Времето денеска: Сончево до 40 степени, попладне можен е дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 24, а максималната ќе достигне од 31 до 40 степени. УВ индекс 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната температура до 37 степени.

Во сабота ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе има и услови за изолирана појава на невреме, особено во северните и источните делови. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови од недела да има благ пад на температурите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.