Не издржа таблата на споменикот од Александар Македонски во Прилеп: Превитката и пречкртана (ФОТО)

Таблата што е поставена на споменикот на Александар Македонски во центарот на Прилеп е оштетена. Покрај обидот за нејзино отстранување, пречкртан е и зборот „хеленистичка“ од истата.

Поставувањето на таблите на спомениците следува по владината наредба до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Преспанскиот договор, при што на сите споменици за личности кои потекнуваат од античкиот период треба да бидат поставени табли со кои се акцентира дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура. Исто така, според Преспанскиот договор, Сонцето од Кутлеш треба да биде отстрането од сите јавни површини.

Кај голем дел од јавноста, овие акции наидоа на неодобрување, бидејќи, според нив, тоа претставува откажување од дел од македонската историја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.