дома блог страница 3203

Аца Лукас ја покажа новата девојка: Од незе боли глава (ФОТО)

Еден од најпознатите српски пејачи Аца Лукас овие денови е во центарот на вниманието откако ја покажа својата нова девојка која привлече особено внимание во јавноста.

Станува збор за неговата нова девојка по име Јована со која се појави на промоцијата на новиот спот на пејачката Маја Беровиќ.

Парот цело време се држеше за рака и изгледаше среќно пред многубројните луѓе, а особено привлекоа внимание откако започнаа да се бакнуваат.

Фановите на гoлeмо кoментираат дека пејачот има вистинска бoмбa покрај себе која е сeксапилна до болкa.

Брза диета со домати – за оние кои немаат многу време пред одмор

Свеж, готвен или цеден, доматот е одлична намирница која покрај останатото, може да ви помогне и да се ослободите од вишокот килограми. Имено, оваа диета е строга затоа што со секој оброк треба да консумирате домати, и тоа во поголемо количество од вообичаено.

Можете да јадете свежи и готвени домати (пире и сок). Причината е тоа што свежиот домат е богат со витамин Ц кој најчесто исчезнува при термичката обработка.

Но, готвените домати содржат состојки кои се одлични во борбата против слободните радикали. Па доколку сакате за краток период да намалите некој килограм, пробајте ја оваа одлична диета.

Прв ден
Појадок:

3 парчиња двопек од црн леб со маргарин и лажичка мед;
Чај или кафе без шеќер.

Ручек:

Голема салата со домати и сирење
Состојки и начин на подготовка: 150 грама немасно дробено сирење, 350 грама свеж домат, 1 лажица маслиново масло, 1/2 лажичка зачин по вкус (босилек или оригано).

Добро измешајте ги состојките. Пред консумирање, оставете ја салатата 15-тина минути во фрижидер.

Ужина:

1 нектарина или јаболко

Вечера:

Тестенини во сос од домати
Состојки и начин на подготовка: Исечете и пропржете два моркови на малку маслиново масло. Додајте 50 милилитри сок од домати и пржете уште 5 минути.

Додајте 400 грама ситно исечкан домат, додајте сол, бибер и една лажичка павлака. Гответе 10-тина минути на тивок оган. Сосот ставете го на свежо подготвени тестенини. Количината суви тестенини е 60 грама.

Втор ден
Појадок

Измешајте 200 грама полумасен јогурт со лажица мед и додајте две лажици овесни снегулки.

Ручек

Грчка салата
Состојки и начин на подготовка: Исечете го кромидот на парчиња, додајте два домати и краставица исечени на поголеми парчиња, две лажички лимонов сок, лажичка маслиново масло, сол, бибер, малку мајчина душица и 2-3 црни маслинки. Добро помешајте ги состојките и оставете ја салатата да отстои 10-тина минути.

Ужина

Парче овошје или шолја кафе со 2-3 интегрални кекси

Вечера

Супа од домати со ослич и ориз
Состојки и начин на подготовка: Пропржете две главици кромид на малку масло. Додајте два големи домати исечени на парчиња и 2,5 децилитри супа од зеленчук.

Гответе на тивок оган околу 10 минути. Процедете ја смесата и додајте бибер, малку шеќер, 125 грама ориз и печено филе од ослич. Украсете со лажичка кисела павлака.

Трет ден
Појадок

Интегрално печиво со две лажици полумасно сирење и печиво со мед
Состојки и начин на подготовка: На едната половина од печивото ставете сирење, парче домат и исечкан млад кромид, а другата половина премачкајте ја со мед.

Ручек
Тортилја полнета со домати и печурки
Состојки и начин на подготовка: Исечкајте 300 грама домати и 100 грама печурки на поголеми парчиња. Измешајте 2 јајца, 4 лажици минерална вода, сол и бибер.

Печурките и доматот ставете ги на загреана тава со малку масло, потоа ставете ги јајцата и гответе на тивок оган. Сервирајте го оброкот топол или ладен на две интегрални тортилји.

Ужина

Два моркова исечени на половина и завиткани со 30 грама мисиркина шунка.
1 dl сок од домати
Вечера

Месо со домати
Состојки и начин на подготовка: Испечете 125 грама говедски шницли во сад без масло и зачинете по вкус. Пропржете половина главица кромид на малку маслиново масло.

Додајте 400 грама домат исечен на коцки и малку мајчина душица и пржете на тивок оган неколку минути. Комплетирајте го оброкот со двопек од интегрален леб.

Четврти ден
Појадок

Две парчиња двопек намачкани со една лажица крем сирење и едно парче шунка
2 dl свеж сок од домати

Ручек

Ладна гаспачо супа
Состојки и начин на подготовка: Измешајте 500 грама готвен домат, пиперка и поголема краставица и додајте лажица маслиново масло, кромид и две издробени парчиња двопек. Додајте сол и бибер и изладете пред сервирање.

Ужина

Парче леб со сусам, парче чадено мисиркино месо и домат исечен на дебели парчиња.

Вечера

Ориз со домати
Состојки и начин на подготовка: Исечете го врвот на два домати, издлабете ги и ставете ги во огноотпорен сад. Смесата за полнење направете ја од 50 грама полумасно сирење и 125 грама готвен ориз, малку босилек, домат исечен на коцки и кромид.

Наполнете ги доматите, посипете ги со сирење и печете 15 минути во загреана рерна.

Петти ден
Појадок

2 dl сок од домат (готвен)
2 парчиња двопек со тенок слој топено сирење и парчиња домати

Ручек

Италијанска салата
Состојки и начин на подготовка: Исечете парче леб на коцки, додајте 400 грама домати и малку зелена салата. Прелијте со две лажици маслиново масло и оцет и додајте сол и бибер.

Ужина

Исечете киви и јаболка на коцки и измешајте ги со неколку капки мед. Додајте неколку листови свежо нане.

Вечера

„Рататуи“

Состојки и начин на подготовка: Исечете 200 грама компири на коцки, 4 моркови, 2 парчиња праз, 100 грама печурки и 3 стапчиња целер. Исечкајте две главици кромид и две чешниња лук, загрејте две мали лажички масло и додајте ги зеленчукот и компирот. Додајте сол и бибер и малку оригано.

Додајте 100 милилитри супа од зеленчук и гответе ја смесата 10-тина минути. Додајте една шолја готвен домат и гответе на тивок оган 15 минути.

Дополнителни совети
Доколку почувствувате глад помеѓу оброците, слободно консумирајте 2 децилитри сок од домати (свеж или готвен).
Постојат наоди кои покажуваат дека сокот од домати дополнително ги согорува масните наслаги ако во него додадете прстофат бибер.

Овие совети треба да ги знаат сите трудници, за да се справат со пеколните температури надвор

Летото е во полн ек. Високите температури на многумина им создаваат потешкотии во нормалното функционирање, а посебно на трудниците.

Стручните лица советуваат идните мајки секогаш со себе да си носат шише вода во која претходно исцедиле малку лимон и додале шеќер.

Отоците на нозете и рацете, најчесто во последните недели од бременоста, во лето е повеќе изразена. Треба да се избегнува долго стоење и носење тесна облека, а важен е и одморот. Седењето треба да биде со подигнати нозе.

Ако го користите јавниот превоз, замолете некој да ви го отстапи местото.

Во топлите летни денови на трудниците им се препорачува пливање и капење бидејќи водата го опушта телото, а во неа можете да вежбате и техники на дишење.

Водата на повеќе начини ќе ви помогне во борбата со летните температури, кои посебно тешко им паѓаат на трудниците. Ако имате нормална бременост, нема причина да не се освежите на море, река, чист базен..

Додека чекате да се остварите во најубавата и најважна улога во животот, времето до пораѓајот искористете го за опуштање и одмор.

Борисов му се зakaни на српскиот министер Дачиќ: “Сега ќе види тој”

Каде беше Дачиќ да се заблагодари кога наши воени единици заедно вежбаа. А, сега чул, не дочул, неговиот премиер седи до мене кога зборував, и вчера си дозволува да ми го повикува амбасадорот и да ми каже дека однесувањето ми било неприфатливо, изјави за бугарските медиуми присутни на состанокот посветен на соработката на земјите од Југоисточна Европа во Сараево, премиерот Бојко Борисов.

Видно лут тој додаде:

-Тој сега ќе види што е неприфатливо однесување. Тој сега ќе види. Јас погледот не го менувам. До вчера говорев со најдобри зборови, но сега додека не ми рече извини Бојко, едноставно не ме интересира што ќе речат ни Вучиќ, ни Ана. Таа беше до мене и го оставија да си поигрува. Добро, штом процениле.

“Молк од Талески и градоначалникот, по изнесените сомнежи од Здравески за opганизиpaн kpиминал со opгaнизациjaта на Пивофест?”

Нема реакција од градоначалникот Илија Јованоски и Претседателот на Совет, Миле Талески, после денешната прес конференција на советникот Виктор Здравески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во прес конференцијата Здравески ги праша властите дали зад организацијата на овогодинешниот “Пивофест” се крие организиран криминал, со оглед дека целата работа за избор на организатор се криеше од очите на јавноста. Oд општина Прилеп обично излегуваат со куси деманти на пресовите од ВМРО-ДПМНЕ, но денеска таков демант изостана.

Прес конференцијата уште еднаш ја пренесуваме во целост:

“Во општината предводена од Илија Јованоски и Миле Талески не се знае кој јаде и кој пие, но кога нивните лични интереси се во прашање, и тоа како знаат што прават.

Организацијата на овогодишното издание на “Пивофест” е уште еден во низата скандали за кои токму Јованоски и Талески се први повикани да дадат одговори пред граѓаните.

Ако досега за избор на организатор на фестивалот се носеше одлука на совет, сега градоначалникот си направи комисија по свој терк и без никаква транспарентност си избра агенција, која ќе добие средства во вистина од 2,5 милиони денари граѓански пари.

Ги прашуваме властите:

Како и на кој начин е направен изборот на членови во оваа комисија?

Кои беа критериумите за избор на актуелниот организатор и дали зад сцена се крие организиран криминал за кој би одговарале Јованоски и Талески?

Дали е вистина дека градоначалникот уште од февруари месец преговарал за организирање на фестивалот со менаџер од Србија и дека предвреме било познато која агенција ќе го организира “Пивофест”?

Значи ли нешто за градоначалникот името Добривоје Марински?

Ќе одговори ли Јованоски на прашањето дека за истите пари можел да доведи светска агенција, со врвни изведувачи и фестивалска сцена рамна на светски спектакл?

Вистина ли е дека поради нивната несериозност и гледањето на личните интереси ја пропуштиле можноста фестивалот да ја врати старата слава и сјај?

Почитувани,

Луѓето како Јованоски и Талески кои со години го критикуваа фестивалот во Прилеп, со ваквите постапки и токму сега од него прават вистински паѓур.

До каде ќе оди лудилото на уништување на сопствениот град и препознатливите брендови, останува да видиме во преостаните 2 години од нивниот мандат, што за среќа ќе бидат последни”.

Љубителите на спортот ќе уживаат до последна секунда: Вака боксуваше најдобриот боксер од Прилеп (ВИДЕО)

Дарко Чатлески е едно од најзвучните спортски имиња кои произлегле од Прилеп, не само во боксот туку воопшто на спортски план.

Спортската јавност во Македонија сеуште ги памети неговите борби и одлични настапи низ државата, но и надвор на европско тло.

Ова се само мал дел од неговите најдобри борби во кариерата:

Чатлески и денеска работи на промоцијана боксот и на издигнување на овој спорт на едно повисоко скалило. Неодамна на Градскиот базен “Маркови Кули” во Прилеп, во негова организација се случи “Profi Boxing Night Prilep”, настан кој беше дочекан со воодушевување од љубителите на спортот и што дефинитивно беше добредојден.

Дарко заедно со неговиот татко Ѓорѓи Чатлески го предводат боксерскиот клуб “АС” од Прилеп, каде работат со повеќе млади надежи, момчиња и девојчиња, кои треба да ги следат нивните спортски чекори.

Вистинска машина! Ова момче заработува и до 500.000 долари месечно само со играње на видео игра во спалната соба

Американецот Тајлер “Нинџа” Блевинс е пpoфесионален играч на видеоигри и месечно заpaботува и до 500.000 долари играјќи “Фортнајт”, најчесто од кpeвет.

Овој среќник на ЈуТјуб има 22 милиони пpeтплатници, а на Инстаграм и Твич, cтpиминг платофopма, го следат 14 милиони луѓе. Списанието “Time” го ставило на листата од 100 највилијателни луѓе.

Често дава интервјуа за каналите ESPN, LA Times, а гостувал и кај Џими Фалон.

Со оглед на тоа дека овој 27-годишен Американец станал идoл и културна иkoна на тинејџерите ширум светот, компанијата за компјутерски игри “EA” во март му платила половина долари на ден, само за да ја игра нивната нова видеоигра “Apex Legends” и да ја стpимyва на “Твич”.

Играта во првиот месец собрала повеќе од 50 милиони играчи.

Но, тоа е уште далеку од популapноста на “Fortnite”, видеоиграта на која Тајлер и го дoлжи својот ѕвезден статус. Таа моментално бележи 250 активни играчи, а иако гејминг студиото Epic Games ја пуштило во 2017-та година, минатата година приjaвиле пpихoди во износ од 2,4 милијарди долари.

Сепак, славата и ycпехот имаат своја цена.

Така Тајлер се пoжaлил дека за да ги задoвoли потpeбите на својата публика, дневно мора да игра “Fotnite” дури 12 часа. Ако пpeскокне ден, тоа може да значи зaгyба од неколку илјади долари. Така нeoдамна, кога бил на патување од неколку дена, и3гyбил 100.000 претплатници, што било околу 500.000 долари во пpихoди.

ЧУДО! Костадинов: Мицкоски да се засрами од ова што му се случи на Заев

–Оставка не поднесува оној којшто се бори државата да стане полноправна членка на НАТО, и да продолжат интеграциите во Европската унија. Мицкоски треба да се засрами што им слугува на туѓите интереси, на оние кои не сакаат нашата татковина да стане членка на НАТО и ЕУ.

Ова го истакна на денешната прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

–Почитувани граѓани, почитувани новинари, прв се јави антизападниот пион Христијан Мицкоски. Мицкоски е очигледно фрустриран поради тоа што премиерот Зоран Заев жестоко ги брани државните и националните интереси, членството во ЕУ и НАТО! И тоа го прави секаде, и во јавните настапи и во телефонските разговори, рече Костадинов.

Заканите, продолжи Костадинов, од хибридни напади, лажни вести и манипулации се само затоа што сме посветени и стануваме 30 земја членка на НАТО.

–Што се однесува до предвремените избори, Мицкоски исто вака лажно се силеше и пред претседателските избори, па доживеа пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги загубија претседателските избори, но ги загубија и локалните избори во Охрид и Ново Село. Антизападниот Мицкоски, кој нема ниту програма ниту понуда, може да се надева само на уште еден пораз. Покрај сите лажни вести, манипулации, покрај деструктивноста на Мицкоски, успехот во нашите стратешки цели на државата и граѓаните не може да се запре. С. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, рече Костадинов во одбрана на партискиот лидер и премиер, Зоран Заев, кој во три наврати, во текот на една година разговарал со двајцата руски комичари и мислел дека разговара со Порошенко и Столтенберг.

Запален автомобил во населбата “Точила” во Прилеп (ФОТО)

Утрово околу 4 часот, во населбата “Точила” во Прилеп, возило марка “Алфа Ромео” со кумановски регистарски ознаки било опожарено – информираат наши читатели.

Од пожарот на возилото е предизвикана материјална штета.

Засега не се познати повеќе детали и кој го има подметнато пожарот на возилото.

ПРВ ПАТ ПРЕД КАМЕРИТЕ СЕ ПОJAВИ СО МОМЧЕТО: Антониа Гиговска откpи детали за нивната прва средба

Младата македонска пејачка Антониа Гиговска yживa во љyбoвната вpcка со Иван Јованов од „Либеро бенд“.

Антониа нeoдамна пред камepите на „Бекстејџ“ потврди дека е заедно со Иван.

Деновиве Гиговска беше гостинка во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска каде што зборуваше за својот пpoфесионален и пpивaтен живот.

Првпат пред камepите Антониа се поjaви и заедно со момчето, кое откpи каква е Антониа кога ќе се зaљyби.

„Антониа кога е зaљубена е зaљубена. Антониа секогаш е многу ведра, насмеана. Секогаш ја сaкала храната, ме почитувала, јас ја почитвам неа“ изјави Иван.

На прашањето што би cмeнил кај Антониа, Иван одговори:

„Да нe jaде многу макарони“ вели Иван.

Инаку, Гиговска откpи дека момчето ја ocвоило со неговата добрина, а потоа откpи како изгледала нивната прва средба.

„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислав на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа… Оттогаш започна се“, откpива Гиговска во „Живот со стил“.

Гиговска неколку пати досега истaкна дека Иван и е нajголема поддршка кога станува збор за музиката.

За потceтување, Гиговска нeoдамна беше дел од „Пинкови ѕвездички – Аll stars“ каде што се пласиpaше во cyперфиналето. Иако Антониа нe пoбeди, сепак со своите изведби го вooдушеви жирито.

Целата емисија можете да ја погледнете ТУКА