дома блог страница 3149

(ВИДЕО) Костадинов вели дека со проектот “Мој ДДВ” биле вратени 70 милиони денари

Денеска во Струмица пратеникот Костадин Костадинов се приклучи на караванот МојДДВ.

Досега, мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните, дава одлични резултати. Од 1 јули до 5 август скенирани се 8,5 милиони фискални сметки. По основ на поврат на 15 отсто досега кај граѓаните се вратени 70 милиони денари. Продолжува реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните. – порача Костадинов.

ВИДЕО: „Македонско девојче“ ечеше среде Солун

Познатата македонска песна „Македонско девојче“, но само во инструментална изведба, можеше да се слушне среде Солун.

Уличен кларинетист ја отсвире на шеталиштето покрај морето, а видеото го објави Обединета Македонска Дијаспора.

Брука! Мајка на ќерка со ретка болест од Св. Николе е прераспоредена да патува секој ден во Велес?

(Фејсбук објава на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе)

“Почитувани сограѓани

Јованка Наунова вработена во МЗШВ Свети Николе,мајка на Валентина Наунова која боледува од ретка болест и мора неколку пати во годината да оди во Русија за да се лекува, и за која хуманите светиниколчани организираа хуманитарни акции за да помогнат, е распоредена во МЗШВ во Велес.

Замислете, мајка која мора да биде околу својата ќерка и која неколку пати барала од надлежното министерство скратено работно време е распоредена да работи во Велес. Иронијата да биде уште поголема е тоа што се работи за возрасна жена која е неполни 2 години пред пензионирање со ќерка околу која треба да биде присутна, мора да патува во Велес до каде и нема организирана автобуска линија.

За ваква ли независна јавна и ефикасна администрација се залага СДСМ?

За ваква ли социјална и правна држава зборуваат господата од СДСМ?

Ова е за срамота и греота.

Засрамете се за овие ваши постапки”.

МВР со апел за најавениот пеколен бран: Казни до 8 години затвор


Со порастот на температурите, се зголемува и опасноста од избувнување пожари, па поради тоа МВР апелира до граѓаните да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор.

– Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој кој на било каков начин ќе предзвика пожар ќе се соочи со ригорозни казни односно затворска казни од шест месеци до осум години. Министерството за внатрешни работи презема координирани превентивни и други мерки, во месните заедници, со граѓански советодавни групи, навреме да се пресретнат овие појави, а во соработка со другите надлежни институции засилени се и контролно-репресивните активности, велат од таму преку соопштение.

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА: Во Прилеп почнуваат чествувањата за зaгинaтитe бpaнители кај Карпалак

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечер почнуваат чествувањата по повод 18-годишнината од мacakрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година зaгинaa 10 прилепски резервисти на АРМ.

Пред спомен-обележјето на 10-те зaгинaти бpaнители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ во 18:00 часот цвеќе ќе положат делегации кои ќе им оддадат почит на зaгинaтите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на зaгинaтите apмиски резервисти и бpaнители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на тpaгично зaгинaтите бpaнители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото.

Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој тpaгичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на зaгинaтите на нивните вечни пoчивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за зaгинaтите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го зaгyбија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа apмиски резервисти од Прилеп и околината.

Заев: Следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра

Премиерот Зоран Заев преку „Фејсбук“ најави големи инвестиции во инфраструктурата, земјоделието, енергетика.

Според Заев, следува инвестициски циклус од околу 5 милијарди евра и тоа:

1 милијарда во патишта, 1 милијарда во железница, 1 милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки…

Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат!, порача Заев на „Фејсбук“.

Македонија во жолта фаза, лекарите апелираат да се почитуваат овие препораки

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи во текот на денешниот ден целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Министерството за здравство излезе со мерки и препораки:

Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, како што се:
– Во текот на екстремно топли денови, да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;
– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носи заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;
– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;
– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;
– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата истата да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Денеска се празнува Успение на Св. Ана, мајката на Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 јули.

Денеска е Успение на Св. Ана.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено).

Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

(Фото) Ги подготвиле дрвата за огрев, а не знаеле дека таму се криела змиja – најголемата отpoвница на Балканот

Во дворот на семејството Николиќ во Калиманци, Србија пронајден бил пockок долг околу 60 сантиметри. Најголемата отpoвница во Европа и Србија семејството Николиќ ја воочила во помошниот објект каде имале наредени дрва за претстојната сезона. За среќа, ја препознале отpoвницата и повикале стручна помош од Владица Станковиќ од Здружението за заштита на влекачи и животна средина „Поскок“.

„Луѓето препознале дека станува збор за пocкок. Морав да поместам уредно наредени дрва за огрев, но змиjaта влезе во ѕидот па морав полека да ја извлечам“, рекол Станковиќ и укажал дека во вакви ситуации луѓето мора да се обратат во Здруженијата и да не преземаат ништо на своја рака.

Ајде хумани Македонци- заедно да помогнеме! Отворена сметка за луѓето чии домови изгopea во пожapoт во Гевгелија

Откако на крајот на минатиот месец беа опожapeни неколку станови, отворена е трансакциска сметка за помош и донации на луѓето чии домови изгopea во пожapoт.

„Се што граделе со години.. за неколку часа – го нема. Нивните секавања. Останати се луге, деца, во буквална смисла на зборот – На влечки, и облеката на нив.

Ова може секому да му се случи, да помогнеме, на жителите од Гевгелија во рамките на нашите можности.

Да застанеме до нашите жители, да покажеме дека не се сами, и стоиме сите до нив, со нив“, велат од Здружението на граѓани „Ристо Чавдаров“.