дома блог страница 3117

ГРЦИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ МАКЕДОНСКИ ТУРИСТИ: Во Албанија најбројни туристите од Македонија

Во периодот јануари-јули Албанија ја посетиле 3,3 милиони странски туристи што е за 12,4 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Посетителите од регионот сочинуваат околу 60 отсто од вкупниот број странски посетители во Албанија оваа година. Граѓаните од Косово, а по нив од Македонија, продолжува да бидат најбројни посетители во Албанија.

Според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари-јули во Албанија влегле 1.057.00 косовски граѓани, што е зголемување за 13,7 отсто споредено со истиот период лани. На туристите од Косово отпаѓа 34 отсто од вкупниот број туристи кои ја посетиле земјата.

Втори по бројност се Македонците или 372.000, што е поголем број за 3,4 отсто. Следуваат Грците со 311.000, Италијанците со 159.000, Англичаните со 223.000, Црногорците со 216.000 и Полјаците со 76.000 посетители кои влегле во Албанија во седумте месеци од годинава, посочува ИНСТАТ.

Според истиот извор повеќето од земјите со најголем прилив на туристи во Албанија се оние со најголем број албански емигранти.

Ова значи дека голем дел од туристите кои се пријавени како странци се албански државјани, кои обезбедиле документи од земјите каде што се иселиле. Ова значи дека голем дел од туристите кои се пријавени како странци се албански државјани, кои поседуваат документи од земјите каде што се иселиле, наведува Институтот.

Инаку, според Централна банка на Албанија, странските туристи во 2018 година потрошиле околу 1,9 милијарди евра. Секторот туризам и годинава ќе оствари добри резултати, зголемувајќи го својот удел во економијата на земјата.

Извор: “Инфомакс”

Видео: Сугарески му суфлира на Заев

Премиерот Зоран Заев денеска беше присутен во Прилеп за промоцијата на четирите нови автобуси на метан кои ги набави општина Прилеп.

Оваа набавка деновиве предизвика лавина реакции од опозицијата во Прилеп, од каде истакнаа дека околу тендерот за автобусите вреди 1 милион евра има низа контроверзии и незаконитости.

Заев од центарот на Прилеп ја пофали набавката на автобусите, а притоа рече дека денеска тој се наоѓал во Полошкиот регион.

На видеото од тој дел од изјавата, може да се забележи како министерот за транспорт и врски му суфлира на Заев дека за работи за Пелагонискиот, а не Полошкиот регион.

ОД 3ATBOP Прилеп го барале, а струмичката пoлициja го фатила

На 23.08.2019 во 05.15 часот во СВР Струмица бил пpивeдeн Д.Ѓ.(23) од с.Куклиш, за кого била pacпишана потepница од 3aтвop Прилеп.

Лицето било пpeдадено во Kaзнено-попpaвната уcтaнoвa – 3aтвop Прилеп – информираат во полицискиот билтен на МВР.

Детали за синоќешниот пожаp на Плетвар во кој изгоре “Мерцедес” (ВИДЕО)

На 23.08.2019 во 23.40 часот во СВР Битола, Ф.И.(26) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на патот Градско – Прилеп, додека го управувал неговото патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во моторот на возилото настанал пожар. Ф.И. сам го изгаснал пожарот – информираат од МВР.

Повpeдени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Ристески: “Заев го уништи Прилеп, еве ги неговите злoдeлa за само 2 години” (ВИДЕО)

Зоран Заев е толку загазен во криминал, расипништво и неработење што не знае дека денеска не бил во Полошкиот туку беше во Пелагонискиот регион. Денеска во Прилеп дојде шефот на рекетарската банда, Зоран Заев, кој заедно со неговите извршители на локално ниво промовираа 4 автобуси, секој вреден по неверојатни 250.000 евра народни пари, набавка чија позадина и начин на спроведување допрва ќе се проверува, изјави Петар Ристески, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп кој додаде:

„Денеска во Прилеп е човекот кој е најодговорен за уништувањето на градот, човекот кој токму од тука се посмеваше со целата јавност дека немало да го промени државното име и човекот кој од Прилеп ја најави двојазичноста во целата држава. Кога веќе е тука Зоран Заев, покрај промоцијата на автобусите на метан што со гориво ќе се снабдуваат дури од Битола, како љубител на правење селфи, го повикуваме да се фотографира со новата двојазична табла наместена на Фондот за здравство, како и со таблата на споменикот на Александар Македонски, каде благодарение на предавствата од владата што тој ја предводи стои натпис дека Александар е личност од хеленската историја. Господине Заев, денеска ги промовиравте најскапо платените автобуси што некогаш се набавени од кои еден се расипа уште при првиот изминат километар. Денеска сте во Прилеп, градот каде вашиот градоначалник неработник вети изградба на ново училиште, две нови градинки, спортски сали, затворени базени, спортско рекреативни центри, нов театар, и мал милион други чуда со кои им ги мачкаше очите на прилепчани во пресрет на изборите.“

-Денеска господине Заев сте во градот каде се фрлаат бомби во кафулиња, градот каде се случуваат спектакуларни грабежи среде бел ден, каде се тепаат деца по улица и каде се уште царува злосторничкото здружение, за кое патем лично ве извести ваш истакнат член пред неколку месеци на ваш митинг. Денеска господине Заев чекорите во најнебезбедниот град во државата, каде на родителите им е страв да ги пуштат децата сами да се движат во градот.
Кога веќе сте тука, прашајте го градоначалникот Јованоски како реагираат земјоделците на пресушеното вештачко езеро, како реагираат прилепските семејства на покачувањето за фантастични 60% на сметките за вода. Прашајте го како вработувал внуки и роднини во сите институции и до каде е иницијативата за кривична одговорност покрената од Државната комисија за спречување на корупција, потенцираше Ристески и подвлече:

„Прашајте го и како е возможно да троши 30 милиони денари за изградба на едно мовче, а Советот му одобрил само 8 милиони денари. Вие и вашите пулени го вративте Прилеп 20 години назад, па затоа и го добивте првиот жолт картон на претседателските избори. Народот памети, народот препознава, политиките на вашата влада и на вашите локални моќници за многу кратко време ќе го доживеат својот амбис, во кој за жал цели 3 години не туркате сите нас. Време е да си заминете и да почне обновата на Република Македонија.“

(ВИДЕО) Девојка сакаше да направи селфи со коза, а доби нокаут

Оваа девојка сакаше да направи добро “селфи“, но направи погрешен избор за тоа со кого сака да се фотографира.Имено, таман мислеше дека козата е на добра позиција за да сликне, животното жестоко покажа дека не сака “селфи“.

(ВИДЕО) Заев “бегал” од часови по Географија: Прилеп го смести во Полог

Премиерот Зоран Заев денеска беше присутен во Прилеп за промоцијата на четирите нови автобуси на метан кои ги набави општина Прилеп.

Оваа набавка деновиве предизвика лавина реакции од опозицијата во Прилеп, од каде истакнаа дека околу тендерот за автобусите вреди 1 милион евра има низа контроверзии и незаконитости.

Заев од центарот на Прилеп ја пофали набавката на автобусите, а притоа рече дека денеска тој се наоѓал во Полошкиот регион.

Овој дел од изјавата на Заев е на 00:57 секунда од видеото во продолжение:

Сеуште има чесни луѓе: Јасна најде плик со 7.000 евра и му ги врати на сопственикот

Прикзната за мистериозниот плик полн со пари, кој завчера на улица ги пронајде риечанката Јасна Врховац, се прошири на социјалните мрежи и за 24 часа доби среќен крај. Познати и непознати помогнаа да се најде сопственикот на седумте илјади евра распослани н аулица.

Благодарение на повеќе од 1.200 споделувања на Фејсбук, откриени се сопствениците, а Врховац, која се занимава со хуманитарна работа, ја открива и целата приказна за хрватската телевизија РТЛ.

Се работело за пари кои синот од Германија му ги испратил на својот татко за да го плати долгот кон банката бидејќи куќата им била под хипотека. Синот всушност и заминал во Германија за нешто да заработи и да ја спасат куќата. Парите за татка си ги испратил по свој пријател, кој ги изгубил на улица. На пликот пишувало само: „За тато“.

Таткото, кој живее на островот Крк, извадил од пликот 1.000 евра и како благодарност ѝ ги понудил на Јасна, но таа ги одбила.

Победа – Саса, дерби на колото денеска од 17 часот на Могила

Денеска со почеток од 17:00 часот на стадионот во паркот на Moгила, во рамките од првото коло во втората фудбалска лига, Победа ќе ја дочека екипата на Каменица САСА.

После подолго време прилепчани ќе можат да гледаат фудбал на домашен терен, но за жал второлигашки.

Црвено-белите се наоѓаат во групата Исток во Втората лига заедно со екипите на: Беласица, Брегалница, Тиквеш, Осогово, Кожув, Саса, Плачковица, Кит-Го и Питу Гули.

Од друга страна екипата на Пелистер се наоѓа во групата Запад, па оваа сезона нема да гледаме Пелагониско дерби.

Победа пред два дена испадна уште во првото коло од фудбалскиот Куп на Македонија, а кривец за тоа беше екипата на Осогово која втор пат летово ги порази прилепчани.

Претпладнево сончево, попладне пороен дожд

Времето претпладнево беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура се движеше во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура ќе достигне од 30 до 38 степени, а УВ индексот 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде 20, а максималната 35 степени Целзиусови.

Од утре до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.