓур.

До каде ќе оди лудилото на уништување на сопствениот град и препознатливите брендови, останува да видиме во преостаните 2 години од нивниот мандат, што за среќа ќе бидат последни”.

Претпладнево сонце, а попладне подгответе се за голема промена

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Под влијание на влажна, посвежа и нестабилна воздушна маса во среда времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) во форма на невреме со појава на град и силен ветер. Заради северниот ветер ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени.

Прилепчанка ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2019

Мила Москов, ученичка во основното училиште „Кочо Рацин“ од Прилеп ќе ја претставува Македонија на 17. Јуниорски евросонг 2019 кој ќе се одржи на 24 ноември во Гливице, Полска.

Аудицијата во Македонската радио-телевизија се одржала во саботата. Мила Москов комисијата едногласно ја избрала оценувајќи дека има најдобар настап, од вкупно 18 кандидати.

– Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде влегува во финале со што се зголемува интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп, на настава кај професорот по соло пеење Денис Димоски. Таа година учествува на фестивалот „Мелфест“ како дебитант и ги собра симпатиите на публиката. Мила учествува и на хуманитарни манифестации и заедно со детскиот хор „Мали ангели“ пее на неколку концерти за помош на децата со посебни потреби, наведува МРТ.

“Дали Општина Прилеп набави 4 “стелтови” за 1.000.000 евра!?”

Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП) под чија надлежност е јавниот градски превоз во Прилеп, потпиша договор за набавка на 4 нископодни автобуси на матан во вредност од безмалку 1 милион евра.

Договорот за набавка е склучен минатиот месец, а тендерот го доби фирма од Скопје.

Точната вредност на договорот е 60.000.168 денари, или 975.612 евра. Фирмата која ќе ја изврши испораката има за обврска за гаранција во траење од 24 месеци, како и да обезбеди резервни делови и обука за користење на втобусите во тој период.

Набавката на овие автобуси беше најавувана уште во октомври минатата година, а повторно на прес конференција беше исткната во март оваа година, кога Јавниот градски превоз во Прилеп почна да се соочува со големи проблеми.

Автобусите редовно доцнат, а превозот на патници се извршува само со 3 автобуси.

Јавниот градски превоз во Прилеп за прв пат започна со работа во 2014 година на општо задоволство на сите граѓани и се одвиваше во 3 линии.

Намерата тогаш беше да се навават дополнителни автобуси за меѓуградски превоз до поголемите населени места, како и електрични автобуси за градски сообраќај.

Влада: На сите мигранти ќе им се обезбеди лична документација за да добијат права како другите граѓани на нашата земја

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја, Моника Сандри.

На средбата, соопшти владината прес-служба, позитивно е оценета досегашната соработка на УНХЦР и Република Северна Македонија и во таа насока се разговараше за тековните програми на Канцеларијата на УНХЦР во земјата и во светот, како и потребата за продлабочување на солидарноста на државите во решавањето на прашањата поврзани со бегалците.

Претставничката на УНХЦР го претстави Глобалниот договор за бегалци и го најави Глобалниот форум за бегалци кој ќе се одржи во декември 2019 година во Женева. Притоа, ја покани државата да даде свој придонес во областите на социјална инклузија на бегалците и искоренување на бездржавјанството.

Се разговараше, стои во соопштението, и околу можното пристапување на Република Северна Македонија кон Конвенцијата на Организацијата на обединетите нации (ООН) од 1961 година за намалување на бездржавјанството, како и за бројот на лица кои би биле опфатени со оваа ратификација и други импликации и натамошна координација.

Сандри посочи дека преземајќи ги овие чекори, Северна Македонија може да стане пример за регионот и пошироко.

На средбата, беше заклучено дека соработката меѓу Северна Македонија и УНХЦР ќе продолжи со цел да се најдат најсоодветни решенија за институционално-правната рамка за евидентирање на сите лица, на кои треба да им се обезбеди основната лична документација за да се стекнат со правен статус, кој потоа ќе им ги обезбеди сите права што ги имаат и сите други граѓани на нашата земја.

На средбата се разменети мислења за состојбата со бегалците и мигрантите во Регионот и пошироко.