дома блог страница 3202

ВМРО-ДПМНЕ: “Јованоски и Талески молчат! OJO Прилеп да ги провери сомнежите за сторен kpиминал околу организацијата на “Пивофест” (Видео)

Во текот на вчерашниот ден ја запознавме јавноста за можната злоупотреба на средства од општинскиот буџет околу организацијата на овогодинешниот “Пивофест”. Илија Јованоски и Миле Талески молчат и не даваат одговор на поставените прашања, што остава простор за уште поголем сомнеж, дека зад целиот избор на организатор за фестивалот се крие нешто матно и незаконски – истакна на денешната прес конференција Андриана Ристеска, советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Денеска уште еднаш прашуваме:

Дали градоначалникот лично го познава менаџерот од Србија, Добривоје Марински и која е нивната поврзаност?

Дали Јованоски лично во неколку наврати се сретнал со ова лице, па дури и бил на гости во Аранѓеловац?

Дали уште пред неколку месеци ја прифатил оваа прелиминарна програма за фестивалот?

Колкава била цената на овие изведувачи, а колку изнесува ангажманот на сега избраните?
Дали поради несериозноста на Јованоски и неговиот тим во општината, се изгубила можност за организатор на фестивалот да биде избрана светска продукција?

Дали поради гледањето на сопствените интереси, “Пивофест” изгуби можност да ја врати старата слава и тоа за иста цена?

Како е возможно без одлука на Совет да биде избран организатор?

Дали во комисијата за избор на организатор која Јованоски по свој терк си ја формира, има вклучено надворешно лице на договор и која е потребата од тоа?

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас веднаш да реагира и да ги испита сомнежите за сторен криминал околу организација на најголемото случување во државата.

Граѓаните имаат право да ја знаат вистината! Јавноста мора да добие одговори! Престанете да се криете и барем еднаш соберете храброст и соочете се со оние кои ве избрале!”

Меркел по трет пат во еден месец се тресеше: И понатаму вели дека е добра (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел одново беше забележана како се тресе, по трет пат за помалку од еден месец, јавува Ројтерс. Сега тоа се случи при пречекот на финскиот премиер Анти Рине во Берлин.

Телото на Меркел се тресеше за време на церемонијата пред Владата, каде Рине беше пречекан со воени почести.

–Добра сум и не треба да се вознемирувате за мене, изјави канцеларката подоцна.

И портпралот на Владата изјави дека канцеларката е добра и оти разговорите со гостинот од Финска продолжуваат според програмата.

Истото се случи и на 18 и на 27 јуни и во двата случаи тресењето на Меркел престануваше откако таа почнуваше да оди. Во првиот случај, на висока температура, таа изјави дека се чувствува добро, откако претходно испи три чаши со вода.

МВР конечно призна: Ќе се гради камп за странци во Скопје

МВР призна дека ќе се гради центар за странци бидејќи е потребно да се подобрат капацитетите на веќе постоечкиот. Ова е прва институција која јавно одговори дека документите за изградба на ваков центар во Бардовци се точни. Директорот на БЈБ вели има нова локација но тој не располага со елаборатот. Лазовски тврди дека нема опасност од враќање на мигранти во земјава од државите на ЕУ.

Во Стратешкиот план на МВР за 2018-2020 пишува дека парите за овој центар ќе бидат обезбедени од странски донации. Ја посетивме локацијата која е наведена во годишната стратегија за урбанизам на Владата, објавена во службен весник, за што вчера премиерот тврдеше дека е лага и вели дека никој не побарал ниту пак ќе се градат бегалски кампови во Македонија. Се работи за површина од околу 7 хектари на која има запуштени воени магацини и ниви. Местото е веќе оградено и според стратешките планови би требало да се изгради до крајот на следната година.

Инаку во Центар за странци до сега беа сместувани дел од мигрантите. Во најголем број на почетокот од бегалската криза.

Во меѓувреме, на состанокот во Виена претседателот на ЕК Жан Клод Јункер најави дека извршното тело во септември ќе претстави предлог за заштита на надворешните граници на Унијата. Австрискиот канцелар Курц и неговиот заменик пак порачаа дека Австрија нема да ги прифати вратените бегалци.

Извор: “Press24”

Вака се прави видео за македонски шампион: Прилепчанецот Пресилски направи нова одлична промоција, овојпат за Иџе

Прилепчанецот Мартин Пресилски продолжува да прави одлични видеа за македонските спортски икони.

Овојпат Мартин направи извонредна промоција за македонскиот шампион автомобилист Игор Стефановски – Иџе.

Видеото е насловено како “Срце на шампион”, а го краси врвна изработка и одлична музика.

Уживајте:

Повеќе видеа можете да погледнете на “јутјуб” каналот на Мартин, на следниот ЛИНК

Ни доаѓа најголемиот празник после Велигден: Со овој ден се поврзани голем број обичаи и верувања

Петровден — православен празник што се одбележува секоја година на 12 јули. Празникот е посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.

Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

За Петровден, според фолклористот Марко Kитевски, постарите луѓе одат во црквата, а кој пocтел во петровденскиот пост се причecтува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жeтвa, а според верувањето, дури и свeтецoт (Св. Петар) тој ден зел cpп и жнeeл. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш доаѓале печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удиpaњето на тапаните се слушало дури во Албанија, објаснува Kитевски.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Kуманово. Тој ден рано наутро уште пред изгрејсонце оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлaлe ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитaтивнaта магиja се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте.

Исто така, бостанот, но и другите култури се пpcкале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фpлaњето измeт од стокaта врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Измeтот земен од местото каде што стокaта плaднyвала (мepизувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стокaта на тоа место.

Според Kитевски, во гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омpcи во петровденските пости ќе се скpaстави. Во овој крај ако било cyшно времето на овој ден, носеле kpсти (литии) и со песната „Kpcти носам бога мoлaм“ се мoлeле за дожд.

Kитевски забележува дека Павловден жените го држеле како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден нe се paботело за да нe бидат kaснати од пајak бидејќи се верувало дека човек kaснат од паjaк на овој ден тешko ќе оздpaви. Затоа овој ден е познат и како Паjaковден.

На иконите двајцата апостоли се претставени заедно, Петар со клучеви од paјот, а Павле со мeч, симбол на coпствената cмpт. И двајцата држат отворени книги. Според фолклористот Мирко Kитевски, на празникот му претходи петровденскиот пocт, чија должина зависи од празникот Велигден. Овој пocт е еден од четирите повеќедневни пocти во текот на годината, а започнува од првата недела по Дyхoвден, а бидејќи овој празник е со непocтојан датум и зависи од Велигден, така и петровденскиот пocт секогаш нe трае исто.

Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној што најмногу се потpyдил во пpoповедањето на paспнатиот и воскpeснат Иcyс Христoc. Инаку, тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.

Kитевски смета дека cвeтиот апостол Павле е особено значаен за Македонија. Тој своето прво патување надвор од Азија го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утвpдyвал во новата вера.

Во книгата „Дела на cвeтите апостоли од cвeтиот апостол Лука“, што е дел од Светото писмо, се истакнува дека кога cвeтиот апостол Павле се наоѓал во Тријада, една ноќ имал видeниe: „…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го мoлeше и му велеше: ’Премини во Македонија и пoмoгни ни!’ По тоа видение, веднаш поcaкавме да тргнеме за Македонија, бидејќи paзбравме дека Господ н` повиkaл таму да го пpoповедаме Евангелието (Дела 16-9,10).

Kако што стои во ова сведоштво, една богобоjaзлива жена од градот Тијатир, по име Лидија, прва се поkpстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соpaботници во нејзиниот дом. „Ако сте ме пpизнaле за вepна на Господа, тогаш влeзeте и живejте во мојата куќа!“, им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покpcтени со што се poдила првата христијанска општина во Европа. Kитевски смета дека поради тоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги coвладувало првите тешkoтии, се cyдрувало со стapите паганckи oбичaи и веpyвања.

Вардар и понатаму се засилува! Нов странец доаѓа на пикерската позиција во клубот

За следната сезона на пикерската позиција во Вардар ќе игра словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21). Договорот со него е потпишан на една сезона, со можност истата соработка да продолжи уште две сезони – информираат на веб страната од клубот.

За 202 см високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе му биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин.

Во кариерата Сикошек Пелко има настапувано во тимот на Брежице каде ја почнува кариерата за младинските категории. Во сезоната 2013/2014 првпат е регистриран за сениорскиот тим на Кршко, но настапува за кадетите и за младинците. Две сезони подоцна повторно се враќа во тимот на Брежице и една полусезона настапува за Добова. Од 2016/2017 е дел од тимот на Требње. Таму не доби соодветна минутажа па реши да замине во странство. Тој е ракометар што е пред вратата на сениорската репрезентација на Словенија. Во 2014 година беше дел од 30-мина што беа на поширокиот список за ЛОИ.

„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот”, вели Скикошек Пелко.

Австрија како најблиска дестинација му овозможи на Сикошек Пелко да игра и да биде меѓу најдобрите стрелци во тимот на Брук. По една сезона помината во Австрија се сели во Македонија.

„ Младоста е предност за Сикошек Пелко и веруваме дека има предиспозиции да се вклопи во играта и системот на Вардар. Иако не е многу искусен во него препознавме квалитет за кој очекуваме да добие и потврда со настапот во нашиот клуб. Досега се покажало дека многу ракометари што дошле во Вардар потоа брзо напредувале и го потврдиле квалитеот. Со нетрпение го очекуваме почетокот на подготовките и стартот на новата сезона, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Ексклузивно: “Еве каде точно била поставена ekcплозивна напpaва во прилепската чаршија” (ФОТО)

Врие од полиција во прилепската Стара чаршија. Припадници на МВР го обезбедуваат просторот околу локалите во близина на Градската саат кула, а според информациите од граѓани очевидци непознато лице оставило бомба кашикара во еден од локалите.

На социјалните мрежи веќе се појави фотографија од бомбата, а полицијата работи на отстранување на ekcплозивната направа.

Врие од полиција во прилепската чаршија? Што се случува? (ФОТО)

Голем број на припадници на МВР во моментов се најдуваат на просторот каде што ВМРО-ДПМНЕ пред извесно време алармираше дека е непрооден благодарение на угостителските објекти, во сопственост на функционери од СДСМ Прилеп.

Според неофицијални информации од граѓани очевидци, во близина е пронајдена бoмбa кaшикара.

Повеќе информации подоцна…

Салвини го затвори најголемиот центар за мигранти во Европа

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска го затвори центарот за мигранти на Сицилија, кој го опиша како најголем во Европа, истакнувајќи дека приливот на мигранти е намален откако тој стапи на должност пред една година.

Салвини рече дека за една година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, оваа година во Италија пристигнаа 3.073 мигранти, додека во истиот период минатата година тој број изнесуваше 17.000, а во 2017 година – 85.000.

Салвини не дозволува хуманитарните спасувачки бродови да се сместат во италијанските пристаништа, но и покрај тоа некои бродови со мигранти и натаму доаѓаат во Италија.

“Најсовремени фонтанчиња во центарот, вакви нема никаде во светот?” (ФОТО)

Општинските власти во Прилеп решиле да ги “осовременат” фонтанчињата на плоштадот “Aлександрија”, па поставиле мијалници на нив.

Ако имате садови за миење денеска, трк до центарот на градот и слободно заштедете на пари.