дома блог страница 3125

Фуркан Салиу ја зачека Катица на излегување од автомобил: Како од најголема надеж за правда стигнавте до овде? (Видео)

Новинарот Фуркан Салиу денеска ја начека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на излегување од нејзиниот автомобил пред седиштето на ОЈО, каде што таа требаше да даде исказ за случајот „Рекет“.

“Обвинителке, како од најголема надеж за правдата дојдовте до овде?”, ја праша новинарот специјалната обвинителка.

Секоја чест! Македонско девојче од Австралија собра илјадници долари за реновирање училиште во Битола

Медисон Ристевски е 16-годишна девојка од Австралија, која има македонско потекло. Веќе четврта генерација од нејзиното семејство живее таму, но тие не ја забораваат Македонија.

На училиште таа добила задача да лансира проект со кој ќе го направи светот подобро место за живот, па така одлучила да собира донации за реновирање на медицинското училиште во Битола. Била разочарана од неговата состојба при една посета во Македонија.

–„Сум ја посетила Македонија неколку пати и сфатив дека сум благословена што живеам во Австралија, земја каде здравството, образованието, демократијата и квалитетот на живот се сметаат за најдобри во светот.

–Во битолската образовна установа ѕидовите и таваните беа покриени со влага. Тоалетите или беа скршени или течеа или не се пушташе вода како што треба и имаше непријатен мирис од мигот штом влегов“, вели Медисон.

Таа си постави задача да собере 29.000 евра за реновирање на објектот и упати апел за донации преку онлајн платформа, а за само 4 месеци успеа да ги мотивира луѓето од Австралија, но и целиот свет да донираат дури и повеќе од првично зацртаната цел.

Целта на Медисон е да испрати порака дека секоја цел е остварлива, само ако сте одлучни и работите напорно.

Целата статија прочитајте ја ТУКА!

Заев: Просечната плата расте, парите одат кај народот

Просечната плата продолжува да расте, мерките на Владата ги даваат своите резултати. Ова го напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

– Покрај зголемувањето на платите, парите ги насочуваме кон граѓаните преку субвенции, поврат на данок, намалување на данокот за парно греење и финансиска поддршка за отворање на нови фирми. Граѓаните добиваат повеќе слободни средства за подобар живот, напиша тој.

Заев го објави статусот откако Државниот завод за статистика објави дека просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25 205 денари и е за 4,1 отсо поголема од јуни минатата година.

Во јуни 2018 години просечната нето плата била 24 203 денари.

Maкедонија има нова спортска гордост: Љубомир од Велес ја покори Европа (ФОТО/ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец во кајакарство Љубомир Спасиќ од Велес, викендов настапи на Европскиот куп во Чешке Будејовице, каде со неговиот настап го потврди и освои првото место во генералниот пласман за 2019 година, на европската ранг листа.

Спасиќ е прв на листата од над 200 кајакари од 17 држави и е вистинска македонска спортска гордост.

Во текот на целата сезона Љубомир настапи на Европските купови во Скопје, Словенија, Германија, Шпанија, Италија и овој последниот и финален во Чешка.

Во наредниот период од оваа сезона му преостанува уште настапот на Светското првенство кое на крајот од септември ќе се одржи во Шпанија.

Мелем за срце и душа: Композицијата “Петте ангели” на Игор Димовски е вистинско уживање (Видео)

Македонскиот композитор и виртуоз на хармоника, Игор Димовски, пред извесно време ја промовираше композицијата „The Five Angels“ или „Петте ангели“, за која е снимена и впечатлива видеоприказна во околината на Марков манастир, близу Скопје, како и на Мечкин Камен кaj Крушево.

Се работи за композиција која изобилува со милозвучност и која го промовира традиционалниот македонски дух и култура.

Вреди да се слушне неколку пати.

Уживајте!

Македонија го има најубавото знаме, Данска најстарото, а САД и Авганистан најмногу пати го промениле своето

САД и Авганистан се земјите кои најмногу пати го менувале своето знаме, а една од најинтересните е знамето на Мозамбик, кое во себе ги содржи симболите книга, мотика и калашников, изјави претседателот на Меѓународната федерација на вексилолози (научно проучување на знамињата), Жељко Хајмер.

Држава која најмногу пати го сменила своето знаме во модерно време е Авганистан, дури 15 пати, што не е за чудење, со оглед на повеќе или помалку непрекинатата воена состојба во која земјата се наоѓа со години.

Држава која најмногу додавала симболи е САД, каде дури 27 пати додавале нови ѕвезди кои ги означуваат сојузните држави.

Првото официјално знаме, по револуцијата во 1776 година имало на себе 13 сојузни држави, а сега се 50.

Што се однесува до обликот, повеќето знамиња се со правоаголна или квадратна форма. Единствена држава која отстапува од формата е Непал, кој за знаме има два тријаголници.

Најстаро знаме има Данска кое се користи во истиот облик од 13 век. Следуваат Холандија од 1572 и Непал од 1743. Најново знаме од 2017 година има Мауританија.

Најмладо знаме има Косово, кое своето знаме го одреди во 2008 година откако прогласи еднострана независност.

Најчест симбол е ѕвезда, која се наоѓа на 60-на државни знамиња, а зад неа следуваат грб, круг, сонце и месечина. Знаме со најмногу симболи е на Туркменистан кое брои дури 12.

Најубаво меѓународно знаме, по Хајмер, е знамето на Македонија.

-Тоа предизвика многу контраверзи во деведесетите години, па мораше да биде сменето. Усвоено е денешното знаме, едноставно, но со многу препознатлив дизајн“, изјави Хајмер.

Терминот вексилологија за првпат го користел американскиот автор Витни Смит во 1958 година. Меѓународното здружение на вексилолози е основано на 7 септември 1969 година, со цел да се создаде центар на информации и знаења за знамиња од сите видови, нивните форми и функции.

Извор: “Pressingtv.mk”

ВИДЕО: Катица Јанева влегува во политика?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски објави видео каде Катица Јанева во изјава за “А1он” најавува влез во политика, при што ќе станувала пратеник или градоначалник на Гевгелија.

Не разбирате вие. Катица градела политичка кариера на начин прифатлив на главата на Октоподот. Сама кажува колку независно делувала и со СЈО и со Рекет, напиша Стоилковски.

Прилепски џудисти газат каде и да се појават, а се финансирани од соседна држава

После 5 години напорен тренинг и успеси на домашен и меѓународен терен, членот на Џудо Клуб “Бушидо” од Прилеп, Теодора Ристеска се стекна со првиот мајсторски појас – информираат од клубот.

За Теодора и нејзините успеси знаат сите, а таа и понатаму не престанува со активен тренинг и подготовки за идните предизвици.

Ристеска моментално се подготвува за европските купови во Грција, Словенија и Унгарија кои треба да се одржат до крајот на оваа година.

Од ЏК “Бушидо” реагираат дека и покрај големите успеси на нивните членови и успешното претставување на државните бои, финансиската помош за овој спорт изостанува.

Но, управата на клубот контактира со надворешни инвеститори кои сакаат да вложат во овој спорт кај нас.

“Истот се случи и минатата година, кога соседна држава финансираше македонското знаме да се вее на европски натпревари”, велат од клубот.

Не издржа таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп: Превитката и пречкртана (ФОТО)

Таблата што е поставена на споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп е оштетена. Покрај обидот за нејзино отстранување, пречкртан е и зборот „хеленистичка“ од истата.

Поставувањето на таблите на спомениците следува по владината наредба до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Преспанскиот договор, при што на сите споменици за личности кои потекнуваат од античкиот период треба да бидат поставени табли со кои се акцентира дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура. Исто така, според Преспанскиот договор, Сонцето од Кутлеш треба да биде отстрането од сите јавни површини.

Кај голем дел од јавноста, овие акции наидоа на неодобрување, бидејќи, според нив, тоа претставува откажување од дел од македонската историја.

ВМРО-ДПМНЕ: “Дали градоначалникот отпишал долгови на министер и вработени во локалната? Правдата ќе го стигне за брзо” (Видео)

На средбата деновиве помеѓу градоначалникот Илија Јованоски, директорката на УЈП и угостителите од општината, првиот човек на Прилеп за медиумите изјави, цитирам: “На некој начин ја толерираме нивната, ако можам така да кажам злоупотреба на зголемениот простор од она што им е дадено. Но тоа го правиме во рамките на дозволеното“ – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“После оваа скандалозна изјава на Јованоски, јавноста остана во дилема за тоа како општината прави приоритет кои угостители и летни бавчи ги толерира, а кои од нив ќе мораат секогаш да бидат доследни до законите и прописите.

Што е тоа што според Јованоски е во рамките на дозволеното, за одредени угостители блиски до власта да се шират во централното градско подрачје и да го узурпираат јавниот простор?

Јавноста остана куса за одговор и за тоа кои се летните бавчи во старата чаршија кои општината ги толерира?

Колкава штета е направена врз буџетот на општина Прилеп со ваквото незаконско постапување и дали конечно некој ќе сноси одговорност?

Дали можеби локалите на луѓе вработени во општината и на министерот од СДСМ се во оваа листа на толеранција и непостапување од инспекциските служби?

Градоначалникот и МВР должат одговор и за немилите настани кои се случија пред повеќе од месец дена, кога во два наврати беше поставена бомба во локалот на истакнат член на СДСМ.

Дали е најден сторителот и дали граѓаните се безбедни кога се движат во централното градско јадро?

Дали требаше да настрадаат невини луѓе за вие и вашите функционери на власт да се ангажирате и да го пронајдете сторителот?

Заради сето ова и сите скандали кои секојднево ги тресат вашите фотељи на власт, ви доаѓа крајот!

Месеци се во прашање кога со државата ќе раководи одговорана политичка гарнитура која ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните, а бргу потоа на идните локални избори ќе дојде и вашиот крај на локално ниво”.