дома блог страница 313

Градот живее на Тераса! Две вечери, два бенда – една незаборавна забава!

Подгответе се за викенд исполнет со незаборавна атмосфера, одлична музика и многу позитивна енергија – само во Pub Club Terasa во Прилеп!

Овој викенд вe носиме на две вечери за паметење:

Петок (31.10.) настапуваат дечките од МЕТРОПОЛИС БЕНД – млади момчиња кои со својата музика ја крстосуваат Македонија и носат позитивна енергија каде и да се појават.

Во сабота (01.11), ноември започнува со G&G Band, кои за прв пат настапуваат во Terasa. Ветуваат незаборавна атмосфера за супер викенд уживање.

Резервирајте навреме на: 070 304 967

Не пропуштајте викенд полн со ритам, забава на најдобрата тераса во градот!

Следете ја Pub Club Terasa и уживајте во ноември!

Какво време не’ очекува во следните денови?

Денеска не’ очекува постудено утро со можност за појава на утринска магла во пониските котлини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб јужен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени додека дневната ќе достиге до 21-от степен.

Во Скопје, утрото ќе биде свежо и магливо во делови од котлината, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер.

Во наредните денови, под влијание на висок воздушен притисок, ќе следува период на стабилно и суво време. Утрото ќе биде постудено, а дневните температури постепено ќе растат, особено за време на викендот. Претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини.

Новата BABY BOOM колекција – топлина, стил и љубов за најмладите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во срцето на Старата прилепска чаршија, на познатата цветна улица, се наоѓа бутикот BABY BOOM – вистински рај за малите модни ѕвезди и нивните родители.

Тука ве очекува нова колекција која совршено ја спојува удобноста, стилот и квалитетот – облека што ги следи детските насмевки, чекори и авантури во секој ден.

Од модели за бебиња, до мали момчиња и девојчиња, во BABY BOOM ќе најдете сѐ што им е потребно на вашите најмили: нежни бодиња и комбинезони, модерни блузички и панталончиња, топли јакни и палтенца, фустанчиња што пленат со шарм, како и слатки аксесоари – шалчиња, капчиња и ракавички кои гушкаат во зима.

Секој модел е внимателно изработен од најквалитетни материјали што обезбедуваат топлина, мекост и заштита.

Токму затоа, BABY BOOM веќе одамна е брендот на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека – познат по љубовта кон деталите и посветеноста кон секое дете.

Посетете го BABY BOOM и откријте ја новата колекција eсен-зима, каде секое парче облека е создадено со љубов за најдрагите мали луѓе во нашиот живот.

„Универзитетот Скопје“ меѓу 100-те најдобри факултети за туризам во светот

Светската туристичка организација на Обединетите Нации упати искрени честитки до Универзитет Скопје за обновената акредитација на Факултетот за туризам за додипломски и постдипломски студии.

УTМС е единствениот Универзитет од Македонија член на оваа престижна институција.По извршената еваулација, проф.д-р Антонио Карлес од Валенсија и меѓународен ревизор за квалитет во високото образование ангажиран во Обединетите нации порача дека Универзитет Скопје е меѓу 100те најдобри во светот во студиските програми за туризам.

„Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам. Ова е сертификат што претставува висок квалитет во образованието во областа на туризмот на универзитетските програми, особено во додипломските, после дипломските. Аспектите што се евалуираат се поврзани со различни области од програмите, како на пример, поврзаноста со индустријата, областа на студентите, содржината односно курикулумот на програмите, како и професорите. Наставниот кадар е еден од клучните столбови на која било програма, па затоа овој аспект темелно го разгледуваме. Понатаму, се разбира, контролата на квалитетот на програмите и на организацијата, тоа исто така се евалуира” објаснува професорот од Валенсија ангажиран како ревизор за квалитет во високото образование ангажиран во Обединетите нации.

Професорот Карлес истакнува дека на Универзитетот Скопје во изминатите години е завршено многу работа со цел да го достигне потребниот прогрес во областите кои беа анализирани од страна на Светската туристичка организација.

Универзитет Скопје е носител на диплома за квалитет во високото образование, кој ја доделува Светската туристичка организација на Обединетите нации. Овој сертификат обезбедува гаранција за квалитетот на програмите за едукација за туризам.

Полицијата трага по прилепчанец кој се оддалечил од домот

На 28.10.2025 во 11:21 часот во ОВР Прилеп, Ј.С.(57) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат T.A.(59) oд Прилеп, кој имал здравствени проблеми.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето – информираат од СВР Битола.

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за претставата „Ловец во р’ жта“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се пробите за претставата „Ловец во р’ жта“ (The Catcher in the Rye) по истоимениот роман на Џ. Д. Селинџер. Претставата е дел од годишната програма за работа на тетаарот за 2025 година.

Режисер е Мартин Кочовски, кој вели дека претставата ќе преставува еден вид кратка историja на подемот и падот на индивидуата од средината на минатиот век до денес, со субjективна визиja за судбината на индивидуата во блиската иднина.

– Индивидуата во рамките, спрегите и режимите на времето за кое имаме напишани докази и нивните остатоци на кои сме современици. Претставата ке прави врски на моменти конфликтни меѓу поетиката и неjзината наjблиска форма – анархиjата; врски меѓу импресионизмот во текстот и костимографиjата и експресионизмот во актерската игра и сценографиjата; и на семиотичко ниво врски меѓу интимното и општественото. Во време каде што безимените автори (кои не се многу, а меѓу нив најпопуларни се оние кои ги напишале “светите” книги), губат смисла, причина и функција, се издигаат автори, кои се условно речено, наши современици.

Во време кога невидливата или божествената сила не нуди одговор, утеха и се разбира спас, автори со име, презиме, дата и место на раѓање ни обезбедуваат простор во кој можеме безбедно да се вратиме на првичното “наше”, човечко постоење и делување. Еден од нив, со забележителен успех не потсеќа дека човекот и никој друг, е во центарот на светот и нештата. Се разбира Salinger. Сега кога конечно е завршено со Пост-модерната уметност и “третата модерна”, а Нео-класицизмот се бори за здив, се издига Новата Ренесанса. На таа основа и во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се бавиме со The Catcher in the Rye.

На жалост секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Непрележаните и нетретираните современи болести: изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа, класната поделба. Тие “болести” сега станаа видливи, но тие постоеле со декади. Истовремено, светската тага, солидарноста, сочувството, равноправноста, интелектуалната тага ке има можност да не спаси пред политичкото општество.

Во интерес на проклетството или досадата на егзистенцијалната повторливост, претставата ќе минува низ времето, тоа значи дека визуелно ке се менуваат епохите, музичката слика ќе се развива или деградира, и радоста од актерската игра ќе менува фокус, т.е. претставата ке има 5 жанрови. Ќе осцилира од вистинска психолошка драма до современ музички еп – вели режисерот Мартин Кочовски.

Драматизацијата е на Лидија М. Ѓорѓиовска, за сценографијата е задолжен Филип Јованоски, за костимите Јулијана Војкова, а за музиката Пеце Трајковски – Брада.

Играат Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трчески, Даниела Иваноска, Наташа Ачанска, Ангела Наумоска, Марија Спиркоска Илиеска, Катерина Чакмакоска Клинческа, Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски и гостите Здравко Стојмиров и Теона Крстеска, Премиерата е планирана за декември.

Розов ОКТОМВРИ во Прилеп: Одличен настан во СОУ “Ѓорче Петров” за подигнување на свеста за рак на дојка (ФОТО)

Во рамки на одбележувањето на Розовиот октомври – месецот на свесност, поддршка и превенција од рак на дојка, Здружението Центар за развој и едукација, во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, организираше настан посветен на значењето на раното откривање и превенцијата од оваа болест.

Настанот беше исполнет со едукативни активности, инспиративни пораки и симболично засадување на розови хризантеми, како потсетник за важноста на заедништвото, поддршката и солидарноста. Во пријатна атмосфера и отворен разговор, присутните упатија силна порака на охрабрување и поддршка за сите жени кои се соочиле или се соочуваат со рак на дојка.

Мицкоски од крушевско Норово: “Овде сретнав чесни и вредни луѓе, во недела ќе го направат вистинскиот избор” (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во посета на крушевските населени места заедно со кандидатот за градоначалник, Нико Чонески.

-Денеска заедно со кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Нико Чонески бевме во село Норово, Крушево. Со срце полно гордост и вера во народот, се среќавам со чесни и вредни луѓе кои ја носат Македонија во душата. Обединети, решителни и со јасна цел во недела ќе го правиме вистинскиот избор! За подобра иднина на граѓаните во Крушево – напиша Мицкоски.

Браво! Уште 3 училишта во Битола ќе добијат фотоволтаични системи

Општина Битола до крајот на учебната година ќе постави фотоволтаични системи на уште три згради на основните училишта во градот. Со оваа мерка, локалната самоуправа продолжува со активностите за зголемување на енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија во образовните установи.

Во текот на овие денови, се вршат теренски проверки на состојбата на покривите на училиштата, како и проценка на можностите за најсоодветна позиција за поставување на соларните панели.

По завршувањето на анализите и објавувањето на тендерските постапки, ќе следува и реализацијата, односно поставувањето на новите фотоволтаични соларни централи за производство на електрична енергија во три нови битолски училишта.

Со воведувањето на фотоволтаиците, се очекува училиштата да остварат значителни заштеди во трошоците за електрична енергија и да придонесат кон намалување на јаглеродните емисии во општината.

Во моментов, на 10 објекти на основни и средни училишта во општина Битола, се поставени сончеви панели. Кон крајот на 2023 година, на објектот на училиштето и градинката во населбата Долно Оризари беше поставена првата фотоволтаична електрична централа во училиштата, по што во 2024 беа поставени уште девет, од кои три на средни училишта и шест на основни училишта.

Спалети нов тренер на Јувентус

Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Лучијано Спалети, ќе го преземе Јувентус, објави инсајдер Фабрицио Романо.

Според Романо, 66-годишниот Италијанец се согласил да работи за клубот од Торино. Тој ќе потпише договор до крајот на сезоната 2025/26, со можност за продолжување доколку Јувентус се квалификува во Лигата на шампионите.

Последната тренерска позиција на Спалети беше во италијанската репрезентација, која ја водеше од 2023 до 2025 година. Тој исто така ги тренираше Наполи, Интер, Рома, Зенит, Удинезе, Сампдорија, Емполи, Венеција и Анкона.

Во понеделникот, Јувентус го отпушти тренерот Игор Тудор, кој работеше во клубот од март 2025 година