дома блог страница 3195

Цели пет дена седел на ве-це шолја за да собори Гинисов рекорд, а таков не постоел (ВИДЕО)

Белгиец седел на клозетска шолја речиси пет дена оваа седмица, во обид да постави светски текорд во оваа бизарна „дисциплина“.

Џими Де Френе, 48-годишник кој во моментов полага испит за возач на автобус, одлучил да преседи 165 часа на тоалетна школка псотавена во центарот на еден бар, но се откажал во петокот утрото по 116 часа.

„Потсмевањето на сопствена сметка е најдобриот хумор кој постои. Зошто го правам ова? А зошто да не? Не постои ништо што го сакам повеќе од тоа луѓето да ми се смеат, бидејќи тогаш јас истото можам да им го правам и ним“, вели за Reuters Де Френе.

Барот „Filip’s Place“ во Остенд бил отворен во текот на остварувањето на неговиот „подвиг“, па неговото семејство и пријателите можеле да дојдат да го бодрат.

Де Френе на секој час време имал право на пет минути пауза кои ги собрал во неколку часа за да отсие малку. Иронично е што му биле потребни паузи за одење по нужда, бидејќи оној во центарот на локалот бил само импровизиран и не бил ставен во функција.

Сепак, седењето не било толку едноставно, како што изгледа. „Бев многу уморен и ме болеа нозете, но верував во својот успех и се обидов да поставам официјален светски рекорд“, вели Де Френе.

Не постои официјален светски рекорд за седење на клозетска школка, но Де Френе открил дека некој друг претходно веќе минал 100 часа на неа. Де Френе рекол дека во Гинис биле известени за обидот да биде поставен светски рекорд, но од таму не биле достапни за коментар.

Втората половина на јули носи љубовен огномет за овие 2 хороскопски знаци

За овие 3 знаци, јули е турбулентен месец полн со различни ситуации, пред сè на полето на љубовта.

Близнаци

Иако ви делува дека нема излез од вашата ситуација, крајот на јуни носи стабилизација на односите и убави љубовни моменти. Слободните Близнаци ќе уживаат во дружењето, флертот и добрата забава. Доаѓа и многу убаво интересно пријателство кое ќе ве направи многу среќни.

Девица

За овие знаци, крајот на јули ќе биде како љубовна бајка. Поради многуте обврски, на почетокот на јули го занемаривте својот љубовен однос, но не бевте свесни за тоа. Но, крајот на јули носи магични љубовни моменти и изненадувања. Тоа добро ќе влијае на вашата врска, а можен е и брак за многу претставници на овој знак.

Останаа ли играчи во Победа? Трајкоски и Спиркоски во М. Ѓ. Петров, Тимовски и Карчески во Силекс, Танушев стана член на Академија Пандев

Победа АД отпадна, но првотимците остануваат прволигашки

Дека Победа АД немаше лош играчки кадар минатото првенство, без оглед на пласманот на последното, 10 место од Првата лига, покажува интересот за нејзините првотимци летово. Дел од нив веднаш беа повикани и заминаа во прволигашки клубови.

Така, играчите, од средниот ред Благоја Спиркоски и од нападот Лука Трајкоски, веќе се нови членови на прволигашот Македонија ЃП од Скопје. Се работи за клуб кој минатата сезона загуби во финалето од Купот, но со освоеното 6 прволигашко место веќе настапува во Лигата на Европа, против ерменскиот Алашкерт, вчера во Ереван, а на 18 јули во Скопје. Клубот објави за повредата и операцијата на Спиркоски.

Во екипа што излегува во Европа е и Ѓорѓи Танушев, член на Академија Пандев од Струмица. Освојувачот на Купот во Лигата на Европа има дуели со босанскиот Зрињски, вчера во Скопје, по седум дена во Мостар. Во прволигаш ќе играат уште: бранителот Ангелчо Тимовски и за врска Даниел Карчески. Тие потпишаа договор за членство во Силекс, тим кој преку бараж-меч триумф над Тиквеш го спаси прволигашкиот статус.

Интересно за Карчески е што е единствениот кој беше во тимот на Победа АД од нејзиното формирање во 2010 година, тогаш Викторија. Во добро организиран клуб се пресели играчот за врска Јорданчо Наумоски. Веќе е член на кавадаречки Тиквеш, со кој има амбиции за влез во Првата лига.

Таму брани голманот Александар Игески, а стоперот Дарко Илиески оттаму неодамна замина во скопско Шкупи, со кого во Лигата на Европа вчера имаше гостување кај Пјуник во Ерменија, а реваншот е в четврток во Скопје.

Од играчите што најдоа нова средина е и младиот голман Даниел Котевски, заминат во новиот второлигаш Охрид. Странците Јачимовиќ, Мандиќ и Макота први заминале, како и од другите македонски градови – Каланоски, Ефремов, Асани, Ристевски, а сигурно дека клуб ќе одберат Тофилоски, М. Наумоски, Паноски, Вецески. Не е познато дали ќе трае уште кариерата на 38-годишниот Гешоски. Градот на потег

За клуб како Победа АД најдобри решенија за финансиската ситуација се приватни компании, но по откажувањето на досегашните компании-акционери, изгледа не преостанува никаков друг излез освен – Општината.

Беше објавено дека клубот се враќа таму каде припаѓа, а тоа значи дека сите погледи се свртени кон општинските пари. Се очекува обезбедување барем минимум услови за да може да се мотивираат тренерите и играчите во борбата за опстанок во Вторта лига.

Друго заега не може да се бара од младиот играчки кадар. Навивачите се надеваат дека теренот кај Могилата ќе биде оспособен, за таму наесен да се играат второлигашките натпревари.

Извор: “Неделник Зенит”

Македонка го освои Вимблдон: Симона за само 53 минути ја збриша Серена Вилијамс

Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон. Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД.

Мечот траеше 53 минути.

За Халеп ова е прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите.

Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.

Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари.

Инаку, Симона Халеп (23), е Влаинка по потекло од Македонија, пренесува романскиот спортски портал „Либертатеа.ро“ во текст посветен токму на Халеп.

Романскиот „Спортсњуз.ро“ пренесува дека таа потекнува од таканеречените цинцар Власи, кои го сочинуваат најголемиот дел од Македонските власи. Според изворот на „Спортсњуз.ро“, Халеп потекнува на најголемата група на Власи во Македонија, која важи и за етникум со силно влијание во земјава.

„Цинцарите како дел од Влашката етничка група во Македонија се меѓу највлијателните етникуми во земјата, но не затоа што се претерано богати, туку затоа што силно се приврзани кон нивните традиции во Македонија“ – пренесува пишува „Спротњуз.ро“, пренесува Либерта.ро.

Изворот на „Спортњуз.ро“ исто така додава дека Халеп, најверојатно нема да се омажи ниту за Романец, или маж кој потекнува од друго место во светот, освен со момче кое потекнува од Македонија, како што налага традицијата.

„Таа ќе ги почитува само фамилијарните традиции и најверојатно ќе се омажи за Македонец.“ – вели изворот за „Спортњуз.ро“.

Најубавото нешто што некогаш сте го виделе: Ова две годишно девојче е да го “грабнеш и да бегаш” (Фото галерија)

Малата Еуфорија ќе ве освои на прв поглед со долгите трепки, слатката насмевка и кадравата коса. 2-годишното девојче од Англија постојано привлекува нови и нови обожаватели на Instagram, каде ја следат речиси 150 илјади лица.

2-годишната Еуфорија Лотус е најубавото нешто што ќе го видите денеска. Малата Лотус е од Англија и освојува со преслатката насмевка и кадравата коса.

Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 150 илјади луѓе, а за прекрасните фотографии е задолжена нејзината мајка Шерил-Ен Стамп.

„Како родител, сакаш твоето дете да ги има сите можности. Јас не сум богата, не можам да ја испратам на Харвард, но можеби таа самата ќе стигне таму. Не можам да и’ го пружам она што можат другите родители, па правам сe’ што можам за да и’ создадам можности“ – вели таа за своето најмило.

Повеќе фотографии од оваа малечка убавица можете да погледнете ТУКА

Шампионите на заеднички одмор во Хрватска пред новите предизвици: Вардаровото знаме се вее на јахта

Како пред две години, така и оваа, ракометарите на Вардар се собраа на Хвар, на заеднички одмор, после освоената Европска титула.

Вардаровото знаме веќе се развеа на јахтата, а „црвено-црните“ ракометари денеска се на Хвар. Дојдоа и Сергеј Горбок, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев, но се уште го нема капитенот Стоилов – пишува порталот “24ракомет”.

Видеото погледнете го ТУКА

Вака прилепчани ги заживуваат православните храмови и се вложуваат за религијата: Манастирот во Кален ќе доби камбанарија (ФОТО)

Иницијативниот одбор на манастирот Св. Илија Писокал во село Кален, прилепско Мариово, без прекин и посветено работи на светилиштето.

Пред извесно време таму се постави камен темелник за изградба на камбанарија, нешто што недостасуваше во манастирот.

Деновиве луѓето кои го вратија духот на ова место напорно работат за што поскоро да се изгради камбанаријата и што поскоро да одекне нејзиното ѕвоно.

Проектот го реализира градежната фирма „Душан Караорман“ од Прилеп.

Неодамна во манастирот за празникот Св. Константин и Елена беше весело и полно со луѓе, а за забавата тогаш се погрижија естрадниот пејач Спасен Силјаноски и групата “Плетенка”.

Tимот на најдоброто фото студио во Прилеп, “ФОТО ДАНО”, изработија и прекрасно видео од манастирот и се она што досега е направено.

Наредно од манастирот се подготвуваат за манастирската слава на Илинден, кога ќе настапат “Група Арена” и Џељо Дестановски.

Некогаш беше неприкосновена на тениските терени, а денеска се помалку мисли на тоа: Погледнете ја палатата во која живее Марија Шарапова (ВИДЕО)

Руската тенисерка Марија Шарапова направи бренд од своето име. Таа продава од бомбони до маички и тоа добро знаеше да го наплати. Поголем дел од заработката ги вложи во куќата во Калифорнија која е вистинско уживање.

Прекрасен поглед кон океанот, пространа дневна и кујна. Подрумот пак е наменет за спортски активности, па така Марија си направила и куглавна со две патеки за дружба со пријателите.

Погледнете како изгледа домот на Шарапова.

Величенствена глетка низ улиците на Кичево: Стотици мотори и македонски знамиња за Петровден

По седми пат во Кичево се одржа традиционалната мото тура низ кичевските улици – објави порталот “Порта.мк”

Moто турата во Кичево се одржува во чест на празник „Петровден“, или како што пишува порталот, именденот на црквата во градот “Свети Петар и Павле”.

Навистина една величенствена глетка во која се ужива.

Видеото од настанот погледнете го ТУКА

ФОТО/printscreen/www.porta.mk

CИTE ДО EДEН ЌЕ OДГOBAPAAT: Ќе дојде ден кога за сегашната влacт ќе важи членот 353 од Kpивичниoт зakoн

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето на ТВ “Алсат М” вели дека власта врши политички пpoгoн врз oпoзициjaта бидејќи сфатиле дека ВМРО-ДПМНЕ не може да го пoбeдaт на избори и бидејќи ја гyбaт дoвepбaта кај граѓаните, решиле да ја нaпaѓaaт oпoзициjaтa преку aпceњa, политички пpoгoн, cyдcки тepop и фингиpaни oбвинeниja.

-Еве како што бевте cвeдоци пред недела и нешто беше нaпaднaт ВМРО-ДПМНЕ и беше yaпceн и однесен во пpитвop еден член на Извpшниoт Koмитeт на партијата и еден член на Централниот кoмитeт и претседател на Општинскиот кoмитeт, Аеродром. Зошто ако ме прашате, oдгoворот е јасен Димитар Димовски е yaпceн само поради една причина затоа што ги изнесуваше јавно кpиминaлнитe cкaндaли, нacилничkoтo однесување на функционерите на СДСМ како што беше пpeтeпyвaњето во кабинетот на градоначалникот во Шyтo Оризари, Кypто Дудуш, кој што е претставник на СДСМ, а Дејан Митевски затоа што на дневна основа како претседател на Општинскиот koмитeт на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром ги paзoбличyва kpимиaалитe и нepaбoтeњето на градоначалникот Златко Марин кој што е дел од СДСМ.

Мицкоски нaглacи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го издpжи овој политички тepop и пpoгoн од страна на власта, но ќе дојде ден кога членот 353 став 5 од Kpивичниoт зaкoниk ќе почне да важи за нив, односно ќе oдгoвapaaт еден ден за се она што денеска го прават.