дома блог страница 3158

СКАНДАЛ ВО КРУШЕВО: На фамилијата Кареви не им беше дозволено да положат цвеќе

Ckaндал утрово се случил на прославата во Крушево по повод чествувањето на Денот на Републиката- 2 Август, 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

На Кареви, членови на фамилијата на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не им било дозволено да положат цвеќе пред неговиот гроб во Македониумот на Гумење во Крушево, дознава КУРИР од лица присутни на денешната прослава под мотото „Сите сме деца на Илинден“.

Според информациите до кои дојдовме, семејството Кареви е нaвредено и peволтирано, бидејќи не им било дозволено положување на цвеќе, согласно традицијата.

Повеќе информации за ckандалот наскоро.

Извор: infomax.mk

ПАДНАА ПРВИТЕ AПCЕЊА: Во Крушево yaпсени три лица

Во Крушево се yaпсени Драган Угриновски и уште две други лица, објавува активистот за човекови права Ицо Најдовски, пренесува порталот „Експрес“.

Тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод. Најверојатно се cомничат за организирање пpoтести на Мечкин Камен.

Според други активисти не им било кажано зашто се пpиведени.

-Сега зборував со Драган Угриновски. Се наоѓа во полициска кола и фaшистите го носат во прилепската пoлиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод.
Илинден 1936, Крушево!, пишува Најдовски

Времето денеска: Сончево до 40 степени, попладне можен е дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 24, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. УВ индекс 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 37 степени.

Во сабота ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе има и услови за изолирана појава на невреме, особено во северните и источните делови. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови од недела да има благ пад на температурите.

Две светилишта во прилепско каде денеска ќе врие од народ: Заборавете на море и езеро, и право во природа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Ако сеуште не сте се одлучиле каде да го поминете денешниот празник, време е да го запалите возилото и да не чекате ни миг повеќе. Наместо на излет покрај море или езеро, ве упатуваме до двете светилишта во прилепско кои денеска за Св. Илија – Илинден, ќе вријат од народ.

На околу 30 км од Прилеп, движејќи се по патот Прилеп-Градско, се скршнува кај с. Беловодица и преку селата Царевиќ и Смолани, се пристигнува во една волшебна рајска убавина, до манастирот посветен на Св. Илија во с. Дрен.

Низ предели исполнети со зеленило, шаренило, мир и тишина, низ прегратки на дебела дабова шума, се доаѓа до ова здание кое ни имагинација и магија не би го создале сами од себе.

А таму ќе ве пречекаат шарени пауни, рајски птици, носители на мир, бели гулаби, многу цвеќе и одлична уреденост и чистота.

Она што оди во прилог на целосно опуштање и заборав на сите проблеми, е тоа што нема мобилна мрежа, но има повеќе од доволно што да се види и доживее.

Љубовта кон бога и веројатно силата која им ја подарил светиот пророк Илија, се нештата кои помогнале на сите добронамерници да го изградат ова што постои и плени сечие око.

Водата од манастирската чешма е мевлем и лек за душа, силна, бистра и студена.

За втора дестинација ве праќаме во село Кален мариовско каде ќе ве дочека манастирот Св. Илија Писокал.

Манастирот се наоѓа во живописната и недопрена природа на почетокот на Мариово, веднаш после превојот Слива од десната страна на патот Прилеп-Витолиште, на оддалеченост од 18 километри од градот. Писокал е поранешно село кое во 1873 година имало 46 жители во 9 домаќинства, а во 1900 имало 90 жители. Селото Писокал згаснало, запрел плачот на децата, крикот на добитокот и црковната камбана, под притисокот и палежот на Турците и Србите, во почетокот од минатото столетие.

Се запретале во пепел огништата, се преселил животниот пламен и ритамот на срцата со болка во душата. Се исселиле жителите во денешното село Чумово. Според легендата, момата Илина ја изградила црквата, на денешното место, одмарајќи се од жетварската мака. По дремката, и исчезнале опинците и калците. Го побарала на помош Свети Илија, а тој на празникот, и ја вратил “рубата”. За благодарност, таа ја кренала црквата, наречена Свети Илија, а местото го крстила Писокал, по прекрасно, навезените први, калци како напишани.

Инаку, црковниот одбор вели дека црквата е обновена со дарови на населението, кое го посетува местото. Се одмора во студените сенки, по неколку дена, полнејќи ги дробовите со чист ладен воздух и активирајќи пријатни чувства на сите сетила. Кренат е конак со неколку соби, опремени за ноќевање, има трпезарија и кујна за подготовка на храна за слава за над илјада луѓе.

Денеска се празнува Св. Илија, светецот кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот

Во народното верување Свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.

Свети Илија беше Евреин. Живееше далеку пред Христа. Потекнуваше од градот Тесвит, по што и беше наречен Тесвиќанец. Кога се роди, околу него татко му виде Божји ангели како го повиваат во оган и го хранат со пламен, што укажуваше на неговата подоцнежна пророчка служба. Младоста ја помина во постојано богомислие и во молитва, честопати повлекувајќи се на пусти места.

Прорече многу настани и направи голем број чуда со силата Божја, што беше во него. Пред крајот на неговиот земен живот го избра за свој наследник пророкот Елисеј, а потоа се вознесе на небото во огнена кочија. Се јави пак при Христовото преображение, а ќе се појави и пред второто Христово доаѓање.

Пророк кој пали и гаси на небото и земјата….

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици.
Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе удрел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе удрело ќе расипело и ќе убиело.

Ламјата од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не бијат громови по полето, луѓето и стоката и сл.

Ефтим Спространов меѓу другите записи на обичаи од Охрид запишал и верување дека ако грми на Свети Илија, оревите ќе бидат шупливи. Во пролет и во лето кога има грмежи свети Илија се шета по небото со златна кола и ја бара ламјата за да ја убие. Таа оди да ги пасе житата, а тој штом ќе ја забележи, фрла по неа со огнени стрели. Е. Спространов забележал дека Св. Илија е празник на кожуварите.

И Кузман Шапкарев кој објавил богати записи на многу македонски обичаи и верувања забележал дека на 20 јули (стар стил) на споменот на пророк Илија празнуваат еснафите: кожуварите, самарџиите и ѓерамидџиите како што и на чевларите празникот им е на Св. Спиридон, а пак на корабџиите Св. Никола, како претседател и покровител на речните еснафи.

Од нив двата први т.е. кожуварскиот и самарџискиот за време на празникот на Св. Илија до неодамна даваа општа гозба (угостување) на своите момоци, работници во еснафот на кој ден сите заедно, мајстори и калфи се гоштеваа на една или неколку софри на некое место за веселење, надвор од градот и се веселеа.

Тие два еснафи принесуваа во црква восочни свеќи – ламбада и пет леба како што се принесува и на секоја служба. Последниот тоа не го прави. За него велат за да го умилостивел светецот та да не врне преку летото, за да можат ѓерамидџиите без пречки да работат погребувал живо магаре за жртва. Но, тоа во наше време не е вистина дека го правеле, вистина е само дека вечерта спроти празникот прават тркала од неисушени ѓерамиди како симбол на колата врз која пророкот се возел по воздух и од која грмело и пуштал дожд во кого веруваат како Бог Грмник. К. Шапкарев, исто така го забележал и верувањето дека ако на Илинден загрми таа година оревите ќе бидат шупливи.

Во Гевгелиско се сметало дека Св. Илија е сред лето. Исто така овој ден се сметал за тежок празник и тогаш никој не работел зашто тој бил „аталија – може да те млʼсне и тресне“. Народот верувал дека св. Илија секогаш држи во раката некој буздоган и со него ја брка ламјата, а кога го фрла буздоганот, тогаш треска, удира гром.

Народот верувал и тоа дека и св. Илија како и св. Андон може да лекува некои болести поради што многумина ги земале од црквата иконите на св. Илија и ги држеле кај болниот. Исто така и му ветувале нешто за болниот да оздрави. Во Дојран се одржувала црковна служба и панаѓур коишто траеле два дена, а болните ноќта спиеле под иконата на св. Илија.

Среде Софија Македонец му даде четири гола на Бугарите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски ја враќа формата од минатата сезона, а европските натпревари посебно му лежат. Вчера во Софија, македонскиот напаѓач постигна четири гола во победата на кипарската екипа АЕК Ларнака против домашниот Левски со 0-4.

Првиот меч Кипраните го добија 3-0, па со вкупни 7-0 одат во следна фаза.

Погледнете го шоуто на Тричковски:

Нема зборови со кои може да се опише оваа убавина: Игор и Ана Дурловски со трите деца заедно пеат “Налеј, налеј” (ВИДЕО)

Оперските пејачи Игор и Ана Дурловски со нивните три деца во еден глас ја испеаа песната “Налеј, налеј” и го честитаа Илинден.

“Време во кое и ѕидовите имаат уши а никој не сака да не чуе. Честит нека ни е #Илинден”, напиша Дурловски на Фејсбук.

Громогласен аплауз за МАКЕДОНЧИШТАТА од коњаницата во Крушево (ВИДЕО)

Илинденските коњаници веќе се во Крушево каде утре ќе бидат дел од одбележувањето на 116 годишнината од Илинденското востание.

Попладнево коњаниците продефилираа низ центарот на Крушево, каде беа пречекани од голем број присутни кои ги поздравија со громогласен аплауз.

Погледнете ја оваа убавина:

ФОТО: “И портпаролот на СДСМ бил војвода што гласал за Северна и двојазична Македонија??”

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов, објави фотографија на својот Инстаграм профил дека пристигнал во Крушево, а во описот на истата се нарече себе си војвода.

“Ние војводите стигнавме во Крушево 🙂 Сите сме деца на Илинден”,напиша Костадинов.

ВИДЕО: Снимка која насмеа цел регион – на Бетмен му застана автомобилот среде пат, пожарникарите помагаа

Несекојдневна ситуација била забележана од еден возач на автопат.

Имено, снимил пожарникари како гаснат пожар во „бетмобил“, додека суперјунакот Бетмен стоел збунето покрај своето возило.

„Она кога и на најдобрите им треба помош“, пишува на една Фејсбук страница во опис на видеото.

Не е познато каде точно настанала снимката, а многумина се посомневале дека станува збор за Хрватска.