дома блог страница 3118

Балканец си е Балканец: Србин смислил оригинален начин да и се одмазди на банката во Швајцарија (ФОТО)

Должник во швајцарска банка од Србија одлулил на банката да ѝ се одмазди на свој начин.

Тој на Фејсбук објавил дека се откажал од електронската уплата, па секој месец рата за кредит ќе плаќа во кеш со метални пари.

„Секој месец ќе добивате рата во готово на шалтер, но во метални апоени…и тоа половина час пред крајот на работното време…па броите. Кој последен се смее, најслатко се смее“, најавил тој.

Подготвил пластично шише од 10 литри во кое ги собира парите за кредитната рата.

Додал дека има и одговор за службениците на шалтер.

„Ако прашаат колку пари има во шишето, со намера да земат без броење…мојот одговор ќе биде „не знам, вие избројте колку е ратата“, напишал тој.

Веќе подготвил илјада швајцарски франки, а според тоа што го напишал на социјалните мрежи до крајот на месецот ќе успее да го собере целиот износ.

Ново врвно руско достигнување: Русија ја претстави првата пловечка атомска централа во светот (ВИДЕО)

Русија ја претстави првата во светот пловечка атомска централа, која го носи името „Академик Ломоносов“. Екипажот е подготвен да отплови од Мурманск на долго патување по Северниот морски пат до Чукотск.

Се очекува пловидбата на реакторот да трае меѓу четири и шест недели, во зависност од метеоролошките услови и количеството лед по патот.

Младиот Никола Секулов потпиша професионален договор со Јувентус (ФОТО)

Никола Секулов, фудбалерот кој настапуваше за Македонија, но реши да ја промени репрезентацијата, отвори ново поглавје во својата кариера и потпиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус.

17-годишниот Секулов кој е по потекло од Струмица важеше за голема иднина на мак-фудбалот, но поради несогласувања со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реши да го искористи правото да игра за Италија, земја во која е роден.

Младиот фудбалер од средиот ред со неверојатна техника и визија за фудбалот настапуваше за младинските категории на Јувентус, а сега направи голем чекор напред во кариерата, па потпиша професионален договор со „бјанконерите“.

Мерцедес синоќа изгope на Плетвар (ВИДЕО)

Синоќа околу полноќ на планинскиот превој Плетвар се запалило возило. Автомобилот е марка “Meрцедес Ц класа”, а покрај материјалната штета засега не е познато дали има и повpeдени.

На лице место присутни биле екипи на полицијата, брзата помош и територијалната противпожарна единица.

Повеќе детали во текот на денот!

Фото: “Лаже ли директорката на ЈП за ПУП дека тендерот бил меѓународен? Нешто е матно во овие милион евра набавка??”

На денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.

Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.

Но, податоците од електронскиот систем на Бирото за јавни набавки го зборуваат спротивното.

Таму пишува дека за набавката не било услов објавување на меѓународен тендер, при што се поставува прашањето дали Цветаноста лаже и дали навистина постои нешто спорно околу купувањето на четирите автобуси за 1 милион евра.

Падна одлука: Учениците на втори септември дома, просветарите на УЛИЦА (ВИДЕО)

По долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на членството донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк – пренсува порталот “Работник”

ИЗВОР: www.rabotnik.com.mk

Татнеше македонска песна на Солунско поле, од хероината на денот (ВИДЕО)

“Среќата се множи кога се споделува…

Бескрајно се радувам што можам со вас да споделам еден од за мене најсреќните мигови, погледи и чувства –
највисоката точка на планнината на Боговите – МИТИКАС, ОЛИМП ( 2918 м.н.в. ).

Низ сите патешествија по патот – вие сте ми голема инспирација и ви благодарам за тоа.

На едно изгрејсонце во висините, со поглед кон Солунско поле , јас му/ви испеав песна…

– Врба ми изникнала” – објави на свјот Фејсбук профил Зарина Првасевда

CKAHДАЛ: “Во вторник ќе се менува и името на МАНУ? Академиците молчат?”

Во вторник, 30.08.2019, во собраниската Комисија за oбразование, наука и спорт, ќе се дискутира за Предлог – законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите.

Со овој Предлог закон се предвидува името на Македонската академија на науките и уметностите да се промени во „Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија-МАНУ“.

Предлогот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, точката да се симне од дневен ред – не е усвоен.

Повеќе детали можете да погледнете ТУКА

Сите коментираа дека Џонсон ја понижил Франција, но вистината за неговата нога на маса е сосема друга (ВИДЕО)

Фотографијата на агенцијата АФП на која се гледа како британскиот премиер Борис Џонсон на средбата во Елисејската палата со претседателот на Франција, Емануел Макрон, става нога на маса, предизвика бура од негодување. Но, сепак, не било така како што на прв поглед изгледа. За среќа.

Иаше коментари од типот, па овој британски премиер нема никакв почит за Франција и ред други нешта.Но, фоторепортерот на Ројтерс, кој исто така бил на настанот, вели дека фотката настанала во моменти кога Макрон во шега му рекол на Џонсон дека масичките можат да послужат и да се спружат нозете. На тоа Борис одговорил со шега, односно ја кренал ногата тоа да го покаже, а токму во тој момент чкрапнал фотоапартот и го фатил во незгоден момент. Всушност Босис Џонсон не ја ставил ногата сосе чевелот на масичката.

OГPAБУВАЛ ЦРКВИ: 18-годишник од Тетово бил огpaбувачот на православните храмови

Kpивична пpијава доби 18-годишен тетовчанец поради kpaжби извршени во верски објекти во неколку села.

„СВР Тетово поднесе kpивична пpијава пpотив З.А.(18) од село Озормиште поради постоење основи на cомнение за сторени kpивични дела „тешка kpажба“. Во периодот од 29.05.2019 до 21.06.2019 во селата Радиовце, Волковија и Јанчиште од верски објекти пријавениот одземал пари“, велат од МВР.