дома блог страница 3130

“Мистериозно видео од касарната во Прилеп: Не се знае ниту народот, ниту државата за која се зборува?”

Денеска се одбележува денот на Армијата на Република Македонија, а во Прилеп настанот се одбележа во петокот во дворот на касарната “Мирче Ацев”.

Видеото од одбележувањето предизвика низа реакции на социјалните мрежи, поради тоа што никој од присутните не кажа на која армија се одбележува денот…

Погледнете:

Oва се полицајците кои го спасија животот на деветгодишното Македонче

Александар Миленковиќ и Владан Николиќ се сообраќајните полицајци од Србија кои вчера попладне му помогнале на македонско семејство да се спаси животот на нивната деветгодишната ќерка, на која ѝ се слошило на автопат, пренесува „Курир.рс“.

Најблиските застанале со автомобилот и се обидувале да му помогнат на девојчето кое било без свест. Истовремено, очајнички барале помош.

Дека нешто чудно се случува на автопатот, пријавиле возачи кои затекнале човек со дете во рацете кој се обидувал да застане некое возило. Ни кажаа дека таткото бил очаен бидејќи детето умирало. Се плашеле да не ги прегази некој, раскажал Миленковиќ, кој со колегата бил на околу 500 метри подалеку и вршеле радарска контрола на автопатот.

Николиќ додал дека веднаш заминале да помогнат. Мајката го држела јазикот на детето, за да не се загуши. Очите на девојчето биле отворени, но му се гледале само белките во нив.

Реагирале молневито. Го земале целото семејство во полициското возило и тргнале кон Белград. Родителите молеле што побрзо да се стигне до брзата помош, која веќе била повикана и со која се пресретнале по пат.

Семејството имало уште две возрасни деца.

Прилепчанец ги пренесувал пocмpтните ocтанки на Гоце Делчев: Прочитајте го целото сведоштво за овој историски настан

Според напис од весникот “Народен глас” од 1972 година

– Во сите градови од Пиринска Македонија, , побудувавме голем интерес. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе. Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците – истакнал Иваноски

На 2 август се одбележа 116-годишнината од Илинденското востание. Ден кога македонскиот народ се потсетува на македонските револуционерни дејци меѓу кои и Гоце Делчев, кој бил убиен во борбата со турската војска, во зорите на 4 мај 1903 год. Соред историските податоци, неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чува во домот на Михаил Чаков, а на него пишувало:

„Ги заколнуваме поколенијата што доаѓаат светите коски да бидат погребани во главниот град на независна Македонија. Август 1923, Илинден”.

Заветот е исполнет и на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас. Но малкумина знаат дека во пренесувањето на моштите на револуционерот учествувал прилепчанецот Илија Јованоски – Белото како возач. Според него носењето на саркофагот од Бугарија во Македонија се случило на 31 јануари 1947 година, а не како што се трдело во октомври 1946 година.

Тој, за тогашниот локален прилепски весник Народен глас, раскажал дека секаде колоната со возилото била пречекана од многу народ во сите градови од Пиринска Македонија, а во Струмица, речиси целиот град бил на нозе.

Во текстот од весникот ,, Народен глас”, бр. 222, на стр. 2, издаден во Прилеп, во петок на 11 февруари 1972 година, а на кој в.д. главен и одговорен уредник е Благоја Глигороски, пишува дека заветот на Гоцевите следбеници, коските на овој голем македонски револуционер да бидат пренесени во Скопје, се оствари непосредно по ослободувањето на татковината од фашистичките окупатори.

По една случајност во пренесувањето на саркографот учествувал еден наш сограѓанин. По една исто така случајност деновиве беше пронајдена и една автенична фотографија од овој пренос, што е направена во пиринскиот град Петрич.

Еве што тој раскажува за овој настан:

– Повеќе од една година беше тоа во 1946/47, како возач бев на работа во нашата амбасада во Софија. Кон крајот на јануари 1947 година во Софија дојде другарот Борко Темелковски – Лилјак. Се сеќавам добро утрото на 31 јануари 1947 година ми беше речено дека со придружба треба да појдам на едно место. Во џипот што го возев, беше ставен еден сандак, и заедно со придружбата од Софија веднаш се упативме за Скопје.

Шоферот Илија Иваноски, добро се сеќава на многу детали, од патувањето. Џипот се движел во средината, а напред и назад биле по една кола. Иако зимно време џипот бил отворен во која се наоѓала и голема фотографија на Гоце Делчев.

– Во сите градови од Пиринска Македонија, истакнува Иваноски, побудувавме голем интерес. Маса граѓани се собираа околу нас во Благоевград, Петрич и други градови. Насекаде се собираа граѓани не поздравуваа. Во Благоевград, Градскиот комитет на БКП, организира мала свеченост. Во Струмица, чинам целиот град беше на нозе.

Веста дека низ овој град ќе помине колоната со коските на Гоце Делчев ги воодушеви и толку израдува граѓаните што едвам поминавме низ улиците.

По долго патување, колоната во Скопје пристигна во попладневните часови на 31 јануари.

Бидејќи фотографијава е направена во Петрич, сега дефинитивно се знае и точниот датум на пренесувањето на саркографот, а не како што беше објавено во весникот Нова Македонија од 30 јануари 1972 година, дека тоа е сторено во 1946 година.

Фељтон за Гоце

Во истиот број на “Народен глас”, бр. 222 од 11.02. 1974г. има и Фељтон за Гоце Делчев – Идеолог и револуционер. Пишува Димитар Мицкоски. Станува збор за продолжение од минатиот број. Во него авторот пишува дека во 1901 година, Гоце Делчев пак ја обиколил речиси цела Македонија… Во еден свој говор, Гоце Делчев рекол: “… Зарем Македонците не се храбри и јунаци? Кој смее да каже дека Македонците не се способни да ја извојуваат својата слобода, да ги урнат тираните и да се очистат од крлежите”, пишува во фељтонот Мицкоски.

Нестор Алексиевски го изработил ковчегот за коските на Гоце

Славниот резбар Нестор Алексиевски го изработил ковчегот во кој се пренесени коските на Гоце Делчев од Софија во Скопје во 1946 година. Го изработил дрвениот ковчег за 21 ден, во што му помагал и неговиот син Миле, пишува Данило Коцевски во колумната на “Слободен печат” на 29/06/2019. Копаничарот потекнувал од една од најпознатите мијачки резбарски тајфи.

Најпрвин изработил цртежи како ќе изгледаат деталите изрезбани на ковчегот, а потоа преминал на нивната реализација во ореово дрво.. Ковчегот бил со димензии 0,6 х 0,6 х 0,75 метри, и лежи на четири лавовски шепи. Изрезбани се разни мотиви од кои главниот е ликот на Гоце Делчев со ловоров венец.

Претставени се и тогашните грбови на Македонија и Југославија. На задната страна стои пораката: „Смрт или слобода – од Револуционерниот комитет”. Во саркофагот била вградена и лимена подлога односно кутија, набавена од лимар во Старата скопска чаршија. Според сведоштвата, коските во сандакот биле обвиткани со црвена свила како симбол на Илинденското востание…

ОСТАТОКОТ ОД КОСКИТЕ СЕУШТЕ ВО БАНИЦА?!

Гоцевите потомци од неговите сестри, лично раскажале дека кога коските биле изложени во Софија во црквата „Света Недела” во август 1923 година, семејството се уверило дека внатре во сандачето се само рацете, нозете и главата, а трупот го нема. Коските од трупот на војводата засекогаш останаа во Баница.

Откако во 1906 година неговиот другар, војводата Чаков, заедно со Таската Серски го откопале гробот и ги зеле главата, рацете и нозете на Гоце Делчев, трупот го оставиле оти и по три години уште не бил распаднат. Потоа, никој никогаш не го зел остатокот од коските. Никаде, ама баш никаде нема доказ или сведоштво дека работата била завршена – со треперлив глас поради своите 82 години, но истовремено и со неверојатна сигурност и совршено сеќавање го почна своето сведоштво, скопјанецот Панде Ефтимов. Тој е еден од тие што лично ги пречекал неговите коски во Скопје во 1946 година, пренесуваат дел од медиумите.

Пренесувањето на моштите траело три дена, на 7, 8 и 9 октомври 1946 година, а тој чин бил проследен со огромна маса народ што му оддавал почит на великанот и на неговото испраќање од Софија и пристигањето во Скопје. Положувањето на коските во саркофагот во дворот на црквата „Св. Спас” било извршено на 10 октомври.

Извор: “НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ”

ВАНКОВСКА: Заев истураше боја врз спомениците, па сега ќе ги чува

Владата на Заев сега ќе мора да ги чува спомениците од „Скопје 2014“ и тоа истите на кои „шарените“ истураа бои, коментира на „Фејсбук“ професорката Билјана Ванковска.

-Заев не само што го легализираше Скопје 2014 прогласувајќи ги спомениците за израз на светско културно наследство, туку и ќе ги чува со полиција. Тоа се истите споменици кои беа цел на „шарените”, кои истураа не само бои, туку и „kpв” излеана од „рeжимот”… Она што стварноста може да го сврти, ни најдобар режисер не може да го смисли. Неко то од горе види све, напиша професорката.

Боки 13 побарал преместување на психијатрија или ќе откриел круцијални докази против Заев

Бојан Јовановски испратил порака до државниот врв на Македонија да биде преместен на психијатриското одделение, дознава српски „Курир“, додавајќи дека Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето.

Повикувајќи се на извор близок до истрагана за „Рекет“, која со недели го тресе регионот, порталот вели дека Јовановски од притвор упатил закани дека поседува круцијални докази против Зоран Заев.

-Екипа на Брза помош секој ден доаѓа кај него во скопскиот затвор Шутка. Тој нон-стоп се жали дека не му е добор, докторите редовно го прегледуваат, му даваат инекции за смирување…Деновиве упати порака до државниот врв. Бара да се премести во психијатриско одделение во болница. Имаат рок од три дена, во спротивно, тврди дека ќе ги изнесе цврстите докази кои ги поседува за вмешаноста на Зоран Заев и неговите соработници во неколкумилионска корупција, вели изворот од Скопје за српски „Курир“.

ФОТО: Никој не може да погоди која е мајката на фотографијата – родила 3 ќерки, а изгледа како девојка

Натали Вардел од Австралија е горда мајка. Не е познато дали пронашла еликсир за вечна младост, но едно е сигурно – добра генетика, квалитетна исхрана и тренингот се составен дел од нејзиниот живот.

Фотографијата на Натали со ќерките привлече големо внимание на друштвените мрежи затоа што никој не бил сигурен кој на фотографијата е мајката, а кои се ќерките.

Натали има 45 години и три ќерки и неретко луѓето мислат дека нејзините ќерки се нејзини сестри.

Ќерките на Натали, 21-годишната Џесмин, 19-годишната Тамика и 17-годишната Медисон се горди што нивната мајка е физички активна и води сметка за себе.

МИЦКОСКИ: Секогаш ќе останете кукавици, kpиминалци и трговци со најсветото, тоа што нашите дедовци и татковци со живот го платија

(Фејсбук статус на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски)

“Очигледно е дека Заев е во пaника бидејќи kpиминалот е рaзоктриен и е во вртоглав пад. И бидејќи и така прават пaнични прес конференции на кои мора да мaнипулираат, лaжат и конструираат.

Прашањата кои ги поставуваат на тие лажни прес конференции се одговорени, но срaмот за татковината, kpиминалот и распродажбата продолжуваат. Ви одговорив вчера вам, кои сте дел од крими октоподот, перјаници на куфер политиката, рekeт политичари, ќе ви одговорам и денес. Ќе продолжам да одговарам се додека вашите подли лаги не бидат комплетно демонтирани.

Во Будимпешта се сретнав со големиот пријател на Македонија, премиерот на Унгарија г-динот Орбан, човекот кој ја предводи владата на државата од која ќе зависат многу работи за иднината на ЕУ интеграцијата на Република Македонија. Бидејќи сте нecпособни и покрај сите национални распродажби и пoнижувања веќе трета година по ред да го поместите статусот кандидат во статус преговарач, ние како државотворна партија одлучивме наместо да фарбаме, кодошиме и уриваме дома, да работиме на иднината на нашите сограѓани од опозиција во услови кога имаме до гyша во kpиминал зaглавена влада. Во Словенија не сум бил веќе подолго време, но ќе ги искористам сите контакти со нашите сестрински партии од Словенија да и помогнам на татковината и граѓаните во напредокот во ЕУ интеграцијата. Доколку Вие што сте дел од kpиминалниот октопод, рekeт политичари имате било каков доkаз дека сум имал други средби од ова што е содржано во мојот одговор, Ве охрабрувам веднаш без двоумење да ги објавите, а јас истиот момент ќе понесам одговорност, во спротивно Ве охрабрувам наместо да се криете во прашална форма кукавички создавајќи мистика како што е карактерот на ситните kpиминалци јасно да напишете во афирмативна форма, да не се плaшите, а јас Ви ветувам дека нема да Ве тyжам за лaгите и невистините што kykавички во прашања ги поставувате.

Јас ќе Ви одговорам на сите прашања, знаете зошто? Затоа што немам што да кријам, само повеќе ме мотивирате, уште пожестоко да се бopaм. Одговори ќе има, но Вие секогаш ќе останете кукавици, kpиминалци кои се кријат позади прашалната мистика и трговци со најсветото, тоа што нашите дедовци и татковци со живот го платија, но што знаете вие за гордост и достоинство…. јас Вам ви одговарам, а Вие сеуште не собравте храброст на ниту едно прашање да одговорите, внимавајте, размислете добро што ќе одговорите, затоа што кога тогаш вистината ќе излезе….

Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!”

Грците ликуваат! Носат маички со избрусеното сонце од Кутлеш на шахтите во Скопје!

Стругањето на сонцето од Кутлеш од капаците на шахтите во Скопје наиде на одобрување во Грција до толку што се појавија и маички со ликот на шахтите пред и по отстранувањето на симболот на древномакедонското кралство.

„Сега го гледаш, сега не“, пишува на маичката што стана хит кај јужниот сосед.

„Тотално ја обожавам мојата нова маичка!!“, напиша Анастасија Мерѕу на Твитер покрај фотографијата што ја сподели со јавноста.

Извор: “Експрес.мк”

Еве како изгледаше собирот кога се поставуваше споменикот на Александар во Прилеп кој од денеска носи табла дека е Грк (ФОТО)

Споменикот на Александар Македонски во Прилеп на кој денеска беше поставена табла дека припаѓа на Хеленската култура согласно Преспанскиот договор со Грција, е поставен во 2006 година.

Прилеп, во 2006-тата година беше првиот град во земјава каде беше поставен споменик на големиот македонски војсководец Александар Македонски, кој сега, ете, според Преспанскиот договор треба да признаеме дека тој не бил Македонец, туку бил „историска фигура од античката Хеленска историја и цивилизација и дел од светското културно-историско наследство“?!

Инаку, Сонцето од Вергина освен што го има на штитот кој во рацете го држи Александар Македонски, го има и на платото под постаментот од Споменикот во Прилеп, кој пак, е донација од американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, а изработен од познатиот скулптор, исто така од Прилеп, Жарко Башески.

Донаторот на Споменикот, бизнисменот Атанасоски, своевремено изјави дека „Само Сонцето е постаро од Македонија“

Во таа 2006-та година, честа да го откријат споменикот ја имаа донаторот Ѓорѓија -Џорџ Атанасоски и тогашниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески. На свеченото откривање на споменикот беше присутен и Никола Груевски, тогашен премиер на Владата на Република Македонија со своите соработници, како и голем број други видни личности од општествено-политичкиот, научниот и културниот живот на Македонија.

Во чест на подигнувањето на споменикот градоначалникот Марјан Ристески, меѓу другото рече: „Градот под Марковите кули, од овој момент е и градот на Александар Македонски. За овој великан, изминативе години, како историска личност, човек и војсководец се напишани многу текстови, снимени се многу филмови, се дебатирало безброј пати, но само донаторот Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски и Прилеп направија нешто што ќе биде незаборавно грандиозен споменик на Александар Македонски.

Старите Латини рекле дека името е знак, не знам зошто и не знам кога, но навистина е речено дека името како знак всушност е препознавање, тоа е корен и стебло на еден народ, името на Александар Македонски е нашата препознатливост. Денес не зборувам од лично име, ниту како градоначалник, туку како Македонец кој има чест да ве поздрави вас, на овој голем ден за нашиот град.

Нема да ви зборувам за значењето на Алексадар Македонски од историски ас- пект, бидејќи секој од вас учел и знае доволно за него, особено и големо е значењето на овој споменик од аспект на културата, традицијата и туризмот. Најмаркантната личност во нашата историја конечно го доби своето место на еден од најубавите плоштади во Македонија. Инаку, споменикот е висок шест метри и е изработен од бронза, а копјето е долго 5,30 метри.

Детали за новиот германски закон за доселување: Балканците ќе бидат привилегирани

Штефан Мајер, државниот секретар во германското МВР говореше за Дојче Веле за деталите на новиот закон за доселување во Германија и како да се постапува кога на сила ќе стапи новиот закон, а се уште ќе биде на сила таканареченото правило за Западен Балкан.

Како што изјави, најзначајно е доселување на стручна работна сила, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ. Додаде дека со овој закон прв пат се воведува единствен поим стручњаци односно квалификувани работници.

-Во иднина веќе нема да се применува правило според кое при вработување предност ќе имаат државјани на Германија или некоја друга земја од ЕУ. Исто така се укинува и листата на дефицитарни занимања така што сите групи на вработени се третираат на ист начин, изјави Мајер.

-Важно ни е добро познавање на германскиот јазик: во некои области доволно е да се знае основи на јазикот, за вработување е потребно ниво Б1, а за место во образованието Б2, дополни тој.

Условите за доаѓање во Германија ќе се проверуваат пред планираното доаѓање и тоа ќе се врши преку дипломатските претставништва. Во Германија ќе имаат можност и да се доквалификуваат заинтересираните граѓани.

Според Мајер на некој начин граѓаните од западен Балкан се привилегирани.

-Кој ги исполнува условите за доселување според двете правила може да избере кое е поповолно за него. Треба да се напомене дека низ мерката за вработување на граѓани од Западен Балкан во Германија пристигнале многу полуквалификувани и неквалификувани главно постари работници. Тоа буди страв дека Германија би можела да се соочи со додатно оптоварување поврзано со пензијата на овие работници, додава Мајер.

Според законот доселениците постари од 45 години мора да докажат дека доволно уплаќале во пензиското осигурување. Тоа е една можност, а втора е дека на новото работно место во Германија заработуваат најмалку 3600 евра бруто.