дома блог страница 3197

Денеска е Павловден: Среќен именден за Павле и Павлина

Денеска е Собор на 12- те апостоли – Павловден.

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн.

Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот.

Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.

Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

Неговиот пријател откри нови детали за состојбата на Шумахер

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) – Жан Тод направи тажни откритија во врска со статусот на неговиот добар пријател Михаел Шумахер. Според прогнозата на Французинот, легендарниот Ф1 тркач никогаш нема да се опорави целосно по инцидентот при скијање.

Во 2013 година, непосредно пред одбележувањето на Нова година, 7-кратниот светски шампион падна врз скриен под снегот камен и тоа доведе до сериозни трауми на мозокот. Тој итно беше опериран во локална болница, а оттогаш неговото семејство значително го ограничи протокот на информации во јавниот простор. Од пред извесно време Шумахер се врати во својот дом крај Женевското Езеро, каде што многу малку луѓе, како Тод, добиваат можност лично да се гледаат со 50-годишниот поранешен пилот.

Французинот продолжува да го посетува Шуми при секоја можност, а минатата недела беше специјален гостин на Фестивалот за брзина „Гудвуд“ во Западен Сасекс, Англија, каде беше оддадена посебна чест.

-Неговото семејство се бори исто толку колку и тој, но нашето пријателство никогаш не може да биде истото, како што беше порано. Само затоа што повеќе нема иста комуникација како порано. Можам само да споделам дека семејството на Шумахер вложува многу за да се грижи добро за него и тој продолжува со битката, изјави Тод за весникот „Експрес“.

Претпладне сончево, попладне невреме

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 9 и 17, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

И најсмирениот знае да се изнервира: Новинар го изваде од такт Федерер

Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер, се вознемири од новинарското прашање по неговата победа во четвртфиналето на „Вимблдон“.

Во полуфиналниот дуел, тој ќе се соочи со својот голем ривал Рафаел Надал во едно од најголемите ривалства во машкиот тенис во последните 15 години.

Рафа победувал 24 пати, а Роџер – 15. За последен пат се сретнаа во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а Шпанецот победи лесно со 6:3, 6:4, 6:2.

Прашањето што го предизвика ироничниот одговор на Федерер беше: „Кои силни страни на Надал се негов главен проблем во нивните меѓусебни средби?“

-Вие не сте прв ден на работа. Знаете сè за Рафа, како и јас. Јас не гледам смисла да ги набројувам неговите предности и слабости. Во последниве години тој значително ја подобри својата игра на трева. Веќе сервира на поинаков начин, има малку врска со минатото. Сега тој добива многу лесни поени со својот прв сервис. Не сме се сретнале на трева долго време и ќе биде интересно, рече Федерер.

Тие последен пат се сретнаа во финалето на „Ол Ингланд Клаб“ во 2008 година, а Матадорот запиша незаборавна победа од 6:4, 6:4, 6:7 (5), 6:7 (8), 9:7.

Другарки за цел живот: Седум девојки си купиле куќа за да живеат заедно кога ќе се пензионираат (ВИДЕО)

На почетокот седумте најдобри пријателки од Кина разговарале за заедничко пензионирање како на шега, но одлучиле дека не треба да чекаат 30 години, за да одлучат каде ќе се повлечат и мирно ќе ги живеат своите пензионерски денови. Па, така уште од сега си купиле заедничка куќа.

Куќата, која се наоша во приградска средина надвор од Гванжу, ги чинела околи 580.000 долари. Модерна, на три спрата, со заеднички стамбен простор во приземјето, како и приватни спални соби на спрат.

Жените си ги поделиле обврските, па така едната готви, друга се занимава со традиционална кинеска медицина, трета со градинарство…, а сето тоа со цел пред време да бидат подготвени за пензионерските денови.

Големо откритие во Егејското море: На овој грчки остров пронајдена е пирамида стара 4.500 години (ВИДЕО)

Aрхеолозите го истражуваат малиот остров во Егејското море каде како што сметаат, се наоѓа една од најстарите градби која потекнува од антиката.

Островот Керос бил една од најимпресивните локации на Егејското море во периодот од 3000 до 2000 година пред новата ера, уште пред грчката цивилизација.

Тука се наоѓа структура во облик на пирамида, а изградена е од мермер донесен од околните егејски острови. Се смета дека градбата е стара околу 4.500 години.

“Тука се одвивала најголемата праисториска транспортна операција. Се покажува колку на народите во бронзеното доба им била важна поморската врска”, рекла Џулијан Вајтврајт, научник која работи на проектот.

Голем дел од товарот со мермер пристигнувал од островите Наксос, а според некои процени, се смета дека потребни биле околу 3.500 пловидби.

За изградената структура искористени се 10.000 тони мермер, а ширум островот се пронајдени и ножеви, разни алатки и скулптури.

“Македонско девојче” го разигра плоштадот во Загреб и ги собра сите овации (ВИДЕО)

Каде и да се изведе прекрасната македонска песна „Македонско девојче“, тоа звучи прекрасно.

Едно од последните е претставување на Македонскиот фолклор на „Бана Јелачича“ во Загреб, каде, погодувате, најмногу овации имаше за изведбата на „Македонско девојче“.

„Ах МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ каде и да си ти си девојче од МАКЕДОНИЈА, најубавото најопеаното“, стои во еден од коментарите под видеото…

После денешниот, утре празнуваме уште еден голем празник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) утре е 30 јуни.

Утре е Собор на 12-те апостоли или Павловден.

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички празник, слично како што има соборни денови и за свети Јован Крстител, за архангел Михаил итн.

Апостолите се слават како темели на црквата, што навистина се, со оглед на тоа што тие се првите луѓе кои во потполност ја примија благата вест за единствениот можен Спасител на луѓето и на светот.

Уште повеќе затоа што истата вест ја проширија по сите краишта на вселената.

Во некои места на овој ден не се работи поради пајаци, за да не каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави.

Maл paj на земјата кој се наоѓа во Македонија: Пештерната црква Св. Архангел Михаил во с. Радожда – вистинска Божја убавина (Фото галерија)

Во еден од најубавите предели на западниот брег на Охридското Езеро се наоѓа струшкото село Радожда, сместено на неколку чекори од бистрата езерска вода и во прегратките на прекрасната природа која се издига над него.

Селото е старо околу 10 века, но пишуваните докази се од документите на Душановата повелба 1342-1345 година под името Радобужда. Подоцна во Опширниот описен дефтер на Охридскиот санџак од 1583 се појавува под името Радохожда, а во ракописот на Бранислав Нушиќ од 1892 година се нарекува Радоожџа. Селото било формирано во планинските ливади на околу еден километар на запад.

Селото има седум цркви, која од која поубави и која од која повредни, но онаа што остава без здив е пештерната црква сместена над Радожда, црквата посветена на војсководителот на Небесните Сили Св. Архангел Михаил.

Црквата датира од XIV век и зрачи со својата посебност, уникатност и душевен мир кој го пружи.

До неа се стигнува преку стотици мали скалички, кои кога ќе ги искачите одеднаш ќе заборавите на заморот, опиени од глетката која ќе се испружи пред вас. Езерската вода од таму горе изгледа волшебно. Нијансите на сина, зеленкаста и тиркизна боја оставаат без здив.

Кога ќе се завртите пак ќе здогледате едно монументално дело, на кое секое камче и секоја педа имаат своја посебна историја, место кое раскажува долговековно постоење, светилиште кое за миг ќе ви ги оттргне мислите и ќе ве опие со Божја љубов.

Најголемиот дел од откриените фрески потекнуваат од 14-сетот век . Од нив се истакнува единствената сочувана композиција од 13-сетот век, со претстава “Чудото во Хона” – насликана во чест на патронот кому е посветена црквата.

Иако е мала црквата Св. Архангел Михаил ќе ве вознесе со нејзината убавина и исконска вредност која ја поседува. Црквата е заштитен споменик на културата, но често била изложена на напад на нечесни луѓе арамии.

Внатрешниот изглед дополнително ќе ви предизвика воздишки, ќе ве запрепастат умешно нацртаните фрески врз грубите карпести ѕидови. Во црквата има и книга, на која можете да запишете ваша молитва и да пренесете дел од чувствата. Тука Бог е присутен и допира до вас. Маркукуле.мк искрено ви препорачува да го посетите ова место и да допрете дел од оваа исконска Божја убавина.

Oвој татко има одличен начин како да ти натера децата да престанат да плачат: Татковци гледајте внимателно и учете! (ВИДЕО)

Овој татко има одличен начин како да ги натера децата да престанат да плачат. Кога во собата со плачење влегуваат неговите ќерки, и тој ги прашува што е работата.

– Чекајте, мене ми е редот – им вели нивниот татко и почнува лажно да плаче.

– Ајде, Џорџија, сега тебе ти е редот – ѝ вели на помалата ќерка, меѓутоа, и двете одбиваат да плачат.