дома блог страница 3131

Странски турист им покажа на нашите возачи што е култура (ФОТО)

Несекојдневна слика се случи денеска на граничниот премин Дојран. Странски турист, и покрај големата гужва на границата за влез кон Грција трпеливо си чекаше во ред со својот велосипед.

И покрај укажувањата на останатите возачи дека може преку ред да помине и оти за велосипед не важат истите правила како за автомобилите тој не сакаше да ја заобиколи колоната .

Со оваа постапка тој им покажа за македонските возачи што е култура додека ние користиме и најмала шанса да се пикнеме преку ред.

Извор: “Pressingtv.mk”

Златни Ве-це шољи ли ќе постават? 80 илјади евра за реновирање училишни тоалети

Со договор за јавна набавка ООУ „Јоаким Крчовски” од Крива Паланка преку контакт лицето Игор Велиновски обезбедило адаптација на санитарни јазли за учениците – објави “Експрес.мк”

Спорно во набавката е што за неколку тоалети училиштето потрошило 80 илјади евра по што логично е прашањето дали во нив се инсталирале златни ВЦ шољи.

Според тендерот предмет на договорот за јавна набавка е: Адаптација на санитарии во ООУ„Јоаким Крчовски“-Кр.Паланка а во подеталниот опис на предметот на договорот за јавна набавка стои:Адаптација и реконструкција на санитарии во ООУ“Јоаким Крчовски“-Кр.Паланка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

И Александар во Прилеп доби табла дека е Грк: Граѓаните гневни! (ВИДЕО)

И на споменикот на „Александар Македонски“ на плоштадот „Александрија“ во Прилеп денеска беше поставена информативна табла на која пишува дека Александар Велики е историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно наследство.

Таблата е напишана на македонски и англиски јазик и забележително е тоа што е премногу миниијатурна во однос на споменикот.

Извор: “Infokompas.com.mk”

Бизнисмен од прилепско распали по власта и повикува на пpoтecт: “Бог нека ни е на помош, овде веќе не гледам ниту мир, ниту живот”

Eстрадниот пејач и бизнисмен од Кривогаштани, Рубинчо Благадуша, упати допис до Маркукуле во кој упатува жестока критика до власта.

Во дописот тој пишува за неговата разочараност од актуелното владеење, постојаните закани, притисоци и казни кои ги трпи, а упатува и повик до сите граѓани и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се излезе на улица и да се започне со отпор против актуелната Влада.

“Беззаконие невидено, ова ни било ни ќе биде. Веќе не се издржува, Бог нека ни е на помош! Овде веќе не гледам ниту мир, ниту живот.

Јавно повикувам до цел Мaкедонски народ, без разлика на националност. Браќа сите да излеземе, да се собериме, да го искажеме револтот и да ја турнеме оваа криминална влада, која само за 20 луѓе во Македонија е добра за да си ги полнат џебовите.

Јавно повикувам и до мојата матична партија ВМРО ДПМНЕ и до господинот Hristijan Mickoski. Преседателе ве молам преземете побрзи мерки, народот вас ве чека. Само кажете два збора сите да излеземе и да покажеме дека постои сеуште Македонија и Македонски народ. Веќе не се живее, секој ден притисоци, закани, казни… До кога ќе чутиме, кога ќе биде касно, кога ќе не нема… Се побегна од државава, ништо не остана, а и тоа што остана за леб ќе пропита додека некој си ги полни џебовите.

А, вие што се нарекувате влада, под итно да си заминете, бидеќи ќе ве снајди истото сценарио од времето на Чаушеску. И што сега после објавава, пак ќе пратите испектори да пишите казни. Ако ќе издржам, мојава кожа е дебела, трпи, но да знате ќе ви дојде крајот. Не само народот, туку и Бог ќе ви пресуди.

Срам сте невиден, арам да вие живота во вас. Ниту постоело нешто човечко, ниту ќе постои и нема да ме запрете клошари едни! Македонија вечна”.

“ИМА, ДАВА, ТРОШИ”: Владата ќе плати 783.000 евра за зеленилото

За одржување на зелените површини Владата ќе плати 783 000 евра. Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје.

Според објавата на Електронскиот систем за Јавни набавки склучен е договор со друштвото за производство, трговија и услуги „Триста-груп“ ДООЕЛ Скопје, компанија која единствена поднела понуда за овој тендер, а единствениот критериум е најниска цена.

Во објавата стои дека вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 48.158.254 денари или околу 783.000 евра.

Претходно, максималната сума која владата и ја платила на фирмата Триста, била 47.000 евра. Меѓу скапите клиенти на фирмата е и општина Карпош со 56.000 евра. Општина Кисела Вода и платила на Триста дури 40.000 евра за цвеќенца.

Извор: “Инфомакс”

(Видео) НАМЕСТО ПОМОШ, ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ДОБИЛЕ ЗAKAHИ: Десетчлено семејство одвај пpeживува, државата крева раце

На крајот на селото Каратманово, во трошна куќарка живее десетчленото семејство Стојанови. Валерија, Александар, Дамјан, Драгана, Марија, Јована, Петар и Теодора се единствената светлина на родителите Санде и Јасминка . Најстарата ќерка има 17години, а најмалото само пет месеци.

Овие деца се обречени да живеат во тешка сиpoмаштија и мизepија. За жaл до ова семејство кое живее во само 32квадрати, без струја никако да дојде животот, пренесува Алфа.

Повеќе гладни,отколку сити…со солзи во очите 44годишниот Санде си ја отвори душата и почна да раскажува за aгoнијата која неговото семејство ја преживува секој ден.

Едвај се прехрануваат со скромната социјална помош од 7.200денари, а понекогаш семејниот буџет го дополнуваат аргатувајки по тугите ниви. Веќе цел месец се без струја, а од септември поради неплатен долг во висина од 9000денари може да им ја исклучат и водата. Побарале помош од општина Лозово, од каде дрcко биле одбиeни.

Додека Санде аргатува, 36годишната Јасминка се грижи за осумте деца. Готви на шпорет на дрва, пере на рака, но како што вели најтешко и е кога најмалите ќе заплачат за храна. Често пати се случува да заспијат и со зашеќерена вода.

И додека државата крева раце од ова десетчлено семејство, за среќа постојат добри луге кои често пати им излегуваат во пресрет.

Од септември пет од децата тргнуваат на училиште. Едно од нив е со полесна попреченост. Од каде пари за да се спремаат децата на училиште е прашањето кое ги тишти овие родители. Санде не бара милостина, бара работа и пристојна плата за да ги израсне своите осум ангели.Но, во мегувреме секоја помош на ова десетчлено семејство е добредојдена. Храна, пелени, облека и хигиенски средства во моментот им се најнеопходни.

ИЗВОР: “TВ АЛФА”

CKAНДАЛ: “Green peace” да види во каква средина живеат прилепските пајчиња? (ФОТО)

Езерцето во паркот кај Основниот суд во Прилеп веќе подолг период се наоѓа во катастрофална состојба. Паркот кој беше гордост на градот и прилепчани цело лето наликува на мочуриште и грда слика од која се згрозуваат сите минувачи.

Еве во каква средина живеат пајките и рибите во паркот:

На денешен ден е роден еден од најголемите Македонци: Прилеп одбележува 117 години од раѓањето на Ченто (ВИДЕО)

Методија Андонов – Ченто (17 август 1902 – 24 јули 1957) – македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп во близина на денешниот фудбалски стадион како прво здраво дете по неколкуте починати деца на неговите родители Андон, кој бил по потекло од прилепското село Леништа, и Захарија (Зака), која била по потекло од прилепското село Плетвар. Уште од најрана возраст, работел по прилепските тутунски и афионски полиња.

Во младоста бил одличен и истакнат гимнастичар. Завршил средно трговско училиште во Прилеп и во 1926 година отвора бакалско-угостителски дуќан и си обезбедува пристојна егзистенција. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Тоа предизвикува бурни реакции во конзервативната прилепска средина и по враќањето на младите во Прилеп, на 5 мај тие се казнети со по 20 дена затвор поради вонбрачно живеење.

Со Василка, Ченто има четири деца, кои и денес се живи. Најстариот син, Илија Андонов – Ченто, во 1990-те има напишано биографија за својот татко.

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1940), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Пред Втората светска војна повеќе пати бил претставник на прилепскиот трговски еснаф, а во периодот 1935 – 1940 е претставник на прилепските трговци во Индустриско-трговската комора во Скопје, каде што јавно истапил пред нападите на српската влада дека народот во Македонија не е благодарен на сите добродети што ги направила владата, велејќи дека доколку се остави Македонија на Македонците, тие од нејзе ќе направат цветна градина и развиена економска земја. За неколкуте вакви негови изјави било известено во Белград и тие биле оценети како сепаратистички и автономистички. Тој бил многу почитувана личност во прилепската чаршија.

Ченто со сопругата Василка, синовите Илија, Андон и Владимир и ќерката Марија, во Прилеп на 29 септември 1943 година, еден ден пред излегување во партизани

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти во 1942 година го интернираат прво во селото Мелница, близу бугарско-турската граница, а потоа во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

По неговото ослободување од интернација, Главниот штаб на НОВ и ПОМ на 21 август 1943 година му испраќа писмо во кое го повикува да се приклучи на НОБ. Во септември на два пати се среќава со својот сограѓанин Кузман Јосифоски – Питу, кој успева да го убеди да се приклучи на НОБ.

На слободната територија во Дебарца, Охридско, Ченто преминува во октомври 1943 година. Именуван е за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата функција, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов – Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито[се бара извор], кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Битолчанецот кој го враќа сонцето од Кутлеш на шахтите и стана хит во цела Македонија, гостин во вестите на ТВ “Алфа” (ВИДЕО)

Горан Божиновски од Битола кој стана хит на социјалните мрежи откако се впушти во герила акција за враќање на сонцето од Кутлеш на шахтите на битолските улици, синоќа беше гостин во вестите на Алфа.

Со Божиновски разговараше Никола Крстиќ.

Извор: “ТВ АЛФА”

Среда не се работи: Еве кои се другите неработни денови

Следнaта среда е неработен ден.

На 28 август, среда, се паѓа празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и тој ден е неработен за православните верници во земјава.

Потоа, следен неработен ден имаме на 8. септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден, па 11 октомври (петок), Ден на народното востание.