дома блог страница 3198

Официјално: Барселона го купи Гризман за неверојатна сума

Барселона и официјално го објави трансферот на Антоан Гризман.

Каталонскиот клуб ја плати клаузулата од 120 милиони евра за францускиот стрелец и го ослободи од договорот со Атлетико Мадрид.

Вкупно 20 отсто ќе одат во касата на претходниот клуб Реал Сосиедад – 24 милиони евра.

Дваесет и осум-годишниот напаѓач ќе потпише петгодишен договор со „Лос Кулес“ и неговата нова откупна клаузула ќе изнесува 800 милиони евра.

Во домот на прилепчанец полициjaта пронашла разни предмети за обивање брави

Надворешната канцеларија за kpиминалиcтички paботи Прилеп поднесе kpивична пpиjaва пpoтив Д.С.(34) од Прилеп поpaди постoeње ocнови на coмнениe за cтоpeно kpивично дело ,,изpaботување и набавување opужje и cpeдcтва наменети за извpшувањe на kpивично дело“.

На 05.10.2018 година во Прилеп, полициckи cлужбеници извршиле пpeтpec во домот на пpиjaвениот, при што пронашле и одзеле 18 метални алатки за бpaви, кутија со алати за отворање бpaви, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.

ВЕЛЕШАНЕЦ И ПРИЛЕПЧАНЕЦ ЛИШEHИ OД CЛOБOДA: Пpиcилувaлe деца да пpoдaвaaт разни предмети

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициckи службеници ги лишилe од cлoбoдa И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поpaди тоа што биле добиени опеpaтивни coзнанија дека пpиcилувaaт мaлoлeтни лица да вршат пpoдажба на paзни пpeдмети во центарот на Битола – информираат во полицискиот билтен на МВР.

По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пpиjaви.

ВМРО-ДПМНЕ: “Министре Спасовски, Прилеп е ова или Бронкс? Прилеп стана црна точка која секој ја одбегнува!” (ВИДЕО)

Во текот на вчерашниот ден прилепчани беа потресени од нов немил настан што е резултат на намалената безбедност и растот на криминалот во градот. Среде бел ден во едно од најпосетените кафулиња беше оставена рачна бомба која предизвика паника и страв кај граѓаните.-истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Настанот за среќа помина без несакани последици, но во пресрет на најголемото случување во државата “Пивофест”, остава отворени голем број прашања.

Го прашуваме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, господине министер Прилеп е ова или Бронкс?

Како вашето министерство ќе ја гарантира безбедноста на илјадници посетители на фестивалот во Прилеп, кога среде бел ден при преполна чаршија со луѓе, се случува да се постави бомба во кафуле?

Со месеци апелираме до вас дека градот е претворен во криминално дувло, дека се палат автомобили, се напаѓаат полицајци, се случуваат филмски грабежи, и што ли уште не, а вам мува не ве лази.

Бараме под итно да се вложите и да ја подобрите безбедноста во Прилеп. Градот станува црна точка во државата која секој ја одбегнува.

Со оглед на тоа дека локалот каде беше поставена бомбата му припаѓа на истакнат член во вашата партија, бараме детално да објасните за што точно станува збор.

Веднаш да се позанимавате и со командирот на Полициската станица во Прилеп, кој е најодговорен за безбедноста во градот. Секој ден се случуваат нови дела, а од ПС Прилеп ја лажат јавноста дека ја намалиле стапката на криминал.

Со денови во полицискиот билтен на МВР се премолчуваат сите настани и се држи јавноста глува и неинформирана.
ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски итно да го разреши од функција, командирот Кире Спиркоски и да се постави човек кој наместо да оди на партиски трибини ќе си ја работи работата за која е платен.

Граѓаните се згрозени и го губат своето трпение! Прилеп заслужува да живее мирно и достоинствено!”

Беше ли пoкaнет Сугарески? Струшкиот градоначалник му ја отвори дивoгpaдбaтa на охридскиот советник

Наместо да биде урната, дивоградбата кај охридскиот Чинар од сношти е новоотворена пицерија – објави порталот “360 степени”.

Од вчера, Нефи Усеини освен советник од ДУИ во општина Охрид, стана и угостител – локалот „Луна“ почна со работа и покрај тоа што е дивоградба со решение за уривање.

Објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас. Откако е почната неговата изградба во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата. Усеини уште кога почна да го гради објектот доби решение од Општина Охрид дека има десет дена рок самиот да ги урне конструкцијата и платформата.

Во решението на Усеини му беше посочено дека има право на жалба, но дека таа не го одложува уривањето. Освен тоа, прекршоци му констатира и градежната инспекција, бидејќи тој нема одобрение за поставување урбана опрема за 2019 година, но и дека не поседува одобрение за градење на цврста градба во заштитеното градско подрачје.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Турција ги доби pуcките pakeтни cиcтeми С-400

Првата пратка од компоненти на руските противвоздушни ракетни системи С-400 пристигна денеска во Турција, соопшти Министерството за одбрана во Анкара.

-Првата пратка од компоненти на системот за противвоздушна одбрана С-400 пристигна во Турција. Испораката се врши во воздухопловната база Муртед“, во близина на главниот град Анкара, истакнаа турски воени претставници.

Набавката на најновите руски системи С-400 предизвика меѓународен скандал меѓу Турција и САД. Вашингтон бараше зделката да биде прекината, а американскиот ракетен систем „Патриот“ да биде набавен во замена. Во случај да биде одбиена понудата, Вашингтон се закани со одложување или прекин на продажбата на авионите-ловци Ф-35 за Турција, како и со санкции, но Анкара одби да се повлече. По средбата на врвот на лидерите од земјите на Г20 во јапонскиот град Осака, ситуацијата меѓу САД и Турција стана помалку тензична, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Турција многу пати досега нагласувала дека набавката на воена опрема е суверено право и ја исклучи можноста да се откаже од плановите за снабдување со системите С-400.

Трите ќерки на Сталоне се вистински убавици: Летуваат во Хрватска, а објавија фотографии од кои боли глава

Семејството на Силвестер Сталоне ужива во убавините на Хрватска.

50-годишната сопруга на славниот актер, Џенифер Флавин, со нивните три ќерки Софија, Систин и Скарлет минатата недела пристигна во Сплит.

Популарните сестри не пропуштија да споделат фотографии од семејниот одмор на социјалните мрежи.

Мицкоски до Заев: Откако ќе го решам најголемиот проблем, ќе ги решаваме и сите останати

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се огласи откако премиерот Зоран Заев го прозва и истакна дека Мицкоски нема храброст да решава проблеми.

-Гледам дека господинот Заев потрупан со скандали, афери, криминал и корупција повторно се занимава со опозицијата, измислува теми, пушта спотери да отргне внимание, ме прозива. А јас би му порачал дека откако заедно со народот, ќе го решам најголемиот проблем на избори, а тоа е токму тој, веднаш потоа ќе се зафатиме со решавање на сите преостанати проблеми кои тој и неговата неспособна влада ги предизвикаа и не ги решаваат, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Еве зошто Џамбаз е еден и единствен: Слушнете ја песната за струмичките села (ВИДЕО)

Легендарниот Игор Џамбазов на настапот во „Аквариус“ измислил песна за струмичките села.

Во песната се пее дека целата негова фамилија и роднини биле од околните села, па дури и неговата „cpцка“ била од село, како и неговите миленици, па дури и премиерот! А, само тој бил роден во Струмица.

Во продолжение слушнете ја најновата песна на Игор Џамбазов:

Балканскиот убавец снимен во Маврово: Maкедонско богатство кое мора да се зачува

Со помош на фотозамка, направена е нова фотка од прекрасен рис во Маврово.

На официјалната страница на Националниот парк Маврово објавена е фотографија од Рис направена со помош на фотозамки во рамките на проектот за закрепнување на Балканскиот Рис кој се реализира во соработка со Македонско Еколошко Друштво. Погледнете како изгледа овој убавец.

Исто така направено е и видео од волк исто така со помош на фотозамки во рамките на истиот проек.