дома блог страница 3116

ВО ТУРЦИЈА ОТKPИЕНА ПОДЗЕМНА ЦРКВА ОД 5. ВЕК: Во неа Христијаните се кpиeле од Римјаните!

Древната старохристијанска црква е oткpиена во археолошките исkoпувања на подрачјето на турската покраина Невешир, односно Кападокија…

Црквата Свети Ѓорѓи, Западна Кападокија

Според првите истражувања, подземната црква е направена во карпи во 5. век, а според зборовите на археолозите kpие и фрески на кои се досега нeвидeни призори како цртежот на риба која паѓа од Христовата рака, Исусовото вocкреснување и см**та на 3литe дyши.

„Црквата е поголема од другите пронајдени на подрачјето на Кападокија. Изградена е под земја, а нејзините изворни фрески пpeживеале се’ до денес. Кога почнавме со работите ниту не сонувавме дека ќе пронајдеме вакви под3eмни комплекси. Исkoпувањето и чистењето одат понатаму и се надеваме дека наскоро ќе имаме нови податоци за историјата на Кападокија која така ќе стане уште позначајно ходочecничко одредиште“, изјавил гардоначалникот на Невшир, Хасан Унвер.

Древната црква е oткpиена во археолошките истpaжувања во склоп на проектот на обвнова на старото јадро на овој турски град во чие средиште некогаш се наоѓала. Археолошкото подрачје покрива скоро 360 илјади квадратни метри и вклучува 11 квартови кои го окружуваат целиот град.

Со оглед на тоа дека отkpитието се случило во јануари археолозите поради нeпoволните временски услови црквата ја исполниле со земја за да ја 3aштитат.

„Ги запpeвме сите работи за да ги 3aштитиме фреските и самата црква. На пролет, кога ќе затопли, ќе чекаме прво влагата да испapи, а потоа ќе ја отстpaниме сета земја. После peставрацијата и чиcтењето, фреските ќе бидат вpaтени во извopната состојба“, објаснил Али Ајдин, еден од археолозите кои учествуваат во истражувањето и peставрацијата.

Ова отkpитие е само едно во низа на фасцинантните археолошки отkpитија на подрачјето на некогашна Кападокија. Имено, според досегашните истpaжувања отkpиени се околу 200 подземни градови од различни историски периоди, во кои вкупно живееле околу 100. илјади жители. Повеќето градови има барем два подземни спратови, а 36. од нив има три или повеќе спратови. Најголем подземен гард е секако Деринкуја, откриен 1963. година. Со своите 18. спратови се протега во длабочина од 85. метри, а потекнува од 8. век пред Христ. Низ него поминува вода за пиење, има низа вентилациски системи, станови, продавници, бунapи, opужарници, гpoбје и посебни отвopи за бeгcтво. Во градот е пронајдено и училиѓте и посебни простории во кои се чувале животни.

Цртеж од древниот Деринкуј

Барајќе зacолниште пред римските пpoгонства, христијаните на подрачјето на Кападокија изградиле 36. подземни градови и околу 600. цркви од кои многу и денес привлекуваат бројни туристи и ходочacници.

„Заpаботив доволно за да ја хpанам цела Србија“ – Ѓоковиќ отвоpа реcтоpан за бе3домHици

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ одлично ја почна сезоната, откако славеше на Австралијан опен, по рекорден седми пат, а со неговиот најнов потег повторно го воодушеви цел свет.

Ѓоковиќ кажа дека паpите не му се пpоблем, па реши да отвори ресторан за бездомници во Србија.

„Пар ите не ми се проблем, зара ботив доволно за да ја нах ранам цела Србија. Мислам дека заслужуваат такво нешто, зашто секогаш ме поддржувале. Уште не знам која ќе биде точната локција, но ќе биде некаде во Србија“, вели Србинот.

Србинот кога има слободно време го троши во кујната, зашто голема страст му е готвењето.

Како момчето од бомбардираниот Белград го освои светот – Емотивно интервју на Новак Ѓоковиќ за Си-ен-ен: „Децата плачеа, не престанував да треперам до утрото“

Новак Ѓоковиќ имал 11 години и спиел во кревет кога го разб удила екс плозија, проследена со сирена и парчиња искр шени стакла.

Тоа било 24-ти март 1999-та година кога почнало бом ба рдирањето на Белград од страна на НАТО и траело 78 денови, пишува американскиот Си-ен-ен, истакнувајќи дека Новак, додека неговиот татко Срѓан ѝ помагал на неговата мајка Дијана која ја изгубила све ста бидејќи со главата се удр ила од радијаторот, ги барал своите браќа кои тогаш имале осум и четири години.

„На 11 години јас бев голем брат. Бев задолжен за нивната бе збедност од почетокот на бом бардирањето. Се сметав за одговорен за нивната бе збедност кога си лите на НАТО почнаа со бомб ардирањето“ – напишал Ѓоковиќ во автобиографијата.

Две децении подоцна, 32-годишниот Ѓоковиќ е фаворит за новото освојување на УС опен кое почнува на 26-ти август во Њујорк. Како што наведуваат од Си-ен-ен, Ѓоковиќ освоил четири од последните пет гренд слем турнири и сега има 16 трофеи, само два помалку од Надал и четири од Федерер.

„Момче како јас, да расте во Србија и да стане светски шампион? Тоа е малку веројатно. А уште кога ќе почнат да паѓаат бомби тогаш тоа е неверојатно“ – напишал Ѓоковиќ. Во првото поглавје на книгата Ѓоковиќ се присетува на ноќта за која вели дека му го променила животот засекогаш.

Откако на Дијана Ѓоковиќ ѝ се вратила свеста, семејството тргнало кон зградата во близина во која живеела тетката на Новак, а која имала засолниште. Додека неговите родители трчале по улицата со браќата, Ѓоковиќ паднал на улица. „Тогаш се случи. И ден денес гласните звукови ме исполнуваат со страв“ – пишува Ѓоковиќ.

Долги се со километри и можеле да соберат цел град: Денеска засолништата во Прилеп оставени на немилост на времето

Засолништата, градени од воени заробеници по Втората Светска војна, како што биле направени, така останале, без некој да води грижа.

Намената, според тогашната Народна одбрана, била народот да се упати кон скривалиштата по звукот на сирената, во различни интервали и со прекини, прво да означи за каков вид на тревога станува збор (воздушна, хемиско-биолошка, атомска…). Од НО биле изведени неколку вежби, и на тоа останало.

Објектите за заштита се оставени на немилост на времето и на несовесните граѓани. Со километри долгата мрежа од подземни тунели со влезови и излези на десетина места, на неколку локации кај Ридот се затрупани од одрони од земјиште.

Тоа претставува директна опасност за љубопитните деца или помладите кои од забава влегуваат внатре. Некогаш на сите влезови имало дебели метални порти. Сега се останати две-три. Останатите се ширум отворени. Внатре е црна темница од 50 метри сé до одронот, кој ја отцепува од останатата мрежа.

Во ваква состојба, засолништата или стручно кажано фортификациските објекти ја губат примарната задача за обезбедување на заштита. Тие се нефункционални.

Единствена корист имаат жителите покрај влезовите кои го мекнеат тутунот во не толку далечната внатрешност, поради влажноста и температурата.

Доколку скривалиштата се сигурни од одрони и осветлени, можеби некој претприемач може да ги искористи за одгледување на печурки или нешто друго што вирее во таква средина.

Решение може да се најде, какво и да било, кое, секако ќе биде подобро од сегашната состојба.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Стоилковиќ: “Работава не е за смеење, туку за плачење – ГДЕ СУ ПАРЕ БРЕ?”

-Гледам се смеете на ЗЗ и на сето она што скоро секој ден, понекогаш во повеќе наврати дневно се повторува, сервирани скандали од власта, недоквакани изјави на носители на сериозни функции во државата, безразложни зaкани на власта, глупиpaња од типот на вербално салто мopтале на кое не можеш да му фатиш ни почеток, ни крај, пишува на социјалните мрежи, пратеникот Иван Стоилковиќ и водач на Демократската партија на Србите во Македонија.
И така секој ден!

Но, се повеќе од сигурен сум дека работата не е за смеење, туку е за плaчење! И ми се чини дека никој веќе не е во состојба да завладее со настаните и стави крај на недовeтното однесување.

Власта со глава во песок, која повремено ја вади да покаже кобајаги колку е добра, не разбирајќи дека се наоѓа во позицијата која најдобро ја опишал Горан Стефановски во неговата драма “Лет во место”.

Или по нашки, отменото друштво се забавува на палубата од бродот иако знае дека долните палуби се веќе потопeни….
Но, нели за лошитe работи и пpoпаста која е баш очигледна, не е учтиво да се разговара, дури ни да се зборува.
Затоа едноставно, кај се парите, бре?

Кој сето оваа ќе го плати, бре?

“Милошоски го “отрезни” Димитров”

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Никола Димитров можно е да имал претчувство за Боки Тредичи, но независно од ваквите лични супер-моќи, министерот за надворешни за скандалот Рекет бил информиран во првото тромесечие од 2019та, лично од еден нерезидентен амбасадор, претставник на една од поновите членки на ЕУ, чив близок соработник во Македонија (познат стопанственик) бил исто жртва на изнуда на пари од рекетарско-обвинителската екипа на власта!

Прашањата кои можат да ја интересираат јавноста и обвинителството се: 1. Кога министерот Димитров ја добил информација од нерезидентниот амбасадор за мега скандалот Рекет? 2. Дали Димитров сознанијата за Рекет ги споделил со јавното обвинителство или можеби ја информирал владата на затворена седница? 3. Доколку не го информирал ниту обвинителството, ниту владата, зошто министерот Димитров одлучил да молчи, да не ги пријави сознанијата за Рекет, и да не ја информира јавноста?

Право на МНР Димитров е да си одлучи дали ќе тужи новинари за објава на документи во кои неговото име се споменува во контекст со аферата Рекет. Но, пред да го направи тоа, корисно би било пред обвинителството да даде исказ за конкретните информации кои, во врска со оваа криминално-политичка афера, ги добил од нерезидентниот амбасадор на земја членка на ЕУ во првото тромесечие од годинава!”

Грст награди за поетесата Андриана Ристеска од Прилеп

Поетесата Андриана Ристеска освои шест награди на две поетски манифестации во Штип. На поетската средба ,,Гордана Коцева,, се закити со прва награда за најдобра поетска творба, со награда за уметник на лириката и награда за убав стил на пишување.

На меѓународната манифестација за литература, уметност и култура ,,Планетопија 2019,, Ристеска ги доби наградите Гран при за поезија, за севкупно поетско творештво и прва награда за најдобра поетска творба. Признанијата се поттик за Ристеска да продолжи да твори и да поезија.

Луѓето родени во овие хороскопски знаци имаат најмногу среќа во животот

Стрелец

Стрелецот е знак на среќа, веселба, егзотика, сака храна, патувања, музика, се бори против неправда, владее со човековите права, пријателсвото му е императив и од него црпи енергија. Стрелецот има млад дух, убав естетски изглед, спортска градба, сака племенити спортови, па тенисот му е еден од омилените.

Тој е отмен, аристократ, понекогаш и бунтовник, ја почитува традицијата, но сепак оди по својот пат. Стрелецот е свештеник, астролог, пророк. Големите награди, медаљи, воени заслуги произлегуваат од силниот Јупитер. За да бидете првак или победник во некој спорт мора да имате силен Јупитер во наталната карта.

Стрелецот не е едноставен за соработка, знае да биде строг. Тој исто така казнува, но тоа е повеќе непријатно отколку трагично. Има големи животни апетити и ги остварува. Типични ѕвезди припадници на овој знак се Френк Синатра или Тина Тарнер, кои постигнале успех кој трае.

Близнаци

Тие се секогаш на право место во право време. Зборлести се, умеат да го забавуваат цело друштво и луѓето едноставно ги обожуваат. Од секоја ситуација се вадат преку својот шарм. Манипулативни се, па многу лесно и се вовлекуваат на луѓето под кожа. Близнаците се ведри и оптимистични луѓе кои имаат потреба секогаш покрај нив нешто да се случува.

Не поднесуваат монотонија и досада, а во нивната глава секогаш се присутни многубројни идеи кои честопати не стигнуваат да ги реализираат. Исклучително се дружељубиви и забавни, а комуникацијата со околината и разменувањето на идеи за нив е потреба. Снаодливи се и сестрани, па поради тоа одлично се снаоѓаат во различни области.

Понекогаш знаат да бидат површни, па за нив не може да се каже дека се луѓе од доверба. Имаат две различни страни на личноста и никогаш нема да знаете сон која од нив зборувате. Со нив никогаш не е здодевно.

“Во паника директорката на ПУП лаже дека тендерот бил меѓународен? На повидок афера?”

На вчерашната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.

Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.

Младите македонски фудбалери ја сомелија Унгарија: Од силниот турнир се враќаат со две победи и еден пораз

Македонската надежна селекција до 18 години ја победи убедливо Унгарија со 3-0 во третиот меч на силниот турнир во Чешка и со два триумфи и пораз се враќаат како третопласирани, оставајќи силен впечаток за доста талентирана генерација од која во иднина треба да се очекува повеќе.

Македонија на турнирот тргна со пораз од Украина со 1-2, па завчера надежите ја победија Словачка со 3-2, а сега против Унгарија славеа со убедливи 3-0 и тоа со голови постигнати за неполн половина час откако почна мечот – со головите на Николов (10-та), Фета (23.) и Новески (27.).

Полн погодок беше настапот на црвено-жолтите на турнирот „Вацлав Јежик“, особено што во селекцијата има низа екстраталентирани фудбалери, кои допрва со правилен развој може да го покажат сиот свој потенцијал и да бидат голема иднина на македонскиот фудбал.

Се ближи еден од најголемите христијански празници: Историјат и значење на празникот “Успение на Пресвета Богородица”



За значењето на празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Историјат на празникот

Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.

Хеортологијата ни дава податоци дека во почетокот се славел само еден сеопшт Богородичен празник, кој доаѓал веднаш после Божик (денес тоа би бил празникот „Собор на Пресвета Богородица“, втор ден Божик), и кој веројатно опфаќал повеќе важни настани поврзани со Пречистата Богородица. Од овој празник посветен на Богомајката подоцна се издвоил празникот Успение. Имено, најпрвин во Ерусалим и во палестинските манастири започнал секоја година да се слави тој општ празник на Богородица, што се гледа од еден Панигирик од 530 год., во кој се вели дека денот на Богородица низ палестинските манастири се прославува со голема свеченост. Но, овој Панигирик не ни дава податоци кога се слави овој спомен и дали воопшто се славел споменот на Успението на Богомајката или само годишниот општ спомен. Од еден стар ерменски Лекционар, пак, дознаваме дека „15 август е денот на Марија Богородица“. Но, и овој документ не ни дава податок дали се славело Успението или општиот годишен празник. Дури подоцна, во VI односно VII век празникот Успение Богородично конечно се издвоил, и започнал да се празнува на 15 август, најпрвин во старата црква во Гетсиманија посветена на Успението на Богородица, подигната за време на царот Маркијан (V век).

Воведувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Византија, му се припишува на царот Маврикиј (VI – VII век), а веројатно во знак на победата која тој на 15 август, по застапништвото на Божјата Мајка, ја извојувал над Персијците. Можно е дотогаш овој празник да имал само локален карактер. За време на владеењето на овој цар во Византиската престолнина Цариград имало многу цркви посветени на Пресвета Богородица, така што во месец август се празнувале повеќе нејзини спомени. Веќе во VIII век овој празник е насекаде раширен и утврден, зашто од овој период имаме не само беседи (првата беседа е напишана во VII век од Модест, патријарх Ерусалимски), туку и химни, стихири пропишани за богослужението на самиот празник. Нив ги пишувале св. Андреј Критски, св. Козма, св. Јован Дамаскин, св. Герман Патријарх Цариградски, св. Теофан Исповедник, царот Лав Мудри и др.

Св. Јован Дамаскин во своите беседи, повикувајќи се на Евтимиевата историја ги произнесува сите елементи од преданието за Успението на Пресвета Богородица, кое започнало да се обликува уште многу рано, а се развивало напоредно со историскиот развој на празникот. Тој раскажува дека царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан (V век), во Цариград подигнала неколку цркви посветени на Мајката Божја, меѓу кои била и Влахернската црква, каде таа, не знаејќи, имала намера да ги положи земните останки на Богородица. За таа цел му се обратила на Ерусалимскиот патријарх Јувеналиј, кој во одговорот на царицата ѝ напишал: „Макар што во Светото Писмо нема ништо за Успението на Богородица, сепак, од древното и вистинито предание примивме, дека во време на Нејзиното Успение, во Ерусалим се собраа апостолите од целиот свет, каде што ангелите ја опеваа Пречистата Богомајка, Која својата душа Му ја предаде на Бога, а богоприемното тело со ангелски и архангелски песни беше положено во гробот во Гетсиманија. На тоа место се слушаше ангелско пеење три дена, после што престана. Тука беа сите апостоли, освен Тома, кој дојде после три дена и сакаше да се поклони на телото на Пресвета Богородица; гробот го отворија, но никаде не можеа да го најдат Нејзиното тело, само Нејзината погребна плаштаница, од која се ширеше благоухан мирис. Апостолите заклучија дека Господ го вознел Нејзиното тело на небесата“. Наместо телото, патријархот Јувеналиј ѝ ја испратил на Пулхерија погребната плаштаница, која таа ја положила во Влахернската црква.

За особеностите на празникот црпиме податоци од светото Предание, кое ни зборува за една древна традиција поврзана со Гетсиманската крипта во која се наоѓа гробот на Пресвета Богородица. Тука празникот Успение се слави со особена свеченост. Имено, во Ерусалимскиот метох на Гетсиманскиот манастир се чува Плаштаница на која е насликано Успението на Богородица. Оваа Плаштаница, утрото на 12 август со свечена литија се пренесува од Ерусалим во Гетсиманија (во спомен на пренесувањето на Пречистото Богородично тело од Сион во Гетсиманија), во камениот Богородичен гроб и таму останува сѐ до одданието на празникот, кога повторно со свечена литија се враќа назад во метохот на Гетсиманскиот манастир во Ерусалим.

Инаку, онаа древна служба на празникот Успение, која во многу наликува на службата од Велика Сабота и која се практикува во Гетсиманската крипта на гробот на Пресвета Богородица не е пропишана во Типикот, но сепак, во последниот век таа започна да се шири и во другите православни центри. Во нашата земја, пак, Бигорскиот манастир прв ја воведе оваа прекрасна традиција, а од таму, во последниве неколку години, таа се пренесе и во други наши храмови. На оваа раскошна и умилителна утрена богослужба е предвидено пеењето на трите статии пред раскошно украсен цветен епитаф, односно пред во него положената Плаштаница, на која е насликано Богородичното Успение. Се пеат и Воскресните тропари „Ангелски собор“, прилагодени за Богородица, а после „Големото Славословие“ со епитафот се прави литија околу храмот.

Нашето лично учество во празникот

Црквата е како мајчинска утроба, која нѐ раѓа, храни, созрева и соединува со Бога, преку нашето учество во светите Таинства, во богослуженијата, а и преку благодатното застапништво на Пресветата Богородица во чијашто девствена утроба, пак, се извршило соединувањето на Бога со човекот. Таа Го носела Христа, Го родила и ни Го дала нам, учествувајќи со тоа во Тајната на Божјиот Домострој за спасението на родот човечки. Поради тоа сите празници посветени на Богомајката имаат и христолошки и сотириолошки карактер.

Овој настан – Успение на Пресвета Богородица – кој се случил пред речиси две илјади години, уште еднаш ни пренесува една таква спасоносна порака. Денес, Црквата гледајќи ја иконата на Успението на Преславната Богомајка, всушност го гледа нејзиното воскресение, вечната нејзина живост. „Ние ја гледаме смртта и тоа што се случило за време на таа смрт: не разделба, туку соединување; не жалост, туку радост и конечно, не смрт, туку живот“: „И после Рождеството – Дева и по смртта – жива“, се пее во Успенскиот тропар. Нашето лично учество во празникот настапува во оној миг кога молитвено стоиме пред преблагиот лик на Богомајката, кој ни објавува дека животот ја победи смртта, дека за човекот умирањето е влез во животот, дека над сѐ што постои се зацарува радост и љубов. Затоа, иако навидум е противречно заради поводот, ние – Црквата – на овој празник воскликнуваме: „На бесмртното Твое Успение се собравме…“, сакајќи со тоа да ја искажеме нашата блескава, воскресна радост. Ние непрестајно сме поткрепувани со Нејзината благодатна помош, таа никогаш не се одвојува од нас: „По Успението светот не си го оставила“. Како топла Застапница и Мајка на сите земнородни, Таа нежно ги излева своите благослови врз нас, ни ја објавува небесната утеха, грижејќи се за нашето исправување, за просветление на умот и срцето, и укрепување на нашата волја за извршување на добри дела.

„Ете, тоа е она што го празнуваме на денот на Успението на Пречистата Богомајка, претчувствувајќи, предвкусувајќи и исповедајќи ја зората на таинствениот ден, кој веќе почнува да зазорува“.