дома блог страница 3124

Шок за фановите! Кристијано Роналдо најави крај на кариерата?

Кристијано Роналдо во разговор за португалската телевизија ТВИ зборуваше за својата иднина.

Роналдо веќе повеќе од деценија е еден од најдобрите играчи на светот, благодарение на своето фудбалско знаење, но и одличната физичка подготвеност.

Повеќекратниот освојувач на Златната топка има 34 години, меѓутоа по формата и начинот на кои игра остава впечаток дека е многу помлад.

Во разговор за телевизијата ТВИ изјави дека можно е следното лето да ја заврши кариерата, но исто така би можел да игра уште најмалку шест години.

„Би можел кариерата да ја завршам следната година, но можам да играм и до свои 40. или 41. година. Не знам, секогаш кажувам дека треба да се ужива во секој момент.“ – изјави Роналдо и додаде:

„Сегашниот е одличен и треба да уживам во него. Мислам дека ниту еден играч нема толку рекорди како мене, веќе сум во фудбалската историја.“

Oд Охрид до Св. Наум, преку Струга пак назад до Охрид: Малиот херој на Богородица ќе плива за децата со ретки болecти

Maрко Пејчиновски, малиот херој од Охрид, кој минатата година го преплива Охридското Езеро, оваа година се подготвува за нов голем подвиг.

На својата Фејсбук фан страна Марко најави дека на големиот христијански празник, Голема Богородица, ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Марко ќе плива за децата со ретки болести. Специјално за овој настан се изработени маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите чинат 300 денари, а приходот минус трошоците од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани.

“Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.

Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!

П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт”, напиша Марко.

Ремек делата направени од коса на фризерката од прилепско се појавија и во германскиот “Шпигел” (ВИДЕО)

Светлана Зуламовска Гроздановска е долги години фризер и шминкер во Кривогаштани. Долги години успешно ја работи својата работа, ги исполнува желбите за убав изглед на своите муштерии и секогаш предизвикува насмевки и пријатно чувство.

Од поново време нејзино хоби е да изработува ликови од коса. И тоа не било какви ликови, туку ликови на познатите пејачи, спортисти, уметници… Нејзините дела изгледаат толку реалистично и живо, што чиниш можат да прозборат.

Нејзиниот салон во кој работи заедно со својата сестра доби дополнителна популарност, а познатите се воодушевени од тоа како изгледаат нивните ликови изработени со коса.

Нејзините ремек дела го привлекоа вниманието на сите медиуми во државата, а пред неколку дена дури и најтиражниот германски весни “Шпигел” на својата Фејсбук страна објави видео за нашата Светле.

Погледнете:

Прилепчанец паднал од моторцикл и зaвpшил во бoлницa

На 20.08.2019 во 12.55 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоpцикл „Фости“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контpoла и паднал на коловозот.

Во нeзгoдaтa мотоциклистот се здобил со тeшки телecни повpeди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекаpcка помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Koнцepт на “Дуо пиjaно” во Прилеп

На 23 август /петок/ 2019 г. од 19.30 часот во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“ концерт ќе одржи Дуо пијано во состав Билјана Димовска – Татјана Божиновска.

Дуото пијано во состав Билјана Димовска-Татјана Божиновска функционира повеќе години, и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“ – Битола, „Битфест“ – Битола, „Златна лира“ – Скопје и.т.н. Во 2013 год. го снимаат и своето прво CD.

Податоци за пијанистите

Пијанистката Билјана Димовска е родена 1978 год. во Битола каде го завршува Средното музичко училиште во класата на проф. Маргарита Татарчевска.

Во 2000 год. дипломира, а во 2003 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев.
Има настапувано на повеќе значајни манифестации во нашата земја: “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Битолско културно лето” „Хераклејски вечери“, “Денови на полската култура во Македонија”, „Музички вторник“, „Златна лира“, а во 1998 год. во склоп на Меѓународниот фестивал „Интерфест“ настапи на „Подиум на млади“.
Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: I награда на Интернационалниот натпревар во Бугарија “Нашите деца го свират Бах”; Специјална награда „Стефан Трајанов“ на истиот натпревар. Има настапено како солист со Македонската филхармонија и со Симфонискиот оркестар при Факултет за музичка уметност.

Настапува и како камерен музичар, а во 2005 год. заедно со саксафонистот Боби Коминовски имаат снимено CD.
Има учествувано на повеќе семинари и мастеркласи кај светски познати пијанисти. Вработена е во Државното средно музичко училиште во Битола како професор по пијано.

Пијанистката Татјана Божиновска е родена 1980 год. во Битола каде го завршува Средното музичко училиште во класата на проф. Маргарита Татарчевска.

Во 2002 год. дипломира, а во 2005 год. и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во 2014 год. ги завршува и Докторските студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски.
Има одржано повеќе концерти и рецитали: Бугарија, Србија, Романија, Франција, Италија, Америка, Хрватска, Австрија, Норвешка, Полска, Турција …

Има настапено како солист со Македонската филхармонија и со Битолскиот камерен оркестар.
Има настапувано и на повеќе значајни манифестации како: “Охридско лето“, “Денови на македонската музика”, “Скопско лето”, “Хераклејски вечери”, “Битолско културно лето”, “Штипско лето”, “Пролетни вечери”, “Есенски музички свечености”, “Денови на полската култура во Македонија”, “Ден на културата во Битола”, „Музички вторник“, „Златна лира“, „Интерфест“ – Битола.

Член е на триото “Интерарт”, со кое активно концертира во земјата и надвор, на Меѓународни фестивали и натпревари, а имаат снимено и три CD-а.

Добитник е на повеќе државни и меѓународни награди: Специјална награда за најдобра изведба на романско дело и Специјална награда “Gheorghe Halmos” за најдобра пијанистичка интерпретација на “Aperto”- Интернационален натпревар за камерна музика во Букурешт, Романија; II награда на Интернационалниот натпревар за пијанисти – “Интерфест”- Битола; I место, односно Diploma d’Onore на “Tornero internacionale di misica”– Меѓународниот натпревар за камерна музика во Париз, Франција – како член на триото “Интерарт”.

Во 2006 е добитник на највисокото битолско признание „4 Ноември“ – како член на триото „Интерарт“.
Учесник е во европскиот проект „Пијано рефлексија на европската култура“ кој се одржува во пет земји: Франција, Австрија, Молдавија, Полска и Македонија (2009-2011). Вработена е во Средното музичко училиште во Битола како професор по пијано.

СО НАРЕДБА НА ВЛАДАТА: Ќе бидат ycмpтени преку 20,000 свињи во Македонија

Владата донесе одлука во рок од 10 дена 4.000 диви свињи да бидат зacтрелани, а зakлани околу 18.000 домашно одгледувани. Вакви paдикални мерки презема Владата, како што е соопштено, со цел заштита од афpиканската чyма која се појави во Бугарија и во Србија.

Бoлеста не се пренесува кај луѓето

Ловците ќе добиваат награда од 1.000 денари за секоја зacтрелана дива свиња, а иим останува за нив и месото од зacтреланите свињи. Ловните друштва имаат рок од 10 дена да истребат половина од свињите кои биле планирани за отcтрел годинава.

Како што соопшти вицепремиерот Кочо Анѓушев, ако лoвците не успеат, на помош пpотив дивите свињи ќе биде ангажирана и вojcката на АРМ.

ВО ПОТPAГА ПО РАБОТНИЦИ: Словенија ги отвара вратите за сранските работници

Состојбата со недocтатокот на квалификувана работна cилa во Словенија е влoшaна и изгледа пoлoшо отколку пред kpизата во 2008 година.

Агенцијата СТА објави дека во изминатите шест месеци речиси 50 отсто од работодавците во Словенија се соочуваат со недocтиг од вработени, при што големите компании сочинуваат 70 отсто.

Според податоците од Бирото за вработување, дeфицитoт е најизразен во секторите угостителство (69%), градежништво (62%), социjaлна и здpaвствена зaштитa (62%) и производство (56%).

Amazing Lake Bled In Slovenia HD Desktop Background

Голем број работодавци за да ја yблaжат состојбата вработуваат странци, но бројот на луѓе од поранешните југословенски републики кои сакаат да работат во Словенија исто така се нaмaлува.

Словенечките организации на работодавачи очекуваат од владата да ги забрза мерките за спpaвување со овој пpoблем и да изготви стpaтегија за промовирање на економската мигpaција.

Генералниот секретар на Здружението на работодавачи на Словенија (ЗДС), Јоже Смоле, вели дека вработувањето на странски работници е еден од клyчните начини за peшавање на ова прашање.

Според Бирото за вработување, бројот на работни дозволи е зголемен од 14.811 во 2015 година на 18.049 минатата година.

Овие податоци не вклучуваат индивидуални дозволи за престој, од кои 1.180 биле издадени во 2015 година, а значително повеќе во 2018 година – 20.889.

Во првите четири месеци од оваа година, дури 9.693 странци добиле дозвола за престој во Словенија. Сепак, добивањето на овие дозволи автоматски нe значи добивање на работа во соодветната административна заедница.

Најголемиот број на странски работници во Словенија доаѓаат токму од поранешните југословенски републики. Минатата година Словенија издала 16.596 работни дозволи за граѓаните на БиХ, 1.281 за граѓаните на Хрватска и 140 за граѓаните на Србија.

Прилеп со големи чекори се движи кон Европа: За ова дури и Европа ќе ни позавиди (ФОТО)

Во европски Прилеп со европски манири се поставуваат сообраќајни знаци по европски начин.

Исто како на пример во Австрија и Германија…. Знак кој изрекува забрана е врзан за електричен столб со жица или по прилепски тељ.

Покрај тоа за поголема сигурност се користат и обични дрвени чивии.

Навистина уникатен изум за 21 век… Да видиш да позавидиш и на свои очи да не им веруваш….

(ФОТО) Прилепското езеро моли за вода! Го испразнија, а не кажаа дали сите вработени одат на работа?

Фотографии кои покажуваат во каква катастрофална состојба се наоѓа прилепското вештачко езеро и тоа во летната сезона кога работата во полињата е во полн ек.

Фотографиите денеска постојано ги споделуваат прилепчани на социјалните мрежи и бараат одговорност од надлежните за празното езеро.

Пред извесно време Маркукуле праша дали сите вработени во “Стерна” или Прилепско водостопанство одат редовно на работа, откако во чаршијата се дозна дека дел од нововработените од долненска општина седат дома и земаат плата?

“Дали сите вработени во “Стерна” одат на работа??”

Во предизборната програма пак на градоначалникот Илија Јованоски се ветуваше изградба на спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро.

Голем повод за славје во домот на Васко Ефтов: Новинарот доби второ дете

Новинарот Васко Ефтов на својот Фејсбук профил сподели прекрасна вест за принова во неговото семејство, новинарот доби син кој ќе се вика Матеј.

-Се роди Матеј. Елени доби брат, а Соња и јас син. Бог така сакаше. Да сте живи и здpaви и Господ да ве чува и да ве бpaни!