“Плус Инфо”: Издадени првите државјанства со коси црти наместо „македонско“

Во изводите од матичните книги за родени кои ги добиваат граѓаните деновиве не го пишува државјанството – објави порталот “Плус Инфо”.

Во графата за државјанство, наместо тоа да биде наведено, има коси црти, што може да се види и од фотографијата во прилог направена од извод издаден денеска.

Одговори се обидовме да добиеме од надлежните. До Управата за водење на матичните книги прашавме од кога графата за државјанство се пополнува со коси црти и зошто; кога ќе почне да се пополнува и што ќе пишува во неа? Но, до моментот на објавување на овој текст не добивме официјален одговор – додаваат од порталот.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.