дома блог страница 3205

Легендата чиј дух никогаш не умира: Историјата на некогаш најзастапениот автомобил во Прилеп(ФОТО)

Пред 40-тина години, било привилегија да се поседува возило. А, изборот се сведувал на автомобилите од фабриката Застава – Фиќо, Стоеден или Југо.

Се најдувало и некое Рено 4, Лада и Фијат 1300, изработени по лиценца во Југославија.

Со сигурност најзастапено и најефтино било Фиќото. Моторот назад, резервоарот напред, резервна гума, сосема мал простор за багаж се карактеристиките на ова “работно магаре” на четири тркала.

Внатре место за возач, совозач и двајца патници стегнати како сардини во конзерва. Можеби задниот дел беше покомотен за две деца до 10 години.

Со наједноставна инструмент табла и копчиња за долго и средно светло, ги задоволувало минималните услови за сообраќај.

Неретко сопствениците купувале надворешни ретровизори, зашто фабрички немало. Едноставното возило било “измислено” за автошкола. Сиот возен парк на АМД тогаш бил од фиќовци.

За полагање на возачки испит имало полигон зад Синдикатот, а страв в коски влевало стрмоглавото место на Варош, природно направено за тестот со рачната кочница.

Безброј стари возачи ја добиле возачката дозвола преку ригорозното тестирање со Фиќо.

Фиќото “носеше” до Охрид, Скопје, до Претор. Похрабрите патуваа и до Грција и Бугарија. Оптимистите и до Белград и подалеку. Не ретко Фиќото беше арно и за до нивите со тутун. Тргаше приколка со два – три коша со тутун.

Од Крагуевац сега излегуваат модерни Фиќа од Фиат. Вредат минумум 15 илјади евра. Се пласираат дури и во Америка.

Таткото премиер, синот го наследи, внукот градоначалник, сестрата министер: Ова е фамилијата на Мицотакис, новиот премиер на Грција (ФОТО)

51-годишниот Кирјакос Мицотакис е новиот премиер на Грција. Тој ја продолжува семејната лоза на фамилијата Мицотакис, која, кога е во прашање политиката, е главна во Грција речиси 50 години.

Семејството Мицотакис важи за едно од трите најмоќни политички семејства во Грција
Кирајкос е син Константинос Мицотакис, кој беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година и кој всушност го почна спорот за името со Македонија. Тој е потомок на познатиот Елефтериос Венизелос.

Ќерка на Констатинос, односно сестра на сегашниот премиер е Дора Бакојани. Таа е добро позната на македонската јавност бидејќи беше на чело на грчката дипломатија од 2006 до 2009 година. Во нејзино време се случи и блокадата на Грција за наше членство во НАТО на самитот во Букурешт во 2008 година.

Нивното владение во Нова Демократија го продолжи Костас Бакојани, син на Дора, кој на последните локлани избори стана градоначалник на Атина.

Извор: “Pressingtv.mk”

Екс вардарецот Илија Абутовиќ на својата свадба ја пееше македонската песна „Ја излези Ѓурго“ (ВИДЕО)

Ракометарот Илија Абутовиќ вчера стапи во брак со неговата долгогодишна девојка Сања Стојчевска, сега Абутовиќ.

Свадбата била весела, а гостите ги забавувал пејачот Јоце Панов.

Но, за микрофон се фати и младоженецот.

Илија ја запеа прекрасната македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“.

Како звучеше тоа, погледнете ТУКА

“Еве кои НВО добијаа пари од Општината: Има ли огромно незадоволство од оваа распределба!?”

Советниците на општина Прилеп на денешната 29 седница на Советот донесоа Одлука за доделување на средства на здруженија на граѓани и спортски клубови.

Еве кои невладини организации и спортски клубови ќе добијат средства од општината и колку ќе изнесува секоја помош.

Табалата можете да ја симнете на линкот во продолжение:

Zapisnik KFB sportski i nevladini

Традицијата продолжува и оваа година: Храмот Св. Петар и Павле во населбата Варош и оваа година широко ќе ги отвори портите за верниците

Црквата “Св. Петар и Павле” во најстарата прилепска населба “Варош” во петок на големиот христијански празник Петровден, широко ќе ги отвори портите за верниците.

Вечерната литургија е во четврток (11.07.) и започнува во 18:00 часот, а утрото на 12.07. денската литургија ќе започне во 07:00 часот.

Празникот посветен на Светите апостоли Петар и Павле традиционално секоја година се празнува во истоимениот храм во “Варош”, a и оваа година се очекуваат голем број посетители.

На Петровден завршуваат и петровденските пости, но бидејќи празникот се паѓа во петок се пости и на овој ден.

Верниците кои ги држеа овие пости, ќе можат да јадат мрсна храна од сабота.

(Видео) “Се појави Миле Талески, но ништо не кажа за мовчето од 500.000 евра, автобусите за 1.000.000 евра, непотизмот, “злocтopничкото здружение” и двојазичноста?”

Прилепските советници денеска ја одржаа 29.Седница на општинскиот Совет, на која ја усвоија Програмата за субвенционирање на месечните трошоци за вода на социјално ранливите категории на граѓани за 2019 година.

Исто така, советниците ја усвоија Програмата за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, донесоа Одлука за доделување на средства на здруженија на граѓани и спортски клубови, формираа Локален совет за превенција и го усвоија и Проектот за поддршка на Регионалната занаетчиска комора – Прилеп.


„Донесовме Одлука со која Општина Прилеп ќе субвенционира 5 метри кубни од сметките за вода, мерка со која наместо досегашните 300, ќе бидат опфатени над 1.000 семејства приматели на постојана парична помош. Исто така, со оглед на тоа што Занаетчиската комора од 2001 година па наваму се соочува со финансиски проблеми, Советот донесе Одлука за прифаќање на нивниот проект за регулирање на дел од обврските кои комората ги има кон Фондот за ПИОМ. Донесовме Одлука за уредување на градежното земјиште на подрачјето од населеното место Волково до населеното место Прилепец, а на денешната седница ја изгласавме и Одлуката за распределба на средства на здруженијата на граѓани и спортски клубови, по распишаниот Јавен повик. Советот на општина Прилеп го формираше и Локалниот совет за превенција, со кој ќе претседава градоначалникот на општина Прилеп“
, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на општина Прилеп.

Талески пред медиумите сеуште ништо не истакнува околу топ темите деновиве во градот, а тоа се: реконструкцијата на мовчето на улицата “Трајко Николоски” во вредност од неверојатни 500.000 евра, набавката на 4 автобуси за јавниот градски превоз во вредност од еден милион евра, како и непотизмот кој владее во јавните и државните институции, но и за споменатото од виден член на СДСМ “злосторничко здружение”, кое според него парче правело со градот и партијата.

Внимавајте оваа лажна апликација на “Самсунг” измами милиони корисници

Милиони корисници ја инспалираа лажната апликација на „Самсунг“ која ја најдоа на „плеј стор“.

Updates for Samsung – Android Update Versions ја превзеле повеќе од 10 милиони корисници ширум светот, но наместо апдејт, на телефоните била инсталирана апликација која ги пренасочува корисниците кон интернет страница на која се бара наплаќање за преземањето на софтверот.

Да потсетиме, произведувачите на паметни телефони бесплатно ги ажурираат оперативните системи на своите корисници, па затоа не е јасно како е можно толкав број на луѓе да ја инсталираат оваа апликација.

Од „гугл“ во меѓувреме реагираа и ја отстранија апликацијата од „плеј стор“ , но не се знае колкав број на корисници наседнале на измамата и ви напишале своите лични податоци и податоците од својата картичка за „да го добијат новиот софтвер“.

Поради ваквите случаи, безбедносните експерти ги предупредуваат корисниците неколку пати да проверат кој ја поставил апликацијата на Play Store, да ги прочитаат коментарите, или да побараат на интернет повеќе информации околу апликацијата.

Има освоено еден грст награди, а утре ќе настапи пред прилепската публика

ФОТО/Маја Аргакијева

Утре (09.07.2019) со почеток од 20:00 часот, во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, солистички концерт на виолина ќе одржи младиот виолинист Леонардо Димоски.

Биографија:

Леонардо Димоски роден е 2004 год. во Битола. Музичкото образование го започнувa на 6 годишна возраст во Прилеп во ООМУ “Ордан Михајлоски Оцка”, во класата на проф. Оливера Гемту и ментор проф. Ванчо Стоилков. Oд јануари 2017 год. е под менторство на м-р проф. Сихана Бадивуку, во класата на проф. Љупчо Трајаноски. Учесник и добитник е на бројни награди на државни и меѓународни натпревари :

Учествувал на ” Виолин Фест” – Скопје, во 2016 и 2017 год., учесник е на Третата меѓународна конференција “Образование преку граници” – Битола, учесник е и на Новогодишните хуманитарни концерти на Педагошкиот факултет во Битола.

Посетувал семинар по виолина кај доц. м-р Михаило Куфојанакис, проф.Paul Rochek( Austria ), Тedi Papavrami (Geneva) и м –р Владимир Марковиќ.

Прв самостоен солистички рецитал – март 2017 год. во Прилеп.

Концерт со Македонска Филхармонија во Скопје – мај 2019 год.

(ФОТО) Жителите на прилепското село Чумово се кpeнаа на бунт пpoтив Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски

Жителите на прилепското село Чумово денеска требаше да добијат тамониран пат и да им се олесне движењето до градот.

Според нив од утрово дошле машини кои поставувале тампон по патот, но слојот бил минимален, па мештаните велат дека првиот дожд би го однесол.

Покрај тоа за тампонирање на целиот пат недостасувале уште 2-3 камиони со тампон, материјал кој требало да го одобри градоначалникот Илија Јованоски.

Откако биле известени дека нема да добијат целосно тампонирање, жителите со трактори и друга земјоделска механизација го блокирале патот и на тој начин го изразиле своето незадоволство кон општината.

Тие додаваат и дека со свои средства купиле цевки кои барале да бидат поставени, но од фирмата изведувач биле известени дека тоа нема да се случи сега.

Велат дека нема да дозволат да се изведуваат работите додека општината не им излезе во пресрет и целосно и квалитетно да го тампонира патот.

Го наследи талентот на својата мајка: Малата Мелани Тарчуловска ја запеа “Македонско девојче” во Турција пред 3.000 публика (ВИДЕО)

Малата Мелани Тарчуловска, инаку ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, очигледно го има наследено талентот за пеење од својата мајка.

Мелани во Анталија, Турција, на караоке музички настан, пред околу 2-3.000 публика ја запеа “Македонско девојче” и кажа дека доаѓа од Македонија, а потоа доби силен аплауз.

На настанот млади изведувачи пееле песни од светски познати пејачи, но нашета Мелани се одлучила да ја испее најпознатата македонска песна.

Мелани од оваа година е ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“, а нејзината желба е да стане естраден пејач.