дома блог страница 312

Лишен од слобода прилепчанец – возел со 2,35 промили алкохол во крвта –

-На 22.09.2025 во 19:30 часот на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.Ѓ.(61) од Прилеп. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф” со прилепски регистарски ознаки, при што било утврдено дека Б.Ѓ. возел под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,35 промили алкохол во крвта – информираат од МВР.

Штип доби затворен базен, а Прилеп нема ни една спортска сала

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше на пуштање во употреба на затворен базен во Штип, од каде им честиташе на градоначалникот и на министерот за спорт, но и на пратениците во македонското Собрание од Штип, коишто вели дека вложуваат атом повеќе енергија, повеќе за да обезбедат проект повеќе овде за Штип.

-Навистина би сакал исто така да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата во Општина Штип што изминативе скоро четири години реализираа голем дел од проектите. Со тие проекти можам слободно да кажам дека Штип доби една современа, модерна физиономија, дека навистина е центар во истокот. Штип денеска делува навистина импресивно и работата на градоначалникот навистина инспирира и очекувам дека и во следните четири години ќе продолжи со истата динамика на реализација на тие проекти за уште поубав Штип, за Штип којшто ќе има уште повеќе реализирани проекти, а ние како централна Влада тука сме да ја поддржиме реализацијата на тие проекти, рече Мицкоски.

Овој базен којшто претставува типска градба е еден од шесте најавени, втор отворен по ред.

-Знаете дека овие проекти беа заглавени со години, 4-5 години стоеја, тапкаа во место, не беа реализирани, но еве сега со доаѓањето на оваа Влада, изминатите 15 месеци откако сме Влада, ги задвиживме овие проекти, тие се реализираат. После оној во Кисела Вода, овој во Штип е следен, следат Кичево и Битола, па потоа Ѓорче Петров и Карпош и оној во Кавадарци, се разбира. Продолжуваме и понатаму да инвестираме во спортот, затоа што, како велат, во здраво тело здрав дух. Ние би сакале да ги навикнеме младите уште од најрана возраст да спортуваат бидејќи на тој начин се градат во вистински личности, личности коишто витешки ќе се борат во својот живот и ќе напредуваат. Така што еве, ако оваа градба овдека помогне во таа насока, јас би бил пресреќен, посочи премиерот.

Поради недостиг на вода, од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави во употреба бунарите

Поради недостиг на вода од денеска ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп ги стави бунарите во употреба. Сооппштението од јавното претпријатие во целост го пренесуваме во продолжение:

-Во изминативе неколку денови се соочувавме со недостиг на потребните количини на вода кои пристигнуваат од изворот Студенчица поради намалената издашност на изворот предизвикано од летниот сушен период. Но, исто така на ниво на град зголемена е потрошувачката на вода што не е очекувано за овој период од годината. Овие причини предизвикаа нарушување на водоснабдување на градот (посебно во повисоките зони). Со цел да се обезбедат количините на вода кои се потребни ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп од денес ги стави во употреба дел од бунарите со цел да може да се нормализира водоснабдувањето во сите делови од градот. Но, исто така искрено замолуваме сите да се однесуваме совесно и рационално во користењето на пивката вода!

Инаку, деновиве голем број граѓани, особено од повисоките делови на градот, се пожалија на социјалните мрежи дека или немаат вода, или притисокот е целосно намален.

По поразот во Скопје со 8:1, Победа остана и без тренер – Дунимаглоски си поднесе оставка

Фудбалерите на Победа викендов го доживеаја најтешкиот пораз, каков можеби не се памети никогаш. На гостувањето кај Скопје, црвено-белите беа поразени со 8:1, а сега останаа и без тренер.

По поразот и слабиот старт на сезоната, оставка од тренерската позиција си даде Стојанче Дунимаглоски. Иако резултатите и состојбата во клубот се најмалку негова вина, Дунимаглоски сепак одлучи да се повлече.

Победа во моментов се наоѓа на претпоследното место на второлигашката табела, а зад неа е само ФК Големо Коњари.

Сега, се очекува раководството на клубот, да донесе одлука кој ќе го наследи Дунимаглоски. Кој и да е, ќе мора да се справи со очајната ситуација во прилепскиот фудбалски гигант, и носителот на титули во ПМФЛ шампионатот.

“Нема иднина, тука системот не’ гази” – Прилепскиот бенд SIDE QUEST со свое првенче кое отсликува жална реалност (ВИДЕО)

Нема иднина за нас,
надежта нагло се губи,
сите од овде заминаа,
и нема зошто да се трудиш.

Дали да заминам и jac,
оти тука немам шанси,
за да напрам промена,
тука системот не гази…

Ова се дел од стиховите од првото авторско дело на прилепскиот бенд SIDE QUEST, дечките кои растураат на сцена каде и да се појават. Не е потребен посебен коментар, слушнете ја песната во продолжение:

Спремајте по 50 евра за казна ако од петок го правите ова

Од 26 септември стапуваат на сила измените во Законот за безбедност во сообраќајот, објавени во „Службен весник“. Новите одредби предвидуваат построги правила за сите учесници во сообраќајот со цел зголемена безбедност.

Особено внимание е посветено на употребата на електронски уреди при движење. Пешаците кои ќе преминуваат пешачки премин користејќи мобилен телефон ќе се соочат со парична казна од 40 евра. За возачите на тротинети, мотори и трактори кои управуваат возило додека истовремено користат електронски уреди, казната ќе изнесува 50 евра.

„Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека,“ се наведува во член 116-а од Законот.

Од почетокот на 2026 година е најавено воведување на системот „Безбеден град (Safe City)“. Преку видеонадзор, системот ќе открива и регистрира сообраќајни прекршоци. Сепак, неговата целосна примена зависи од усвојувањето на Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.

50-годишна жена заврши со тешки повpeди – Се судрија автомобил и моторцикл во Битола

-На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.

Битолскиот градоначалник во Драч – Со колегите градоначалници од Западен Балкан ја основаа алијансата GREEN MAYORS за фер транзиција

Градоначалниците од 19 општини од целиот Западен Балкан потпишаа заедничка декларација со која ја започнаа Алијансата на „зелени“
градоначалници, регионална платформа за забрзување на зелената транзиција преку општинско лидерство и прекугранична соработка.

Потпишувањето се одржа на Форумот на „зелени“ градоначалници во Драч, во организација на OSF–WB (Фондација Отворено Општество – Западен Балкан), на кој учествуваа повеќе од 100 општински лидери, претставници на училишта, организации на граѓанското општество и експерти за енергетика.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на панел дискусијата посветена на градоначалниците од регионот истакна: „Проектот „Сончеви училишта“ и слични иницијативи покажуваат како промените можат да се случат на ниво на заедницата. Општината истражува неколку зелени решенија, вклучувајќи електричен јавен превоз и изолација на стари згради. Нашата цел е да ги подготвиме граѓаните да се снајдат во
иднината на праведен и одржлив начин“, посочи Коњановски.

Општина Битола е позиционирана високо од градовите на Западен Балкан, според реализираните проекти и иницијативи, за енергетска ефикасност и зелени решенија, беше истакнато на конференцијата.

Kучињата го прават ова кога ќе сретнат лоша личност: Добро запомнете ја оваа реакција!

Научниците докажаа дека кучињата можат да имаат позитивно влијание врз своите сопственици, а едно од вообичаените верувања е дека кучињата можат да препознаат човечки квалитети и да знаат кога некој ги лаже. Оваа тема беше обработена во студија спроведена од Акико Такаока, истражувач на Одделот за психологија на Универзитетот во Токио.

Во текот на неколкугодишно истражување на когнитивниот развој на животните, тој ја тестираше идејата дека кучињата знаат кога некој ги измамил и ги паметат луѓето што го направиле тоа на неколку различни начини. Оваа премиса се покажа како точна – не само тоа, туку кучињата ја губат довербата во некоја личност откако ќе бидат измамени.

Еден од овие експерименти се одвивал вака: неколку чинии со храна, волонтер, кучиња. Едно лице поставило празни чинии, кои кучето не можело да ги види сè додека не им се приближи. Постапката беше повторена неколку пати, и на крајот се покажа дека кучињата запомниле кој ги измамил. Кога ова лице влегло во собата, повеќето кучиња биле рамнодушни, а неколку кучиња беа лути. Во исто време, тие покажаа наклонетост кон оние што не ги изневерувале и вистински им дале храна во чиниите, пишува National Geographic.

Друга студија, спроведена од научници од Одделот за психологија на Универзитетот во Кјото, покажа дека тие разбираат ако некој се однесува лошо кон членовите на нивното семејство и ќе се однесуваат соодветно. Она што ќе го направат зависи од карактерот на кучето, но тие разбираат што се случува.

Во експериментот учествувале кучиња придружени од нивните сопственици и неколку волонтери кои не ги познавале. Тие имале задача: некои од нив се однесувале убаво кон своите сопственици, додека други им викале и се однесувале агресивно.

Кога волонтерите потоа им понудиле храна на кучињата, откриле нешто многу интересно. Оние кои се однесувале добро кон своите сопственици немале проблеми: кучињата ги прифаќале нивните закуски и галење. Но, оние кои биле груби предизвикале негативна реакција: некои кучиња не сакале да го прифатат колачето, некои го правеле, но дури и оние кои го земале не биле расположени за понатамошно дружење, туку едноставно се оддалечиле.

Гужва во Ѓогдере пристигна најдоброто ILLY кафе во “Шишам бар” (Фото галерија)

Уникатно место каде се спојуваат стилот и вкусовите, локал кој му даде нов шмек на градот, каде кафето не е само почеток на денот и обичен пијалок додека разговарате со пријатели на маса, туку претставува предизвик и уметност.

Тоа е “ШИШАМ БАР”, местото кое за кратко време стана омилено катче за сите генерации. За тие малкумина што не знаат, локалот се наоѓа во населбата “Ѓоргдере” покрај Градската река, во непосредна близина на мостот “Табана”.

Во исклучително урбан амбиент, украсен со вкусно избрани детали, тука се приготвуваат можеби најдобрите вкусови на кафе. Љубезен персонал ќе ве послужи од менито со богата понуда на вкусови, кафе кое изгледа како уметничко дело, што ќе ви биде буквално криво да го промешате.

Го служат најдоброто illy кафе, што е причина плус за локалот да биде посетен преку целиот ден и да се бара маса плус. Прилепчани тука за прв пат пробаа вкусови што се вистинска реткост во цела Македонија.

Ако ни верувате нам, за се’ уште топлите денови ви препорачуваме нешто од ледените вкусови, како Caramel Iced и Tiramisu Iced coffee, соврешни за уживање.

Вљубениците пак во добра мача, нема да погрешат со ниту еден вкус, а ги има со јагода, банана и мача лате.

Она што вистина изненадува се цените, кои се достапни за сите, што е доказ дека можело и вака, да се нудат богати пијалоци со врвен квалитет, а гостите да платат многу помалку.

Веруваме дека после ова веднаш ќе ги посетите. Поминете квалитетно време со вашите најблиски и пријатели во атмосфера каде секој период од денот е уживање.

“ШИШАМ БАР” ве очекува!