дома блог страница 3132

Денеска сончево и топло – еве какво време не очeкува во текот на наредните денови

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од девет до 20 степени, а дневната од 23 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=7

Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дненвата температура до 30 степени.

Следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата.

Незадоволството расте: И вработените во образование бараат од Владата поголеми плати

„На 17 август пред зградата на Министерството за образование и наука ќе биде одржана прес конференција на која јавно ќе ги искажеме барањата на Независниот синдикат за образование и наука. Сакаме да ја поздравиме одлуката на Владата и МТСП за зголемување на платите на вработените во детските градинки. Но, во исто време, не можеме, а да не прашаме: што се случува со платите на просветните работници?“, се вели во соопштението на овој Синдикат.
Се додава дека веќе подолг временски период просветните работници се потпросечно платени, односно почетната плата на наставниците е длабоко под републичкиот просек.

„Ваквата состојба ги турна наставниците на маргините на егзистенцијата, а потенцијалните идни наставници ги оттурнува далеку од наставничките факултети.
Сметаме дека време е овој децениски проблем, кој од година во година сѐ повеќе се продлабочува, да почне да се решава. Најавените 5% покачување на платите не се доволни ниту за порамнување со зголемените трошоци кои со нашите плати одвај ги покриваме. Од тие причини, Независниот синдикат за образование и наука, бара од Владата и од Министерството за образование и наука да имплементраат покачување соодветно на покачувањето на плата извршено во детските градинки уште во јуни, и тоа почнувајќи од овој месец“, стои во соопштението.

Руски пилоти херои: Го приземјиле авионот во поле и спасиле 223 патници – Путин им додели титули “Херој на Русија”

Рускиот претседател Владимир Путин им ја додели титулата „Херој на Русија“ на двајцата пилоти на компанијата „Урал Ерлајнс“, кои принудно слетаа во поле во предградие на Москва, спасувајќи ги животите на 223 патници.

Останатите членови на екипажот се одликувани со Орден за храброст.

– Потпишав декрет за доделување награди за членовите на екипажот на авионот, кој принудно слета во близина на аеродромот „Жуковски“, изјави Путин на состанокот со членовите на рускиот Совет за безбедност.

Руски патнички авион „Ербас“ вчера принудно слета во поле, во близина на аеродромот „Жуковски“, веднаш по полетувањето од Москва бидејќи птици влетале во моторот на леталото, а во инцидентот се повредени 23 лица, меѓу кои девет деца.

Авионот со 234 патници и членови на екипажот полета од Москва кон Симферопољ, на Крим.

Пилотот Дамир Јусупов и копилотот Георгиј Мурзин во Русија ги слават како херои, бидејќи успеале да спасат толку луѓе.

Јусупов (41) од Сибир не е типичен пилот. Тој своевремено бил одбиен од пилотската школа, завршил право и дури потоа се преквалификувал.

Мурзин (23) добил лиценца за пилот пред само две години.

Непознати лица лажно собирале пари за малиот Дејан од Прилеп: Користеле и лице со поceбни потpeби

Дејан Најдоски боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба потребно е да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.

Сумата која беше потребна на почетокот изнесуваше 54.000 евра, а за малото и слатко момче да има нормално детство како сите други деца се организираа и хуманитарни настани и забави.

Синоќа некој, како што пишува мајката на Дејан, злоупотребил лице со посебни потреби лажно да собира средства низ чаршијата во Прилеп за Дејан.

“Дури некои се претставувале како “Здружение” оделе од врата на врата и лажеле дека парите се за нас”, пишува во својот статус на Фејсбук, Евгенија Грујевска Најдоска.

Читајте внимателно: Ушната маст кажува многу за нашето здравје – не ги игнорирајте овие факти

Чистењето на ушите еднаш на неколку дена е сосема нормална процедура. Но, не секој знае дека ушната маст има заштитна улога и дека може да биде сериозен индикатор за нашата здравствена состојба.

Многу лесно, со помош на стапче за уши, можете да ја проверите бојата на ушната маст. А ние ќе ви објасниме што значи различната боја:

Ако вашата ушна маст е сива и без други симптоми, не грижете се. Најверојатно е само прав.Оваа боја на ушната маст е вообичаена за оние што често се движат низ градот, бидејќи воздухот надвор е често загаден.

Ушна маст со траги од крв

Ако забележите траги од крв додека ги чистите ушите, ова може да значи дека вашето ушно тапанче е надразнето. Во овој случај, вашите уши може да бидат зафатени од инфекции кои можат да доведат до отитис (воспаление на екстерното уво) и последователно до нарушување на вашиот слух. Поради ова, најдобро е да посетите доктор.

Кафеава ушна маст

Ако во вашите уши има зголемена количина на ушна маст, а истата е со потемна кафеава боја, ова значи дека вашето тело поминува низ многу стресен период. Најдобро е малку да го забавите темпото, посветете неколку дена во помирна околина.

Црна ушна маст

Ако се случило само еднаш, нема потреба да бидете загрижени. Но, доколку почнете да чувствувате потреба да ги чешате вашите уши, а чешањето да станува се посилно, тогаш препорачливо е да посетите доктор бидејќи црната боја на ушната маст означува габична инфекција.

Бела ушна маст

Белата боја на ушната маст најчесто укажува на недостаток на витамини и минерали во вашето тело, особено железо и бакар. Затоа е препорачливо да додадете грав и овес во вашата исхрана. Исто така, не би било лошо да почнете да внесувате и некаков мултивитамин.

Ушна маст со непријатна миризба

Доколку почувствувате непријатна миризба од вашата ушна маст, ова најчесто значи дека имате некаква инфекција во средното уво. Покрај непријатната миризба, можно е да почувствувате звуци како пукање во вашите уши. Доколку ги имате овие симптоми, посетете доктор за уво нос и грло.

Течна ушна маст

Доколку има промена во густината на вашата ушна маст, ова означува почеток на воспаление. Закажете една контрола кај специјалист.

Сува ушна маст

Најчестата причина за сушење на ушната маст е недостаток на масти во вашиот организам. Покрај ова, друга причина може да биде дерматитис или друго заболување кое ја суши вашата кожа.

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Бојан 30 минути му служел како потпора на човек со ckpшен колк додека да дојде Брза помош

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи актуелна стана приказната за момчето, кое му пружило помош на повозрасен човек, кој додека пешачел покрај Вардар пaднaл и си го ckршил колкот.

Другари, го најдовме Бојан Трајковски за помалку од еден час, Ви благодарам на сите што помогнавте. Е сега да ја раскажам приказната во целост:

Вчера околу 19.00 чичко Јован кој до вчера не го познававме, многу љубезен господин, пaднaл при прошетка на кејот позади Вучко во Аеродром и се повредил. Кејот е прометен, поминуваат многу луѓе, но освен Бојан, никој не застанал да види дали му треба помош, човекот со ckpшен колк сам се дигнал и имал среќа да налета Бојан, кој е полицаец по професија (не беше на должност, ова денеска го откривме). Бојан стоеше 30 мин за чичко Јован да се потпира на него дур стигне Брзата помош. Во целата мешаница, чичко Јован не му го земал бројот, и Вие сите помогнавте да ги споиме.
Бојан Трајковски на нас неколку што те запознавме вчера ни ги стопли душичките, чичко Јован многу ќе ти се израдувa

До медиумите: Очекувам ова да биде вест за да покажеме како треба и како не треба, веќе толку сме оттуѓени, се однесуваме како да сме сами на светов. Имаше еден коментар дека ова не треба да биде исклучок туку правило, но за жал, дур не стане правило, јас би сакала Бојан да биде идолот на младите и се до тогаш, би сакала да добие медиумски простор.

Повеќе од 3.000 Македонци ќе “летаат” на Марс

Вкупно 3.322 лица од државава досега ги дале своите имиња за да им бидат испратени на Марс со мисијата на НАСА, преку аплицирање на веб сајтот на американската вселенска агенција.

Мисијата ќе биде во 2020 година, а одобрените имиња ќе бидат вметнати во микрочип што ќе се монтира на роверот „Марс 2020“.

Лансирањето кон црвената планета ќе биде од космодромот во Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида меѓу 17 јули и 5 август идната година.

Апликации може да се испратат до 30 септември оваа година.

Од регионот, своите имиња ги испратиле 19.764 лица од Грција, 8.525 од Србија, 7.113 од Бугарија, 7.051 од БиХ, 6.181 од Хрватска, 4.388 од Албанија, 2.920 од Словенија и најмалку 850 од Црна Гора.

Најмногу имиња досега испратиле лица од Турција и тоа 2.510.603.

БОКИ 13 ОДНОВО НА КЛИНИКА: Без лисици во придружба на полицајци ја посетил Клиниката за opтопедија

Денес околу 12ч на пладне првoocoмничениот во афepaта „Рekeт“, Бојан Јовановски – Боки 13 бил однесен во kлиниката за opтопедија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје – oбјави “Инфомакс”

Според информациите на очевидци Боки 13 бил без лиcици во придружба на двајца полицајци – додаваат од порталот.

Информацијата за “Инфомакс” ја потврдил директорот на зaтвopoт Шутка, Есад Рахиќ, кој на прашањето само кратко одговорил „однесен, вратен“.

Детали за причината за посетата на Боки на Клиниката за ортопедија нема.

“Некст Тајм” со сонцето од Кутлеш на настап: За овие фотографии добија еден куп пофалби и коментари (ФОТО)

Популарните “Некст Тајм” секој ден се повеќе ги придобиваат симпатиите на јавноста. Најновиот потег преку кој изнудија голем број позитивни коментари и пофалби, е објавувањето на фотографии од настап, на кои вокалот Стефан Филиповски пее со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Коментарите кои Стефан и Мартин ги добија за фотографиите погледнете ги на нивниот профил на Инстаграм

(Видео) Дванаесетгодишно момче со неверојатно откритие: Видело како нешто излегува од земјата- предмет стар 4.000 години

За време на семејниот излет, Џексон Хепнер (12) шетал покрај потокот во Милерсвил, Охајо, кога видел дека нешто излегува од земјата.

Извлекол необичен предмет, а заедно со неговиот татко и со помош на интернет се обидел да дознае за што се работи.

Дознале дека се работи за заб од мамут од ледено доба.

Семејството им се обратило на стручни лица за мислење и неколку научници потврдиле дека се работи за горен заб на мамут.