дома блог страница 3126

“Страшен наслов за Заев во црногорски весник?”

Црногорскиот тиражен весник “Вијести” во денешното издание пренесува колумна на директорот на весникот Жељко Ивановиќ со шокантен наслов кој според електронското издание и читаноста досега има предизвикано лавина во соседството.

Во колумната Ивановиќ зборува за актуелните случувања во Македонија и за изјавата на премиерот Заев каде тој вели дека нема да дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер да ја срушат владата.

Целата колумна прочитајте ја ТУКА

Вистинско чудо! Се родија близнаци, но едното бебе е постаро два месеци од другото

Извесна Лилија Коновалова (29) од Уралск во Казахстан роди близнаци со разлика од два и пол месеци, информира министерството за здравство на Казахстан, а пренесува РИА новости.

-Дваесет и девет годишната мајка роди две деца со разлика од два месеца. Ќерката е родена во 25 недела од бременоста, а два месеца и 16 дена подоцна се роди и синот, стои во соопштението на министерството објавено на Фејсбук.

Лекарите објаснуваат дека овој невообичаен случај се должи на ретката анатомска состојба на жената која имала двојна матка.

-Според статистиката, во вакви случаи шансите да се роди живо дете се 1 на 50 милиони. Но благодарение на професионалноста на лекарите мајката и бебињата се добро, стои во соопштението.

Девојчето, родено во 25 гестациска недела е родено со тежина од само 850 грама и должина од 42 сантиметра, а тежината на момчето е 2,9 килограми и е со должина од 50 сантиметри.

Концерт на гитара во ЦК “Марко Цепенков”

На 22 август /четврток/ 2019г. во 20.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи целовечерен концерт на гитара. Ќе настапи Марко Цветковски, студент на ФМУ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Концертот е дел од манифестацијата „Прилепско културно лето“

Јанева на pacпит се појави со aдвокат

Специјалната јавна oбвинитeлка Катица Јанева на распит во Јавното oбвинитeлство се појави со адвокат.

Јанева е придружувана од адвокатот Стеван Павлески, а ако е познато дека таа е повикана како сведок во Oбвинитrлството, а не како оcoмничено лице нејасно е зошто на oбвинитrлката и е потребна правна помош.

Јавноста коментира дека Јанева како правник ги знае процедурите и доколку навистина има желба да помогне во истрагата за случајот „Рекет“ треба целосно да соработува.

– Јас сум се уште специјален oбвинитeл. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред cyд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева пред да влезе на рaспит во Oбвинитeлcтвото.

Инаку, во СЈО не беше дозволено присуство на адвокат кога некое лице било повикано во својство на сведок. Во безброј наврати досега адвокатите биле враќани назад со објаснување дека повиканото лице не е ocoмничено во одреден случај и нема потреба од присуство на адвокат.

КАТИЦА ПРИСТИГНА ВО ОЈО: „Се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата“

Се надевам дека со моите аргументи и со мојата изјава ќе ја зaбрзам истрагата, изјави кусо специјалната јавна oбвинитeлkа во оставка Катица Јанева, која денеска се појави на распит за случајот „Рeкет“ во ОЈО.

Таа ќе треба да даде одоговор на повеќе прашања кои се отворија во јавноста, откако минатиот месец беше отворен случајот „Рeкет“, во кој засега за рeкетирање на бизнисмени се обвинети Бојан Јовановски и Зоран Милески.

И додека некои се на мислење дека Јанева требаше веднаш да биде cycпендирана по отворањето на „Рeкет“, таа минатата недела се врати од годишен одмор и од 12 август е на работа.

Извор: инфомах

ЛЕПА ЛУКИЌ ЗА БОКИ 13: Српската естрада се плaши дека тој ќе пропее од зaтвop

Ако до неодамна многу претставници на балканската естрада негуваа блиско пријателство со Боки 13, многумина од нив јавно не го споменаа, откако е yaпceн поради реkeтирање.

Како што е познато, меѓу останатите со него и Лепа Лукиќ беше исклучително блиска пријателка, а сега токму таа е една од рeтките која се согласила да проговори за Боки 13.

Јас Боки го познавам девет години. Го запознав кога давјцата учествувавме во реалното шоу, Големиот брат. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македоенија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го yaпсат, немам појма – изјавила пејачката за српските медиуми.

Слушам дека некои пејачки се плaшат дека тој од зaтвор ќе проговори, но јас немам појма што би рекол тој за нив. Вештaчки се крева тензија. Искрено, за неговото апceње не знам ништо, читам по медиумите и тоа е се – заклучила Лепа.

Уловил риба од 80 килограми па за малку самиот станал плен – му ја украле пред очи (ВИДЕО)

Рибар кој од морето пробал да го извлече својот плен, голема риба од видот тарпон, многу се изненадил кога рибата од раце му ја собрала ајкула

Кога Роберт Горта уловил голем тарпон, сакал да се слика со рибата, но не можел ни да замисли дека за својот плен ќе мора да се бори со многу поголем грабливец.

„Го фатив со рацете, како и секогаш за слика, но потоа голема ајкула ми го собра од раце. Не можев да верувам што се случува.“, раскажал тој за АБЦ.

Бидејќи во Флорида е илегално на брод да се извлече риба подолга од 100 сантиметри, Горта не можел ништо освен беспомошно да гледа како ајкулата ја носи рибата под вода.

На снимката се гледаат траги од гризнување на телото на рибата.

„Ми беше жал за рибата. Таа е од неверојатна сорта од која успевам добро да заработам. Имам голема почит спрема нив, но не можев ништо да направам.“, рекол рибарот.

Горта со рибарење се занимава веќе 22 години, ама кажува дека овој настан никогаш нема да го заборави.

„Уште мислам на тоа. Секој ден раскажувам и се фалам на сите што ги познавам. Имам среќа што за живот заработувам на вода. Кога си секој ден на вода, гледаш секакви луди работи“, заклучил тој.

Прилепчани сакале да го украдат купеното во маркет, па платиле десеткратно повеќе

Двајца прилепчани кои викендов се обиделе да украдат производи во вредност од околу 3 000 денари од локален маркет биле фатени на излез од објектот. Потоа настанал инцидент во кој морало да интервенира обезбедувањето, но и полицијата – дознава порталот “Инфокомпас”.

Во саботата претпладне на обезбедувањето од страна на вработените биле пријавени две лица кои се обиделе да украдат производи во вредност од 3.000 денари. Во договор со одговорниот на маркетот, откако им биле земени лични податоци, на едно од задржаните лица му било дозволено да го напушти маркетот за да донесе пари и продуктите да се платат десеткратно.

Но, при наплатата настанал проблем бидејќи лицата побарале да им се издаде сметка. Во маркетот во тие моменти снемало струја, па продавачите не можеле да им издадат фискална сметка поради што настанала жестока расправија. На крајот случајот бил пријавен во полиција.

Извор: “Инфокомпас”

Пандов до Катица Јанева: Да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби…

“Катице те мислам, поточно ден ноќ не ми излегуваш од глава. Сон не ме фаќа, се секирам. Сигурно и ти си насекрана ?. Те молам не се секирај, се ќе биде во ред. Што не поминало, па и ова ќе помине. Седнат дома замислен, под голем стрес и силна напнатост пред утрешниот ден, се потсетив на август 1990 година.

Не знам Кате ти дали знаеш, ама секој што служел војска знае дека меѓу првите работи како гуштер што си набавуваш е календарче, по можност со гола девојка од опачината. Едно од најсмирувачките моменти во текот на секој поминат божји ден ти е моментот кога седнуваш и со пенкалце го шкрташ изминатиот ден. И така од ден во ден остануваат се помалку датуми на календарот, плавата боја од пенкалото е се подоминантна над белата која е на се помал дел од календарчето. Кога ќе паднеш под 100 веќе си ,,џомба” па кога шеташ низ војничкиот двор останатите војници ги отпоздравуваш со ,,цифра” (денови до скидање). Последните се со префиксот нула нула плус бројката, се до денот како што ти е тебе денешниот, нула нула НОЌ. Те фаќа грч, нервоза, триста мисли ти се вртат низ глава, ме чека ли девојка ми, абе што се не! Со еден збор, пролив ситуација ?.

Сакам да ти кажам, те разбирам. До душа тогаш јас се ,,скидав” од војска, а ти влагаш унутра, но верувај ми ,,мање више” филингот е ист. Јас Катице сега имам многу мој браќа кој се внатре, па искомуницирав да им кажам дека им доаѓаш како цимерка. Искрено да ти кажам немаш претстава сите колку многу се израдуваа, те поздравија и како навиени ми го повторија истото, нека не се секира, се ќе биде во ред.
Уште ова на крај да те потсетам да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби и паста, тампони”
, напиша Александар Пандов на Фејсбук.

“Градоначалникот, пред втор мандат? Го реализира и невозможниот проект?”

Не стивнуваат реакциите на прилепчани после поставувањето на информативната табла на споменикот од Александар Македонски во центарот на градот, со која се вели дека тој е дел од Хеленската култура и историја.

Пред неколку дена на градоначалникот Илија Јованоски му беа понудени 10.000 евра доколку тој лично ја постави таблата на споменикот.

Сега пак откако таблата е поставена, “Канал 3” со доза на иронија пишува дека градоначалникот го исполнил и последното ветување од предизборната програма.