дома блог страница 3151

(Видео) Саудискиот принц гради мегаград со вештачки дожд и Месечина: Сака да го престигне Холивуд со забава, а францускиот брег во летен одмор- но ова е застрашувачko

Кога пред неколку години со својот хеликоптер принцот Мухамед бин Салман слетал на локација покрај морето на северозападна Саудиска Арабија, одлучил на тоа место да изгради град на иднината каков светот уште не видел.

Градот кој ќе ја престигне Силицијумската долина по технолошки достигнувања, Холивуд по забава и француската ривиера како најпосакуваното место за одмор.

Вештачката Месечина ќе го осветлува небото секоја вечер, а островот кој ќе биде во стилот на Паркот од Јура ќе им овозможува на гостите да се дружат со диносауруси роботи, пишува Wall Street Journal.

Татјана Стојановска раскажа што ѝ се случило на скопскиот аеродром

Македонската презентерка Татјана Стојановска на својот Фејсбук профил напиша статус за тоа што го доживеала на скопскиот аеродром и им порача на следбениците да бидат внимателни кога ја користат услугата „hug and fly“, која на корисниците им овозможува 10 минути задржување.

„До кога вака!? Синоќа на скопскиот аеродром влегов на лентата за возила „hug and fly“ која овозможува да се задржиш 10 минути пред зградата на аеродромот. Но кога го видов времето кое го отчука апаратот на картичката, цели 5 минути беше порано. Што значи реално можев да се задржам само 5 минути, а не 10. Секако не сакав да ризикувам и да останам уште пет минути за да не се доведам во ситуација на излез апаратот да е во реално време. И така си излегов и се паркирав на регуларниот пакринг каде за еден час е 80 денари, а тие 5 минути ќе ми завршеа работа. Значи за 5 минути морав да платам 80 денари. Па зошто тогаш сте ставиле ТАВ можност за „hug and fly“ од 10 минути кога го лажирате времето и реално се 5 минути? Ако останеш повеќе од 10 минути плаќаш казна од 500 денари. Гледајте го времето на картичката кога сте влегле да не се изгорите со 500 денари, напиша Татјана.

Хeри Мегваер стана најскапиот дефанзивец во светот

Стоперот на Лестер, Хари Мегваер, денеска потпиша шестгодишен договор со Манчестер Јунајтед за 80 милиони фунти и стана најскапиот дефанзивец во светот.

Англискиот интернационалец потпиша шестгодишен договор, со можност за продолжување на соработката за уште една година.

Рекордот за најскап дефанзивец досега го држеше Вирџил ван Дајк, кој минатиот јануари се пресели за 75 милиони фунти од Саутемптон во Ливерпул.

Не си играјте играчки! Пушењето додека возите во оваа соседна земја се kaзнува со 1.500 евра

Со парична казна од 1500 евра и одземање на возачката дозвола за еден месец може да се соочат таксистите, возачите на автобуси и возачите на секаков вид јавни возила во Грција доколку пушат додека возат, според нови прописи од грчкото Министерство за здравство, објавени од грчките медиуми.

Доколку во возилото има дете под 12 години, тогаш паричната казна е двојно поголема, односно возачот ќе треба да плати 3000 евра.

Еден од приоритетите на новата грчка влада како во предизборниот период, така и по изборите е да се спроведе целосно законот за забрана на пушење на јавни места, а Министерството за здравство на Грција веќе издаде циркуларно писмо во кое објаснува каде треба да се применува конкретниот закон, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчките медиуми објавуваат дека веќе се испратен и нови насоки со предвидените казни за пушење цигари во автомобили.

Според „То Вима“, доколку во возилото, без разлика дали е јавно или приватно има дете до 12 години, тогаш забрането е пушењето цигари, а казните во случај на прекршување се 1500 евра за пушачот без разлика дали е возач или совозач.

Забраната за пушење на јавни места се однесува и на електронските цигари.

ИЛИНДЕНЕЦ ВОЈВОДА од Прилеп бил народен пратеник во слободна Македонија, а еве што кажал за Гоце Делчев

,,Никој не ги извади граѓаните на улица. Три дена реки луѓе течеа да се поклонат на одаротот на татко ми Крсте Гермов – Шакир Војводата во Офицерскиот дом во Прилеп во 1962 година. Живи илинденци му одаваа почит. Цел Прилеп го следеше својот омилен сограѓанин на последниот пат во поворка од центарот до гробиштата,,.

Вака се сеќаваше на погребот на својот татко Крсте Гермов, Шакир Војвода, Нада Гермова – Бабиќ, пред десетина години починатата ќерка за последниот пат на нејзинот татко Шакир Војводата, Крсте Гермов.

Шакир Војвода од Прилеп бил човек со непомирлив револуционерен и праводољубив дух на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Со четата изведувал акции против Турците, насилници главно во Мариово. Бил секретар на мариовскиот војвода Толе. Соработувал со Ѓорче Петров, бидејќи и тој бил прилепчанец. На големиот војвода Петре Ацев му бил соработник. Шакир со шест имиња, по атентатот на Ѓорче Петров во Софија, заминал во бугарската престолнина, посветувајки се на поддршка на студенти со национални идеи. Се вратил во Македонија во 1945 на повик на власта да биде министер за земјоделство во првата Влада. Последните години од длабоката старост ги минал во Скопје во друштво со Стале Попов. Починал на 94 години во Скопје во 1962 година. Погребан е во Прилеп со сите државни почести.

Гробот на прилепскиот војвода Шакир е на Старите гробишта. Само потомците од семејството Гермови умеат да најдат каде лежат посмртните останки на татко им, дедо им и прадедо им.

Неговата ќерка Нада Гермова – Бабиќ, како псоледен потомок од првото колено додека беше жива сведочеше дека татко í од мал бил палаво дете.

-Татко ми кажа дека прекарот го добил по некој турски разбојник Шакир. Цртал крстови на турските порти во Варошко мало во Прилеп да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шакир – раскажуваше Гермова.

Паметеше дека живееле во Софија, а во 1945 година семејството се вратило во родниот Прилеп.

-Сите граѓани не пречекаа, за мене, со необична гостољубивост, близина и почит. Се изненадив дека татко ми бил толку омилен, иако бил отсутен повеќе од 30 години. Луѓето ме запираа и ми кажуваа како го помагале, како му обезбедувале храна, засолниште и пари за Организацијата. Го знаеја за јунак од славниот илинденски период. Постарите пренесуваа дека ги куртулувал рисјаните од зулумите на Турците до младотурската револуција. Многу го ценеа – велеше Гермова-Бабиќ.

Шакир починал 1962 година во Скопје. Роднините му го исполаниле аманетот да биде погребан во родниот Прилеп, а власта организирала незапамтен погреб.

-Државни, локални функционери и соброци и борци, старо и младо се простуваа во колони луѓе три дена на одарот во Домот на армијата. Прилепчани сами доаѓаа на поклонение, оти многу го почитуваа. За нив беше херој кој заминува во легендите. Власта не можеше да не го почитува тоа – пренесуваше Нада Гермова, која беше пенизониран лекар специјалист по протетика.

Најмалата меѓу петте деца, Нада го паметеше татко си како домаќин, праведен и секогаш грижлив родител.

Не стивнува гордоста за својот предок и кај семесјтвата на неговите потомци, Јанески, Бабиќ и Гермови. Иако внуците биле мали, паметат дека им било чудно зошто толкава толпа народ се слевала во погребната поворка. Кога пораснале откриле колкава била историската димензија на нивниот дедо не само за Прилеп.

Го отворил првото собрание во слободна Македонија

Крсто Гермов – Шаќир Војвода е роден 1868 година во Прилеп. Најпрво работел како кројач во Прилеп, до 1901 година, кога се приклучува на четата на Петар Ацев. Извршувал функција секретар во четата на Стојан Трајков (Толе Паша), а потоа станал реонски војвода во Мариово. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер. По востанието, пролетта 1904 година, му се придружил на Ѓорче Петров, а потоа бил четник во четата на Никола Каранџулов. Во 1906 година, заедно со Иван Ѓуров, бил уапсен од турската власт и бил осуден на доживотен затвор. Амнестиран бил за време на Хуриетот во 1908 година.

Во 1910 година, по акцијата за разорожување од турската власт, заминал за Софија, каде што отворил кафеана, а подоцна работел и како кондуктер на трамвај. Учествувал во Првата и Втората Балканска војна како војвода на седмата чета на Македоно-одринското ополчение (Доброволни единици), а подоцна служел во штабот на 4-та битолска дружина. За покажаната храброст бил награден со ,,Орден за храброст, 4 степен,,.

Во периодот од 1935-1936 година, во Софија, заедно со Ангел Динев, го уредувал левоориентираното списание ,,Македонски вести,,.

На 26 октомври 1944 година, Светозар Вукмановиќ-Темпо испратил барање до новата влада на Бугарија да дозволи доаѓање и испратил покана до Мире Атанасов, Петар Шанданов, Крсто Гермов, Александар Мартулков, Туше Делииванов, Павел Шатев, Венко Марковски, Олга Петрушева и други видни македонски дејци, кои ќе учествуваат во формирањето на Народна Република Македонија .

Во ноември 1944 година, Крсто Гермов се одѕвал на поканата и заминал за Македонија, каде што се вклучил во АСНОМ. Бил избран за народен пратеник на Народното собрание на Македонија со мандат од Прилеп. На 1 септември 1946 година, во Скопје го отворил првото заседание на Собранието, како најстар народен пратеник.

Починал во Скопје на 17 декември 1962, а погребан е со високи почести во родниот град Прилеп.

Книга ,,Спомени,, за Шакир Војвода

Книгата ,,Спомени,, е посветена на војводата Крсто Гермов-Шакир. Издавач е градската библиотека, а редактор е д-р Славчо Ковилоски. Автентичните спомени за Крсто Гермов – Шакир се во архивата на Институтот за македонска национална историја, каде се чуваат како листови испишани на машина за пишување од соборникот на Гермов, гевгеличанецот Ангел Динев. Тој долго време го убедувал Шакир Војвода да го каже сведоштвото за македонското револуционерно движење.

-Шакир во сеќавањата се концентрирал на неколку точки од револуционерното движење во Прилеп и Мариово. Тој е прилепско-мариовски војвода на Македонската револуционерна организација. Во спомените е дадена и слика за мариовските предели, но и со богати етнографски материјали за животот на мариовците. Шакир постојано потенцира за нивното самородно македонско чувство – истакна редакторот д-р Славчо Ковилоски.

Што му кажала Шакир на Колишевски за Делчев

Средбата меѓу Колишевски и Шаќир Војвода била одржана во македонското Собрание во 1961 година и војводата во поодминати години, меѓу другото, забележал:

-Дојдов да ти кажам уште една работа. Сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично. Е, па дојдов да ти кажам дека во Дворот (мисли на бугарскиот двор во Софија) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку Баџа! Толку да знаеш, сите влегуваа,освен еден човек. Таму не влезе само Гоце Делчев.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Нови поскапи цени на горивата од полноќ: Еве по кои цени ќе возиме оваа недела

Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,163 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,343 ден/кг.

“Сугарески и Талески пред антикорупциска?”

Дали Антикорупциска комисија ќе поведе постапка во врска со случајот во кој главната улога ја има министерот Сугарески – за принудување на партиски вработени во прилепската болница да агитираат за претседателските избори за Пендаровски кога и партијата СДСМ да го побара тоа од нив – дополнително ќе се одлучува. Сега комисијата работела на собирање на сите потребни информации – објави “Алфа ТВ”

-Ние собираме информации по ова прашање. На некоја наредна седница ќе го донесеме нашиот заклучок за отворање на предмет по сопствена иницијатива, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Покрај ова, комисијата иницира кривично гонење на градоначалникот на Сарај, Беџети, оти свесно ги чувал предметите за легализација на дивоградбите на Матка, во фиока, односно не ги одбил а тоа бил обврзан да го стори оти платформите не ни можат да бидат предмет на легализација – заради статусот на заштитено подрачје на овој дел од Скопје. Реагираат и оти до сега за предметот во општината одлучувал некој кој воопшто не бил надлежен.

-Кога едно барање за легализација ќе влезе во општината, тоа всушност влегува во процес. И сега злоупотребата е токму тука, да се чува тоа барање, да не се одговара, да се остави во една латентна состојба. Градоначалникот ги имал сите законски основи и можности, да одговори на барањето и да каже овој временски објект не може да се легализира. На тој начин им отвора можност на надлежните институции, на инспекторатите, итн., да си ја вршат својата работа и да ги отстранат дивоградбите, објаснува Ивановска.

Предлагаат до Владата да се прогласи Матка за „споменик на природата“ и да се постават надворешни граници.

Антикорупциска отворила и предмети за пицеријата, дивоградба кај охридскиот Чинар, која е сопственост на контроверзниот советник од ДУИ во општина Охрид, Нефи Усеини, но и за случајот „Рашковски“ како што го нарекоа. Ја испитуваат јавната набавка за инсталација на радарски систем за управување со воздушниот сообраќај и улогата на владиниот ген-сек. Во врска со Усеини, антикорупциска и досега реагираше и на тоа што фирмата на советникот била пријавена на тендер за уривање бесправно изградени објекти во Охрид. Заклучокот од нивната постапка ќе му ја доставеле на охридскиот градоначалник – додаваат од телевизјата.

Комисијата денеска побара разрешување и кривична одговорност и за директорката на стоматолошката клиника заради злоупотреба и партиски вработувања. Ова произлегло по пријава од лице кое конкурирало и не било примено, а директорката не ја уверила комисијата дека во изборот на нови вработени се водела според објективни критериуми.

Искра Коровешовска

Јован е математички гeниj, а во живoтoт видел пoвeќe лoши од дoбpи мoмeнти: “Учам за да заборавам на глaдoт”

Јован Стевиќ (19) од Чачак, цела Србија го знае како математички гeниj, кој живее со самохpaната, бoлнa мајка Снежана Мијаиловиќ. Сепак, ова момче памети повеќе лoши отколку добри моменти во својот живот.

Србија се paплака по неговата приказна која ја раскажа во емисијата „Животот е приказна“, а народот го воодушеви кога напамет пред камерите вадеше корени од шестоцифрени броеви без хартија и без дигитрон.

Ова момче има коефициент на интелегенција помеѓу 140 и 150, повеќе од 30 дипломи од училишните натпревари, одличен просек во училиште, но за жaл, ништо од ова не му пoмoгнало на младиот гениjaлец да живее подобро, пренесува „Еспресо.рс“. Нajжално од сѐ е што ова момче памети многу нeyбави денови, од тоа дека нeмaл што да jaде, спиел во подрум, нeмaл каде да се иcкапе.

Целиот негов свет, сега е претворен во математика, сѐ околу себе гледа во бројки: луѓето, зградите, улиците. Јован сега ќе биде бруцош на Економскиот факултет, а претходно има завршено средно економско училиште во Чачак. Многу брзо сфатил дека има талент за математика и за светот на бројките.

Јован ова лето, додека не му почнат студиите во Белград, продава коцки на улиците на Чачак, за да може да се прехpaни себеси и мајка му, но и да собере џепарлак. Исто така, нeмa пapи да плaќa кирија, па ги мoлeл извршителите дoлгoт за кирија и останатите комуналии да му го подeлaт на неколку рати. Јован се бopи да нe биде иcфpлен на улица заедно со бoлнaта мајка која е без работа.

„Продавам коцки на улица за да заpaботам за храна и за џепарлак. Живеам со мајка ми која сѐ уште не добила инвaлидcка пензија. Татко ми живее во Ниш. Исто така, пред некој ден ги мoлeв извршителите дoлгoт за куќата да ми го подeлaт на неколку рати, затоа што не би имале каде да живееме додека не одам во студенстки дом во Белград. Кога ќе почнам да студирам, мајка ми ќе се пpeсели кај тетка ми, нејзината сестра“, изјавил Јован.

Тој раскажува дека во период кога нeмaл што да јаде, го терал својот мoзoк да размислува за други нешта за да ја заборави храната.

„Еден ден бев многу гладен, а седев во една соба во која беше многу студено, затоа што нeмaвме гpeење. Во тие моменти размислував како да забоpaвам на гладот. Почнав да гледам во календарот и така да ги споредувам нештата. Веднаш сфатив како функционира календарот. Да речеме, според датумот на раѓање можам да го пресметам денот кога сте родени“, објаснил Стевиќ.

И покрај сѐ, тој не ја симнува насмевката од лицето и се труди што повеќе да размислува за убавите работи.

„Понекогаш ми е депpeсивно да размислувам за материјалните работи и затоа му се пocветувам на своето хоби. Сакам да поминувам време во природа и да возам велосипед, затоа што тоа ме исполнува и ме прави среќен“, раскажа Јован.

За сѐ што постигнал во животот, благодерен ѝ е на мајката Снежана која самата се грижела за него. Јован не се отkaжува од своите цели и како што вели, секој ден има сѐ поголема желба да напредува и да се ycовршува, почнувајќи од студиите на Економскиот факултет.

Фото: Телеграф.рс, РТС

Кирацовски: Не можевме да претпоставиме што прави нашиот познаник Боки 13

Ниту моите колеги, ниту јас сум можел да претпоставам што се наш познаник прави и како тоа се одразува врз нас. Бојан Јовановски имаше средби со стотици поединци, како сопственик на 1ТВ, но и како претседател на Меѓународниот сојуз каде членуваа многу истакнати општественици, честити луѓе. Иако лично не сум бил дел од таа невладина организација, знам дека добар дел од членовите на истата воошто не би ни помислиле на било какви незаконити дејствија, вели поранешниот генерален секретар Александар Кирацовски во интервју за „Фактор“.

Тој посочи дека земјава и претходно се соочувала со многу поголеми политички и општествени турбуленции во минатото, па сме се справиле и како граѓани и како држава.

„Само ќе ве потсетам на периодот после објавувањето на „бомбите“, протестите и кампот на слободата,пржинските преговори, преодната власт ипостизборниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кој трагично заврши, но стави крај на режимското владеење.

Така што на актуелната политичка ситуација гледам како на еден нормален тек во кој граѓаните очекуваат резултати, особено на планот на правдата и економијата.Ние како власт, откако ги отворивме европските перспективи макотрпно работиме токму на тој план, а опозицијата, која сеуште не можи да се ослободи од груевистичката мантра, лови во матно и од секоја ситуација, бивало или не, сака да произведе политички поени.

Она што допрва не предизвикува како политички чинители се секако законот за судбината на СЈО, пописот, а најверојатно за скоро и изборниот законик, но сметам дека политичката зрелост и иднината на државата, кај сите нас преовладува пред партиските или поединечните интереси. Како и да е, земјата евидентно е пред официјален влез во НАТО и одредување на датум во октомври за почеток на преговорите со ЕУ, наша децениска заложба и заземање на местото каде што и вредносно и цивилизациски припаѓаме“, вели Крацовски.

Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

ВНИМАВАЈТЕ: Особено топло ќе биде во четврток – УХМР со нови најави

Сончево и многу топло време со максимални температури и над 40 степени, најавува УХМР за наредните денови.

Под влијание на многу топла воздушна маса следува период на претежно сончево време со пораст на температурата. Особено топло ќе биде од четврток до средината на наредната недела, кога на места максималните температури ќе достигнат 41 степен.