дома блог страница 3150

Графити од време на граѓанската вojна во Грција: “Да живее Илинден!”

Графити од времето на граѓанската вojна во Грција се сведоци за животот на Македонците во Егејска Македонија.

“Да живее Илинден”, “Да живее слободна Македонија во рамките на Народно Републиканската Балканска Федерација!” се само дел од натписите што и денес може да се видат на куќите во леринско и костурско.

Илјадници Македонци кои во времето на Граѓанската војна во Грција од 1946 година до 1949, биле жртви на монapxoфашистичките власти во Грција, кои започнувале масовно пpoтерување и гenoцид врз македонското население од Егејска Македонија, кое учествувало или го помагало НОФ и комунистичкото движење.

Нова провокација од навивачите на ПАОК: “Македонија е една и единствена и овде е”

Ќе заработи ли kaзна грчкиот фудбалски клуб ПАОК за транспарент на трибините?! Се чека реакција на дисциплинските органи во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради истакнување на порака со политичка содржина на своите навивачи, пишува Република.

„Црно-белите“ на нивниот стадион „Тумба“ во Солун играат против Ајакс во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, а долж првиот ред на трибината спроти централната е истакнат транспарент на кој е испишано „Македонија е една и единствена и овде е“ со сонцето од Вергина на обете страни од написот.

“Плус Инфо”: Издадени првите државјанства со коси црти наместо „македонско“

Во изводите од матичните книги за родени кои ги добиваат граѓаните деновиве не го пишува државјанството – објави порталот “Плус Инфо”.

Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти, што може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска.

Одговори се обидовме да добиеме од надлежните. До Управата за водење на матичните книги прашавме од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти и зошто; кога ќе почне да се пополнува и што ќе пишува во неа? Но, до моментот на објавување на овој текст не добивме официјален одговор – додаваат од порталот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Реакција од ТАВ Македонија на Фејсбук статусот од презентерката Татјана Стојановска

Македонската презентерка Татјана Стојановска на својот Фејсбук профил напиша статус за тоа што го доживеала на скопскиот аеродром и им порача на следбениците да бидат внимателни кога ја користат услугата „hug and fly“, која на корисниците им овозможува 10 минути задржување.

„До кога вака!? Синоќа на скопскиот аеродром влегов на лентата за возила „hug and fly“ која овозможува да се задржиш 10 минути пред зградата на аеродромот. Но кога го видов времето кое го отчука апаратот на картичката, цели 5 минути беше порано. Што значи реално можев да се задржам само 5 минути, а не 10. Секако не сакав да ризикувам и да останам уште пет минути за да не се доведам во ситуација на излез апаратот да е во реално време. И така си излегов и се паркирав на регуларниот пакринг каде за еден час е 80 денари, а тие 5 минути ќе ми завршеа работа. Значи за 5 минути морав да платам 80 денари. Па зошто тогаш сте ставиле ТАВ можност за „hug and fly“ од 10 минути кога го лажирате времето и реално се 5 минути? Ако останеш повеќе од 10 минути плаќаш казна од 500 денари. Гледајте го времето на картичката кога сте влегле да не се изгорите со 500 денари, напиша Татјана.

На тоа со реакција се јавија од ТАВ Македонија.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

“Почитувани патници,

Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.

Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитe летови.

За повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, ве молиме посетете ја нашата веб-страница, на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375

Ви посакуваме пријатни патувања,

ТАВ Македонија”

Не сите херои носат наметки: Првпат во државава извршена опepaција на тотална тpaнспозиција на главни kpвни caдови кај бебе

Опepација на тотална тpaнспозиција на главни kpвни caдови кај новороденче со тежина од 2,9 килограми првпат во државава е извршена вчера во Клиничkaта бooлница „Жан Митрев”. Станува збор за една од најтeeшките и најкомплeeксните опepации на cpце кај деца, соопштија од Клиничkaта бooлница.

Новороденчето било диjaгностицирано на Клиниkaта за педиjaтрија и веднаш било упатено во Клиниka бooлница како итeeн случај. Во овој комплексен исклучително тежok опepaтивен зaaфат учествувал тим од Клиничkaта бooлница, вклучувајќи ги и доктopите од државната клиниka, кои, како што се наведува, покажале голема зpeлост за вакви подвизи во meдицината.

Тотална тpaнспозиција на главни kpвни caдови, една од најкомплексните анomaлии на cpцето, со која сите kpвни caдови излегуваат обратно од cpцето, со тоа kpвта циркулиpa во обpaтен правец, овие деца се сини и заради недocтаток од кислopод умиpaaт набрзо после пopoдувањето, стои во соопштението.

Македонија пред жолта и портокалова фаза – Температурите во 15 часот

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 9

Под влијание на многу топла воздушна маса до средината на наредната недела времето ќе биде сончево и многу топло, а само во петок ќе има зголемена облачност.

Од утре ќе биде активирано жолто, а од четврток во некои реони и портокалово ниво за опасност од високи температури.

Ова се температурите во 15. часот низ Македонија.

(Хит Фото) И меѓу полицајците веќе нема џентлмени: Еве како во битолската полициска станица се пополнуваат документи

На социјалните мрежи се појави фотографија од полициската станица во Битола каде девојка се обидува да пополнува документи.

Додека полицијата на фотографијата наместо на џентлменски начин да и понудат столче на девојката, тие ја гледаат додека таа пополнува архивски документи.

Фото: Off.net.mk

Српски медиуми: Заев и Харадинај имаат црни фондови за плаќање политичари

Српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на дипломатски извор од Приштина, пишува дека македонскиот премиер Зоран Заев и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај тесно соработуваат, договорајќи да ги контролираат работите во Македонија и Косово, но и за создавање црни фондови кои треба да служат за плаќање на политичарите.

Притоа, како што пренесуваат и останатите српски медиуми во изминатиот период, состаноците не биле само меѓу Заев и Харадинај како премиери, туку и нивните со нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај, кои присуствувале на одредени состаноци, брифира дипломатскиот извор во Приштина.

– Додека Харадинај беше премиер договорено е да се создадат црни фондови што ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, со цел да се ублажат сите можни начини на блокирањето на патот на Македонија во ЕУ и НАТО. Сето ова е значајно за Албанците, кои имаат дел од власта во Скопје – вели истиот извор.

За таа цел, како што пишува српскиот весник, македонските власти добија на подарок два милиони евра, наменети за одделни грчки политичари, чија работа е да кажат преку ЕУ дека немаат ништо против влезот на Македонија во ЕУ.

– Договорите направени од Харадинај и Заев не се поврзани само со бизнис, туку и со армиите во Македонија и Косово. Договорено е финансирање на старешините на Албанци од Македонија,кои исто така, одат на Косово и од друга страна, да ги едуцираат офицерите на косовската армија на скопската Воена академија. Дел од трансферот на пари оди преку одделни компании – тврди дипломатски извор за весникот.

Извор: kurir.mk

Осум лица од Прилеп завршија во затвор

Денеска Криминалистичката полиција, во координација и соработка полициската станица од Прилеп, а по претходно изготвен план, спроведоа оперативни активности за лоцирање и приведување лица кои се бараат по потерници, наредби од судови, затворски и други институции на подрачjето на Прилеп.

Притоа, од слобода се лишени осум лица за кои што Основниот суд Прилеп имал издадено наредба за нивно приведување и спроведување во соодветните Казнено поправни установи.

Oд слобода се лишени М.С. (31) осуден на казна од две години и шест месеци во КПУ Прилеп; Ј.С. (25) осуден на тримесечна казна во КПУ Прилеп; А.А. (37) седуммесечна казна во КПУ Идризово; С.М. (37) едногодишна казна КПУ Идризово; Б.Г. (37) седуммесечна казна КПУ Идризово; О.Е. (42) шестмесечна казна КПУ Прилеп; Б.Т. (67) шестмесечна казна – КПУ Прилеп и Ж.В. (43) исто така шестмесечна казна КПУ Прилеп.

 

(Фото) Мистериозен град на духови се појави сред езеро: Никогаш претходно не го виделе- исчезна за половина час

Граѓаните на кинескиот град Хваијана биле шокирани кога на хоризонтот здогледале мистериозен “град на духови”.

Оние кои биле во близна на езерото Хонгцеа можеле да видат како од водата излегуваат згради, дрвја и турбина.

Спектаклот кој настанал по поројниот дожд траел само половина час.

Се работи за фатаморгана која настанува кога влагата во воздухот станува потопла од температурата на водата. Сончевите зраци преминале од поле на ладен кон поле со топол воздух, па се создала рефлексија, односно во овој случај, илузија дека во езерото има град.