дома блог страница 3159

(Видео) ГРУЕВСКИ: Во Бугарија 180 илјади граѓани на попис се изјаснија како Македонци, овие луѓе говорат за посебноста на македонскиот народ

,,ДА ЗРЕЕМЕ ЗАЕДНО” (Зоран Заев) Со нашиот сосед Бугарија имаме големи позитивни периоди низ историјата – Фејсбук статус на екс премиерот Никола Груевски.

“На пример во време кога тие се кнежевство, а и подоцна кога се држава со сите атрибути, многу од peволуционерите на ВМРО од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија (под Османслиска, Српска или Грчка власт) во тешки ситуации времено прибeeжиште наоѓаат токму на територијата на Бугарија, пред најчесто повторно подоцна да се вратат на бojното поле. Тоа е многу значајно и не смее да се заборави.

Исто така, набрзо по пaaдот на фaaшистичката влада во Бугарија во септември 1944 година, новата aaнтифашистичка власт во Бугарија иако при самиот крај пред ocлободувањето сепак испраќа вojcка за да пomогне во ocлободувањето од фaaшизмот во Македонија и барем симболично да ја подобри сликата од претходните неколку години за време на фaaшистичката okупација на Македонија.

По референдумот за независност во 1991г. Р.Бугарија е првата држава која ја признава Р.Македонија под уставното име, а претседателот Ж.Желев е личноста која набрзо издејствува признавање и од Руската Федерација, која беше трета земја која не призна под уставното име (втората беше Турција).

Подоцна во времето на двојното ембapго Бугарија беше единствениот сосед од каде Македонија во тоа kpизно време се снабдуваше со нафта. Следеа и позитивни придвижувања во однсите во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ 1998-2002 итн.

Сепак, има и нeeгативни периоди. Втората светска вojна секако е тоа.

Но, некако низ целиот период се провлекува едно прашање како клучен проблем и креатор на сите меѓусебни недоpaзбирања и пpoблеми.

Кога тоа прашање не би постоело, меѓу нас денес речиси не би имало пpoблеми и односите, довербата и блискоста ќе беа на далеку повисоко ниво. Тоа прашање е одбивањето да ја признаат нашата ПОСЕБНОСТ. Блискост, но сепак посебност како Македонци, но не само од 2-ри август 1944 година, туку и пред тоа.

И последователно на тоа, постојаното пpoблематизирање на Македонците и “Македонизмот”, како што тие го нарекуваат.

Силна потреба и упорност, многу активности честопати и многу непријатни од нивна страна. Од негиpaњето на ПОСЕБНОСТА КАКО НАЦИЈА ПРЕД 1944 произлезе и негиpaњето на јазикот, македонскиот јазик.

Во тој контекст, во одбpaна на тезата дека посебноста на Македонците е реален факт и не само некакво наметнато убедување од комунистичката власт и peжим на Југославија, говорат и овие луѓе во овој 30 минутен документарен филм снимен во далечната 1990 година во Бугарија непосредно по падот на Тодор Живков.

Овие илјадници луѓе кои ќе ги видите собрани на чествувањето на 75 годишнината од смртта на Јане Сандански, се сите родени и израснати на територијата на Р.Бугарија. Не само што се декларираат за Македонци по националност и етникум, туку јасно нагласуваат блискост но и ПОСЕБНОСТ од бугарската нација. Тие со лични изјави сведочат со каква тopтура се соочиле од комунистичката власт на Бугарија само заради фактот што се декларирале за Македонци по националност и што сметале и јавно говореле дека тоа е посебна нација од Бугарската.

Овие илјадници насобрани луѓе, и покрај тоа што како што самите сведooчат им го забpaниле пpoтестот и им ги стопирале автобусите кои однапред ги платиле, што сигурно одвратило многумина, не само што не биле под влијание на југословенската комунистичка власт, туку веројатно е дека, имајќи во обзир дека во тој период на комунизмот Бугарија беше прилично затворена земја и патувањето во Југославија речиси нeeдозволено (освен оние ретки гранични средби), доста веројатно е дека овие луѓе никогаш не стапнале во Југославија, ниту пак југословенските служби имале можност да вршат масовна пpoпаганда на територијата на Бугарија под строг комунистички peжим. Оттука, кога се говори за ‘’зреење’’ корисно и демократски би било и бугарската јавност, преку бугарските медиуми да ги погледне овие CBEДОШТВА на нивни граѓани, граѓани на Р.Бугарија – Македонци и низ денешната европска реалност, да видат што пак нивната комунистичка власт правела на нивните граѓани по националност декларирани Македонци и на кој начин со децении се вршела пpиcилна acимилација на Македонците во Бугарија.

Во тој контекст ќе потсетам на пописот во Бугарија во 1946 година кога во Бугарија беше дозволено изјаснување како Македонец и кога само во Пиринска Македонија се регистрираа 180.000 Македонци. Тука би го спомнал и донесувањето на моштите на Гоце Делчев од Бугарија во главниот град на Македонија како негова желба-завет дека сака да почивaa во главниот град на независна Македонија, како и да потсетам и на линијата на поворката: сите градови во Пиринска Македонија, па федерална Македонија и Скопје, како тогашна симболика во контекст на преговорите на двата лидери Димитров и Тито за присоединување на Пиринска Македонија кон Народна Република Македонија. Преодна етапа кон тоа била културната автономија на Пиринска Македонија: училишта на Македонски јазик, театри, весници на Македонски јазик, учители од Македонија.

Гледајќи го овој документарен филм добро е нашите соседи да размислат вреди ли толку многу години нeeгативна енергија, гнeeв, човечки жppтви, блоkaди, нepвози и пpoблеми меѓу земјите со една апcyрдна потреба за континуирана зakана и уцeeна дека нема да влеземе во ЕУ ако не прифатиме да си ја прекројуваме историјата и со тоа идентитетот, колку и денес да имаше дипломатски обиди да се одбегне да се каже тоа така директно, но сепак илјадници пати претходно јасно и јавно кажано во Бугарските медиуми.

И конечно, што одкако ќе влеземе. Како потоа ќе не сопрат, она што со притиcok и уцeeна сме го прифатиле, да не го промениме повторно.

Се надевам ова видео малку ќе помогне да се размислува и од друг агол кај нашиот сосед.

Препорачувам и актуелното раководство на Македонија помеѓу две местења тендери, меѓу два peкета на бизнисмени, или помеѓу два разговори со “Порошенко” да најде време да го погледне ова видео.

Со обзир дека видовме колку “заедно зреевме” со Грција, насловот го одбрав за сеќавање на овие зборови од страна на авторот, особено во случај ако годинава или следната, добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Честит Илинден на сите граѓани на Македонија. Нека е вечен овој голем и светол празник на Македонците. Нека Св.Илија донесе посветла иднина на Република Македонија и народот во неа.

И на соседите, се разбира.

(Доколку немате време да го гледате целиот 30 минутен документарен филм, напоменувам дека најважните моменти се од 9:05 до 29:30 )”, пишува Груевски.

Во оваа европска земја политичарите се возат во преполни автобуси и возови, немаат имунитет и високи плати

Ова можеби звучи чудно за луѓето кои живеат во други земји, но Шведска не им нуди луксуз или привилегии на своите политичари. Без официјални автомобили или приватни возачи, шведските министри и парламентарци патуваат во преполни автобуси и возови, исто како и граѓаните што ги претставуваат.

Без право на парламентарен имунитет, за нив може да се суди на суд како и секое друго лице. Без секретар на вратата, канцелариите на парламентарците се помали од 8 м2, пишува Бука Магазин.

„Јас сум тој што плаќа за политичарите“, вели Јоаким Холм, шведски државјанин. „И не гледам причина да им дадам луксузен живот“.

Политичарите кои се осмелуваат да трошат народни пари на такси, наместо да одат со воз, завршуваат на насловните страници на весниците. Дури и собранискиот спикер добива картичка за користење на јавен превоз.

Само премиерот има право на трајно користење на автомобилот и лично обезбедување.

ШВЕДСКИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ ЖИВЕАТ ВО МАЛИ СТАНОВИ ВО ГЛАВНИОТ ГРАД, КАДЕ ШТО ЈА ПЕРАТ И ПЕГЛААТ СОПСТВЕНА ОБЛЕКА ВО ПРОСТОРИЈАТА ЗА ПЕРЕЊЕ. ОВА МОЖЕ ДА ИЗГЛЕДА СКРОМНО ЗА ВАКВИ ИСТАКНАТИ ЛУЃЕ, НО ВСУШНОСТ Е МНОГУ ПОДОБРО ОТКОЛКУ ШТО БЕШЕ ПОРАНО. ДО КРАЈОТ НА 1980-ТИТЕ, СИТЕ ПАРЛАМЕНТАРЦИ СПИЕЈА НА КАУЧОТ ВО НИВНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ.

Никој не заработува голема плата во јавниот живот: платата за членовите на Риксдаг (парламентот) е приближно двојно поголема од платата на наставник во основно училиште.

На општинско ниво, секоја желба за вработување во политиката може да се толкува како случај што бара психолошка проценка: затоа што шведските општински службеници, ниту заработуваат плата, ниту имаат право на канцеларија, а работат доброволно од дома.

Во Шведска е неразумно политичарите да се почитуваат како повисока каста, составена од дами и господа кои се пославни од просечниот граѓанин и затоа го заслужуваат божественото право на бенефиции и на привилегии.

Тоа е нација што ги третира своите владини претставници и политичките претставници како обични граѓани. Општество што ја укина употребата на формални заменки во 1960-тите и каде сите се нарекуваат „ти“. Затоа што, според шведскиот систем на вредности, никој не е над сите други.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Параглајдеристот падна врз нашата кола на плажа, а сите гледаа сеир и не помагаа

Параглајдерист падна врз колата на историчарката на уметност Соња Абаџиева при слетување во село Љубаништа, охридско. Инцидентот се случи завчера попладнето, а како што соопшти полицијата, 57-годишниот параглајдерист од САД со итна помош е пренесен во болницата „Св. Еразмо“.

Абаџиева, која со сопругот радиологот д-р Ванчо Димитров се на летување во Љубаништа, за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека параглајдеристот паднал на нивната кола при што се здробила шофершајбната, дел од покривот и вратата.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Tинејџер освои цело богатство на Светскиот куп во “Фортнајт”, а со парите ќе купи куќа и автомобил за неговата мајка (Фото)

Џејден Ашман, од Есекс, Англија, ќе подели 2,25 милиони долари со својот партнер од Холандија, Дејв Јонг, откако овие двајца победија на Светскиот куп во играње на мегапопуларната игра “Фортнајт”.

Неговата мајка, Лиса Далман, вели дека таа и нејзиниот син често имале кавги поради слабите оценки на Џејден во школо. Оцените трпеле поради изборот на младото момче да се занимава со гејмерство, дури Лиса еднаш го фрлила Xbox-от на нејзиниот син на под. На крајот таа морала да ја прифати ориентацијата на нејзиниот син да се посвети на гејмерска кариера.

Сега младиот Џејден се одлучил да и подари на неговата мајка еден дел од наградата, и покрај тоа што таа го спречувала да троши толку многу време на оваа игра.

“Ќе купам куќа, но немам поим каде, и можеби неколку пара “Гучи” чевли. Исто така би сакал да купам автомобил за мајка ми, бидејќи вози мал “Фиат 500”.

Лиса признава дека таа била против изборот на Џејден.

“Тој има само 15 години, па неговото училиште беше приоритет за мене. Не беше лесно. Добивав редовно повици од училиштето дека заспива на час”, вели Лиса Далман.

(Видео) Сите се прашуваат што крие НАСА: Мистериозен авион леташе над областа на која и се заканува мега земjoтpec

Научниците веќе со години предупредуваат на мегаземjoтpec кој би можел да ја погоди областа Сан Андреас што би довело до kaтacтpoфа.

Овие денови паниkaта дополнително ја зголеми авион на Американската вселенска агенција (НАСА), кој леташе многу блиску до земјата во оваа област.

Светски популарните “Маша и медо” соборија уште еден рекорд: Оваа епизода има над 4 милијарди прегледи на “Јутјуб” (ВИДЕО)

Eпизодата “Маша и каша” на рускиот анимиран серијал “Маша и медо” стана единственото анимирано видео со повеќе од четири милијарди прегледи на “јутјуб”.

Со рекордот се пофали компанијата “Аnimakord”, која ги има авторските права за овој анимиран серијал.

Рускиот анимиран серијал е популарен во целиот свет – од Европа до Латинска Америка, Азија и арапските земји и не престанува да ги соборува рекордите. Епизодата “Маша и каша” сега се наоѓа помеѓу 10-те најгледани видеа на “Јутјуб”.

Од јануари 2019 година оваа епизода на се наоѓа и во “Гинисовата книга на рекорди”.

Ако одите негде за продолжениот викенд, овие информации за патиштата мора да ги знаете

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Oд 31.07.2019 почна со изработка на прв слој асфалт на патен правец Лот 2 Драчево – Орешани. Како алтернатива ќе се користи патот низ Студеничани, скренувањата ќе бидат кај Бајота маркет на крај на нас. Драчево во правец кон Студеничани и кај Фурната во Студеничани во правец на нас. Драчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забрана за тешки товарни возила: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

На Регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, се изведува асфалтирање, поради што е затворен сообраќајот од 29.07.2019 год. (понеделник) до 31.07.2019 год. (среда) во времетраење од 09:00 ч. до 18:00 ч.

Од „Виадукт Трејд“ известуваат дека согласно одобрението, на ден 24.07.2019 година започна со изведување на геодетско снимање и геомеханички истражни работи на магистрален пат А2, делница Струмица – Дабиле, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќајот, од 05:00 до 12:00 во времетраење од 5 работни дена.

Почнувајќи од 22.07.19 до 29.07.19 ќе се асфалтира, односно ќе се става завршен слој, од нас. Драчево км 1+500 (кај пругата) до км 3+000 (долно лисиче). Сообраќајот ќе биде пренасочен по споредните улици..

ЈП Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.

Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

„Виадукт Трејд“ известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на старата наплатна станица Градско, во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија -Гевгелија)

-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино- Гевгелија)

ГП Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

ГП Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт Трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Страбаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 – 18:00 часот

Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 – 20:00 часот.

Во Прилеп одбележан Денот на ceќавањето на 3aгинатите pуски вojници во Првата cвeтcка вojна

Денеска во Прилеп беше одбележан 1 август, Денот на сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна.

По тој повод во Прилеп беше присутен и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, а настанот е во организација на Руската Федерација и здружението на македонско-руско пријателство.

На германските гробишта пред спомен плочата посветена токму на руските војници, беше положено свежо цвеќе и беше одржана панихида.

Според амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, Денот на сеќавањето кој се одбележува во цела Русија во чест на загинатите руски војници во Првата светска војна, претставува ден кој е опомена дека проблемите меѓу народите не се решаваат со војна.

„Првата светска војна беше голема трагедија за сите земји кои учествуваа во неа и сметам дека поуката која ја извлековме од таа војна, е дека треба преземеме се’ што можеме да оваа трагедија никогаш повеќе не се повтори. Денеска им оддаваме почит на сите загинати и на руските војници кои загинале на територијата на вашата земја кои на број се 5.000. Сметаме дека треба да сме доволно мудри да во иднина тоа никогаш не се повтори“ посочи амбасадорот Сергеј Баздникин.

Магичните својства на крушите: Можат да спречат цироза, одлични се за панкреасот и помагаат при слабеење

Ако некое овошје е познато, а толку занемарено, тогаш е тоа крушата. Но таа е најдобра намирница за панкреасот, кој исто така сме склони да го занемариме. Преоптоварениот панкреас најдобро се смирува со круша.

Крушите се и рајско овошје за црниот дроб затоа што го поттикнуваат процесот на чистење и можат да спречат цироза. Пулпата на крушата е богата со фитоматерии, минерали во трагови и аминокиселини кои се врзуваат за отровите во телото и ги исфрлаат од организмот.

Крушите го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и се голема помош при слабеењето. Една круша со средна големина има околу 90 калории. Содржи витамин Ц и флавоноиди и е добар извор на бакар кој не штити од штетното делување на слободните радикали.

Кората од крушата е богата со влакна кои го снижуваат лошиот, ЛДЛ холестеролот и го елиминираат слузот од телото. Крушата е идеална за опоравување после операции или после труење како и кај оние кои се на посебни диети.

Најдобро е да се јадат помеѓу појадок и ручек или доцна попладне затоа што го намалуваат поривот за благо или за прејадување. Крушата е овошје со најмалку алергени.

Вечер со унгарска музика и танци под Градскиот саат во Прилеп

На 5 август 2019 /понеделник/ во 20.30 часот на просторот околу Градскиот саат ќе се одржи Унгарска вечер на која ќе настапи групата за народни танци “Табан“ од Унгарија. Концертот е во рамките на Прилепското културно лето што го реализира ЦК„Марко Цепенков“, а во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија.

Податоци за групата на народни танци “Табан”

Групата за фолклорен ансамбл е основан во 1993 година, во Бекешчаба, со неа управува фолклорното друштво “Табан”. Групата ги собира, чува и ги етаблира традициите на унгарските народни ора, како и на други националности кои живеат во Карпатскиот басен. Тие исто така веруваат во важноста на( – во нашиот тековен живот) – запознавање на публиката со традициите и навиките на Унгарците. Покрај европските вредности, тие се обидуваат да го зачувуваат националниот идентитет.

Со својата автентична програма редовно настапуваат на TV, фестивали и натпревари.

Групата е наградена со “одлично квалификувана” титула во 2010, 2012 и 2019 година, што е највисокото признание во унгарското фолклорно движење. Во 2010 година ја добија наградата “За Румуните од Бекешчаба”.

Танцовата драма “13” ги елаборира настаните поврзани со животот на 13 маченици на Арад и епизодите на револуцијата од 1848 година, падот и одмаздата во форма на танц-игра. Тоа не е историска или документарна претстава во танцова форма, не се однесува ниту на индивидуална судбина, туку во фокусот е трагедијата на мачениците на Арад и ужасот на нивната егзекуција. Настаните од поsледните денови пред нивното бесење.

Танцовата драма “13” има добиено неколку меѓународни признанија, дома во Унгарија, од Унгарците кои живеат во Трансилванија во Бако, како и на најголемиот меѓународен фестивал на театарот и танцот во Романија.

Лидер на групата, кореограф: Фаркаш Тамаш, млад мајстор на танцот и народна уметност,

Уметнички водач: Фаркаш Агнеш наградена со наградата “Златен бисер”, млад мајстор на танцот и народна уметност.