За прв пат после половина век, власта целосно ја бојкотира една од најзначајните манифестации што се одржува во битолското село Трново, во чест на големиот национален и верски празник Илинден. Во присуство на нашинци од дијаспората, гости од Албанија и Грција, на Семакедонската средба на која се одбележуваа – 48- та исселеничка средба и 39- тата погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, организаторите од Матицата на иселениците, од здружението “Македон“ и од Светскиот македонски конгрес, но и сите гости, имаа можност на дело да видат како овој пат Илинден наместо да обединува, разединуваше.
На средбата во Трново присуствуваа и претставници од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратеникот Трајче Димков.
Еве што напиша Димков на својот Фејсбук профил после средбата во Трново:
“Изминуваат 70 години откако стотица илјади Македонци,во виорот на Втората светска војна и Граѓанската војна во Егејска Македонија беа насилно протерани од своите домови. Ги напуштија нивните огништа во Егејска Македонија.
Ги оставија нивните имоти и загинатите роднини незакопани по боиштата и патиштата. Со себе овде во прегратката на Република Македонија ги донесоа најскапоцените нешта:нивните деца, нивниот јазик, нивните песни и ора, нивната македонска гордост. Прогонетите Македонци од Егејска Македонија станаа нераскинливо ткиво на Македонскиот народ.
Денес сме собрани овде да покажеме на домашната и меѓународната јавност дека постојат Македонци од Егејска Македонија и дека после 70 години прогонство што трае, уште посилно се бориме за остварување на нашите основни човекови права и слободи. Ние порачуваме дека никој не може да ги негира Македонците. Никој не може да направи да престанат да постојат или да се чуствуваат Македонци. Колку повеќе не притискаат,омаловажуваат и не не признаваат,толку повеќе не прават поголеми Македонци. Да живее Република Македонија! Да живее Македонскиот народ!”
За промената на саатницата на полагањето на цвеќе на гробот на Никола Карев, не биле информирани ниту неговите потомци, правнуците на Карев, кои беа револтирани од овој чин и истакнаа дека не се согласуваат со ваквиот потег на власта. Тие велат, дека нивниот дедо бил чист Македонец кој се борел за Македонија исто како и останатите илинденци. Побараа да се разгледа нивното барање, нивниот прадедо Никола Карев да биде вратен во химната на Македонија.
Ова се изјавите на тројцата правнуци на Карев за Сител ТВ.
-Имаше покана во 9 часот да присуствуваме сите тука, а тие дојдоа предвреме и заминаа и не не поканија да дојдеме и групно да го славиме денот денешен.
-Ние со Бугарија добри комшии сме и со Србија и со Грција, но ние сме Македонци и за оваа Македонија народ и партизани гинеле за македонското име.
-По која основа и незаслуга е исфрлен Никола Карев од химната. Бараме во најскоро време да ни одговори некој од историчарите во Македонија или некој од МАНУ. До ден денес не добивме никаков одговор.
Денеска на Илинден автобуси од цела Македонија пристигнаа во Крушево. Иако дел од нив кажуваа дека спонтано се организирале, дел па пред камерата на “Инфомакс” кажаа дека организатор на превозот била владеачката СДСМ.
На присутните им се делеа капчиња и знамиња на Европската Унија, иако нема некоја поврзаност на ЕУ со денешниот голем христијански и историски празник за Македонците.
Сепак, европските знамиња добро им се најдоа на донесените граѓани, кои ги искористија за подлегнување и одмор.
Најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ раскажа интересна анегдота како ја пропуштил можноста да го запознае идолот од детството, славниот кошаркар Мајкл Џордан.
“Од секогаш сонувам да ги запознаам своите три спортски идоли. Тоа беа Џордан, Сампрас и Томба, бидејќи доаѓам од скијачка фамилија, а и јас сум страствен скијач. И до тој момент немав запознато никој од нив, се сеќавам дека прв беше Сампрас. Знам дека се прашував: Сега што, сега што?! Дали да го прашам да играме? И секако, го прашав и тој прифати. Тоа беше голема работа за мене- вели Новак во интервју за “Вицеспортс”.
“Со Џордан имам интересна анегдота, не го запознав до тогаш, со Томба се имам сретнато неколку пати, беше во Србија, имаме пријателски однос. Никогаш не сум скијал со него, а тоа ми е голема желба. А Џордан? Па, тој беше во Монте Карло каде јас живеам веќе 10 години и се сеќавам дека имав пауза меѓу два тренинзи”, започна Ноле:
“Мојата сопруга појде да се прошета низ градот со нејзината сестра и по извесно време ми се јави на телефон. Мислам, тоа беше пред да станеме родители имавме можност малку да одмориме. Го исклучив звукот од телефонот, малку ги затворив очите, да одморам. Имав пет пропуштени повици. Јас се јавив, се сеќавам како да беше вчера.
Таа ми вели: Џордан е тука, на пет метри од мене. Молам?!
Мајкл Џордан, товјот идол, тука е пред мене, доаѓај веднаш. Не знам што ми стана но и реков имам тренинг попладне морам да одмарам. По десет минути станав и заминав таму, но Џордан го немаше. Се надевам дека ќе имам можност да го запознаам еден ден”.
На ИЛИНДЕН, најголемиот македонски празник, членови на СДСМ кои пристигнаа со автобуси од цела Македонија ја нападнале вербално делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ?
Немаме уште информација од МВР дали е некој уапсен за овој срамен чин, бидејќи цело време декларираа дека секој што ќе ја наруши свечената атмосфера ќе биде приведен?
Нашата планета на глобално ниво можеби беше најжешка во историјата во јули во споредба со записите што некогаш се забележани тој месец, објави Светската метеоролошка организација (WMO) денеска, само една недела откако европскиот топлотен бран ги собори сите претходни рекорди за температура.
Податоците засновани врз првите 29 дена во месецот посочуваат дека јули 2019 година ќе биде исто топол или можеби потопол од претходниот најтопол јули, регистриран во 2016 година, во исто време и најтопол месец досега.
Во тоа време, просечната температура на копно и море беше за 0,87 степени Целзиусови повисока од просечната измерена во текот на 20 век, според WMO и Националната служба за атмосферска и океанографска служба на САД (NOAA).
Минатиот месец, Светската метеоролошка организација објави дека јуни 2019 година бил најтоплиот месец во историјата, а 2019 година може да стане една од најтопли години досега, односно од моментот кога записите започнале во 1880 година.
Како дел од прославата на најголемиот македонски празник „Илинден“ кој се чествува како темел на независна Република Македонија, настапуваше и албанското КУД Емин Дураку, пишува Сигнал.мк.
„Некст Тајм“, дуото кое за кратко време стана омилено меѓу публиката со преработките на неколку македонски народни песни, на својата фан страна на Фејсбук упати честитка по повод најголемиот македонски празник „Илинден“.
“Честит Илинден!!! Да ја сакаме и чуваме Македонија!!!”, напишаа “Некст Тајм” на Фејсбук.
(Фејсбук статус на Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески)
“ОВА Е МОЈАТА ИЗЈАВА КОЈА ХУНТАТА НА ВЛАСТ ДЕНЕС НЕ ДОЗВОЛИ ДА БИДЕ ОБЈАВЕНА!!!
Илинден е симболот на вековната борба на македонскиот народ за слобода и самостојна македонска држава, Илиден е темелот на македонската државност. Чествувањето на овој ден и поклонот пред најголемите великани на македонскта револуционерна борба е гордост, чест, но и обврска за продолжување на борбата за остварување на нивниот идеал.
За жал, денес на власт е влада на чело со сдсм која секојдневно ги понижува Македонија и македонскиот народ и го изврши најголемото национално предавство.
Ченто кажал: “Не верував дека Македонци ќе ми судат за Македонија”. Ние Македонците не верувавме дека Македонци ќе ја прекрстуваат Македонија. Но, борбата не запира!!! Македонскиот народ е свестен, добро знае кој е и што е и ќе ја казни оваа предвничко-криминална банда на сдсм. Новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе го врати достоинството на македонските граѓани, а Македонија ќе ја постави на вистинскиот колосек на патот на успехот и развојот.
МАКЕДОНЦИ!!!
Честит 2-ри Август, Денот на Републиката! За многу години Илинден! Да ни е вечна Република Македонија!!!”