дома блог страница 314

РК Прилеп веќе мисли за следната сезона – Репрезентативец на Грузија ќе биде големо засилување

Иако се’ уште не е завршено првенството во ракометната Супер лига, РК Прилеп веќе размислува за следната сезона и започна со ангажирање на засилувања.

Нов играч во редовите на прилепчани ќе биде репрезентативецот од Грузија, Сандо Дарсанија.

20-годишниот десен бек веќе има репрезентативно искуство и настап со Грузија на Европското првенство во 2024год. Неговото име се очекува да биде големо засилување во Прилеп.

Кога станува збор за Грузијците, тие не се ништо ново во македонската Супер лига и во РК Прилеп. Во Прилеп во сезоната 2020/21 настапуваа дури четворица: Реваз Чантурија, Хазеин Рустамов и Мириан Гавашелишвили, а на голот извонреден беше четвртиот Грузиец, Зураб Цинцадѕе, и сите беа одлични.

Чантурија беше и тренер на тимот.

Прилепчанец од Австралија воодушеви со својата изложба на фотографии во Цепенков (ФОТО)

“Поезија во движење” е изложбата на фотографии од Тони Трипуноски-Геџо отворена синоќа во Ликовна Галерија Прилеп.
Нашиот сограѓанин, кој живее и работи во Австралија се претстави со документарна фотографија, на која се овековечени луѓе од секојдневието,
кои авторот ги среќавал.

Изложбата ја отвори актерот Игор Трчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.

Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на починатите, а утре ја празнуваат Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден).

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Педесетница – Слегување на Светиот Дух (Духовден). Педестница спаѓа меѓу големите Господови празници. Меѓу народот е познат со повеќ

Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од Неговото воскресение, на еврејскиот празник Педесетница, Светиот Дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

За црквата овој настан има посебно значење затоа што Светиот Дух од тоа време, па се до денес не ја напушта и непрестано слегува врз црквата на литургијата, во молитвите, во сите дела. Тој е оној Дух по кој христијанскиот живот се нарекува духовен. Педесетница е еден од најсветлитe празници во христијанството и претставува исполнување на старозаветните пророштва. Во Стариот завет луѓето знаеа само за Бог, со раѓањето на Христос го видоа Единородниот Син, а на Педесетницата го запознаа третото лице на Света Троица – Светиот Дух.

Вечерва започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“: Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Голем интерес за фестивалот покажува прилепската публика и годинава, што се докажува и со фактот дека неколку претстави и пред почетокот на фестивалот се веќе распродадени. На изведбата на актерите од МНТ, ќе претходи доделување на наградите за животно дело Соња Михајлова, Снежана Коневски-Руси и Гоце Тодоровски. На свеченото отворање ќе се обратат Ана Стојаноска, уметнички директор и селектор на програмата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Девет претстави во официјална селекција, четири во независна програма и една во придружна се селектирани за програмата на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе трае до 13 јуни под мотото „Смеј се и осмели се“.

-59.издание на фестивалот е спремно, внимателно спакувано, прецизно креирано со огромна љубов и почит кон сите учесници и гости. Во духот на мотото на фестивалот и се смеевме и осмелувавме низ предизвиците во текот на оваа година, но како тим покажавме и покажуваме, заедно со градот и целата поддршка од Министерството за култура и туризам и општествено-одговорните компании, дека Прилеп е единственото место за достојно да се слави театарската уметност. Посебна љубов кон целата публика која постојано покажува зошто е тоа така – изјави Стојаноска.

За фестивалските награди и годинава ќе одлучува меѓународно жири, во состав: Нела Оташевиќ, продуцентка од Црногорско народно позориште, Иван Меденица, театролог и професор од Белград и Лилиа Абаџиева, театарска режисерка од Бугарија.

На програмата повторно ќе бидат детската зона, промоции на книги, разговори на тркалезна маса. Годинава, наместо досегашната платформа „Автор во фокус“ во која се славеше опусот на еден значаен автор за македонскиот театар, годинава ќе биде ставен фокусот на тројца мошне значајни театарски дејци од Прилеп. Тоа се: актерот и долгогодишен директор на нашиот фестивал Кирил Ристоски, актерот Благоја Спиркоски Џумерко и драмскиот автор и писател Благоја Ристески Платнар.

Новина е програмата „Драмолетање“, односно пичинг на кој неколкумина драмски автори ќе ги претстават своите дела. На тој начин фестивалот се труди да го поттикне домашното драмско творештво, но и поставување на истото на театарските сцени.

Фестивалот ќе биде затворен на 13 јуни со „Вистината“ на Театар Комедија.

Претстави во официјалната селекција се:

„12“ според мотивите на „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Македонски народен театар
„Парови“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска, продукција на Драмски театар – Скопје
„Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, во режија на Куштрим Бектеши, продукција на Албански театар – Скопје
„Слепци“ од Морис Метерлинк и според „Погубни идентитети“ од Амин Малуф, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Турски театар − Скопје
„Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, продукција на Народен театар − Битола
„Бура“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ − Прилеп
„Рацин“, драматург Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, продукција на Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ − Велес
„Сите прекрасни нешта“ според монодрамата на Данкан Мекмилан, од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Нела Витошевиќ, продукција на Народен театар – Штип
„Пар-распар“ од Нил Сајмон, во режија на Нина Николиќ, продукција на Театар Комедија − Скопје

Претстави од независна продукција:
„Вампири“ − театарска минијатура за вампирите во театарот, во режија на Милош Б. Андоновски, продукција на „Театар за сите“ − Скопје
„Сите најубави нешта“ според Данкан Мекмилан, во режија на Дејан Пројковски, изведба Игор Ангелов, продукција на „ОХО продукција“
„Казабалкан“ од Горан Стефановски, во режија на Дамјан Костовски, продукција на Здружение за развој на театарска продукција „Оска“ − Скопје
„Ла Макбет“ според Шекспир, во режија на Шенај Мандак, во изведба на Хакан Даци, продукција на „Хибрид“ – Скопје.

Пред прилепската публика ќе се претстави и Факултетот за драмски уметности со претставата „Тука ќе ни биде крајот“, на 12 јуни на полноќ.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Прилеп. И оваа година фестивалот има предзнак екофестивал и има соработка со „Пакомак“. Спонзори се: Витаминка, Прилепска пивара и Diners Club International.

Синоќа во Прилеп беше отворена изложбата на театарски фотографии “75 за 75” од Каролина Мицевска

Синоќа во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата “75 за 75” на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот “Војдан Чернодрински”.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата.

-75 за 75 е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот м- р Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии -рече Стојаноска.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е избор на фотографии од претстави кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.

Изложбата, која предизвика голем интерес во јавноста, е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Македонскиот Енди Ворхол со фотографии од Мелбурн на изложба во Прилеп

„Поезија во движење“ од Тони Трипуноски – Геџо е изложбата што ќе биде отворена на 6 јуни 2025/ петок/ од 18 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. Станува збор за изложба на фотографии од наш сограѓанин, кој што живее и работи во Австралија.
Промотор на изложбата ќе биде актерот Игор Трпчески.

Тони – Геџо, започнал со филмска фотографија, за потоа да премине на дигитална фотографија, опсервирајќи ја човековата природа. Секоја фотографија кај него има приказна.

– Фотографијата на Геџо се фокусира на поезијата напишана на лицата на луѓето, на спонтаните насмевки, откривајќи ја внатрешноста. Неговото патување со фотографијата ја отсликува и неговата животна филозофија. Геџо преку неговиот објектив го документира секојдневниот живот – се вели во образложението за изложбата.

Паднато дрво, оштетен кров…. невреме го зафати попладнево Прилеп (ФОТО)

Kраткотрајно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и силен ветер, го зафати попладнево Прилеп и прилепскиот регион.

Паднато дрво, оштетен кров во строгиот центар на градот, за среќа нема повредени лица или оштетени автомобили.

Интервенираше и противпожарна екипа, како и екипа од јавните претпријатија.

Засега не е познато дали невремето предизвика штети по земјоделските посеви во регионот.

Секој ден нешто ново! Промените во прилепската болница стануваат реалност, набавен нов модерен стерилизатор

Промените се видливи и тие се случуваат секој ден. По објавата вчера дека пациентите ќе добиваат храна преку кетеринг услуга од компанијата „Ана Марија Фуд“, денеска уште една новина во прилепската болница. Набавен е и пуштен е во употреба нов модерен стерилизатор со пареа – автоклав, од реномираниот бренд PROHS.

-Оваа инвестиција претставува голем чекор напред во подобрување на здравствените услуги што ги нудиме. Се работи за високотехнолошки вакум автоклав кој после цели 20 години ја обновува стерилизационата опрема во болницата.

Што значи ова за пациентите и персоналот?

-Брза и сигурна стерилизација на медицински инструменти, текстил и потрошен материјал,
-Напредна превакум технологија и заситена пареа за максимална ефикасност,
-Целосно автоматизирана контрола преку LCD екран,
-Сигурност и прецизност со систем за проверка на температура, притисок и врата,
-Печатење извештај за секој циклус – за целосна следливост и отчетност.

Со оваа нова опрема значително се унапредува квалитетот на стерилизацијата, што придонесува за намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 5.848.080 денари – вложување во посигурно и поефикасно здравство – стои во соопштението од болницата “Борка Талески”.

Физички напади на три локации во Прилеп

-На 02.06.2025 во 10.45 часот во ОВР Прилеп, Т.Н.(48) од Прилеп пријавил дека во с.Ореовец, прилепско, бил физички нападнат од едно лице.

-Истиот ден, во 17.40 часот во ОВР Прилеп, З.М.(52) од Прилеп пријавил дека во објект на ул.”Андон Слабејко” во Прилеп бил физички нападнат од Р.Д.

-На 03.06.2025 во 04.00 часот во ОВР Прилеп, 42-годишна жена од Крушево пријавила дека во домот во Прилеп била физички нападната од нејзиниот партнер М.Ш.(51) од Прилеп

Се преземаат мерки за расчистување на настаните.

ЕХФ конечно со праведна одлука, Алкалоид е ШАМПИОН! Притисоците на плачковците од Грција не вродија со плод

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп.

-ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен.

Одлуката на Судот е следната:

Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во поени. Првиот меч заврши со 29-25 за РК Алкалоид.

РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за сезоната 2024/25, стои во соопштението на ЕХФ.